Драготин

Координати: 41°21.46′N 23°21.33′E / 41.35767° СГШ; 23.35550° ИГД / 41.35767; 23.35550
Од Википедија — слободната енциклопедија
Драготин
Προμαχώνας
Драготин is located in Грција
Драготин
Драготин
Местоположба во областа
Драготин во рамките на Синтика (општина)
Драготин
Местоположба на Драготин во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°21.46′N 23°21.33′E / 41.35767° СГШ; 23.35550° ИГД / 41.35767; 23.35550
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаДраготин
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно140
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Драготин (грчки: Προμαχώνας, Промахонас; до 1927 г. Δραγοτίν, Драготин[2]) — село во Валовишко (Демирхисарско), Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 140 жители (2001).

Географија[уреди | уреди извор]

Драготин е лежи во Светиврачко-петричката Котлина, 32 км северно од градот Сер и 16 км северно од Валовишта (Демир Хисар). Сместен е на северното подножје на Сенгелска Планина, крај границата со денешна Бугарија,[3] т.е. со Петричко, Пиринска Македонија. Западно од селото тече реката Струма, која јужно од него навлегува во Рупелската Клисура. До селото се наоѓа граничкипт премин „Кулата-Драготин“, кој преку границата го поврзува со петричкото село Кулата.

Историја[уреди | уреди извор]

Праисторија и средновековие[уреди | уреди извор]

Драготин е мошне старо село. На 3,5 км северозападно од селото во месноста Кременица, од обете страни на границата е откриена доцнонелоитска населба[4].

Според чешко-бугарскиот балканист Константин Јиречек (1854-1918), местото е наречено по војводата Драгота, кој во 1246 г. му го предал градот Сер на никејскиот цар Јован III Дука Ватац.[5] Според Јордан Иванов,[6] можно е името да произлегува просто од придавката драг.[7]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век Драготин било мало македонско чифлигарско село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Драготин (Dragotine) е село со 60 домаќинства од 200 жители Македонци.[8][9] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Драготин живееле 110 Македонци.[8][10]

Сите жители на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драготин имало 200 Македонци, сите под егзархијата.[8][11]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Во Првата балканска војна селото е преземено од VII Пешадиска рилска дивизија на бугарската армија, но по Втората балканска војна во 1913 г. Драготин сепак е припоен кон Грција. Истата 1913 г. селото е заведено како напуштено, бидејќи неговото население побегнало пред настапувањето на грчката војска во летото истата година[3] Наскоро по крајот на војната дел од населението се повратило, и тогаш во Драготин се запишани 120 лица.[3] На пописот во 1920 г. селото се намалило на 73 жители, кои пак во 1924-25 г. биле истерани во Бугарија од страна на грчките власти.[3]

На местото на прогонетите Македонци власта довела Грци од Турција. Истата судбина ги снашла и двете околни села — Рајковци и Рупел. На пописот од 1928 г. Драготин е заведен како наполно дојденско грчко село со 18 семејства кои броеле 87[3] или 70 лица; според други извори, во селото имало 463 лица.[12]

Во 1940 г. во Драготин се попишани 1.382, кои набргу подоцна достигнале 1.528 лица; големата бројка се должи на тоа што пописот ги опфатил и стационираните војници од пограничниот полк, за што сведочи половата нерамнотежа на пребројаното население — 1.202 мажи и само 180 жени, што значи дека вистинскиот број на жители не бил поголем од 360.[3] Со капитулацијата на Грција во Априлската војна, во 1941 г. подрачјето подлегнало на германски напади, а потоа и бугарска окупација, па така Драготин и двете соседни села се евакуирани како населби на грчки дојденци. Затоа, истата година бугарската статистика го води Драготин како напуштен.[3]

По извојуваната победа во Втората светска и Грчката граѓанска војна, Рајковци и Рупел останале напуштени, а во Драготино е обновено, и во 1951 г. во него се попишани 245 лица. Во 1961 населението се зголемило на 416, а во 1971 г. на 459 жители. Во 1981 г. опаднало на 210 лица, за да доживее умерен раст на 270 во 1991 г.[3] Во следното десетлетие тоа се одржало релативно стабилно, со 252 жители во 2001 г., иако на пописот во 2011 г. се забележува значително смалување, на само 140 лица.

Во 1927 г. селото е преименувано во Промахон, што во превод значи пушкарница.[13]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.382 (~360)а 245 416 459 210 270 252 140
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

а реален приближен број на населението, имајќи предвид дека таа година формално се попишани и стационираните војници.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението на Драготин се занимава со одгледување на тутун, жито, компири и други земјоделски производи, а делумно и со сточарство.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Πανδέκτης – Μετονομασίες
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 193–194.
  4. Беласица (портал за Беласица и региона), Тополница[мртва врска]
  5. Иречек, Константин (1886). История на българите. Търново. стр. 351.
  6. Иванов, Йордан (1982). Местните имена между Долна Струма и Долна Места. София: Издателство на БАН. стр. 117–118.
  7. Георгиев, Вл., Ив. Гълъбов, Й. Заимов, Ст. Илчев (съставители) (1971). Български етимологичен речник, том 1 (А – З). София: Българска академия на науките. Институт за български език. Издателство на Българската академия на науките. стр. 222.
  8. 8,0 8,1 8,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  9. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 139.
  10. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 184.
  11. D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 188 – 189.
  12. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  13. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 – 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.