Хаџи Бејлик

Координати: 41°15.55′N 23°15.9′E / 41.25917° СГШ; 23.2650° ИГД / 41.25917; 23.2650
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хаџи Бејлик
Βυρώνεια
Хаџи Бејлик is located in Грција
Хаџи Бејлик
Хаџи Бејлик
Местоположба во областа
Хаџи Бејлик во рамките на Синтика (општина)
Хаџи Бејлик
Местоположба на Хаџи Бејлик во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°15.55′N 23°15.9′E / 41.25917° СГШ; 23.2650° ИГД / 41.25917; 23.2650
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаПетрич
Надм. вис.&10000000000000190000000190 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно762
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Грчкиот штаб во Хаџи Бејлик на крајот од Втората балканска војна како ги расправа грчките барања од Букурешкиот договор.

Хаџи Бејлик (грчки: Βυρώνεια, Вирониja; до 1927 г. Χατζή-Μπεϊλίκ, Хаѕи-Бејлик[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа северозападно од Сер и западно од Валовишта во живописно место во јужното подножје на Беласица. Југозападно од него е Бутковското Езеро. Селото првично било во пазувите на Беласица, но подоцна е преместено на југ кај железницата. Старото Горно Маало до 2000-тите се водело како одделно село Горно Хаџи Бејлик (Άνω Βυρώνεια) и во 2001 г. имало 75 жители.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX и почетокот на XX век Хаџи Бејлик било чисто македонско село во Демирхисарската каза. Било чифлик на Акил-бег од Сер. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хаџи Бејлик (Hadji-beylik) било село со 80 домаќинства на 270 Македонци.[4][5]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:

Хаџи Бејлик, чифлик на един серски бег, на СЗ од Демир Хисар 7 часа, до пазувите на Беласица. Повеќето се дрводелци и овчари, за кои има пространна шума и секакви дрвја. Црква во која се служи мешано; бугарско училиште со 15 ученици. 60 куќи Македонци.[6][7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 650 жители, сите Македонци христијани.[4][8]

По Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 800 Македонци, сите под Егзархијата.[4] Во него работело бугарско основно училиште со еден учител и 25 ученици.[10]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција според Букурешкиот договор. Истата година населението броело 306 жители, кои во во 1920 г. се зголемиле на 384 лица.[3] Во 1923-1924 г. под притисок на грчките власти се иселиле 300 лица (70 семејства) во Бугарија,[3] На нивно место власта довела грчки колонисти од Турција. Потомци на иселениците од Хаџи Бејлик денес живеат во Петрич и околината. На пописот од 1928 г. селото е претставено како мешано со 882 жители, од кои 656 лица (185 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.[11]

Месности во Хаџи Бејлик преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Топ Чинар[12] Τοπτσινάρ Стронгилопиги Στρογγυλοπηγή[13]
Рамна Ράμνα Омалос Όμαλός[13] село и врв на Беласица (539 м) на ЗСЗ од Хаџи Бејлик[12]
Хаџи Аврам Χατζαβράμ Строфес Στροφές[13]
Кална Скала Κάλνα Σκάλα Скала Σκάλα[13] месност на Беласица на ССЗ од Хаџи Бејлик[12]
Султаница Σουλτανίτσα Султана Σουλτάνα[13] река[12] и падина СИ од Дервент
Рамна Ράμνα Омалорема Όμαλόρεμα[13] река на ЗСЗ од Хаџи Бејлик
Арнаути[13] или Арничи[14] Άρναούτη Арнаути Рема Άρναούτη Ρέμα[13] река СИ од Хаџи Бејлик, друго име на Султаница[14]
Попотливица Ποποτλίβιτσα Пападолупа Παπαδοπούλα[13] гранична месност ма Беласица С од Хаџи Бејлик[12][15]

Население[уреди | уреди извор]

Долно Хаџибејлик

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 353 833 1395 1289 1081 1029 905 762
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Горно Хаџибејлик

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1277 833 1395 707 279 65 75
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 211. 195-196. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  7. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 859.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
  9. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
  10. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
  11. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 13,5 13,6 13,7 13,8 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1044. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  14. 14,0 14,1 Топографска карта ЈНА 1:100.000.
  15. Porróïa GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)
  16. Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 106.