Хан Дере

Координати: 41°21.39′N 23°19.12′E / 41.35650° СГШ; 23.31867° ИГД / 41.35650; 23.31867
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хан Дере
Ξενόρρευμα
Хан Дере is located in Грција
Хан Дере
Хан Дере
Местоположба во областа
Хан Дере во рамките на Синтика (општина)
Хан Дере
Местоположба на Хан Дере во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°21.39′N 23°19.12′E / 41.35650° СГШ; 23.31867° ИГД / 41.35650; 23.31867
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаПетрич
Надм. вис.&10000000000000210000000210 м
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Хан Дере или Хандере (грчки: Ξενόρρευμα, Ξενόρευμα, Ксеноревма или Ξενόρεμα, Ксенорема; до 1940 г. Χάν Ντερέ или Χαν Δερέ, Хан Дере[1][2]) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено со Јуруци.[3]

География[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на почетокот на Рупелската Клисура, на десниот брег на Струма.[4][3]

Историја[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век Хан Дере било село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак населено со Турци Јуруци.[3]

За време на Втората балканска војна во 1913 г. селото е растурено.[3] Истото отсуствува од пописот од 1920 г. Обновено е во 1924 г. кога во него се доведени грчки колонисти. Во 1928 г. во него се попишани 50 лица.[3]

Во 1940 г. селото е преименувано во Ксинорема. Истата година во него се попишани 80 лица, од кои 56 мажи, што укажува на тоа дека тука била сместена воена единица.[3] Селото настрадало во 1941 г. за време на Втората светска војна и било повторно напуштено. По војната обновата на селото не била дозволена од стратешки причини бидејќи лежи на границата.[3] Отпишано е во 1951 г.

Во 1968 г. месноста е повторно преименувана, овојпат во Анапавтирон (Άναπαυτήριον).[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Διοικητικές Μεταβολές Οικισμών - Ξυνόρρευμα (Σερρών)“. Ελληνική Εταιρεία Τοπικής Ανάπτυξης και Αυτοδιοίκησης (ΕΕΤΑΑ). Посетено на 2022-12-13.
  2. Ανατ. Μακεδονία - Χωροταξικός χάρτης 1:200.000 (PDF). Υπουργείον Οικισμού & Ανοικοδομήσεως. 1950 [1943-1946]. Посетено на 2022-12-21.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 210–211. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  5. „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1045. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)