Тодорово

Координати: 41°14.22′N 22°56.52′E / 41.23700° СГШ; 22.94200° ИГД / 41.23700; 22.94200
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тодорово
Θεοδώρειο
Тодорово is located in Грција
Тодорово
Тодорово
Местоположба во областа
Тодорово во рамките на Синтика (општина)
Тодорово
Местоположба на Тодорово во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°14.22′N 22°56.52′E / 41.23700° СГШ; 22.94200° ИГД / 41.23700; 22.94200
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаБеласица
Надм. вис.&10000000000000130000000130 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно62
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Тодорово или Тодорци (грчки: Θεοδώρειο, Теодорио; до 1955 г. Θεοδώροβον, Теодоровон[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа северозападно од Сер и на околу 5 км западно од Станица Порој.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Тодорово било село во Кукушката (Авретхисарска) каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тодорово (Todorovo) било село со 40 домаќинства сочинети од 156 Македонци и 30 муслимани.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Тодорово имало 260 Македонци христијани.[4][6]

Целото христијанско население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податооци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Тодорово (Todorovo) живееле 400 Македонци, сите под Егзархијата.[7]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година селото имало 176 жители кои во 1920 г. се накачиле на 235 лица.[3] Во 1924 г. поради угнетувањето на власта речиси целото население било приморано да се исели во Бугарија,[3] а на негово место државата населила грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Тодорово е претставено како чисто дојденско село со 133 жители (39 семејства).[8]

Во 1940 г. селото имало 369 жители. Овој пораст се должи на доселувањето на други грчки колонисти, кои првично дошле во попасивните планински села од североисточното подножје на планината Круша.[3] Во следниот преиод бројот на жители се намалил поради извсни штети во Втората светска и Граѓанската војна, но потоа се опоравило. Во 1960-тите дошол бран на иселување во градските центри, поради што населението значително се намалило.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 369 273 329 217 135 94 112 104
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

  • Велко Коџаандонов — учесник во четата на Гоце Делчев.
  • Вано Штијанов — борец во МОО, Кукушка чета[9]
  • Васил Иванов Гошев (1891/1892 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, XIV Воденска дружина[10]
  • Трајко Донев — борец во МОО, Кукушка чета, Кукушка чета, чета на Дончо Златков[11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 209. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 164–165. ISBN 954-8187-21-3. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 167. ISBN 954430424X.
  7. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 98–99. no-break space character во |pages= во положба 3 (help)
  8. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  9. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 811. ISBN 954-9800-52-0.
  10. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 183. ISBN 954-9800-52-0.
  11. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 247. ISBN 954-9800-52-0.