Народна банка на Романија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Народната банка на Романија (романски: Banca Naţională a României) е централна банка на Романија, која е задолжена за формулирање и спроведување на монетарната политика и за супервизија на банкарскиот систем. Таа е членка на Европскиoт систем на централни банки.

Историја[уреди]

Централната банка на Романија била основана од 11 до 23 април 1880 година, како резултат на идејата за изградба на солиден кредитен систем. Уште од самиот почеток, таа била лоцирана во главниот град на Романија – Букурешт. Тогашниот министер за финансии, Јон Кампинону, постанал прв гувернер, додека сегашен гувернер е Мугур Ишареску. Евгениј Карада – вистинскиот основач и директор на банката, кој никогаш не ја прифатил улогата за гувернер – заедно со Емил Костинеску биле одговорни за организацијата и функционирањето, додека Теодор Стефанеску бил задолжен за сметководствената организација на банката.[1]

Почетниот капитал на НБР броел 30 милиони леи, од кои 10 милиони леи биле државни. Во прво време, НБР била несоодветно поставена во малите простории на Програмата на рурален кредит за недвижности. Кога на 16 декември, државата се повлекла од здружението со НБР, таа се претворила во привилегирана банка во приватна сопственост и правата на владата биле пренесени на акционерите. Тогаш, банката добила право да издава пари до 31 декември 1920 година, а потоа, оваа привилегија била продолжена до 31 декември 1930 година.[2]

Поради Првата светска војната, на 15 ноември 1916 година, НБР се преселила во Јаши. Германската воена администрација го запленила седиштето на банката и целокупната нејзина актива во Букурешт. На 14 декември 1916 година, трезорот на НБР бил преместен во Јаши, а потоа бил пренесен во Москва, поради заштитата и гаранциите понудени од руската влада. Но, тие никогаш не биле вратени, освен богатството на Pietroasele, кое денес е изложено во Националниот музеј на романската историја, нумизматичката збирка, некои слики и архивата.

Владата на Романија, Народната банка, како и другите централни институции се преселиле назад во Букурешт на 1 декември 1918 година. Во тие тешки времиња, Националната банка на Романија била единствената поддршка на државата за да се обнови разурнатата економија и обединувањето на циркулацијата на пари.

НБР спровела обемна реорганизација по 1924 година, a законот донесен во 1925 година го продолжил правото на НБР за издавање пари за уште 30 години при што бил зголемен нејзиниот капитал, од 30 милиони на 100 милиони леи. Згора на тоа, државата повторно се вратила во акционерската структура на НБР.

За време на Големата депресија од 1929 до 1933 година, НБР доделила кредити во обид да се урамнотежи државниот буџет; а оваа операција продолжила и во следните години. Овластувањата на банката и нејзината улога во областа на финансиите постојано растеле до толкава мера, што таа постепено стекнала овластување за контрола на банкарската активност, циркулацијата на девизи, и за планирање на финансиските и монетарните политики на земјата.

Откако комунистичкиот режим дошол на власт, на (6 март 1945 година), сите банки во Романијабиле ставени под државна сопственост, и тоа во две фази: прво, 28 ноември 1945, претставниците на Комунистичката партија биле принудно вклучени во одборот на НБР, и второ, на 11 август 1948 година, сите банки и кредитни институции биле ликвидирани, освен НБР и штедилницата "ЦИК".

На 28 јули 1959 година, група од шест вооружени еврејски членови на Романската комунистичка партија (групата "Лоанид": Александру Лоанид, Пол Лоанид, Игор Севиану, Моника Севиану, Саша Мушат, Хараламбие Обедену) наводно украле 1 600 000 леи од оклопен автомобил на Националната банка на Романија. Тоа, наводно, бил најпознатиот грабеж на банка од Источниот блок. Покрај обвинувањата врз основа на различни идеолошки упатства, на судењето не биле понудени никакви докази за наводниот грабеж. Иако лицата во судската постапка биле обвинети за намера да донираат пари за ционистичките организации и да испратат романски Евреи во Израел, тоа воопшто не било точно, бидејќи украдената сума била во леи, кои во тоа време не можеле да бидат разменети за цврста валута. Сето тоа раѓа сомневање дали групата навистина го извршиле грабежот или дали воопшто тој се случил.

Седиште на банката на банката[уреди]

Стара градба на НБР[уреди]

Седиштето на Народната банка на Романија со поглед на улицата "Липскани" е една од најпознатите импозантни банкарски зданија во Букурешт и, воопшто, во Романија. Денес, таа претставува заштитен историски и уметнички споменик. Зградата е подигната на местото на поранешната гостилница, изградена од страна на Шербан Кантакузино (16781688 година). На 26 февруари 1882 година, на архитектите Касиен Бернард и Алберт Галерон им била доделена задачата за планот на палатата на НБР. Зградата на НБР е изградена во електичен стил од крајот на 19 век, со некои неокласични елементи.

Нова градба на НБР[уреди]

Со фасадата на улицата "Доамнеи", новото крило на палатата на НБР било изградено за време на Втората светска војна, а камен-темелникот бил вграден во 1937 година. Градежните работи продолжиле меѓу 19421944 година, под раководство на архитектот Јон Давидеску, заедно со помош на останатите други двајца архитекти, Раду Дудеску и Х. Кретоју. Зградата е симбол на неокласичниот стил со рационалистичко влијание, кое преовладувало во меѓувоениот период. Импресионира со монументални гранитни скали, огромни коринтски столбови кои ја формираат фасадата, како и големи сали обложени со бел мермер во внатрешноста на зградата.

Податотека:Слика
Евгениј Карада - Основачот и директор на Централната банка на Романија

Улога и одговорности[уреди]

Главни задачи на Националната банка на Романија се следните:

  1. да ги дефинира и спроведува монетарната политика и политиката на девизен курс;
  2. да ги спроведува регулацијата и прудентната супервизија на кредитните институции, да го промовира и да го надгледува функционирањето на платните системи со цел да се обезбеди финансиска стабилност;
  3. да издава книжни и ковани пари како платежно средство на територијата на Романија;
  4. да го постави и да го надгледува режимот на девизен курс;
  5. да управува со официјанлните резерви на Романија.

Монетарна политика[уреди]

Во 2005 година, централната банка на Романија преминала кон таргетирање на инфлацијата како стратегија за водење на монетарната политика. Главните карактеристики на таргетирањето на инфлацијата во Романија се:[3]

  1. Таргетирањето на инфлацијата се заснова врз индексот на потрошувачката кошница, т.е. вкупната инфлација, земајќи ги предвид свеста на јавноста и потребата да се обезбеди транспарентност и кредибилитет на одлуките за монетарната политика.
  2. Целната стапка на инфлација е поставена како средишна точка во рамките на целната група од +/- 1 процентен поен во насока на подобро закотвување на инфлациските очекувања.
  3. Објавување на годишните таргети на инфлацијата за подолг временски период (првично, две години), а со тоа нагласувајќи го среднорочното спроведување на монетарната политика.
  4. Одржување флуктуирачки девизен курс.
  5. Тесно дефинирање на исклучителните околности кои се надвор од контрола на монетарната политика и кои поради тоа се ограничуваат одговорностите на Народната банка на Романија за остварување на поставените инфлациони цели.
  6. Заедничко формулирање и објавување на инфлационите цели од страна на Народната банка на Романија и владата.

Главните инструменти преку Народната банка на Романија ја води монетарната политика се:[4]

Наводи[уреди]