Сметководство

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај

Сметководство е дисциплина што се занимава со запис, класификација, интерпретација и комуникација на финансиската информација. Практичарите се нарекуваат сметководители.

Содржина

[уреди] Историја на сметководството

Историјата за сметководството датира уште многу одамна, уште кога се започнувало да се создаваат цивилизациите на светот( шумерите во Месопотамија, на пример), кога со обработување на земјата се дошло до заклучок дека е потребно да се запамнува точната вредност на земјоделските продукти. Самото елементарно сметководство е споменато и во Библијата (Новиот Завет), во книгата на Матеј(мат .25: 19). Во исламскиот Куран исто така се коментира за елементарно сметководство (Куран 2: 282).

Во текот на 12 век, арапскиот писател Ибан Тајмијах пишува во својата книга Hisba, (" проверката" или "пресметка") дека пресметувањето на некои системни потреби од страна на муслиманите се употребувани уште од средината на седмиот век, попознати како СЕ. Оваа сметководствена практика подоцна била употребувана и од страна на римјаните и персијците. Првата книга за сметководството била составена од хрватинот Бенедикт Кортулевиќ трговец од републиката околу Дубровник, Хрватска). Според други пак, создавач на првата книга по сметководство „Се за аритметиката, геометријата, пропорциите и пропорционалноста“ („Summa de arithmetica, geometrica, proportioni et proportionalita “, Венеција, 1494 г.) бил Лука Пачоли. Книгата содржи отделна глава во која за прв пат се опишува сметководствениот систем во Венеција.

[уреди] Поим

Сметководство е дисциплина што се занимава со запис, класификација, интерпретација и комуникација на финансиската информација. Практичарите се нарекуваат сметководители. Основата на секој сметководител треба да се темели врз националните сметководствени стандарти (US GAAP, General Accepted Accounting Principles), меѓународните сметководствени стандарти (IAS-International Accounting Standards) и друго. Секој кој се занимава со некоја стопанска дејност е должен да води евиденција според мегународните стандарди.

[уреди] Видови на сметководство

[уреди] Поими во сметководството

[уреди] Видете исто така