Флуктуирачки девизен курс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Флуктуирачки девизен курс - понекогаш се нарекува и флексибилен девизен курс - (анг. Floating exchange rate) е вид на режим на размена при што на една валута ѝ се дозволува да ја менува својата вредност во склад со странските девизни пазари (foreign exchange market) на кои таа се разменува. Значи, вредноста на оваа валута се определува со понудата и побарувачката на девизниот пазар. Валутата што го користи ваквиот режим на размена станува позната како флуктуирачка (пливачка) валута. Како спротивност на овој вид размена постои фиксниот девизен курс.

Економистите генерално сметаат дека флуктуирачкиот курс во многу околности е подобар од фиксниот курс затоа што е во состојба да реагира на промената на ситуацијата на девизниот пазар. Сепак, фиксниот курс, во одредени ситуации, може да биде попожелен поради поголемата стабилност што ѝ ја дава на валутата.

Во светот не постои валута чија вредност е одредена само од понудата и побарувачката на девизниот пазар. Во случај на екстремно зголемување на вредноста (апресијација) или обезвреднување (депресијација), Централната банка ќе интервенира со цел да се стабилизира валутата. Според тоа, режимот на размена на флуктуирачките валути може технички да биде познат и како надгледуван девизен курс.

Страв од флуктуирачки курс[уреди]

Вообичаено слободниот флуктуирачки курс ја зголемува девизната нестабилност. Постојат економисти кои мислат дека ова би можело да предизвика сериозни проблеми, особено во земјите во развој. Нивните економии имаат финансиски сектор со еден или повеќе од следните услови:

Кога задолженоста се искажува во странска валутa, а вредноста на средствата во локална валута, неочекуваните депресијациии на девизниот курс ги влошуваат банкарските биланси и билансите на состојба на претпријатијата, и претставуваат закана за стабилноста на домашниот финансиски систем.

Земјите во развој чувствуваат поголем страв да се соочат со флуктуирачкиот курс, бидејќи тие имаат многу помали промени на номиналниот девизен курс, иако се соочуваат со поголеми шокови во движењето на каматните стапки и девизните резерви.[1]

Бројот на земји кои се соочиле со стравот од флуктуирачкиот курс значително се зголемил во текот на деведесеттите години од XX век.[2]

Наводи[уреди]

  1. Calvo, G., and Reinhart, C. (2002). "Fear of Floating.", Quarterly Journal of Economics, 117: 379-408.
  2. Levy-Yeyati, E. and F. Sturzenegger (2004). "Classifying Exchange Rate Regimes: Deeds vs. Words." European Economic Review.