Мачу Пикчу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Историско светилиште кај Мачу Пикчу*
Светско наследство на УНЕСКО

80 - Machu Picchu - Juin 2009 - edit.2.jpg

Поглед на Вајна Пикчу над руините од Мачу Пикчу

Држава Перу
Тип Мешан
Критериуми 1, 3, 7, 9
Навод {{{ID}}}
Регион** Латинска Америка и Кариби
Записно минато
Запис 1983  (Седмо заседание)
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.

Мачу Пикчу (кечуански: Machu Pikchu) – „стара планина“) е пред-колумбиски град на Инките кој се наоѓа на 2430 метри надморска височина на Андите во Перу.[1] Градот, а денес археолошки локалитет, се наоѓа на планински венец над долината Урубамба во Перу, каде тече реката Урубамба и од Куско е оддалечен околу 80 километри. Голем број археолози веруваат дека Мачу Пикчу бил изграден како одморалиште на Сапа Инка Пачакути. Мачу Пикчу понекогаш се именува и како „изгубениот град на Инките“ и тој претставува најпознат симбол на некогашната империја.

Инките започнале да го градат во 1400 година, но бил напуштен во официјална смисла од страна на владетелите на Инките еден век покасно. Иако градот и локалитетот биле познати за локалното население, тој не бил познат за остатокот од светот. Вниманието на светската јавност било фокусирани кон локалитетот во 1911 година кога американскиот историчар Хирман Бигман го претставил Мачу Пикчу на светот. Од тогаш, Мачу Пикчу е важна туристичка атракција.

Мачу Пикчу во 1981 година бил прогласен за Перуанско историско светилиште и во 1983 година бил вклучен во Светското наследство на УНЕСКО. Бидејќи не бил чепнат од Шпанците, Мачу Пикчу има доста голема историска, археолошка и културна важност и се смета за свето место. Мачу Пикчу бил изграден во класичен Инка стил, со полирани камени ѕидови. Главни градби во локалитетот се Интихуатана, Храмот на сонцето и Собата на три прозорци. Овие три градби се наоѓаат во делот кој археолозите го нарекуваат „свет округ“ на Мачу Пикчу. Во септември 2007 година, Перу и Универзитетот Јејл се договориле да се пренесат сите артфакти во Перу кои биле пренесени за време на американската експедиција на чело со Бингам.


Историја[уреди]

Овој град е бил создаден како свет планински дом на големиот управник на инките Пачакутек, еден век пред да биде освоен од страна на Шпанската империја - околу 1440 година (град формиран пред доаѓањето на Колумбо во Америка од страна на Инките.), и функционирал се до 1532 година, кога шпанците ја нападнале империјата на инките. Во 1532 година цело негово население тајно исчезнало. Мачу Пикчу е конструиран е околу 1450 година, во кулминацијата на развојот на Инките, и бил напуштен 100 години подоцна, кога империјата се срушила по покорувањето од страна на Шпанците. Иако тврдината е лоцирана на околу 50 километри од Куско, главниот град на Инките, не бил никогаш најден и уништен од Шпанците, како многу други локации. Со векови, џунглата одоколу обраснала на локалитетот, и многу малку луѓе знаеле за неговото постоење. Во 1911 година историчарот и истражувачот Хирам Бингам го „донесе“ изгубениот свет пред очите на јавноста. Бингам и други мислеле дека тврдината била традиционалното место на раѓање на Инкитеили духовен центар на „девиците на сонцето“.

Функција[уреди]

Формиран е на висорамнина од н.в. од 2,430 m. Под градот се наоѓа долината Урумбаба во Перу на оклолу 70 km северозападно од градот Куско. Бил заборавен со векови од страна на светот, сепак не и од страна на локалното население. Интернационалното внимание градот го сврти археологот Хирам Бингам во 1911 година кој го дал првото научно мислење за ова место и за кое напишал Бестселер за тоа. Перу вложува огромни напори за по легален пат да ги врати во Перу илјадниците артефакти кои Бингам ги дислоцирал. Мачу пикчу е можеби еден од најпознатите симболи на империјата на Инките.

Во денешно време[уреди]

Во 1983 година од страна на УНЕСКО локацијата била прогласена за светско наследство и била опишана како „апсолутно ремек-дело на архитектурата и уникатен сведок на цивилизацијата на Инките“.

Поглед кон Мачу Пикчу од Хуајна Пикчу.
Панорама на Мачу Пикчу со поглед кон Хуајна Пикчу.
Кралскиот дел.

Наводи[уреди]

  1. UNESCO World Heritage Centre.

Користена литература[уреди]

Bingham, Hiram (1922). „Inca Land: explorations in the highlands of Peru“. Boston, Massachusetts, USA: Houghton Mifflin. OCLC 248230298. 
Bingham, Hiram (1930, 1979). „Machu Picchu, a citadel of the Incas“. New York, USA: Hacker Art Books. ISBN 9780878172528. OCLC 6579761. 
Burger, Richard; and Lucy Salazar (eds.) (2004). „Machu Picchu: Unveiling the Mystery of the Incas“. New Haven, Connecticut, USA: Yale University Press. ISBN 9780300097634. OCLC 52806202. 
Davies, Nigel (1997). „The Ancient Kingdoms of Peru“. London, UK and New York, USA: Penguin Books. ISBN 0-14-023381-4. OCLC 37552622. 
Frost, Peter; Daniel Blanco; Abel Rodríguez and Barry Walker (1995). „Machu Picchu Historical Sanctuary“. Lima, Peru: Nueves Imágines. OCLC 253680819. 
MacQuarrie, Kim (2007). „The Last Days of the Incas“. New York, USA: Simon & Schuster. ISBN 978-0743260497. OCLC 77767591. 
Magli, Giulio (2009). „At the other end of the sun’s path: A new interpretation of Machu Picchu“ (PDF). http://arxiv.org/ftp/arxiv/papers/0904/0904.4882.pdf. конс. 12 јануари 2010. 
Reinhard, Johan (2007). „Machu Picchu: Exploring an Ancient Sacred Center“. Los Angeles, California, USA: Cotsen Institute of Archaeology, UCLA. ISBN 9781931745444. OCLC 141852845. 
Richardson, Don (1981). „Eternity in their Hearts“. Ventura, California, USA: Regal Books. стр. 34–35. ISBN 0-8307-0925-8. OCLC 491826338. 
UNESCO World Heritage Centre. „Historic Sanctuary of Machu Picchu“. UNESCO World Heritage Centre. http://whc.unesco.org/pg.cfm?cid=31&id_site=274. конс. 10 јануари 2010. 
Weatherford, J. McIver (1988). „Indian givers: how the Indians of the Americas transformed the world“. New York, USA: Fawcett Columbine. ISBN 0-449-90496-2. OCLC 474116190. 
Wright, Kenneth; Alfredo Valencia Zegarra (2000). „Machu Picchu: A Civil Engineering Marvel“. Reston, Virginia, USA: ASCE Press (American Society of Civil Engineers). ISBN 9780784404447. OCLC 43526790. 
Wright, Kenneth R. (May 2000a). „Completion Report to Instituto Nacional de Cultura on Archaeological Exploration of the Inca Trail on the East Flank of Machu Picchu and on Palynology of Terraces Part 1“ (PDF). http://www.wrightpaleo.com/pdf/MP%20East%20Flank%20Report%20Pt%201%20Cover.pdf. конс. 14 јануари 2010. 
Wright, Kenneth R. (May 2000b). „Completion Report to Instituto Nacional de Cultura on Archaeological Exploration of the Inca Trail on the East Flank of Machu Picchu and on Palynology of Terraces Part 2“ (PDF). http://www.wrightpaleo.com/pdf/MP%20East%20Flank%20Report%20Pt%202%20Text.pdf. конс. 14 јануари 2010. 
Wright, Kenneth R. (May 2000c). „Completion Report to Instituto Nacional de Cultura on Archaeological Exploration of the Inca Trail on the East Flank of Machu Picchu and on Palynology of Terraces Part 3“ (PDF). http://www.wrightpaleo.com/pdf/MP%20East%20Flank%20Report%20Pt%203%20Drawings.pdf. конс. 14 јануари 2010. 
Wright, Ruth M.; Dr. Alfredo Valencia Zegarra (2001, 2004). „The Machu Picchu Guidebook: A self-guided tour“ (Revised издание). Boulder, Colorado, USA: Johnson Books. ISBN 1-55566-327-3. OCLC 53330849. http://books.google.com/?id=xef8JWgrDlsC&printsec=frontcover&dq=The+Machu+Picchu+Guidebook:+A+self-guided+tour&cd=1#v=onepage&q=. 

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Search sister project Википарување има туристички водич за Machu Picchu.