Гран Пахатен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Гран Пахатен (шпански: Gran Pajatén) е археолошки локалитет кој се наоѓа во шумските предели на Перу, поточно на границата на регионите Ла Либертад и Сан Мартин. Локалитетот се наоѓа помеѓу реките Марањон и Хуалага и е дел од Националниот парк Рио Абисео, кој е основан во 1983 година[1]. Сè со цел да се заштитат рушевините, археолошкиот локалитет не е отворен за посетители.

Гран Пахатен се наоѓа на врв на еден рид и е составен од 26 округли камени структури поставени на различен број тераси и скали. Рушевините зафаќаат површина од 20,000 m². Главните згради се декорирани со мозаици, кои пак се составени од човекови, животински и геометриски мотиви. Според радиокарбонската анализа на керамиката која била пронајдена во локалитетот, се утврдило дека местото било населено уште од 200 г.п.н.е. но главните структури потекнувале од периодот на Тавантинсују. Според основниот архитектонски стил, се верува дека локалитетот е изграден од културата Чачапоја.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]