Чан Чан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Арехолошка зона Чан Чан*
Светско наследство на УНЕСКО

Поглед кон Чан Чан.
Држава  Перу
Тип културен
Критериуми i, iii
Навод 366
Регион** Латинска Америка и Карибите
Записно минато
Запис 1986  (10-то заседание)
Во опасност 1986-
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.

Чан Чан (Chan Chan) е археолошки локалитет во Перу кој се наоѓа во регионот Ла Либертад на околу 5 километри западно од Трухилјо. Чан Чан зафаќа површина од околу 20 km² и имал доста густо населен урбан центар со околу 6 km².[1] Градот бил изграден од Кралството Чимор од народот Чиму во околу 850 година и функционирал сè до освојувањето на кралството од страна на Тавантинсују во 1470 година. Чан Чан бил главен град на Чимор додека кралството опстојувало и се проценува дека имал околу 30.000 жители.

Во 1986 година Чан Чан бил ставен на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО. Градот подлежал на торнада од Ел Нињо, при што имало силно дождови и поплави во регионот. Чан Чан се наоѓа во плоден регион богат со вода.[2] Покрај поплавите, рушевините претрпеле оштетувања и од земјотреси.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Moore, J. D. (2005). Cultural Landscapes in the Ancient Andes. Gainesville: University Press of Florida.
  2. Holstein, Otto. 1927. Chan-chan: Capital of the great chimu. Geographical Review 17, (1) (Jan.): 36-61.
  • The Smithonian Staff (March 2010), „[www.smithsonian.com 10 Must-See Endangered Cultural Treasures]“, „Smithsonian“ 39 (12): 35, www.smithsonian.com  - Chan Chan, Peru, End of an Empire by Bruce Hathaway

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]