Кунтур Васи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поглед кон Кунтур Васи.

Кунтур Васи (кечуански: Kuntur Wasi) во превод значи „куќата на кондорот“ е археолошки локалитет во Перу. Локалитетот е составен од рушевини на стар религиозен комплекс, каде имало објекти и скулптури, за кои се верува се од Чавинската култура. Локалитетот бил откриен во 1945 година од Хулио Тело.

Кунтур Васи се наоѓа во северните планински предели на Перу, поточно на реката Хекетепеке во регионот на градот Кахамарка. За локалитетот се верува дека бил изграден во периодот од 1000 до 700 година п.н.е. Локалитетот е составен од храм, платформи, двориште и комплекс соби, каде во една од собите има скулптура висока 75 см изработена од глина. Покрај тоа, во локалитетот има и гробишта. Кунтур Васи бил населен од 1200 до 50 г.п.н.е.

Наводи[уреди]

  • Moseley, Michael. The Incas and Their Ancestors. 1992: Thames and Hudson.
  • Von Hagen, Adriana & Craig Morris. The Cities of the Ancient Andes. 1998: Thames and Hudson.

Поврзано[уреди]