Гран Вилаја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гран Вилаја се наоѓа во Перу

Гран Вилаја е комплекс од археолошки рушевини кои се распоредени во регионот на долината Уткубамба во северно Перу.[1]

Наоѓалиштето било откриено и именувано од Џин Савој во 1985 година.[1] Се претпоставува дека има околу 5000 згради во поголемиот регион на Гран Вилаја, некои се округли, некои се квадратни и сите се изградени од локален варовник. На градбите има изрезбано мотиви на змии, кондори, пуми и останати геометриски фигури. За комплексот се верува дека е изграден од културата Чачапоја.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Incas: lords of gold and glory. New York: Time-Life Books. 1992. ISBN 0-8094-9870-7.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]