Храм на сонцето

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поглед кон храмот.

Храмот на сонцето[1] (шпански: Huaca del Sol, кечуански: Inti Wak'a) е храм изграден од ќерпич кој се наоѓа на бргеовите во Перу во близина на Трухилјо. Храмот е изграден од цивлизацијата Моче и е еден од неколкуте рушевини кои можат да се најдат во близина на врвот Серо Бланко. Во близина на овој храм се наоѓа и Храмот на месечината, помал но подобро зачуван храм.

До 450 година осум различни градежни зафати биле преземени на храмот. На храмот се додавале нови слоеви цигли кои се поставувале на постарите. Според археолозите Храмот бил изграден од 130 милиони цигли и била најголема претколумбова градба од ќерпич во Америка.[2]

Шпанците во 17 век ја пренасочиле рекарта Моче да тече до самата основа на храмот сè со цел да им било полесно пренесувањето на златото. Овој зафат го оштетил храмот и се проценува две третини од храмот бил уништен. Се верува дека храмот бил висок 50 метри, а денес е нешто околу 41 метар.

Наводи[уреди]

  1. На македонски може да именува и како: Хуака дел Сол, Уака дел Сол, Вака дел Сол или Инти Вака.
  2. Cameron, Ian (1990). „Kingdom of the Sun God: a history of the Andes and their people“. New York: Facts on File. стр. 43. ISBN 0-8160-2581-9. 

Користена литература[уреди]

  • Art of the Andes, from Chavin to Inca. Rebecca Stone-Miller, Thames and Hudson, 1995.
  • The Incas and Their Ancestors: the archaeology of Peru. Michael E. Moseley, Thames and Hudson, 1992.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]