Вака Пуклана
| Вака Пуклана Wak'a Pukllana Huaca Pucllana, Pucllana, Huaca Juliana[1] |
|
|---|---|
| Местоположба | |
| Координати | |
| Култура | Лима |
| Период | 200 - 700 |
| Држава | |
| Регион | Лима |
| Површина | 60.000 m2 (650,000 sq ft) |
Вака Пуклана (кечуански: Wak'a Pukllana)[2] е археолошки локалитет во Перу во близина на Лима. Локалитетот е составен од неколку платформи, каде има изградено пирамида и останти структури. Името на локалитетот потекнува од кечуанскиот јазик и во превод значи „место за ритуални игри“. Вака Пуклана била важен церемонијален и административен центар за културата Лима, општество кое опстојувало во периодот од 200 до 700 година. Покрај нив, во локалитетот се пронашле и елементи на Вариската култура.
Големата пирамида била изградена поради општествени и религиозни причини. Целиот комплекс е опколен од плаза или главниот плоштад каде има голем ѕид што го дели на два дела. Во едниот дел имало клупи и јами каде се давале риби и останат морски животински свет како подарок на боговите. Другиот дел од плоштадот бил административниот центар. Во административниот центар имало мали куќи изработени од плотови.
Наводи [уреди]
- ↑
- пренасочување Шаблон:Наведена книга
- ↑ или познат под другите имиња Уака Пуклана, Хуака Пуклана (шпански: Huaca Pucllana), Вака Хулијана, Уака Хулијана, Хуака Хулијана или само Пуклана
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Вака Пуклана“ |
|
|||||||

