Лактапата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поглед кон Мачу Пикчу од Лактапата одредена од Бингам.
Поглед кон Паталакта.

Лактапата е археолошки локалитет во Перу. Зборот е добиен од два кечуански збора, кои спред Хирам Бингам, откривачот на Мачу Пикчу, значи: llacta (град) и pata (висина).[1] Сепак, со ова име се означуваат повеќе од еден археолошки локалитет во Перу, остатоци од Тавантинсују.

Бингам за прв пат го открил Лактапата во 1912 година.[2] Според него, локалитетот се наоѓа на врв на срт помеѓу двете долини Аовамба и Салкантај, околу 5.000 стапки над Хуакина. Тој таму открил остатоци или рушевини, но и три модерни колиби.[3] Тој не го истражил детално местото, но истото било направено 70 години подоцна.

За време на своите истражувања, Бингам открил уште еден локалитет на устието на реката Пампакахуана. Неговиот попратник Херман Тукер изјавил дека името на тој град бил Паталакта и имал околу 100 куќи. Над тоа место имало неколку значајни локалитети, меѓу кои и Хуајлабамба.[4]

Наводи[уреди]

  1. Lost City of the Incas. by Hiram Bingham. 1952. The Orion Publishing Group Ltd, Orion House. page 164. ISBN 0-297-60759-6
  2. Lost City of the Incas. by Hiram Bingham. 1952. The Orion Publishing Group Ltd, Orion House. page 164. ISBN 0-297-60759-6
  3. Lost City of the Incas. by Hiram Bingham. 1952. The Orion Publishing Group Ltd, Orion House. page 164. ISBN 0-297-60759-6
  4. Lost City of the Incas. by Hiram Bingham. 1952. The Orion Publishing Group Ltd, Orion House. page 124. ISBN 0-297-60759-6

Поврзано[уреди]