Вајна Пикчу

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Вајна Пикчу
Wayna Picchu

Поглед кон Вајна Пикчу над Мачу Пикчу.
Надм. вис. 2720 м
Истакнатост 360 м
Местоположба
Венец Анди
Врвот на Вајна Пикчу

Вајна Пичку, Уајна Пикчу или Хуајна Пикчу[1] (кечуански: Wayna Picchu - „млад врв“) е планина во Перу која се наоѓа околу реката Урабамба. Планината се наоѓа веднаш над Мачу Пикчу, каде изградиле пат, населба и храмови. Врвот на Вајна Пикчу е на 2720 метри надморска височина или околу 360 метри повисок од Мачу Пикчу.

Според локалните водачи, врвот на планината бил седиште на високите свештеници и локални девици. Секој ден, според верувањата, висок свештеник со мала група луѓе ќе слезел до Мачи Пикчу за да го објави новиот ден. Храмот на месечината, еден од трите светилишни места на Мачу Пикчу, се наоѓа на оваа планина и е на помала надморска височина одошто Мачу Пикчу.

Содржина

[уреди] Туризам

Бројот на дневни посетители на Вајна Пикчу е ограничен на 400. До врвот се стигнува преку искачување на стрмен терен и поради тоа има дополнителна опрема како на пример кабли за држење. За време на дождливата сезона овој локалитет е затворен. Од врвот има пат кој води кон Храмот на месечината.[2]

[уреди] Наводи

  1. Последните две се според шпански правопис.
  2. „The Temple of the Moon“. Peru Culture. http://www.machupicchu.perucultural.org.pe/ingles/templuna.htm. проверено на 2010-12-05. 

[уреди] Поврзано

[уреди] Надворешни врски

13°09′27″S 72°32′50″W / 13.1575°S 72.54722°W / -13.1575; -72.54722

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици