Пачакамак
| Пачакамак Pachacamac |
|
|---|---|
| Местоположба | |
| Координати | 12°15′24″S 76°54′1″W / 12.25667°S 76.90028°WКоординати: 12°15′24″S 76°54′1″W / 12.25667°S 76.90028°W |
| Култура | Вариска култура Лима Инки |
| Период | среден хоризон доцен среден доцен хоризон |
| Држава | |
| Регион | Лима |
Пачакамак е археолошки локалитети во Перу, кој се наоѓа околу 40 километри југоисточно од Лима во долината на реката Лурин. Локалитетот е всушност комплекс на храм на сонцето и останати зданија кои биле подигнати во периодот од 800 до 1450 година, односно до инвазијата на Тавантинсују.
Во локалитетот има неколку неископани пирамиди и археолозите посочуваат дека има најмалку 17 пирамиди во комплексот и добар дел од нив се уништени од врменската непогода позната како Ел Нињо. Покрај пирамидите, во близина има и гробишта и фрески во боја кои прикажуваат риби и овие се од периодот пред Инките. Вариската култура исто така во периодот од 600 до 800 година придонела при изградбата на градот. Вариските елементи се гледаат во градбите, керамиката и текстилот. По падот на Вариската култура, Пачакамак продолжил да опстојува како религиозен центар, кога биле изградени денешните зачувани зданија.
Пачакамак и околината биле организирани во политичката структура која се нарекува Ичма и оваа опстојувала до подемот на Тавантинсују. Пачакамак бил религиозен центар каде воглавно се славел богот Пача Камак. По подемот на Тавантинсују, градот и малата држава биле приклучени кон Империјата на Инките.
[уреди] Наводи
- Mcleish, K. (1996) Myths and Legends of the World, The Complete Companion to all Traditions, Blitz, United Kingdom.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Пачакамак“ |
- Сателитски поглед кон Пачакамак
- Музеј Пачакамак
- Слики за Пачакамак
- Посети го Пачакамак
- Пачакамак за време на Тавантинсују
- Археолошки проект Пачакамак
- Панорами на Пачакамак
|
|||||||