Дида

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дида
Лични податоци
Полно име Нелсон де Жесус Силва
Роден на 7 октомври 1973 (50 години)
Роден во Ирара, Бразил
Висина 1.96
Позиција голман
Младинска кариера
1990–1991 Крузеиро де Арапирака
1992–1993 ФК Виторија
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993 ФК Виторија 24 (0)
1994–1998 ФК Крузеиро 120 (0)
1998–1999 ФК Лугано 0 (0)
1999–2000 Коринтиjанс 24 (0)
2000–2010 ФК Милан 206 (0)
2001–2002Коринтиjанс (п) 8 (0)
Вкупно 382 (0)
Репрезентација
1995–2006 Brazil 91 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Нелсон де Жесус Силва (португалски: Nélson de Jesus Silva) (роден на 7 октомври 1973 во Ирара, Баија) најдобро познат како Дидабразилски фудбалер кој игра на позицијата голман. Во неговата кариера има играно за неколку тимови и има освоено многу титули, а помеѓу позначајните се по една титула во серија А, Копа Италија и Италијански супер куп и по две титули во Лигата на шампионите, УЕФА Супер купот и Светското клупско првенство (по една со Коринтијанс и Милан). Најголем дострел со репрезентацијата на Бразил му е освојувањето на Светското првенство во 2002, како и двапати Купот на конфедерациите (1997 и 2005). Дида исто така е прогласен и за најдобар голман на светот во 2005 година. Во моментот Дида е слободен играч.

Кариера[уреди | уреди извор]

Ран живот и кариера[уреди | уреди извор]

Иако роден во Баиjа, Дида израснал во малата северна провинција Алагоајс. Неговите идоли и играчи на кои се угледувал биле голманите Валдир Перес и Ринат Дасаев, кои ги гледал на телевизија за време на Светското првенство во 1982 година.[1] Како навивач на Фламенго клубот,[2] тој помогнал во формирањето аматерски тим наречен Flamenguinho („Мало Фламенго“) на тринаесет годишна возраст, тим кој бил составен од момчиња од неговото соседство.[3]

Неговата фудбалска кариера започнува во 1990, на 16 години, во алагоајскиот тим Крузеиро од Арапирака (да не биде помешано со Крузеиро Е.Ц.). Две години подоцна, влегува во клубот Виторија, клуб од својот роден град, со кој победува на првенството во 1992 година. Во 1993, Дида направи 24 првотимски настапи за Виторија по освојувањето на Светско младинско првенство под 21 како прв избор за Бразил.

Дида влегува во Крузеиро во 1994, каде, во рок од пет сезони, тој освои три Минаш Жераис државни титули, Фудбалски куп на Бразил во 1996 и Копа Либертадорес во 1997, заедно со пар „Placar Bola de Prata“ награди за најдобар голман во Бразилската серија А. Но со овој успех наскоро дојде желбата да замине во Европа и во јануари 1999 тој одлучи да го напушти Крузеиро и да потпише со Милан.[1]

Милан[уреди | уреди извор]

2000-2002[уреди | уреди извор]

Барањето на Дида да се откаже од договорот со Крузеиро за да оди во Европа создала расправија со клубот која траела пет месеци, а во меѓувреме тој тренирал во Швајцарскиот клуб Лугано само за да се одржи во натпреварувачка форма.[1] Но кога прашањето било конечно разрешено и Дида формално се приклучи кон составот на Милан, Кристиан Абиати веќе цврсто ја држел позицијата прв голман, а ветеранот Себастиано Роси исто така не бил исклучен од можноста да застане меѓу стативите, па Дида стана трет избор на тренерот Алберто Закерони.

Милан го даде Дида на позајмица во клубот од Саун Пауло, Коринтиjанс со цел да се здобие со првотимска акција. Во текот на позајмицата Дида успеа да ги покаже своите способности за одбрана на пенали. Неговите две одбрани од белата точка во победата на Коринтианс со 3-2 над локалниот соперник ФК Саун Пауло - со двата пенали изведени од Раи - во полуфиналето на Бразилското првенство серија А резултираа со насловот „Дида е Бог“ на спортското списание Lance!.[4] На Светско клупско првенство во 2000 година, Дида спаси пенал од Николас Анелка во натптеварот со Реал Мадрид кој заврши 2-2 и во финалето против Васко де Гама, Коринтиjанс ја зема титулата во натпреварот кој заврши со изведување на пенали со резултат 4-3.

Милан го врати Дида во сезоната 2000-01. Тој го презема местото на Роси во почетната формација, додека Абиати беше со Италијанската репрезентација на Олимписките игри 2000 година. Своето деби во дресот на Милан го забележа со победата од 4-1 во групната фаза против Бешикташ на 13 септември 2000 година, но на 19 септември, во 89 минута против Лидс Јунајтед, после смирувањето на ударот од Ли Бојер случајно ја испушти топката во сопствената мрежа, предизвикувајќи Милан да го загуби натпреварот со 1-0.[5] Тоа беше грешка од срамни пропорции и покрај победата од 2-0 против Барселона една недела подоцна, Дида беше седнат на клупата по враќањето на Абиати. Тој го направи својот прв и единствен настап во серија А во ноември во поразот од 2-0 од Парма каде што Патрик Мбома ги постигна двата гола.

Еден месец после дебаклот со Лидс, тој беше еден од десетината фудбалери од Серија А кои беа обвинети за користење на лажни европски пасоши. Дида го призна фалсификувањето на документите со цел да добие португалски пасош, во обид да се одбегне надминување на лимитот на не-ЕУ играчи во италијанската лига за да може да потпише со Милан. Италијанската фудбалска федерација го казни Милан со 314,000 £ и го суспендираше Дида од лигата една година како и од репрезентацијата. На 3 април 2003, по појавувањето на судот во Милано, му била изречена седум месечна затворска казна.[6]

Дида беше позајмен назад на Коринтианс во сезоната 2001-02 после аферата со пасошите, но се врати следната сезона во Милан, којашто ја почна на клупата сè до моментот кога Абиати заработи повреда на колкот на полувремето од Лигата на шампионите во натпреварот против Слован Либерец на 14 август 2002. Дида го зема неговото место во второто полувреме и следеше едно солидно издание кое резултираше со нов прв голман во таборот на Милан.

2003-2006[уреди | уреди извор]

Тој наскоро го запиша своето име во историјата на Милан по финалето во Лигата на шампионите на Олд Трафорд против лигашкиот соперник Јувентус, во кое тој спаси пенал од Давид Трезеге, Марчело Залајета и Паоло Монтеро со што Милан победи со 3-2 откако мечот заврши без голови. Освен од италијанските медиуми, пофалбите стигнаа и од дома; тој беше наречен „Свети Дида“ од бразилскиот прес, додека Folha de São Paulo излезе со насловот „Дида го истурка Милан до врвот на Европа“.[7]

Дида беше именуван за најдобар голман во серија А по примањето на само 20 гола во 32 натпревари во сезоната 2003-04 кога Милан го освои Скудетото,[8] станувајќи првиот не-италијански голман што ја добил оваа награда.[1][9]

На 12 април 2005, во реванш мечот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, додека Милан водеше со 1-0 благодарејќи на голот на Андриј Шевченко, навивачите на Интер станаа нервозни поради контраверзното поништување на голот на Естабан Камбиасо од судијата Маркус Мерк - кој, момент подоцна, му покажа жолт картон на Камбиасо поради приговор - поради тоа што досуди прекршок од напаѓачот на Интер Хулио Круз поради фаул врз Дида во шесте метри од голот кога играчите се бореа да обезбедат позиција за изведувањето на корнер. Веднаш потоа шишиња и разни делови од скршени столици беа фрлани на игралиштето, но навивачите ја зголемија тензијата и со палење на бакли. Додека Дида се обидуваше да ги расчисти шишињата за да изведе удар од голот, една бакла го погоди во грбот, во десното рамо. Мерк го прекина мечот во 74 минута.[10] По пауза од половина час во која беа повикани пожарникари да ги отстранат запалените бакли од теренот, мечот беше рестартиран. Дида не можеше да го продолжи мечот и на негово место влезе Абиати. По помалку од минута Мерк конечно го заврши мечот откако уште бакли и скршени столици беа фрлани во игралиштето. Мечот беше доделен како победа од 3-0, од двата натправари 5-0, на Милан.[11]

Дида претрпе модринки и изгореници од прв степен на неговото рамо, но не пропушти ниту еден натпревар и беше назад помеѓу стативите на наредниот меч во серија А на 17 април против Сиена. Во меѓувреме, Интер беа казнети со парична казна од 200.000 € - најголема казна изречена од УЕФА - и им беше наредено да ги играат првите четири домашни натпревари од Лигата на шампионите во сезоната 2005-06 под затворени врати како казна.[12]

Неговата форма почна да опаѓа, од натпреварот во полуфиналето со ПСВ Ајндховен, и во поразот во финалето во Лигата на шампионите во 2005 од Ливерпул, во кој Милан водеа во првото полувреме со 3-0, а на крај мечот заврши со 3-3. Дида успеа да го спаси само шутот од пенал на Џон Арне Рисе со што Ливерпул триумфираше со 3-2 после изведувањето на пенали. Тој постави рекорд во Лигата на шампионите за најголем број на чисти мрежи, седум на број, кој беше срушен од Јенс Леман следната сезона кој играше во Арсенал.

Тешкиот пат на Дида продолжи и во сезоната 2005-06, што доведе тогашниот тренер на Бразил Карлос Алберто Пареира јавно да изјави дека неговата почетната позиција за Светското првенство не му е загарантирана.[13] Пробивањето на Милан до финалето од Лигата на шампионите 2006 запре во полуфиналето поради поразот од Барселона со 1-0, иако Дида направи неколку серии од солидни одбрани на Роналдињо, Самјуел Ето и Хенрик Ларсон кои го покажаа неговото враќање во форма.

2006-2008[уреди | уреди извор]

Dida in a home match against
ACF Fiorentina on 6 мај 2007

Дида имаше силен старт во 2006-07; после голот од Стефен Макинва во победата на Милан од 2-1 во првиот меч во серија А на 10 септември, не дозволи да прими гол во следните 446 минути игра, и прими само два гола на пет од шесте натпревари на Милан во мечевите од групната фаза во Лигата на шампионите. Тој го забележа 200-тиот настап за Милан во поразот со 1-0 од Асколи на 20 септември, а на 28 јануари 2007, тој го изигра својот 150-ти меч во серија А во победата од 1-0 над Парма. Дида исто така го продолжи својот договор за уште три години со Милан на 10 март, и во интервјуто за каналот на Милан изјави "Беа потребни шест месеци за да се постигне договорот и сега е конечно готово. Пресреќен сум."[14] Но во 2006-07 дојде до првата посериозна повреда во неговата кариера и тој пропушти единаесет мечеви од серија А поради повреди во коленото и рамото; тој пропушти вкупно десет лигашки мечеви во претходните три сезони.

Неговата форма почна повторно постепено да опаѓа на стартот на 2007; тој беше многу критикуван по поразот на Милан од Манчестер Јунајтед со 3-2 во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите на 23 април,[9] но потоа имаше голема улога во решавашката победа од 3-0 во вториот натпревар на 3 мај, што ги прати Росонерите во финалето од Лигата на шампионите со вкупен резултат од 5-3.[15] Неговата форма почна повторно да се подобрува и продолжи во мечот со Ливерпул на 23 мај, каде тој имаше три одбрани од Џермаин Пенант, Стивен Џерард и Питер Крауч со што Милан победи со 2-1 и го подигна седмиот трофеј во Лигата на шампионите.[16]

На 3 октомври 2007, на мечот против Селтик во Глазгов од групната фаза во Лигата на шампионите, напаѓачот на Селтик Скот МекДоналд постигна победоносен гол во 90-тата минута за победа од 2-1. Додека МекДоналд и неговите соиграчи славеа за постигнатиот гол кај корнер знаменцето, 27 годишниот навивач на Селтик Роберт МекХендри влезе на игралиштето и го потчукна Дида по неговото рамо како што трчаше низ шеснаесетникот на Милан. Дида почна да го брка, но после неколку чекори се струполи на земја, држејќи се за лицето; тој беше изнесен од теренот и заменет.[17] Иако МекХендри подоцна се пријави во полиција и му беше дадена доживотна забрана да се појави на Селтик Парк, Дида беше осуден од УЕФА поради кршење на правилата кои вклучуваат „лојалност, чесност и спортски дух“, откако се утврди дека неговата повреда е одглумена. Дида беше казнет со суспензија од два меча, на што Милан веднаш поднесе жалба.[18][19]

Пред мечот на Милан во серија А против Емполи на Сан Сиро на 21 октомври, тој се понуди да се извини на навивачите со поклонување на сите делови од стадионот каде што беше сместена толпата навивачи за време на загревањето, и доби аплауз за возврат.[20] Следниот ден, УЕФА ја смали неговата суспензија на еден меч и тој се врати во победата на Милан од 4-1 против Шахтар Донецк на 24 октомври.[21]

Дида се придружи на соиграчите Кафу, Кака, Роналдо и Паоло Малдини на петтиот годишен Меч против сиромаштијата во Малага, Шпанија на 19 ноември, но го пропушти вториот меч против Селтик во групната фаза на 4 декември поради болест.[22] Во декември, тој стана првиот двоен победник на Светското клупско првенство откако Милан ги порази Бока Јуниорс [23].

Тековните проблеми со повредите и севкупниот пад во формата го ограничи Дида да направи само тринаесет лигашки настапи, најмалку во Милан од сезоната 2000-01. Неговото учество во добротворниот меч Goal4Africa на 12 јули 2008 претставуваше неговата прва акција на терен по шест месеци.[24]

2009-денес[уреди | уреди извор]

Со враќањето на Абиати како прв избор на Милан за сезоната 2008-09, Дида беше стартер за Милан во УЕФА купот, кој заврши со нивна елиминација од Вердер Бремен на 27 февруари 2009. Тој го направи своето деби во серија А на 15 март против Сиена кога Абиати го напушти теренот поради сериозна повреда на коленото во 13-тата минута, после кое Дида беше именуван за прв голман до крајот на сезоната.

Интернационална кариера[уреди | уреди извор]

Со 91 настап во 11 години, Дида е четвртиот бразилски голман со најмногу настапи позади Емесрон Леао (107 настапи), Клаудио Тафарел (101) и Жилмар (94). Тој е единствениот бразилски голман кој е познат по неговиот прекар. Го направи неговото деби за Canarinho во Светско младинско првенство под 21, каде Бразил го освои првенството по третпат. Неговиот прв меч за Seleção беше во поразот од Еквадор од 1-0 на 7 јули 1995.

Дида беше почетен голман за Бразил на Летните олимписки игри во 1996, но кампањата полна со грешки за Бразил, која го вклучува и судирот во единаестерецот меѓу него и тимскиот колега Алдаир, играше улога во поразите од Нигерија и Јапонија и го остави Бразил со бронзен медал.[1] Две години подоцна, тренерот Марио Загало, кој го водеше тимот на Олимпијадата, го намами херојот од Светското првенство во 1994 Тафарел да се врати од пензија и да го заземе дресот #1 за Светкото првенство во Франција во 1998, коешто Дида го изгледа во потполност од клупата. Тој зема учество во победата на Бразил во Копа Америка во кое прими само два гола на шест натпревари, а покрај тоа одбрани пенал од Роберто Ајала со што ја сочува победата од 2-1 против соперниците за титулата Аргентина во четвртфиналето.[25]

И покрај добрата форма на Дида со Коринтијанс за време на Светското првенство во 2002 во Кореја и Јапонија, Луиз Фелипе Сколари, кој го замени отпуштениот Вандерлеј Луксембурго по здодевните квалификации на Бразил, го направи Маркос негов број еден. Дида, заедно со третиот голман Рожерио Сени, не заигра ни минута во победничката кампања на Бразил, на тој начин постигнувајќи тимски рекорд со четиринаесет последователни финални мечеви во Светското првенство на клупата во 1998 и 2002 вкупно.

Дида играше четири од пет мечеви во Куп на Конфедерации во 2005 (Маркос имаше само еден настап поради ротации во тимот), примајќи четири гола и позиционирајќи се на второто место во вкупно одбрани позади мексиканецот Освалдо Санчес. Еден од моментите за паметење беше за време на поразот од Мексико во групната фаза, кога тој го одбрани ударот од белата точка на Харед Боргети, кој беше изведуван трипати поради навлегување на играчи во пенал зоната.[26] Бразил ја зема дома титулата двапати, во 1997 и во 2005, и Дида беше прв избор за голман во двата наврати. Вкупно, тој учествуваше во пет последователни Конфедерациски купа од 1997 до 2005, и стана еден од тројцата играчи што го постигнале тоа (Антонио Карбахал и Лотар Матеус),[27] и беше исто така единствениот голман што одбранил пенал во 2005.

Светско првенство 2006[уреди | уреди извор]

Иако не играше ниту еден меч за време на краткиот престој во ФК Лугано, Дида прими топол пречек од локалните навивачи за време на бразилскиот тренинг во Вегис Швајцарија пред финалето на Светското првенство 2006. За време на двонеделниот престој во Вегис, тој исто така организираше пинг-понг турнир во кој многу негови соиграчи, како Лусио, Робињо, Фред, Роналдињо и Роналдо, учествуваа. Тој беше поразен од Жунињо Пернамбукано, и победничкиот трофеј беше дури именуван според него.

Тој прими само два гола во пет мечеви каде што Брзил ги победи Хрватска, Австралија, Јапонија и Гана пред да биде елиминиран од Франција во четвртфиналето, меч во кој Verdeamarela забележа само еден шут во рамките на голот на целиот натпревар и тоа доведе до оставка на Переира две недели после крајот на првенството. Поради неговата доследна игра на голот, Дида беше еден од малкутемина играчи на Seleção што го избегнаа гневот на навивачите и Бразилските медиуми по елиминацијата на тимот. Тој беше првиот афро-бразилски голман што застанал на голот во финале на Светското првенство од Моасир Барбоса во првенството во 1950; заради ова постигнување, тој беше прогласен како „Dida, o homem que quebrou o tabu“ (Дида, човекот кој го сруши табуто)[28]. Тој ја прифати улогата на капитен против Јапонија кога регуларниот капитен Кафу беше одморен на тој меч, со тоа станувајќи само вториот Бразилски голман што ја носел капитенската лента после Емерсон Леао на Светското првенство 1978.

Поразот на Бразил од Франција веднаш стана лебедова песна за Дида. На 1 октомври 2006, тренерот на Бразил Дунга за време на телевизиското интервју изјави, "Дида ми рече дека Seleção не е повеќе приоритет во неговата кариера. "[29] И покрај неговите херојства на Светското првенство, тој не беше повикан во репрезентацијата од јули 2006 почетокот на Дунга, кој избегнуваше многу од ветераните во прилог на претежно помладиот список за Бразилските мечеви после Светскиот куп.

Почести[уреди | уреди извор]

Виторија[уреди | уреди извор]

Крузеиро[уреди | уреди извор]

Коринтианс[уреди | уреди извор]

Милан[уреди | уреди извор]

Интернационално[уреди | уреди извор]

Поединечни[уреди | уреди извор]

Дида е пет пати номиниран за ИФФХС награда за најдобар светски голман, шестиот пат изедначувајќи се со Пепе Реина според гласањето во 2007. Тој беше исто така првиот бразилски голман што бил номиниран за Златна топка, во 2003 и 2005. На 15 јануари 2008, тој беше ранкиран тринаесетти од седумдесет номинирани на ИФФХС светски голман на сите времиња ранкирани од 1987 до 2007.[30]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Player Profile: Dida“. acmilan-online.com. Архивирано од изворникот на 2020-08-14. Посетено на 2009-04-06.
  2. „25 Questions 25 Answers: Dida“ (PDF). FIFA Magazine. January 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-05-10. Посетено на 2009-08-29.
  3. „Official site (Archived)“. Архивирано од изворникот на 2002-12-12. Посетено на 2022-10-01.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „Chilavert sets record on goalkeepers' day“. Indian Express. 1999-12-01. Архивирано од изворникот на 2008-02-29. Посетено на 2008-03-22.
  5. Phil Shaw (2000-09-20). „Football: Leeds feast on Dida's calamity“. The Independent. Посетено на 2008-03-22.
  6. „Milan keeper Dida handed suspended sentence“. ABC News Australia. 2003-04-04. Посетено на 2008-10-13.
  7. „All-Italian final fails to stir Europe's media“. SI.com. 2003-05-29. Архивирано од изворникот на 2008-12-06. Посетено на 2008-03-22.
  8. „AC Milan takes title; Leeds slide“. Taipei Times. 2004-05-04. Посетено на 2008-03-22.
  9. 9,0 9,1 James Eve (2007-05-01). „Dida the key to Milan Champions League hopes“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2007-05-14. Посетено на 2008-03-22.
  10. „Milan derby halted after Dida hit by flare“. ESPN.com. 2005-04-12. Посетено на 2008-10-13.
  11. „Milan game ended by crowd trouble“. BBC Sport. 2005-04-12. Посетено на 2008-03-22. (includes photo gallery)
  12. „Inter handed stadium ban and fine“. BBC Sport. 2005-04-15. Посетено на 2008-10-13.
  13. „Parreira ups pressure on Dida“. sambafoot.com. 2006-02-06. Архивирано од изворникот на 2008-12-05. Посетено на 2008-10-13.
  14. Dida renews contract with AC Milan - International Herald Tribune, 3/10/07. Посетено на 11/17/08.
  15. „Dida Support Vocalised At Milanello“. Goal.com. 2007-05-02. Архивирано од изворникот на 2008-02-28. Посетено на 2008-03-22.
  16. „2007 CL Final Match Report“. anfield-online.co.uk. 2007-05-23. Посетено на 2008-10-13.
  17. Kenny MacDonald (2007-10-03). „Milan won't appeal after Dida hit in Celtic win“. Reuters. Посетено на 2008-03-22.
  18. „Dida gets two-match ban“. channel4.com. 2007-10-11. Посетено на 2008-03-22.
  19. Nadia Carminati (2007-10-12). „Milan to lodge Dida appeal“. Sky Sports. Посетено на 2008-03-22.
  20. „Galliani Happy To See Dida Ban Cut“. Goal.com. 2007-10-23. Посетено на 2008-10-13.
  21. „Dida UEFA ban reduced“. channel4.com. 2007-10-21. Посетено на 2008-03-22.[мртва врска]
  22. 'I'm desperate to sort out our away form'. The Herald. 2007-12-05. Архивирано од изворникот на 2008-03-09. Посетено на 2008-03-22.
  23. „Dida, o primeiro bimundial da Fifa“ (португалски). lancenet.com.br. 2007-12-16.[мртва врска]
  24. „Team lineups“. goal4africa.org. Посетено на 2008-10-13.
  25. Brazil „march on as Argentina's penalty jinx continues“ Проверете ја вредноста |url= (help). Rediff.com. 1999-07-12. Посетено на 2008-03-22.
  26. „Mexico beat Brazil to reach semis“. BBC Sport. 2005-06-19. Посетено на 2008-10-13.
  27. „Dida's fifth in a row“. FIFAworldcup.com. 2005-06-16. Архивирано од изворникот на 2006-06-24. Посетено на 2009-05-31.
  28. Dida, o homem que quebrou o tabu (португалски). GloboEsporte. 2006. Посетено на 2008-10-14.
  29. „Dida calls it a day for Brazil“. New Zealand Herald. 2006-12-29. Посетено на 2008-03-22.
  30. „All-Time World Goalkeeper Ranking (1987-2007)“. iffhs.de. 2008-01-15. Посетено на 2008-10-14.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]