Николас Анелка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Николас Анелка
Лични податоци
Роден на 14 март 1979 (1979-03-14) (35 г.)
Роден во Ле Шене, Франција
Висина &100000000000001850000001,85 м
Положба напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Вест Бромвич Албион
Број 39
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1996-1997 ПСЖ 10 (1)
1997-1999 Арсенал 65 (23)
1999-2000 Реал Мадрид 19 (2)
2000-2002 ПСЖ 39 (10)
2001-2002 Ливерпул (позајмен) 20 (4)
2002-2005 Манчестер Сити 89 (37)
2005-2006 Фенербахче 39 (14)
2006-2008 Болтон 53 (22)
2008-2012 Челзи 125 (37)
2012-2013 Шангај Шенхуа 22 (3)
2013 Јувентус (позајмен) 2 (0)
2013- Вест Бромвич Албион 0 (0)
Репрезентација
1998-2010 Франција 69 (14)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 25 април 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Николас Себастиен Анелка (роден на 14 март 1979) е француски фудбалер кој моментално игра за Вест Бромвич Албион во англиската Премиер лига. Анелка бил редовен стартер додека настапувал и во францускиот национален тим. Поранешниот менаџер на Челзи, Карло Анчелоти го опишал Анелка како брз играч со добра антена способност, техника, шут и фантастично движење без топка.

Кариера[уреди]

Клубови[уреди]

Анелка ја започнал својата кариера во Париз Сен Жермен, но набргу потоа се преселил во Арсенал каде му се приклучил на неговиот сонародник Арсен Венгер. Тој веднаш станал редовен член на стартната постава и ја освоил наградата за најдобар млад играч на годината следната сезона. Во 1999 година Реал Мадрид го ангажирал Анелка за £ 22.300.000, што било рекордна сума во тоа време, но тој не се снашол најдобро во мадридскиот клуб и се вратил во Париз Сен Жермен за договор од £ 20.000.000. Покрај редовните настапи во првиот тим во Париз, квалитетот на Премиер лигата го привлекува Анелка уште еднаш, и тој отишол најпрво на позајмица во Ливерпул во јануари 2002 година, а потоа му се приклучил на Манчестер Сити за 13.000.000 £ на почетокот на сезоната 2002-03.

По три сезони во Манчестер, тој се преселил во Фенербахче за две сезони пред да се врати во Англија приклучувајќи му се на Болтон - во договори вредни 7.000.000 и 8.000.000, милиони £ соодветно. Анелка направил трансфер во Челзи од Болтон за пријавена сума од 15.000.000 £ во јануари 2008 година. За време на неговите трансфери со текот на годините, неговата вкупна сума од трансферите изнесува нешто помалку од 90 милиони £. На 12 декември 2011 година, Шангај Шенхуа објавиле дека постигнале договор со Анелка за тој да му се приклучи на тимот во зимскиот трансферен прозорец.

Во јануари 2013 Анелка заминал на шестмесечен заем во италијанскиот Јувентус. Тој одиграл само три натпревари за Јувентус, но можел да биде задоволен со престојот во Италија бидејќи клубот го освоил скудетото во сезоната 2012-13, што за Анелка била трета различна титула државен првак по оние во Англија и Турција.

Репрезентација[уреди]

Анелка одиграл многу натпревари на репрезентативно ниво и ги освоил својоте први репрезентативни трофеи играјќи за Франција на Евро 2000 и на Купот на Конфедерациите следната година. Неговиот неуспех да се задржи на подолго на клупско ниво ги ограничило неговите репрезентативни настапи, но тој се вратил во националниот тим за Евро 2008. На 19 јуни 2010 година, Анелка бил исклучен од страна на француската фудбалска федерација по СП 2010 во Јужна Африка за "коментари насочени против националниот селектор, Рејмонд Доменеш кого го нарекол неприфатлив за ФФФ, францускиот фудбал, како и принципите кои тие ги почитуваат. Два месеци подоцна, на Анелка му била дадена забрана за настап во националниот тим во наредните осумнаесет натпревари на Франција организирани од ФФФ, со што ја завршил својата репрезентативна кариера.

Титули[уреди]

Клубски[уреди]

Англија Арсенал[уреди]

Шпанија Реал Мадрид[уреди]

Франција ПСЖ[уреди]

Турција Фенербахче[уреди]

Англија Челзи[уреди]

Италија Јувентус[уреди]

Репрезентативни[уреди]

Франција Репрезентација на Франција[уреди]

Надворешни врски[уреди]