Минаш Жераис

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Минаш Жераис
Знаме на Минаш Грб на Минаш
Знаме Грб


Положба на Минаш
Главен град Бело Хоризонте
Најголем град Бело Хоризонте
Службен јазик Португалски
 - Гувернатор аесио Невес да Куња
 - Вице Гувернатор Антонио Аугусто Жуњо Анастасија
Површина  
 - Вкупно 586,528.29 km² ({{{површина поредок}}}.)
 - Вода (%) {{{вода}}}%
Население  
 - 2006 19,479,356 ({{{население поредок}}}.)
 - Густина 33.2/km² ({{{густина поредок}}}.)
БДП (ПКС) 2005 приб.
 - Вкупно 192,611,000,000 ({{{БДП поредок}}}.)
 - По глава на жител 10,012 ({{{БДП поредок по глава на жител}}}.)
ИЧР (2005) 0.800 ({{{ИЧР поредок}}}.) – висок
Валута
Временска зона UTC
Интернет домен [[]]
Повикувачки број +

Минаш Жераис е една од 26-те Бразилски држави, втора по население и четврта по поврчина. престолнина е Бело Хоризонте, lлоцирана во центарот. Главен производител на кафе и млеко во Бразил.

Содржина

[уреди] Местоположба

Минаш е во западниот и југоисточниот дел на Бразил. Се граничи со Баја и Гојаш (северно), Јужна Мато Грошо (на запад), Сао Паоло и Рио де Жанеиро (јужно) и со Еспирито Санто (на исток), дели мала граница и со Бразилскиот Федерален Дистрикт.

[уреди] Географија

Во Минаш извираат највеќето реки во Бразил, Река Сао Франциско, Река Парања и Рио Доче. Државата има доста Хидроцентрали. Некои од највисоките врвови и планински вериги се во посед на Минаш, Серра да Мантиквејра Сера до Серво, државата има доста резеви на железо и злато.

Водопад во Сера до Зипо.

Секој регион во државата има посебен карактер, геогравски и до одреден степен и културен.

[уреди] Историја

Оуро Прето.
Светилиште на Bom Jesus do Congonhas (Бом Жезус до Конгоњас).
Дијамантина.
Сао Жоао дел Реј.
Inconfidência Mineira(Бразилско движење за независност).

Минаш е формирана во главно од колонисти кој трагале по злато и скапоцени камења, а подоцна и дијаманти. Името буквано значи Општи Рудници, скретено од подолгата форма Рудници од општи гори. Во 1697-ма португалците почнале со градење на "кралскиот пат" за да ги поврзат пристаништата Рио де Жанеиро и Парати со богатите со руда области околу Оуро Прето, Серо и Дијамантина.[1] прво седиште на локалната администрација бил градот Маријана; подоцна седиштето било преместено во Вила Рика. Кон крајот на 18-ти век, Вила Рика бил втор по големина град во Бразил. Со исцрпувањето на рудниците во 19-ти век градот го загубил своето значење; подоцна е прекрстен во Оуро Прето и останал престолнина се до изградбата на новиот, проектиран град Бело Хоризонте се до преминот кон 20-ти век. Релативнада изолација од Европско влијание и локалните богатства довеле до развој на сопствена култура во државава.

Во 18-ти век, комањето рудници било строго контролирано од Португалската круна. Неколку востанија се дигани од колонистите, но секогаш задушувани. позначајно е Востанието на фелипе дос Сантос кое завршило со негово погубување и отцепување на Минаш од Сао Паоло.

Поради економската вашност Минаш одиграла важна улога на национално ниво. Во 19-ти век полотичарите Жозе Бонифацио де Андрада е Силва биле инструменти во создавањето на Бразилската империја под Водство на Педро I-ви од Бразил. По создавањето на републиката Минаш ја делела контролата на национално ниво заедно со Сао Паоло.

Палеонтологијата има доста важни пронајдоци, Maxakalisaurus topai (Динопрата) фосили.Фосилите припаѓале на животно високо 13 метри со проценета тежина од 9 тони, имало долг врат и опашка и живееле пред 80 милиони години.

[уреди] Демографија

Според БИГС, во 2007-ма државата имала 19,522,000 жители со густина на населеност 33.2 ж./km².

Урбанизација: 84.7% (2006); Природен прираст: 1.4% (1991-2000); Домаќинства: 5,741,000 (2006).

Национална структура: 9,019,164 Бели (46.2%), 8,784,900 Пардо (45.0%), 1,639,848 Црнци (8.4%), 58,000 Азијати и Домородци(0.3%).[2]

Националната структура варира од град до град.

[уреди] Религија

Вера Процент Верници
Католици 78.70% 14,091,479
Протестанти 13.61% 2,437,186
нерелигиозни 4.60% 822,855
Спиритуалисти 1.59% 284,336
Умбандисти 0.11% 20,223

Извор: БИГС 2000.[3]

[уреди] Економија

Барук, 18-ти век архитектура во стил Барок , од Алејжадињо.

Секторот за услуги зема најголем дел од БДП со 47.1%, следен од индустрискиот сектор со 44.1%. Земјоделие 8.8% од БДП (2004). Извоз: железна руда 26.1%, железарија 20.9%, кафе 12.8%, нефаритивни метали 7.2%, други земјоделски производи 6.2%, возила 5.9% (2002).

Удел во Бразилската економија: 9% (2005).

Минаш Гераис (или само Минаш, како што е нарекувана држават по обичај) е голем производител на млеко, кафе и други земјоделски блага, како и минерали. Електроника исто така се произведува. Производителите на автомобли Фиат и Мерцедес-Бенз имаат фабрики. Туризамот е исто така важна гранка од економијата на државава: историските градови како Оуро Прето, Маријана, Сабара, Конгоњас, Дијамантина, Тиридантес и Сао Жоао дел Реј, се доста атрактивни со нивната архитектура. Други градови како, Аракса, Посос де Калдас, Ламбари, Каксамбу, и други, привлекуваат посетители поради нивните минерални извори.

[уреди] Тривијалност

Возила: 4,887,283 (март/2007); Мобилни: 11.3 милиони (април/2007); Телефони: 4.2 милиони (април/2007); Градови: 853 (2007).[4]

[уреди] Образование

Португалскиот е официјален. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.

[уреди] Образовни институции

  • Федерален Универзитет Минаш Гераис (UFMG)
  • Федерален Универзитет Алфенас (Unifal-MG);
  • Федерален Универзитет Итажуба (UNIFEI);
  • Федерален Универзитет Жуиз де Фора (UFJF);
  • Федерален Универзитет Лаврас (Ufla);
  • Федерален Универзитет Оуро Прето (Ufop);
  • Федерален Универзитет Сао Жоао дел Реи (UFSJ);
  • Федерален Универзитет Уберландија (UFU);
  • Федерален Универзитет Висоза (UFV);
  • Федерален Универзитет Трианголо Минејро (UFTM);
  • Федерален Универзитет Валес до Жеќитињоња е Мукури (UFVJM);
  • и други.

[уреди] Култура

Барок цркви во Маријана.

Минаш може да се нарече Длабок Бразил по аналогија на France profonde. Има повеќе сцое во однос на космополитска Сао Паоло, и повеќе традиционално отколку блекавата Рио де Жанеиро, и е повеќе португалска отколку италијанската Сао Паоло. Луѓето се сметаат за резевирани, ладни, релативно тивки, но патријалхални и дружељубиви. Една е од најрелигиозните др ави. Минаш е истотака позната по својата кујна. Државава е бразилскиот традиционален производител на сирење. Доста познати бразилски писатели се родени во Минаш: Карлос Друмонд де Андраде, Фернандо Сабино и Жоао Гуимареш Роса.

[уреди] Инфраструктура

[уреди] Интернационален аеродром

Интернационалниот аеродром Танкредо Невес е лоциран во општините Лагоа Санта и Конфинс, 38 km од Бело Хоризонте, отворен е во јануари 1984-та.

[уреди] Автопати

Поради централната позиција, низ државата минуваат важни патишта, како BR-116 (Рио-Баја), BR-040 (Рио-Бразилија) и други. Повеќето од поважните бразилки рути минуваат низ Минаш, то е и причината на најголемиот број на сообракајки во однос на цел Бразил.

BR-122, BR-040, BR-135, BR-146, BR-251, BR-259, BR-265, BR-265, BR-265, BR-265, BR-267, BR-352, BR-354, BR-356, BR-356, BR-364, BR-367, BR-367, BR-367, BR-381, BR-381, BR-383, BR-383, BR-393, BR-459, BR-462, BR-464, BR-491.

[уреди] Спорт

Како и остатокот на Бразил, фудбалот е најпопуларен спорт помеѓу локалното население. Бело хоризонте има два од најуспешните тимови во земјата, и градот исто така има еден од најголемите стадиони во светот, Минејрао отворен во 1965-та.

Најстариот Стадион Independência(независност) беше домаќин на легендарната победа на тимот на САД во 1950-та со 1-0 против Англија.

Атлетико Минејро, е еден од најстарите фудбалски клубови во градот, основан е 1908-ма, бил прв бразилски шампион 1971-ва.

Крузејро е основан 1921-ва од стана на локалната италијанска заедница. Крузејро е еден од најуспешните бразилки клубови помеѓу 1990-тите и 2000-тите, освојувајки 4 Национални купови, 1 Национална лига, 2 Copa Libertadores, и 2 Supercopa Libertadores.


[уреди] Знаме

Знамето на Минаш Гераис е едно од најстаро усвоените во Бразил.

Реченицата "Libertas quæ sera tamen", на знамето, е мото напишано на Латински, преведено на португалски е Liberdade ainda que tardia и на македонски значи "Слобода, иако е од подоцна". Триаголникот го претставува Светата троица и трите идеи на Француската револуција: Liberté, Egalité, Fraternité.

Боите се избрани заради нивното револуционерно значење: Бела боја заради желбата за мирољубива нација, и црвената го симболизира огнот на слободата.

[уреди] Градови

Иако не е најголема бразилска држава, Минаш Гераис има најголем број градови. Од околу 5,500 општини во цел Бразил, Минаш има 835, Факт објаснет со соодносот на бројот жители и територијата (поголема од Метрополитанска Франција). Позначајни градови се: престолнината Бело Хорзонте, Контагем, Бетим, Жуиз де Фора, Монтес Кларос, Уберландија, Ипатинга, Убераба и Оуро Прето.

[уреди] Наводи

  1. Cheney, Glenn Alan, Journey on the Estrada Real: Encounters in the Mountains of Brazil, (Chicago: Academy Chicago, 2004) ISBN 0-89733-530-9
  2. (на Portuguese) (PDF) „Síntese de Indicadores Sociais 2007“. Minas Gerais, Brazil: IBGE. 2007. ISBN 85-240-3919-1. ftp://ftp.ibge.gov.br/Indicadores_Sociais/Sintese_de_Indicadores_Sociais_2007/Tabelas. проверено на 2007-07-18. 
  3. Sistema IBGE de Recuperação Automática - SIDRA
  4. Извор: БИГС.

y

[уреди] Повеќе

  • Cheney, Glenn Alan, Journey on the Estrada Real: Encounters in the Mountains of Brazil, (Chicago: Academy Chicago, 2004) ISBN 0-89733-530-9

[уреди] Надворешни препратки

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици