Јазици во Бразил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бразил Јазици во Бразил Бразил
Официјален јазикпортугалски
Национален јазикпортугалски 99%
Главен јазикпортугалски 97,9% германски 1,9%, домородни јазици 0,2%[1][2] [3]
Домороден јазикапалаи, парански арара, боророански, канела, карахаски, карипски, гварански, каинганг, надеб, њенгату, пирахан, терена, тукано, тупи
Регионален јазикгермански, италијански, јапонски, шпански (погранични области), англиски,[4] источнопомерански, кинески, корејски
Главен доселенички јазикгермански, италијански, арапски, јапонски, шпански, англиски и кинески
Знаковен јазикбразилски знаковен јазик
каапорски знаковен јазик
Положба на тастатурата
QWERTY
Демографија на Бразил

Португалскиот е службен јазик во Бразил[5] и го користи најголемиот дел од населението. Бразилскиот знаковен јазик е исто така службен јазик, додека малцински јазици се домородните јазици и јазиците на европските и азиските доселеници. Населението говори или користи околу 210 јазици, од кои 180 се домородни.[6] Помалку од четириесет илјади луѓе всушност говорат еден од домородните јазици на бразилска територија.[7]

Јазикот е еден од најсилните елементи во националната обединост на Бразил. Во рамките на Бразил нема големи дијалектни разлики на португалскиот јазик, само умерени регионални варијации во акцент и вокабулар.

Пишаниот јазик е стандарден на ниво на Бразил и ги следи националните правила на пишување и акцентирање, кои се прегледуваат од време на време за негово поедноставување. Со воведувањето на договорот од 1990 година, правописните норми на Бразил и Португалија се скоро исти, со само некои ситни разлики. Бразил ги вовел овие промени во 2009 година, а Португалија во 2012 година.

Во 2002 година, бразилскиот знаковен јазик станал службен јазик во Бразил.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Hunsrückish“. Ethnologue. Посетено на 20 јули 2015.
  2. „DW“. DW. Посетено на 20 јули 2015.
  3. „Standard German“. Ethnologue. Посетено на 20 јули 2015.
  4. „Geography of Brazil“. The World Factbook. Central Intelligence Agency. 2016. Архивирано од изворникот на 2015-12-22. Посетено на 31 октомври 2016.
  5. Според Уставот на Бразил: "Art. 13. A língua portuguesa é o idioma oficial da República Federativa do Brasil."[1]
  6. Ethnologue
  7. Aryon Dall'Igna Rodrigues (април 2005). „Sobre as línguas indígenas e sua pesquisa no Brasil“ (португалски). Sociedade Brasileira para o Progresso da Ciência. Посетено на 2012-08-12.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]