Борат (лик)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борат Сагдиев
Саша Барон Коен како Борат
Прво појавувањеФ2Ф - Телевизиското шоу на Гранада
СоздавачСаша Барон Коен
ТолкуваСаша Барон Коен
Информации
ВидЧовек
ПолМаж
Занимањеновинар
СемејствоАсимбала (мајка)
Болток Силувачот (татко)
Болток Силувачот (дедо)
СопружникОксана (мртва)
Лунел
ДецаХју Луис
Бирам
Билак
РодниниБило (брат)
Наталија (сестра)
НационалностКазахстан

Борат Сагдиев („роден“ 30 јули 1979) — измислен казахстански новинар измислен и претставен од британскиот комичар Саша Барон Коен. Борат шеговито е опишан на неговото официјално мрежно место како „седма најпозната личност во Казахстан.“

Вовед[уреди | уреди извор]

Борат еволуирал од претходните ликови кои Барон Коен ги создал; најпрво безимениот молдавски ТВ репортер, а подоцна албански ТВ репортер - Кристо (за Paramount Comedy Channel, всушност заснован на личниот пријател на Коен, Џејмс Кристенсон).

Борат нередовно се појавуваше на „Da Ali G Show“ со скечеви кои се базирале на неговото необично однесување и на реакциите на случајните поединци околу него. Во раните појавувања неговото име беше дадено како Борат Карабжанов, исто така и Борат Дутбаев, но од 2003 неговото презиме беше утврдено како Сагдиев. Во некои ситуации гостите на Борат го прифаќале неговиот антисемитизам и неговиот необичен однос кон жените согласувајќи се со него, додека пак други негови гости се обидувале да му ги објаснат западњачките вредности. Борат исто така се има појавено и на Friday Night со Џонатан Рос на BBC 1, исто така и на Late Night со Конан О'Бриен на 14 јули 2004 и на 2 ноември 2006 во сопствениот филм, Borat: Cultural Learnings of America for Make Benefit Glorious Nation of Kazakhstan. Борат го промовираше филмот со гостувања во Saturday Night Live и Late Show со Дејвид Летермен, каде тој свиреше berimbau како гостин музичар.

Da Ali G Show[уреди | уреди извор]

Борат е прикажан во секоја емисија на „Da Ali G Show“, правејќи сатирични интервјуа со често невкусни теми во Велика Британија и САД. Со цел да се прикаже како странец, Саша фаќа прибелешки со еврејско писмо, и користи повремени полски зборови (Dziękuję „благодарам“, Jak się masz? „како си?“, Dzień Dobry „добар ден“, Przepraszam „извини“, иако навистина ретко во вистинскиот момент) кога зборува со луѓето—не користејќи казахстански ниту руски (кои се службени јазици во Казахстан). Исто така прешол кон еврејски додека тврдел дека ја исполнува казахстанската државна химна (всушност едноставен рецитал на поголемите казахстански градови) на натпревар на Savannah Sand Gnats. Тој продолжил да ја повторува познатата народна песна: קום בחור עצל וצא לעבודה (кум бачур атѕел ве'тѕе ла'авода - „стани мрзлив човеку оди на работа“ ) како и еврејската песнa קוקוריקו קוקוריקו התרנגול קרא (кукурику кукурику ха'тарнегол кара - „кукурику кукурику викна петелот“), а исто така Казахстан го нарекол חור (хор - дупка). За да извлече реакции од луѓето кои ги среќава, Коен зависи од две премиси кои се вообичаени за западното општество:

  1. Публиката не го знае Борат и неговите рутини
  2. Публиката не е запознаена со фиктивните работи кои се однесуваат на Казахстан.. Косата и мустаќите се вистински и на Барон Коен му требаат недели за да ги порасне.

Имаше гласини дека Барон Коен примил влијание од познатата интернет личност, турчинот Махир Чаѓри, но Борат се развива дури од 1995 (на LWT/Granada TV), четири години пред Махир. Во DVD коментарот на првиот диск од првата сезона на „Da Ali G Show“ Барон Коен вели дека еволуцијата на ликот Борат е под влијание на вистинска личност која тој ја запознал во Јужна Русија: „... Не му го паметам името - тој беше доктор. Кога го запознав, едноставно плачев - тој беше еден хистерично смешен човек.“ На 3 ноември 2005, Борат беше водител на MTV Europe Music Awards 2005 во Лисабон.[1] На 14 октомври 2006 Борат ја добива „Германската награда за комедија“ за најдобар меѓународен комичар.

Контроверзност[уреди | уреди извор]

Борат бил причина за контроверзност, најповеќе поради неговиот антисемитистички однос. Саша Барон Коен (кој го игра Борат) е обвинуван за расистичко прикажување на Казаците.[2]

Самиот Саша Барон Коен, кој го игра Борат е Евреин. Тој ја објаснува расистичката природа на својот лик со тоа дека тие сегменти се „драматична демонстрација на тоа како расизмот се храни со глупав конформизам и со неконтролирано однесување“, а не расистичко однесување на Барон Коен.[3]

Сепак, тој подлежи на критика од еврејски анти-расистички групи, и една од нив поднесла жалба до HBO откако Борат ја извел кантри вестерн мелодијата која им порачува на луѓето: „фрли го евреинот во бунарот“, предупредувајќи ги дека „треба да внимаваат на неговите заби“ и дека „мораш да го грабнеш за роговите“, со аплауз проследен од публика во Тусон, Аризона, САД. Оригинално рефренот оди вака: „Throw the Jew down the well/So my country can be free/You must grab him by his horns/Then we have a big party“.

На прес конференцијата пред живиот пренос на 2005 MTV Europe Music Awards, ги шокирал локалните и меѓународните новинари во Лисабон, Португалија носејќи торба птици од Романија (првата Европска земја во која беше пронајден птичји грип) како подарок, и продолжил со извинување поради тоа што сите умреле.

Една сцена на Борат вклучува посета на ранч во Тексас, каде сопственикот на ранчот ја открива својата антисемитистичка природа до толку што тој верува дека Хитлеровото „конечно решение“ било неопходно за Германија.

Едно интервју со Џејмс Бродвотер, републикански кандидат за Американскиот Конгрес, предизвикало Бродвотер да прими е-поштенски пораки полни со омраза по епизода на „Da Ali G Show“ во која Бродвотер изјави дека Евреите ќе одат во Пеколот. Нему му било кажано дека интервјуто ќе биде емитувано во странство за да ги учи останатите за американскиот политички систем. Бродватер понатаму на своето мрежно место објавил дека изјавата се однесувала во однос на теолошките верувања кои велат дека сите кои го „прифаќаат Исус Христос како Господар и Спасител ќе поминат вечност во Рајот, додека тие кои го одбиваат ќе поминат вечност во Пеколот.“ Бродвотер не се извинил за неговиот коментар, што пак некои го доживеале како бесчувствително. Наместо тоа тој инсистирал дека „либералните анти-господови медиуми мораат да се доведат во строга контрола од FCC, и тоа што поскоро.“[4]

Во јануари 2005, откако ги убедил властите дека снима документарен филм, Борат успеа да се инфилтрира во публиката на едно родео во Сејлем, Вирџинија, САД: најпрвин кажувајќи дека „Се надевам дека ќе ги убиете сите мажи, жени и деца во Ирак, сите до гуштерите... и нека Џорџ Буш пие крв од секој маж, жена и дете во Ирак“. „Да поседеше таму минута подолго, мислам дека некој ќе го застрелаше“, изјавил еден сведок. „Луѓето го иссвиркаа, му го покажуваа 'прстот'“. За негово добро, Борат бил испратен од местото.

Конфликти со казахстанската влада[уреди | уреди извор]

Во ноември 2005, откако Борат беше водител на MTV Europe Music Awards во Лисабон, Казахстанското Министерство за Надворепшни Работи изрази загриженост околу овој лик. Портпаролот на министерството Јержан Ашкибајев на прес конференција изјави „Го гледаме однесувањето на Г-дин Коен на MTV Europe Music Awards како крајно неприфатливо, како еден сплет од лош вкус и лошо однесување кое е комплетно некомпатибилно со етиката и цивилизираното однесување на Казахстанскиот народ“, заклучувајќи "Го задржуваме правото за преземање на легални мерки за да спречиме вакви шеги."[5].

Барон Коен потоа го објави видео клипот на "Official Borat Homesite" каде Борат му одговара на Ашкибајев. На снимката, Борат изјавува: „Како одговор на коментарите на Г-дин Ашкибајев, сакам да изјавам дека јас немам никаква поврзаност со Г-дин Коен и потполно ја поддржувам одлуката на мојата Влада да го тужи овој Евреин. Од реформите во 2003, Казахстан е цивилизиран како и остатокот од светот. Жените сега можат да патуваат во „внатрешниот“ дел на автобусите, хомосексуалците повеќе не мораат да носат сини шапки, и возраста за криминално одговарање е подигната на осум години. Те молам, капетану на индустријата; те поканувам да дојдеш во Казахстан каде имаме неверојатни природни ресурси, вреден народ, и најчисти проститутки во цела Средна Азија. Пријатно!

Reuters цитираше еден Западен дипломат: „Тие (Казахстанската Влада) се проклети ако тоа го сторат (да одговорат) и проклети ако тоа не го сторат“. „Некако е несреќно што тој удри по Казахстан.“[6]

Следната недела, владата најми две фирми за односи со јавност кои ќе се противат на тврдењата на Борат, и пуштија реклама од четири страници во The New York Times. Рекламата содржеше изјави за демократијата на нацијата, образовниот систем и моќта и влијаењето кои го уживаат жените. Претходно, Борат одговори на казахстанските жалби издавајќи свое „пишано издание“, кое се состоеше од измешани Кирилични симболи.

На 13 декември 2005 правото на користење на доменот www.borat.kz беше суспендирано, и мрежното место кон кое водеше беше исклучена.[7] Телото кое ги издава домените изјави дека ова го сториле поради тоа што биле дадени лажни имиња за администраторите на мрежното место, исто така поради тоа што страницата се наоѓала надвор од Казахстан. Сепак, вистинската причина за ова очигледно беше да се цензурира страницата: „Ова го сторивме за да не може да го црни Казахстан под .kz доменот,“ Нурлан Исин, Прецедател на Асоцијацијата на казахстанските компании за ИТ, изјави за Reuters. „Може што сака да прави на друг домен.“

Репортери без Граници петиционираа кај обдусманот на ICANN да интервенира и да се повлече оваа одлука.[8] Во меѓувреме, „Official Borat Homesite“ беше префрлен на .tv доменот, каде сѐ уште стои. (Заклучно со 25 октомври 2006, претходниот домен сѐ уште беше суспендиран.)

Борат, пак, скоро беше бранет од Дарига Назарбаева, политичар и ќерка на казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев. Таа на националната телевизиска програма Караван изјави дека мрежното место на Барон Коен „помалку штетеше на нашиот имиџ од нејзиното затворање, кое беше објавено од сите светски медиуми,“ и „Не треба да се плашиме од хуморот и не треба да се обидуваме сè да контролираме."[9]

„Посета“ на Белата Куќа[уреди | уреди извор]

На 29 септември 2006, Коен се појави како Борат пред портите на Белата куќа за да одржи прес конференција [10] со намера да го покани „Премиерот Ворлорд Џорџ Волтер Буш“ на проекција на неговиот иден филм, заедно со „О.Џ. Симсонс“, „Мел Гибсонс“ и други „Американски великодостојници“. Нормално, агентите на тајната служба не го пуштија да влезе. Очигледниот потег беше да привлече публицитет во времето кога Претседателот Назарбаев беше во официјална посета на САД.

Жалба од Ромите во Германија[уреди | уреди извор]

На 18 октомври 2006, Европскиот Центар за Истражување на Антициганизмот Архивирано на 29 април 2009 г., кој се бори против антициганизмот, негативни ставови кон ромите, поднесе жалба кон обвинителите поради коментарите на Борат за циганите во неговиот филм. Жалбата го обвинува за клевета и неучтиво насилство кон оваа етничка група.[11]

Врска кон жалбата: http://www.ezaf.org/Borat.pdf Архивирано на 1 декември 2006 г. (на германски)

Фиктивна позадина[уреди | уреди извор]

Семејство и личен живот[уреди | уреди извор]

Борат често ги дискутира членовите на своето семејство со луѓето кои ги интервјуира. Името на неговиот татко е дадено како Болток Силувачот, како и името на дедото од страната на неговата мајка. Сестрата на Борат, Наталија, е проститутка (има добиено награда „најдобар секс во уста" од Алматската Стопанска Комора, и е изгласана проститутка „број 4“ во Казахстан) и тие двајцата милуваат да се преправаат дека се „маж и жена.“ Има помлад брат Било кој е ментално болен. Било има син роден кој е необично влакнест и кој патува „во шатор“. Борат има уште еден влакнест брат Вило, кому му пораснале мустаќи откако Борат го напуштил своето родно село. Борат за него кажува дека има „мала глава, но многу силна рака“, и затоа мора да го чуваат заклучен зад метална врата или во кафез. Борат има три свои деца: Билак, Бирам и Хојилуис. Неговата врска со мајка му изгледа непријатно, и Борат на тоа изјави „таа посакува да била силувана од друг маж. Според Официјалното мрежно место на Борат Архивирано на 24 март 2017 г., тој исто така има 11-годишен син кој се вика Бирам, кој пак е татко на неговите двајца внуци. Борат има свиња како домашен миленик, Игор, за која тој тврди дека ја сака, иако тој и неговото семејство на крајот ќе ја изедат (сосе очите).

Во една епизода, Борат открива дека претрпел „многу лош цигански напад“, во кој неговата жена и плугот биле украдени и дека му го „допраа коњот на многу лош начин; беше депресивен.“ Борат тврди дека претходно работел како ловец на Роми, фалејки се дека може да: „удрам циган со камен од далечина од 15 метри ако е врзан со ланец - 10 метри ако не е“. Несреќно, неговата прва жена била застрелана на едно поле, откако еден ловец си помислил дека е мечка. Борат успеал да ја преболи загубата и се преженил неколкупати. Сепак, исклучителната сексуална машкост на Борат му помогнала да одржи вонбрачни односи со неговата девојка, љубовничката, и барем една проститутка, иако последната врска се состоела ексклузивно од танцување. Борат има искусено инцестоидни односи со неговата сестра, како и инциденти на секс со животни и случајна хомосексуалност.

Иронично, но сите слики каде тој би требало да е во Казахстан се всушност снимени во цигански села во Романија. Луѓето, вклучувајќи ги и тие кои се прикажани како негово семејство и пријатели, се членови на ромското малцинство, кои живејат во сиромашни планински села. Насловната мелодија за неговите документарни филмови е една манеле песна, Eu Vin Acasa Cu Drag од Стефан де ла Барбулести, која може да се слушне на неговиот профил на Myspace и на музиката од неговиот филм.

Верувања[уреди | уреди извор]

Борат многу му се восхитува на Јосиф Сталин, кого тој го опишува како „силен“ и „моќен“. Тој верува дека политичарите треба да се како него и да имаат голем „храм“. (Xpaм, буквално „светилиште“ но со намера да значи „гениталии“).

Саша Барон Коен самиот е Евреин и го користи ликот Борат за да го открие антисемитизмот и расизмот. Со тоа што преку Борат дава антисемитистички и расистички изјави, Барон Коен е во можност да ја прикаже вистинската реакција на луѓето и со тоа да го разоткрие антисемитистичкото и расистичкото чувство на општеството. На пример, додека ловеше во едно интервју и праша дали е легално да ловиш Евреи, за да домаќинот изјави дека не би му пречело иако на некои им пречи. Понекогаш на луѓето им се грози од неговиот антисемитизам, во една шинтерница ја праша домаќинката дали може да провери дали кучето е тренирано. Тој неа ја натера прстите да ги стави на глават (како рогови) и да изговори Шалом, а на кучето му нареди: „Напаѓај! Нападни го Евреинот.“ Жената потресено рече: „НЕ! Евреите се деца на Исус. Таа (кучката) веројатно ги сака Евреите.“ Исто, кога земаше часови за само-одбрана, Борат го замоли инструкторот да го научи како да се одбрани од „Еврејската Канџа“ (иако инструкторот јасно назначи дека треба да се почитуваат верувањата на другиот; не ја зема „канџата“ како буквален термин), тогаш тој направи канџа со неговата рака и го натера инструкторот да се брани против неа.

Борат е исто познат по непријателскиот однос кон Узбекистан. Тој зборува за фиктивниот „Тишнекски“ масакар, вклучувајќи го неговиот 'Soul Motion' час по танц каде тој раскажуваше за масакрот и продолжи да објаснува како многу Узбекистанци биле „столчени“ тој ден. Тој подоцна кажа дека бил „многу горд“ на тој масакр и рече дека не бил тажен бидејќи „ние убивавме.“ Во скорешна прес конференција (која привлече повеќе репортери отколку таа на вистинскиот Казахстански претседател која се одржуваше во истото време) Борат се закани дека неговата држава би започнала со бомбардирање врз Узбекистанските градови со нивните катапулти ако нивната анти-Казахстанска пропаганда не престане.

Тој исто така ја замоли Комисијата за Градски Сообраќај на Оклахома да застане во тишина десет минути за да ја одбележи 14-годишнината од масакрот, но само доби минута и пол. Во средбата, која беше пренесувана во живо на локалната телевизија, се заблагодари што му дозволиле да присуствува на средбата и ги замоли да одржи „краток говор“ кој траеше 17 минути. Говорот беше за сообраќајот и Американската демократија. Тој даде некои коментари кои ја потресоа комисијата; вклучувајќи го кажувањето за тоа дека единствените жени на кои им е дозволено влез во владините згради на Казахстан се проститутките. Аудио запис од настанот Архивирано на 7 февруари 2006 г.

Тој беше шокиран кога дозна дека жените имаат право да гласаат, а пак коњите немаат, бидејќи во Казахстан е пак спротивно од тоа. Кога дозна, ѝ го рецитираше „ланецот на важни работи“ — „Господ, човек, коњ, куче, жена, стаорец“ — на жена гласач. Кога бараше дом во САД, Борат истакна дека жена му се плаши од „мажи со чоколадно лице“, укажувајќи на црнците.

Некои од интревјуата на Борат се со хомоеротични подтонови. Интервјуата вклучуваат дискусии за „храм“ или за сексуалните склоности на интервјуираниот или на други познати личности, како што е Фреди Меркјури. Борат ужива кога ги допира и ги гушка мажите, и има забележителна ненаклонетост кон жените. Често ги бакнува мажите по образите (понекогаш и на усни) но кога ќе наиде на жена едноставно ќе се усрами или едноставно ќе се ракува.

Борат својот идеален партнер го опушува како некој кој има барем малку искуство во орање, без историја на ментална ретардираност во семејството, и да не е Евреин. Понатаму, посакува тие да бидат „цврсти како машки анус“, и тврди дека ако го изневерат ќе ги столчи. На еден видео клип на неговиот MySpace, тој бара машки пријатели кои се желни за разговор во врска со музика и со ракетни бродови, и секако, за начини на фаќање цигани. На видео-одговорот со Казахстанската влада на неговото мрежно место тој споменува дека „хомосексуалците веќе не мораат да носат сини шапки.“ Сепак, во интервју со Џонатан Рос тој ги мие рацете кога дознава дека имало четворица геј момци во собата, што го прави да изгледа хомофобичен.

Филм[уреди | уреди извор]

Со поднаслов Културни учења за Америка да има придонес за Величествената казахстанска нација, филмот „Борат“ е нискобуџетен комичен документарец. Повеќето од улогите во филмот не се платени изведувања туку вистински луѓе кои Борат ги сретнал на своето патување.[12] Филмот беше дистрибуиран од страна на 20th Century Fox, и режиран од Лери Чарлс. Дебитираше во 2006 на „Филмскиот Фестивал на Траверс Сити“, а беше пуштен за јавноста на 3 ноември 2006 (во САД).

Филмот ги следи авантурите на Борат кој е испратен во САД за да направи ексклузувна репортажа на животот во Америка и нивната култура. По пат тој се заљубува во Памела Андерсон и се решава да ја ожени.

По својата премиера, филмот веднаш се искачи на врвот на топ-листите, и направи голема заработувачка. Конен ја прослави успешната премиера на овој филм со правење на внатрешни интервјуа на ликовите во филмот.[13] The film expanded its release on the second weekend to 2,566 screens, where it took in an additional $29 million.[14]

Во 2007, Конен се здоби со Златен глобус за „Најдобра изведба од страна на глумец во мјузикл или комедија“. Со продукциски буџет од $18,000,000, филмот заработи дури $128,501,044 само во САД и уште $128,848,505 интернационално, со што вкупната заработка на филмот е $257,349,549.[15]

Кириличен код[уреди | уреди извор]

Во секој сегмент од неговите скечеви, има Кирилични букви зад англискиот превод. Овие букви се груба шифра на англискиот текст, која се шифрира на следниот начин:

A B C D E F G H I J K L M N O P Q R S T U V W X Y Z
Ф И С В У А П Р Ш О Л Д Ь Т Щ З Й К Ы Е Г М Ц Ч Н Я

Кириличните букви не се вистински еквиваленти на латиничните. Шифрата лесно може да се продуцира ако се чукаат букви на латинична тастатура а во исто време да биде уклучено подесување за Руска тастатура. (QWERTY → ЙЦУКЕН).

На пример на „Borat's Guide to America“ (Водич на Борат низ Америка) се појавува:

ПШВ ИЩКФЕФ Л ФЬУКШПШ

Кое, дешифрирано е:

GID BORATA K AMERIKE

Кое, со препушување назад во Кирилица е руска реченица која вели:

Гид Бората к Америке (Буквален превод збор по збор: „Borat's Guide to America“)

Ова е прекршен руски. Правилно би било да се каже „Путеводитель Бората по Америке“.

Речник[уреди | уреди извор]

  • Барбара буш - буквално „јадење влакна од тестисите“; (Barbara-јаде, Bush-влакната на тестисите)- во однос на Барбара Буш
  • Џенкуи - „благодарам“ Понекогаш се користи и како поздрав во сегментите кои беа дел од Da Ali G Show. од полски "Dziękuję")
  • Football - (foot-стапало, ball-топка) болест каде на мажот му изникнува нога од тестисите
  • Hand relief - мастурбација
  • Јакшимаш - „Како си? (од полски "Jak się masz?", или Чешки "Jak se máš?"
  • Храм - гениталии (на руски и на македонски „светилиште“)
  • Круцоли - мали или незначителни животни од непознат идентитет.
  • Liquid explosion (sexy time explosion) - (Течна експлозија) ејакулација
  • Sexy time (sexy intercourse) - (Секси време) Полов однос
  • Vazhïn - вагина
  • Mouth party (sex in mouth) - орален секс
  • Moviefilm - филм
  • Making romance inside - полов однос
  • Man with chocolate face - (човек со чоколадно лице) припадник на црната раса
  • Џони Мајмунот - животинска филмска ѕвезда во Казахстан
  • Трансибирски експрес - детско порно со Џони Мајмунот

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://ema.mtv.co.uk/
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2006-11-10. Посетено на 2006-10-24.
  3. http://movies.yahoo.com/mv/news/va/20060908/115774501000.html
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2020-09-11. Посетено на 2006-10-24.
  5. "Kazakhstan on Borat: Not Nice", Џош Гросберг, E! Online, 14 ноември 2005.
  6. [1][мртва врска], Reuters, 11 ноември 2005.
  7. "Kazahkstan Strips Borat of Site", Sarah Hall, E! Online, 13 декември 2005. Поинаква верзија на овој напис беше достапна на Reuters[мртва врска].
  8. "Reporters Without Borders raps censorship of UK comedian's "Borat" website" Онлајн изданието на Репортери без Граници на 14 декекември, 2005 објавија.
  9. "Ќерката на Казахстанскиот Претседател го брани Борат" Архивирано на 19 декември 2012 г., CBC, Петок, 21 април 2006.
  10. Борат Сагдијев - Прес кај Белата Куќа на YouTube
  11. Сега ромите сакаат да го забранат Борат, Sydney Morning Herald, 18 октомври 2006.
  12. David Marchese and Willa Manu (2006-11-10). „What's real in Borat?“. Salon.com.
  13. „Borat interview“. STV. SMG, PLC. Посетено на 2006-12-22.[мртва врска]
  14. „Movie Borat“. The Numbers. Nash Information Services, LLC. Посетено на 2006-12-22.
  15. Boxofficemojo page on Borat's earnings

Надворешни врски[уреди | уреди извор]