Азурен Брег

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Азурниот брег (фр: Côte d'Azur), често познат како француската ривиера, е медитеранскиот брег на југоисточниот дел на Франција, вклучувајќи ја и суверената држава Монако. Засега нема официјална граница, но обично се смета дека се простира од италијанската граница на исток до Сен Тропе, Хиер, Тулон или Касис на запад.

Мапа на која е прикажан делот на кој се простира Азурниот Брег

Ова крајбрежје било една од првите современи области за одмор. На почетокот, во 18 век тоа било зимско одморалиште за британската висока класа. Со пристигнувањето на железничката кон средината на 19 век, станало место за забава и рекреација и на британската, руската и другите аристократии, како и омилено место на кралицата Викторија и кралот Едвард VII, кога тој бил принц од Велс. За време на летото, исто така, претставувала дом на многу членови на семејството Ротшилд. Во првата половина на 20 век била посетена од голем број уметници и писатели, меѓу кои биле Пабло Пикасо, Анри Матис, Едит Вартон, Сомерсет Мом и Алдоус Хаксли, како и од богатите Американци и Европејци. По Втората светска војна станало популарна туристичка дестинација и конвенционално место. Многу познати личности, како Елтон Џон и Брижит Бардо, имаат куќи во регионот. Официјално, Азурниот брег е дом на 163 националности со 83.962 странски жители, иако проценките на бројот на странски државјани кои живеат во област често се многу повисоки.

Светилникот во Ница, на Француската Ривиера

Најголем град е Ница, која има население од 347.060 (2006). Градот е центар на урбаната заедница . Ница се состои од 24 општини и над 500.000 жители во урбаната област. Ница е дом на аеродромот на Азурниот брег , трет најпрометен аеродром во Франција (по аеродромот Шарл де Гол во Париз и аеродромот Орли во Париз), кој се наоѓа на површината од делумно рекултивираното крајбрежјето на западниот крај на Променад де Англе. А вториот аеродром во Манделие некогаш бил комерцијален аеродром на регионот, но сега главно се користи од страна на приватни и деловни авиони. Автопатот A8 се простира низ регионот, како и стариот главен пат општо познат како национален пат број 7 (официјално сега наречен D N7 во областа Вар и D6007 во Приморските Алпи). Возовите го обслужуваат крајбрежниот регион и внатрешноста на Грас, а возот ТГВ Југо-Исток пристигнува за 5 ипол часа од Париз во Ница. Француската ривиера е опкружена од кнежеството Монако со вкупно население од над два милиони жители. Таа исто така ги содржи поморските летувалишта на Кап Де, Болиј на Море, Сен Жан Cap Фера, Вилфранш На море, Антиб, Уан ле Пен, Кан, Сен Рафаел, Фрежу, Сен Максим и Сен Тропе. Тоа е исто така дом на паркот за висока технологија и наука односно технопол кој се наоѓа во Софија-Антиполи (северно од Антиб) и центарот за истражување и технологија на Универзитетот во Ница Софија-Антиполи. Регионот има 35.000 студенти, од кои 25% работат на своите докторати. Француската ривиера е огромна област за пловење и крстарење со неколку пристаништа по должината на брегот. Според Агенцијата за Економски Развој на Азурниот брег, секоја година ривиерата е домаќин на 50% од светската флота на суперјахти, со посета на 90% од сите суперјахти на брегот на регионот барем еднаш во својот живот. Како туристички центар има голема придобивка од 300те сончеви дена годишно, 115 километри (71 милји) долго крајбрежје и плажи, 18 голф терени, 14 ски-центри и 3.000 ресторани.


Етимологија[уреди]

Потекло на името Азурен брег[уреди]

Поглед од пристаништето Херкул во Монако

Името му било доделено на брегот од страна на писателот Стивен Лиегар во својата книга Ла Коте д Азур (Азурен Брег), објавена во декември 1887 година. Лиегар е роден во Дижон, во француското предградие на Коте-д-Ор, и го адаптирал тоа име само заменувајќи го зборот Ор(злато) со зборот Азур по азурната боја на Медитеранот.

Потекло на терминот француската ривиера[уреди]

Терминот француска ривиера е типичен во Англиската употреба. Тој бил формиран по аналогија со терминот италијанска Ривиера, која се протега источно од француската ривиера (од Вентимиља до Ла Специја). Уште во 19-тиот век, британскиот се обраќале кон тој дел од регионот како ривиера или француската ривиера, што обично се однесувало на источниот дел од брегот, помеѓу Монако и италијанската граница. Првобитно, ривиера е италијански термин кој се употребува и денес и во превод значи "крајбрежје".

Стариот град Менто кој е последниот град кој се наоѓа пред италијанската граница

Споровите околу околу распространетоста на Ривиерата и на Азурниот брег[уреди]

Азурниот брег и француската ривиера немаат официјални граници. Некои извори ја поставуваат западната граница кај Сен Тропе во департманот Вар . Други ги вклучуваат Сен Тропе, Иер или Тулон во Вар, или најдалеку до Касис кој е сместен во депарманот Буш-ду-Рона. Во нејзиниот роман напишан во 1955, Талентираниот г-дин Рипли, Патриша Хајсмит ја опишува Ривиерата дека започнува од брегот на Тулон се до италијанската граница.

Историја[уреди]

Од праисторијата до бронзеното доба[уреди]

Азурниот брег е населен уште од праисторијата. Примитивни алатки кои датираат од пред 1 милион години биле откриени во Грот-ди-Валонет, во близина на Рокбрун-кап-Мартин, со камења и коски од животни, вклучувајќи говеда, носорог и бизон. На Тера Амата (400.000 п.н.е.), во близина на Ница Порт, бил пронајден камин кој се смета дека е еден од најстарите најдени во Европа. Камени остатоци и споменици од бронзеното време можат да се најдат во близина на Драгињан, додека долината на чудата (Vallée des Merveilles) во близина на планината Бего,која се наоѓа на 2000 метри надморска височина, се претпоставува дека била верско светилиште на отворено и содржи над 40.000 цртежи на луѓе и животни,а датира од околу 2000 п.н.е.

Грчкото влијание[уреди]

Од почетокот на 7 век п.н.е., грчки морнари од Мала Азија почнале да го посетуваат и потоа да се започнат со изградба на трговски места (Емпориа) на Азурниот брег. Емпориа биле изградени во Олбиа (Сен Пјер дел Алманар, во близина на Хуер); Антиполи (Антиб) и Никеа(Ница). Овие населби, кои тргувале со жителите на внатрешноста, станале ривали на Етрурците и Феникијците, кои, исто така, го посетувале Азурниот брег.

Римската колонизација[уреди]

Во 8 година п.н.е. императорот Август изградил импозантен трофеј-споменик во Ла Турби(трофејот на Алпите или трофеј на Август) за одбележување на мирот во регионот. Римски градови, споменици и амфитеатри биле изградени по должината на Азурниот брег и многу од нив ги среќаваме и денес, како амфитеатар и бањи во Симие, над Ница, и амфитеатар, римски ѕидови и други остатоци во Фрежу.

Варварите и христијаните[уреди]

Римска провинција го достигнала врвот на својата моќ и просперитет во текот на 2 и 3 век п. н.е. Кон средината на 3 век, германските народи почнале да го напаѓаат регионот, и Римската моќ ослабнала. Во истиот период, христијанството започнало да станува моќна сила во регионот. Првите катедрали биле изградени во 4 век, и биле создадени првите епархии во Фрежу кон крајот од 4 век, во Симие и Венс во 439 и во Антиб во 442. Најстарата христијанска градба се уште постои на Азурниот брег и тоа е крстилницата на катедралата во Фрежу, изградена на крајот на 5 век, и во истиот период се изградил првиот манастир во регионот, манастирот Лерин кој се наоѓа на остров во близина на брегот на Кан. Падот на Западното Римско Царство во првата половина на 5 век бил проследена со инвазија на Прованса од страна на Визиготите, Бургундите и Остроготите. По ова следувал долг период на војни и династички расправии, кои довеле до понатамошни инвазии од страна на Сарацените и Норманите во 9 век.

Грофовите на Прованса и Домот на Грималди[уреди]

Малку од мирот беше вратен на брегот од основањето на новото царство Прованса во 879, кое најпрво било предводено од династијата Босонид (879-1112), потоа од страна на Каталонците (1112-1246), и на крај го предводеле Ангевините (1246-1382 , постарата генерација),( а од 1382-1483 помладата генерација).

Рушевините на замокот на Грималди во Гримо, во близина на Сен Тропе

Во 13 век, се појавила уште една моќна политичка сила , Домот на Грималди. Потекнуваат од благородник протеран од Џенова од страна на неговите ривали во 1271, припадниците на различните генерации на Грималди ја презеле власта во Монако, Антиб и Ница, а изградиле замоци во Гримод, Кањ на Море и Антиб. Алберт II, сегашниот Кнез на Монако е потомок на Грималди. Во 1388, градот Ница и околната територија, од почетокот на Вар се до италијанската граница, биле издвоени од Прованса и биле под заштита на Домот на Савој. Територијата била наречена Комте де Ница по 1526, а потоа нејзиниот јазик, историја и култура станале различни од оние на Прованса до 1860 година, кога таа била повторно спроведен во Франција под Наполеон III. Прованса ја задржала својата формална независност до 1480, кога последниот гроф на Прованса, Рене I од Неапол, почина и ја остави Комте на неговиот внук, Чарлс д Ман, кој за возврат ја предаде на Луј XI од Франција. Во 1486, Прованса официјално стана дел од Франција.

Популарност кај британската висока класа во 18 и 19 век[уреди]

Се до крајот на 18 век, оваа област подоцна позната како Азурен брег била оддалечен и сиромашен регион, познат главно по риболовот, маслинови градини и производство на цвеќиња за парфем (произведени во Грас). Нова фаза започнала, кога брегот почнал да станува современо одморалиште за британската висока класа во доцниот 18-ти век. Првиот британски патник кој ги опишал неговите благодети бил новелистот Тобиас Смолет, кој ја посетил Ница во 1763 во периодот кога била уште еден италијански град во Кралството на Сардинија. Смолет ја претставил Ница и нејзината топла зимска клима и со тоа го привлече вниманието на британската аристократија со книгата Патувањата низ Франција и Италија, напишана во 1765. Во исто време, шкотскиот лекар, Џон Браун, станал познат по препишувањето на она што тој го нарекувал климо-терапија, односно промена на климата, со цел да се излечат различни болести вклучувајќи ја и туберкулозата. Францускиот историчар Пол Гонет напишал дека, како резултат на тоа, Ница била исполнета со "колонија на бледи и рамнодушни Англиски жени и рамнодушни благороднички синови кои биле на работ на смртта". Во 1834, британски благородник и политичар со име Хенри Питер Броуам, првиот Барон Броуам и Воу, кој одигра важна улога во укинување на трговијата со робови, патувал со неговата болна сестра на југот на Франција, со намера да одат во Италија. А епидемијата на колера во Италија го принуди да остане во Кан, каде што уживале во климата и сценографијата толку многу што тој го купил земјиште и и изградил вила. Тој почна да ги поминува зимите таму и, благодарение на неговата слава, други го следеа неговиот пример: Кан наскоро имаше мала преплава од британци. Роберт Луис Стивенсон бил еден од британските посетители кој подоцна пристигнал поради неговото здравје. Во 1882 година, тој изнајмил вила наречена Ла Солитуд во Хуер, каде што тој го напишал поголемиот дел од Детската градина во Верс.


Железници, Коцкање, Кралски семејства[уреди]

Казиното Монте Карло

Во 1864 година, пет години откако Ница станала дел од Франција по Втората италијанска војна за независност беила завршена првата железничка, правејќи ги Ница и Ривиерата достапни за посетителите од цела Европа. Сто илјади посетители пристигнале во 1865 година. Од 1874 година, бројот на странски државјани кои станале жители на Ница, од кои повеќето беа британски, изнесувал 25.000. Кон средината на 19 век британските и француските претприемачи почнаа да гледаат потенцијал за промоција на туризмот во Азурниот брег. Во тоа време, коцкањето било нелегално во Франција и Италија. Во 1856, монашкиот кнез Шарл III, почнал со изградба на казино во Монако, кое било наречено бања за здравје со цел за да се избегнат критики од страна на црквата. Казиното било неуспешно, но во 1863 година кнезот потпишал договор со Франсоа Блан, еден француски бизнисмен кој веќе бил сопственик на успешно казино во Баден-Баден (југозападна Германија), за да се изгради комплекс на нови казина. Блан аранжирал параброди и вагони со цел да носи посетители од Ница во Монако, и изградил хотели, градини и казино во местото наречено Спелуг. На предлог на неговата мајка, кнегињата Каролина, Шарл III го преименувал местото во Монте Карло по себе. Кога железницата достигна и до Монте Карло во 1870 година, многу илјадници посетители почнаа да пристигнуваат и населението во кнежеството Монако двојно се зголемило. Француската ривиера наскоро станала популарна дестинација за европски кралски семејства. Само неколку дена по достигнувањето на железничката до Ница во 1864 година, царот Александар Втори од Русија пристигнал во посета со приватен воз, а потоа набргу била посетена од страна на Наполеон III, а по него следел и Леополд Втори, крал на Белгијците.

Споменикот на кралицата Викторија во Симие, каде таа била редовен гостин во зимскиот период

Кралицата Викторија била исто така чест посетител. Во 1882 година таа остана во Ментон, а во 1891 година помина неколку недели во Гранд Хотел во Грас. Во 1892 година таа престојувала во хотелот Кост-Бел во Хуер. Во последователните години 1895-1899 таа престојувала воСимие во ридовите над Ница. Прво, во 1895 и 1896 година, таа го изнајми Гранд Хотел, додека во подоцнежните години таа и нејзиниот персонал го презедоа целото западно крило на Ексцелсиор Хотел Реџина, кој беше дизајниран според нејзините потреби и конкретни желби (дел кој подоцна станал дом и студио на познатиот уметник Анри Матис). Патувала со придружба на од шеесет до сто луѓе, вклучувајќи готвач, дами за чекање, стоматолог, индиски слуги, сопствениот кревет и нејзината сопствена храна. Принцот од Велс бил редовен посетител на Кан, почнувајќи од 1872 година. Тој често го посетувал наутичкиот клуб , приватниот клуб на Кроисет, современиот булевар на Кан. Тој престојувал таму секоја пролет во период од три недели, следејќи трки со јахти од брегот, додека јахтата на кралското семејство, Британија, беше пловена од страна на професионални членови на екипажот. По неговото крунисување за крал во 1901 година, тој никогаш повторно не се вратил во посета на француската ривиера.До крајот на 19 век Азурниот брег почнал да привлекува уметнички сликари, на кои им се допаѓала климата, светлите бои и јасната светлина. Меѓу нив беа Огист Реноар, кои се вселил во Кањ на Море, Анри Матис и Пабло Пикасо.


Воениот период, американските посетители и пад на аристократијата[уреди]

Првата светска војна уништи многу од кралските куќи од Европа и ја промени средината и календарот на француската ривиера. По војната, поголем број од Американците почнале да пристигнуваат, со бизнис магнати и познати личности надбројувајќи ги и надминувајќи ги аристократите. Сцената на "високото општество" се пресели од зимската сезона во летната сезона. Американците почнаа да доаѓаат во јужниот дел на Франција во 19 век. Хенри Џејмс дел од својот роман,Амбасадорите,го напиша токму на ривиерата. Џејмс Гордон Бенет Џуниор, син и наследник на основачот на Њујорк Хералд, имал вила во Банлиу. Индустријалецот Џон Пјерпон Морган се коцкал во Монте Карло и купил слики од 18 век на Фрагонар во Грас и ги испратил во Метрополитен музејот во Њујорк. Главна карактеристика на француската ривиера во интер-воените години беше возот Блу, патнички воз со вагони за спиење од прва класа кој ги донесе богатите патници надолу од Кале. За прв пат патувал во 1922 година, и во него со текот на годините патувале Винстон Черчил, Сомерсет Мом, и идниот крал Едвард VIII. Додека Европа се уште закрепнувала од војната, а американскиот долар беше силен, американски писатели и уметници почнаа да пристигнуваат на Азурниот брег. Едит Вартон ја напиша Годините на Невиноста (1920) во вила во близина Хуер, освојувајќи ја Пулицеровата награда за роман (првата жена која ја освоила). Танчерката Исидора Данкан често престојувала во Кан и Ница, но починал во 1927 година, кога нејзината марама се заглавила во тркалата на колата во која таа била патничка и ја удавило. Писателот Френсис Скот Фицџералд прв пат ја посетил ривиерата со неговата сопруга Зелда во 1924 година, задржувајќи се на Хуер, Кан и Монте Карло и на крајот престојувале во Сен Рафаел, каде што тој напишал голем дел од Големиот Гетсби и започнал со пишувањето на Нежна е ноќта. Додека Американците се во голема мера одговорни за промовирање на летната сезона, француската модна дизајнерка, Коко Шанел е одговорна за воведувањето на сончањето како мода. Таа се стекнала со впечатлив тен во текот на летото на 1923 година, и потоа тенот стана мода во Париз. Во текот на кризата на британската монархија во 1936 година, Валис Симпсон, невестата наменета за кралот Едвард VIII, престојувала во вилата Лу Вјеи во Кан, зборувајќи со кралот по телефон секој ден. По неговата абдикација, тој станал војводата од Виндзор и неговата нова сопруга остана во вилата Ла Кро во близина на Антиб. Англискиот драматург и романсиер Сомерсет Мом, исто така, стана жител во 1926 година, купувајќи ја вилата Мауреск која се наоѓала кон врвот на Кап Фера, во близина на Ница.


Втората светска војна[уреди]

Кога Германија ја нападнала Франција во јуни 1940 година, останатите британски колонии биле евакуирани прво на Гибралтар и потоа во Велика Британија. Американските еврејски групи им помогнале на некои од еврејските уметници кои во тој период живееле во јужниот дел на Франција, како Марк Шагал, за да избегаат во САД. Во август 1942 година, 600 Евреи од Ница беа заробени од француската полиција и пратени во Дренси, па потоа во логорите на смртта. Вкупно околу 5.000 француски Евреи од Ница загинле за време на војната. На 15 август 1944 година, американскиот војници со падобран слетале во близина на местото Фрежу, и флотата слетала 60.000 војници припадници на американската Седма армија и француската Прва армија меѓу Кавалер и Аге, источно од Сен Рафаел. Германскиот отпор се растурил за неколку дена. Сен Тропе беше сериозно уништено од страна на германските мински бомби во времето на ослободувањето. Писателот Колет направил големи напори за да се увери дека градот ќе биде повторно изграден во својот оригинален стил. Кога завршила војната, уметниците Марк Шагал и Пабло Пикасо се вратија да живеат и работат на ривиерата.

Пост воениот период и крајот на 20 век[уреди]

Канскиот филмски фестивал бил отворен во септември 1946 година, по повод одбележувањето на враќањето на францускиот филм на светските екрани.Палатата на фестивалот била изградена во 1949 година на местото на стариот Серкл Наутик, каде што принцот од Велс се сретнувал со неговите љубовници во доцниот 19 век. Премиерата на францускиот филм Et Dieu ... Crea la femme (И така Бог ја создал жената) во ноември 1956 година била огромен настан за ривиерата, правејќи меѓународна ѕвезда од актерката Брижит Бардо, и создавајќи врвна меѓународна туристичка дестинација од Сен Тропе, особено за новата класа на богати меѓународни патници кои се нарекувале "џет-сет". Бракот на американската филмска актерка Грејс Кели со монашкиот кнез Рение III кој се случил на 18 април 1956 година, уште еднаш го привлекол вниманието на светот . Овој настан бил следен на телевизија од 30 милиони луѓе. Во текот на 1960 година, Градоначалникот на Ница, Жак Медсин, одлучи да се намали посетата на ривиерата за обичен туризам, и таа да стане дестинација за меѓународните конгреси и конвенции. Тој ја изгради Палатата на Конгресите на Акропол во Ница, и ги основал Шагал музејот и Матис музејот во Симие. Почнуваше да се шири урбанистичкиот план со високи згради и големи приватни имоти. Кон крајот на август 1997 година, принцезата Дијана и Доди Фајед ги поминаа последните денови заедно на јахтата на неговиот татко близу до плажата Пампелон во близина на Сен Тропе, непосредно пред тие да загинат во сообраќајна несреќа во тунелот Алма во Париз.


Географија[уреди]

Сен Жене во регионот Приморски Алпи
Пристаништето на Поркерол, остров на Вар

Места[уреди]

Местата кои се наоѓаат на Азурната обала, по должината на брегот од југозапад кон северо исток се:

  • Каси
  • Ла Сиота
  • Бандо
  • Санари на МОре
  • Сис фир ле Плаж
  • Тулон
  • Иер и градовите на Иер (Поркерол, Порт-Кро и Ил-д-Леван)
  • Л-Лаванду
  • Кавелер на Море
  • Сен Тропе
  • Инлан – Гримо, со пристаништето Гримо на брегот
  • Сен Максим
  • Фрежу и Сен Рафаел
  • Инлан – Фајенс
  • Лез-Адрет-д-Лестере
  • Танерон
  • Теул а Море
  • Манделиу и Ла Напул
  • Инлан – Грас
  • Инлан – Мугин
  • Градовите на Лерин – Ил Сант-Маргерит и Ил Сен Онора
  • Кан
  • Инлан – Валаури
  • Инлан – Валбон
  • Инлан – Софија-Антиполи
  • Гоф-Жуан
  • Жуан ле Пан
  • Антиб
  • Инлан – Био
  • Вилнев-Лубе
  • Кањ на Море
  • Инлан – Венс
  • Инлан – Сен Пол де Венс
  • Инлан – Сен Жене
  • Сен Лорен во Вар
  • Инлан – Белведер
  • Ница
  • Вилфранш на Море
  • Сен Жан Кап Фера
  • Болиу на Море
  • Ез
  • Кап Де
  • Монако и Монте Карло
  • Босолеј
  • Рокберн Кап Мартен
  • Менто


Клима[уреди]

Азурниот брег има средоземна клима, со сончеви, топли, суви лета и благи зими. Зимските температури се ублажени од страна на од Медитеранот; и студените денови се ретки. Просечните дневни ниски температури во Ница во јануари изнесуваат околу 5,4 ° C (41.7 ° F); во јануари просечната дневна ниска температура во Тулон е 6,2°C . Просечната висока температура во август во Ница е измерена околу 28,6 ° C (83.5 ° F); во Тулон просечната дневна висока температура изнесува 29,7°C Азурниот брег има во просек повеќе врнежи од Париз годишно (803,3 мм годишно во Ница и 684,8 мм во Тулон во споредба со 649,8 мм во Париз), но врнежливите денови се многу поретки; 111 врнежливи денови во годината во Париз во споредба со 61 дена во Тулон и 63 во Ница. Тулон има 2793 часа на сонце годишно, Ница има 2668 часа.

Микро-климата се јавува во овие крајбрежни региони,па затоа не може да има големи разлики во температурите во различните локации. Силните ветришта како Мистрал, и сувиот ладен ветер од северозапад или од исток, се уште една од карактеристиките, особено во зима.

=Ница и Приморски Алпи[уреди]

Департманите Ница и Приморски Алпи се заштитени од страна на Алпите. Ветровите се обично благи, од морето кон земјата, иако понекогаш Мистрал дува силно од северо-запад, или,ако е попречен од планините, од исток. Во 1956 година еден Мистрален ветер од северо-запад достигнал 180 километри на час (110 mph) на аеродромот во Ница. Понекогаш, во лето, ветрот Сироко носи високи температури и црвеникав пустински песок од Африка. Дождовите можат да бидат поројни, особено во есен, кога се појавуваат бури и дожд предизвикани од разликата помеѓу постудениот воздух во внатрешноста и топлата медитеранска температурата на водата (20 ° C-24 ° C, 68 ° F-75 ° F). Најврнежливи месеци се: септември (75,6 милиметри во просек); октомври (143,9 мм); ноември (94,3 мм) и декември (87,8 mm)

Снегот е редок, паѓа еднаш на секои десет години. Годината 1956 беше извонредна, кога 20 сантиметри (7,9 инчи) го покриле  брегот. Во јануари 1985 година брегот меѓу Кан и Ментон доби 30-40 сантиметри снег(12-16 инчи). На  планинските места, снегот е присутен од ноември до мај.

Регионот Вар[уреди]

Регионот Вар (кој ги вклучува Сен Тропе и Хуер) има малку потопла клима, посува и посончева од Ница и Алп-Маритим, но е помалку заштитен од ветерот. Ветрот Мистрал , кој носи ладен и сув воздух надолу од горниот алпски регион преку долината на Рона и дува со намален  интензитетот по Азурниот брег, се појавува често во текот на зимата. Силни ветрови дуваат во просек од околу седумдесет и пет дена во годината во Фрежу. 


Настани и фестивали[уреди]

Неколку од поголемите настани се одржуваат во:

  • Монако и југоисточна Франција; Рели моторната трка во Монте Карло, јануари
  • Монако – Меѓународниот Циркус Фестивал на Монте Карло, јануари / февруари
  • Ница- Карневал, февруари
  • Ментон – Фестивал на лимонот, февруари
  • Туре на Лу - Виолетов фестивал, март
  • Монако- Формула 1 трка за големата награда, мај
  • Грас – Фестивалот Роуз, мај
  • Кан - Канскиот филмски фестивал и Канскиот филмски пазар, мај
  • Ница - џез фестивал, јули
  • Хуан-ле-Пин – џез на Хуан, кон крајот на јули.
  • Грас - Јасмин фестивалот, август

Сликари[уреди]

Пристаништето во Сен Тропе, дело на Пол Сињак, масло на платно, 1901

Климата и живописните бои на Медитеранот привлекле многу познати уметници во текот на 19 и 20 век. Вклучувајќи ги и:

  • Пјер Бонар (1867-1947); од неговото пензионирање до неговата смрт бил во Ле Кане.
  • Жорж Брак (1882-1963); сликал често во Лестак меѓу 1907 и 1910 година.
  • Роџер Бродер (1883-1953); париски патник и илустратор на постери.
  • Пол Сезан (1839-1906); роден во Екс ан Прованс, Сезан сликал во Лестак помеѓу 1878 и 1882 година.
  • Марк Шагал (1887-1985); живеел во Сен Пол де Венс помеѓу 1948 и 1985 година.
  • Анри-Едмонд Крос (1856-1910); го открил Азурниот брег во 1883 година, и сликал во Монако и Уер.
  • Морис Денис (1870-1943); сликал во Сен Тропе и Бандол.
  • Андре Деран (1880-1954); сликал во Лестак и Мартиг.
  • Раул Дуфи (1877-1953); чија жена била од Ница, а сликал во регионот, вклучувајќи и во Ница, Марсеј и Мартиг.
  • Алберт Марке (1873-1947); сликал во Марсеј, Сен Тропе и Лестак.
  • Анри Матис (1869-1954), прво го посетил Сен Тропе во 1904 година. Во 1917 година се вселил во Ница, прво во хотелот Бо Риваж, потоа во хотелот Де-ла-

Медитеране, а потоа во Ла Вила Де Али во Симие. Во 1921 година тој живеел во стан во Ница, во близина на цветниот пазар од кафе имал поглед на морето, каде што останал до 1938 година. Тој потоа се преселил во хотелот Режина во ридиштата на Симие, над Ница. Во текот на Втората светска војна живеел во Ванс, а потоа се вратил во Симие, каде што умрел и е закопан.

  • Клод Моне (1840-1927); ги посетил Ментон, Бордиера,Уан-ле-Пин, Монте Карло, Ница, Кан,Болиу и Вилфранш, и насликал голем број морски глетки на Кап Мартин, во близина на Ментон, и во Кап Д Антиб.
  • Едвард Мунк (1863-1944); ги посетил живописните Ница и Монте Карло (каде што тој ја развил страста за коцкање) и изнајмил вила во Сен-Жан-Cap-Фера во 1891 година.
  • Пабло Пикасо (1881-1973); го поминувал секое лето од 1919-1939 на Азурниот брег, и се преселил таму засекогаш во 1946 година, прво во Валури, а потоа во Мужин, каде што ги поминал своите последни години.
  • Огист Реноар (1841-1919); го посетил Болиу, Грас, Сен Рафаел и Кан, пред конечното решавање за Кањ на Море во 1907 година, каде што тој купил една фарма во планините и изградил нова куќа и работилница од почеток. Потоа продолжил да слика таму до неговата смрт во 1919 година. Неговата куќа е сега музеј.
  • Пол Сињак (1863-1935); го посетил Сен Тропе во 1892 година, и купил вила, Ла Ун, во подножјето на тврдината во 1897 година. Во неговата вила, неговиот пријател, Анри Матис, ги насликал неговите познати дела Лукс,Калм и Волупте во 1904 година. Сињак направил бројни слики од должината на брегот.
  • Ив Клајн (1928-1962); роден во Ница, се смета за важна фигура во поствоената европска уметност.
  • Саша Сосно (1937 -), француски сликар и скулптор живее и работи во Ница.