Казино Монте Карло

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Казиното Монте Карло е коцкарски и забавен комплекс,кој се наоѓа во Монте Карло, Монако. Во него се вклучени казиното, Grand Théâtre de Monte Carlo и канцеларијата на Les Ballets de Monte Carlo.

Казиното Монте Карло е во сопственост и управувано од страна на Société des bains de mer de Monaco, државна компанија во која владата на Монако и кралското семејство имаат главен интерес. Компанијата исто така ги поседува најважните хотели,спортски клубови, кетеринг службите и ноќните клубови низ Монако.

Историја[уреди]

Идејата за отварање на казино во Монако и припаѓа на кнегињата Каролина, паметна и со чувство за бизнис, сопруга на кнезот Флорестан I. Приходите од предложениот ризик требало да ја спаси куќата на Грималди од банкрот. Постојаните финансиски проблеми на владејачката фамилија,посебно дошле до израз по загубата на даночните приходи од отцепените градови, Ментон и Рокебруне,кои прогласиле независност од Монако во 1848 година и одбиле да плаќаат даноци на маслото од маслинки и овошјето наложени од страна на Грималди.

Во 1854 година, Шарл, синот на Флорестан и идниот кнез на Монако, вработил француска екипа составена од писателот Албер Оберт и деловникот Наполеон Ланглоис за да создадат развоен план и да напишат проспект како да соберат 4 милиони франци,кои биле потребни за изградба на спа центар за лечење од различни болести, коцкарско казино по примерот на казиното Bad Homburg и вили во англиски стил. Со дозвола за концесија од 30 години,за управување со спа центрите и коцкарските маси, Ауберт и Ланглоис го отвориле првото казино во 1856 година во вилата Bellevu. Со намера ова да биде само привремена локација,зградата била модерна вила во La Condamine. Во наредните години,казиното било преместувано неколку пати,се додека не завршило во областа наречена Ле Спелуг.

Во 1850-тите години, Монако изгледал како место кое немало шанси да успее како летувалиште. Недостатокот од патишта кои се потребни за да го поврзат Монако со Ница и остатокот од Европа, недостатокот од удобни сместувања за посетителите, како и неуспехот на концесионерите да го промовираат новото летувалиште,довело до резултат на многу помалку постетители отколку што се предвидувало. Немоќни да го зголемат капиталот кој бил потребен за управување со компанијата,губејќи го претпријатието, Ауберт и Ланглоис ги предале своите управувачки права на Frossard de Lilbonne,кој за возврат ги дал на Pierre Auguste Daval во 1857 година. Иако казиното во 1959 почнало да создава профит , Давал не бил за таа работа. Исто како и неговите предци, тој бил некомпетентен и со недостаток на способност да го донесе коцкарското претпријатие на скалата на успех предвидена од страна на кнегињата Каролина. Фрустрирана, таа го пратила нејзиниот секретар М. Ено, во Германија, со надеж да го придобие Франсоа Бланк, француски претприемач и управител на казиното Bad Homburg.Бланк ја одбил понудата. Требало многу време и убедување од страна на кнегињата Каролина за да го убеди Бланк да се пресели во Монако. Кнегињата дури и ја замолила мадам Бланк,со која се спријателила за време на нејзината прва посета на Bad Homburg, со предлог дека умерената клима на Монако би била добра за лошото здравје на мадам Бланк.

Конечно, во 1863 година, François Blanc се согласил да го презеде бизнисот на казиното.За управување на новиот потфат, била основана компанијата Societe des Bains de Mer et du Cercle des Etrangers со капитал од 15 милиони франци. Меѓу истакнатите инвеститори биле Charles Bonaventure François Theuret, епископот на Монако и кардиналот Pecci, идниот папа Лав XIII. Бланк станал единствениот мнозински акционер во компанијата и добил 50-годишна концесија,која траела до 1913 година. Блан ги искористил своите врски за брзо зголемување на потребниот капитал и започнал масивна градба.Новата зграда на казиното,чија изградба започнала во 1858 година,била завршена во 1863 година. На инсистирање од страна на Бланк, областа Les Spelugues ,каде коцкарскиот комплекс бил лоциран,била преименувана за да звучи поатрактивно за посетителите на казиното.Неколку предлози биле разгледани, а името Монте Карло било избрано во чест на кнезот Карл.

Во 1910 година, зградата на казиното била проширена со театар,Сал Гарние,кој бил погоден за организирање на опери и балет. До неодамна,казиното Монте Карло беше примарен извор на приход за фамилијата Грималди и економијата на Монако.

Објектите на казиното[уреди]

Казиното има објекти за да се играат различни игри кои вклучуваат: -Различни видови на рулет, - Stud покер, - Блек Џек, - Trente et Quarante, -Craps, - Baccarat, - Видео покер, - Слот машини.

Кршење на банката[уреди]

- Во 1873 година, Јосиф Џегер стекнал голем публицитет во казиното со “кршење на банката на Монте Карло”, со откривање и капитализирање на пристрасност во едно од тркалата на рулетот во казиното. Технички, во оваа смисла,банката била задолжена парите да се чуваат на масата на крупието. Според една статија во весникот „Тајмс“,издадена на крајот од 19 тиот век, било возможно да се „крши банка” неколку пати. Песната од 1892 година, The Man that Broke the Bank at Monte Carlo, што го прославил Чарлс Кобурнс,најверојатно инспириранан од потфатот на Чарлс Велс,кој ја „соборил банката” во повеќе наврати на првите две од своите три патувања.

- Според книгата, Busting Vegas од Бен Мезрих,тим од играчи на блек џек, регрутирани од институтот за технологија во Масачутес,од страна на тим лидерот Виктор Касиус се обиделе да ја пробијат банката на казиното Монте Карло со помош на тим-плеј-базиран систем. Книгата го опишува начинот на кој менаџментот на казиното се справил со напредокот на тимот,чии членови,вклучувајќи го и Semyon Dukach и други кои биле споменати со псевдоними.

Архитектура[уреди]

Казиното било дизајнирано од страна на архитектот Шарл Гарние,кој исто така бил креатор на Париз опера.

Интересни Факти[уреди]

  • На граѓаните на Монако им е забранет влез во коцкарските простории на казиното. За примената на ова правило,документи за идентификација се проверувани на влезот од казиното,
  • Се до сезоната седум( 2010/2011),казиното беше домаќин на годишниот европски турнир во покер- Grand Final,
  • Методите на Монте Карло,листа на случајни модели на алгоритми,биле именувани по казиното,
  • Рутата на Монако Гранд При ( Circuit de Monaco),поминува крај казиното,
  • Во педесетите години од дваесетиот век,Аристотел Онасис имал управувачки дел во казиното Монте Карло,се додека не бил истеран од страна на кнезот Рение III.

Казиното во книгите и филмовите[уреди]

  • Џејмс Бонд, измислен британски шпион, често е поврзуван со казиното Монте Карло.
  • Архитектурата на гламурозната зграда Belle Époque, на казиното Монте Карло, била употребена од страна на Ијан Флеминг за да го опише казиното во 'Royale-Les-Eaux',, измислено летувалиште прикажано во првата Бонд-новела на Флеминг, Казино Ројал(1953 година).
  • Монте Карло и неговото казино биле локации за дел од филмовите за Џејмс Бонд, вклучувајќи ги Never Say Never Again и GoldenEye, како и за Казино Ројал,епизода од телевизиското шоу CBS' Climax!
  • Во филмот In Time, прикажано како казино во New Greenwich.

[[Категорија: