Сен Тропе

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Saint-Tropez

Saint Tropez Eglise.jpg
Црквата во Сен Тропе
Знаме на Saint-Tropez
Грб на Saint-Tropez
Saint-Tropez се наоѓа во Франција
Saint-Tropez
Управа
Земја Франција
Регион Прованса-Алпи-Азурен Брег
Департман Вар
Округ Драгињан
Кантон Сен Тропе
Градоначалник Жан Пјер Тувери
(2008–)
Статистики
Надм. вис. 0–113 м
(прос. 15 м)
Површина1 15,18 км²
Население2 5.690 жит.  (2006)
 - Густина 375 жит/км²
INSEE/Пошт. бр. 83119/ 83990
1 Податоци од Катастарот на Франција. Не се вбројуваат езера, бари, ледници и речни утоки поголеми од 1 км².
2 Единечно сметање на населението: жителите на повеќе општини (на пр. студенти, воени лица) се бројат само еднаш.

Сен Тропе (француски: Saint-Tropez; окситански: Sant Tropetz, „Сант Трупец“) е град кој е 104 км источно оддалечен од Марсеј, во одделот Вар во регионот на Азурнот Брег во југоисточна Франција. Главен град е на кантонот Сен Тропе. Се наоѓа на француската ривиера, и денеска е познат по мошне богатите гости за време на летниот период. Уште е познат како „собиралиште на џетсетери, модели и милионери“ и како место каде што беше откриена улогата на ироничната Брижит Бардо во нејзината улога за ослободување на северна Франција за време на Втората светска војна.

Сен Тропе има мешана историја. Во 15 век беше воено засолниште, во 20 век беше скромно рибарско градче и прв град на овој брег кој бил ослободен за време на Втората светска војна. По војната стана познат интернационално приморско летувалиште, знаменит главно по навалата на француски глумци и развој на музиката. Подоцна, стана летувалиште на американски богати личности и огромен број туристи кои сакаа да ја видат оваа автентичност, а од време на време и по некоја славна личност.

Историја на градот[уреди]


Името на градот потекнува од стариот, полу-легендарен маченик по име Сен Тропе. Легендата вели дека тој бил обезглавен во Пиза за време на владеењето на Неро и дека неговото тело било ставено во стар гнил брод заедно со еден петел и куче. Телото допатувало во сегашната локација на градот. Во 559г. п.н.е., Фокејците го опколиле Марсеј и деловите на брегот за прикотвување . Во 31г. п.н.е. Римјаните го нападнаа и во битката кај Актум победија. Нивните граѓани во областа изградија многу богати вили, познати како “Plane Trees”. Првото име на селото беше Хераклеја-Какалиера, а притоката на заливот “The Issambres”. Кон крајот на деветиот век со распаѓањето на Римската империја, местото го нападнаа пирати и гусари и ја опустошија областа за следните 100 години. Во 15 век беше пронајдено селото La Garde-Freinet, 15 километри северно од Сен Тропе. Од 890-972, Сен Тропе и околината стана арапско-муслиманска колонија, во која доминираа сараценски населувања од Фраксинет. Во 940, Наср ибн Ахмад, бил да го контролира Сен Тропе. Во 961-963, Аудиберг, синот на Беренгер, припадник на престолот на Ломбардија, кој бил гонет од Ото Први, се криел во Сен Тропе. Во 972, Муслиманите од Сен Тропе го задржаа игуменот Клуни Маиеул се додека не го ослободија од заложништво. Во 976, Вилијам Први, грофот на Прованса, седржец на Гримод, почна да ги напаѓа муслиманите и во 980 изгради кула во моменталната локација на кулата Суфрен. Во 1079 и 1218, Папата Булс го спомна постоењето на реонот во Сен Тропе. Во 1436, грофот Рене Први (добриот крал Рене) се обиде повторно да ја насели Прованса. Тој го создаде баронството на Гримуд и апелираше до Џеноа Рафаел Гарецио, богат џентлмен кој испратил флота од каравели со 60 семејства во областа. За возврат, грофот Рене (познат како „добриот крал Рене“) ветил ослободување на граѓаните од оданочување. На 14 февруари 1470 година, Жан де Коза, баронот на Гримуд и Гранд Сенешал на Прованса, направи договор со Рафаел Гарецио со кој му дозволи на Гарецио да изгради Градски ѕидови и две големи кули кои сеуште постојат. Едната кула се наоѓа на крајот на големото пристаниште, а другата е на влезот на „Понче“.

Градот стана мала Република со свои сопствени флоти и армија и беше предводена од два конзула и 12 избрани одборници. Во 1558, капетанот на градот (Хонорат Кост) беше овластен да го штити градот. Капетанот предводеше војска која им се спротивстави на Турците, Шпанците, им помогна на Фрежис и Антибес, а му помогна и на архиепископот да го врати Леринските острови. Во 1577, ќерката на Маркиз, господар на Кастелан, се омажи со Жан Баптист де Суфрен, маркиз на Сен Канет, барон на Le Mole, и советник во Парламентот во Прованса. Власта на Сен Тропе стана привилегија на семејството де Суфрен. Во Септември 1615 година, Сен Тропе го посети експедиција предводена од Јапонскиот самурај Хасекура Цуненага, кои биле на пат кон Рим, но приморани од временските услови, морале да застанат во Сен Тропе. Се верува дека ова е првиот случај на контакт помеѓу Франција и Јапонија. Локалните аристократи беа одговорни за подигнување на армија која одвезе флота со шпанска галија во 1637. Les Bravades des Espagnols е локална религиска и воена свеченост, која ја комеморира победата на војската на Сен Тропе против Шпанија. Ветувањето на грофот Рене Први да не ги оданочува граѓаните на Сен Тропе, продолжи до 1672 и беше укинато од страна на Луј 16, кој нагласи француска контрола низ градот.

Познатиот адмирал на Сен Тропе, Пјер Андре се Суфрен (1729-1788), бил третиот син на маркизот на Сен Тропе. Во 1920-тите, во Сен Тропе беа привлечени познати личности од светот на модата, како што се Коко Шанел и Елса Шиапарели. За време на Втората светска војка, на 15 август 1944, беше местоположба за воено пристигнување на инвазија од јужна Франција, наречена Операција драгун. Во 1950-тите, Сен Тропе стана интернационално прочуено место. Тука се снимаа филмови, вклучувајќи го и „Господ ја создаде жената“ во кој глуми француската актерка Брижит Бардо.

Пинк Флојд напиша песна по име „Сен Тропе“, именувана по градот. Сен Тропе е исто така опеан во хитот на Дејвид Гатес во 1978 година „Фати го последниот воз“ и во песната на Аеросмит „Постојан Одмор“. Раперите, како Диди, Џеј Зи и Фифти Сент во некои од своите песни го истакнуваат Сен Тропе како омилена дестинација за летување, особено на јахта. Ди џеј Антоан напиша песна по име „Добредојдовте во Сен Тропе“ која опишува дека кога одите таму и ги трошите сите пари што ги имате.

Мото[уреди]


Ad usque fidelis, на латински јазик значи „Верен до крај“. По „темни години на ограбување“ во француската ривиера на 14 февруари 1470, Рафаел де Гаресио пристигна во Сен Тропе со 22 мажи (обични селани и морепловци, кои ја напуштиле преполнетата италијанска ривиера). Тие мораше да ја обноват и повторно да ја населат оваа област, за возврат на оваа услуга, беа дарувани со неколку привилегии, вклучувајќи некои кои предходно биле резервирани исклучително за господари, како ослободување од плаќање на данок и право за служење војска, доделени од претставник на „добриот крал“, Жан де Коза, барон на Гримуд и Сенешал во Провaнс. Нивното мото беше „верни до крај“ и навистина го одржаа нивното ветување. Десет години подоцна, беше направен голем ѕид со кули за да ги штити новите куќи и внатрешен напад на градот. Шеесет семејства формираа заедница и на 19 јули 1479 е потпишан договорот наречен: „Возобновување на Сен Тропе“.

Пристаниште[уреди]


Пристаништето беше често употребувано во 18-тиот век; во 1789, го посетиле 80 бродови. Бродоградилиштата во Сен Тропе правеле тартани и едрилици со три јарболи што носеле од 1000 до 12200 буриња. Сен Тропе е место со разновидна трговија, вклучувајќи риболов, вино, дрво. Градот имал училиште за хидрографија. Во 1860, трговска морнарица, наречена „Кралицата на Ангените“ (едрилица со три јарбола со 740 буриња) го посетила пристаништето. Неговата улога како комерцијално пристаниште веќе не постои, сега е туристичко место и основа за многу регати (натпревар со гондоли). Овде можат да се сретнат брзи бродови за транспорт до другата страна на заливот, како Les Bateaux, Port, Grimaud, Marines de Cogolin, Les Issambres и St-Aygulf.

Економија[уреди]


Главниот економски извор на Сен Тропе е туризмот. Сен Тропе е многу познат по хотелот Hôtel Byblos, член на водечките хотели во светот, и инаугурацијата со Брижит Бардо и Гантер Зах во 1967 беше интернационален настан.

Уметноста во Сен Тропе[уреди]


Во историјата на модерната уметност, Сен Тропе игра многу важна улога. Пол Сињак го открил ова место исполнето со светлина и ги инспирирал сликарите како Матис, Пјер Бонард и Алберт Маркет да дојдат во Сен Тропе. Ова место претставувало атракција и за следните генераци на сликари. Бернард Буфе, Дејвид Хокни, Масимо Капмили, Доналд Султан и други исто така живееле и работеле во Сен Тропе. Денеска Стефан Шчесне ја продолжуваа оваа традиција.

Настани[уреди]


Секоја година, на крајот на септември, се одржува регата (натпревар со гондоли) на заливот во Сен Тропе. Ова привлекува многу јахти, долги дури и до 50 метри. Многу туристи доаѓаат на местото на овој настан, или застануваат по пат одејќи кон Кан, Марсеј и Ница.

Плажи[уреди]


Плажите во Сен Тропе се наоѓаат на брегот на заливот Пампелон, кој се наоѓа јужно од Сен Тропе и источно од Раматуел. Пампелон со својата должина од пет километри нуди колекција на плажи. Секоја плажа е околу три метри широка со своја сопствена колиба, и приватнен или јавен простор за сончање. Многу од овие плажи нудат сурфање, едрење, опрема за кајакарење, додека други пак нудат спорт на вода со моторни возила, како моторни бродови, скутери, скијање на вода.

Топлес[уреди]


Во јуни, 1962 година, австро-американскиот моден дијазнер Руди Гернрајх, претстави топлес костим за капење наречен монокини, кој предизвика голема контроверзност во САД и на меѓународно ниво. За време на младоста на Гернрајх, жителите на Австрија се заштитувале од голотија, одбивање на над-цивилизираниот свет. Ватикан не го призна костимот за капење, а списанието „L’Osservatore Romano“ изјави дека „индустриската еротска авантура на топлес костимот за капење“ негира морална смисла. Црквата во Италија и Шпанија предупреди против топлес модата. Во Сен Тропе, градоначалникот и нареди на полицијата да го забрани топлесот и плажата да ја надгледуваат со хелихоптер.

Транспорт[уреди]


Воден пат[уреди]

Најпознатиот, а најверојатно и најлуксузниот пат да се стигне до Сен Тропе е да се изнајми приватна јахта. Пристаништето со 800 бродски кабини и две морнарици, исто така може да биде основа за други бродови, вклучувајќи траекти. Во летната сезона има траект служба помеѓу Сен Тропе и Ница, Сен Максим, Кан, Сен Рафаел.

Воздушен пат[уреди]

Во Сен Тропе нема аеродром. Но, има служба за изнајмување хелихоптер. Најблискиот аеродром е La Môle – Saint-Tropez Airport кој се наоѓа во La Môle, 15 километри југозападно од Сен Тропе. Други главни аеродроми се:

Копнен пат[уреди]

Железница[уреди]

Во Сен Тропе нема железничка станица. Најблиската станица е Сен Рафаел (приближно 39 км од Сен Тропе) која нуди услуги со брод до Сен Тропе. Има директна автобуска услуга до Сен Тропе, и железничката станица е поврзана со автобуската станица.

Автобус[уреди]

Во Сен Тропе има автобуска станица, наречена Gare routière de Saint-Tropez и се наоѓа во Place Blanqui.

Такси[уреди]

Постојат такси услуги – дури и од аеродромот во Ница до Сен Тропе. Се разбира, доколку станува збор за далечни дестинации, оваа опција воопшто не е евтина.

Сопствено возило[уреди]

За време на сезоната, во Сен Тропе има многу проблеми во сообраќајот, така што најбрзиот начин е да патуваш со скутер или велосипед. Нема директен автопат до селото. Има три главни улици до Сен Тропе.

Транспорт[уреди]

Јавниот сообраќај во Сен Тропе вклучува мини автобуси, кои се превозна служба помеѓу градот и плажите Пампелон. Други начини на транспорт се: скутери, автомобили, велосипеди и такси. Се разбира, има и услуги со хелихоптер, патување со брод. Бидејќи местото е мало, пешачењето е најчест избор за прошетка околу градот и плажите.

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]