Елена Исинбаева
| Медали | ||
|---|---|---|
Елена Исинбаева |
||
| Натпреварувач за |
||
| Женска Атлетика | ||
| Олимписки игри | ||
| Злато | Атина 2004 | |
| Злато | Пекинг 2008 | |
| Светски првенства | ||
| Бронза | Париз 2003 | |
| Злато | Хелсинки 2005 | |
| Злато | Осака 2007 | |
| Светски првенства на затворено | ||
| Сребро | Бирмингам 2003 | |
| Злато | Будапест 2004 | |
| Злато | Москва 2006 | |
| Злато | Валенсија 2008 | |
| Европски првенства | ||
| Сребро | Минхен 2002 | |
| Злато | Готенбург 2006 | |
| Европски првенства на затворено | ||
| Злато | Мадрид 2005 | |
Eлена Гаџиевна Исинбаева (руски: Елена Гаджиевна Исинбаева), (3 јуни 1981 во Волгоград) е руска атлетичарка која се натпреварува во техничката дисциплина скок со стап. На Летните олимписки игри - 2004 во Атина, таа го освои златниот медал поставувајќи светски рекорд (тогаш 4,91m). Од Меѓународната атлетска федерација беше избрана за атлетичарка на годината во 2004 и 2005, а според Лауреј беше избрана за спортистка на 2006. На 22 јули 2005 на атлетскиот митинг во Кристал Палас, Исинбаева стана првата жена која што прескокнала 5.00m.
На само 25 години за Eлена се сметаше дека е најдобрата натпреварувачка во скок со стaп во историјата. Таа има освоено 8 златни медали на големите натпреварувања.
Нејзините лични и светски рекорди се 5,06m на отворено поставен на на 28 август 2009 на петтиот митинг од Златната лига во Цирих и 5,00m во сала поставен на 15 февруари 2009 во Донецк.
Нејзината мајка е Русинка, додека нејзиниот татко е Табасаранец.
Содржина |
[уреди] Кариера
[уреди] До 2002
Од својата петта, па се до петнаесетта година, Eлена тренирала гимнастика во својот роден град Волгоград. Но, поради нејзината висина од 1,74m, Eлена морала да се откаже од гимнастиката Со атлетика започанала да се занимава на 15 години.
Првото големо натпреварување на кое настапи беше Светското јуниорско првенство во 1998 одржано во Анеси, Франција каде што прескокна 4,00m, но за 10cm недоволно да освои медал.
Наредната 1999, на Светското јуниорско првенство во Бидгос, Полска, Eлена доволно напредна, па со својата покава и скок од 4,10m го освои својот прв златен медал. Наредната 2000, Eлена со прескокнати 4,20m успеа да го одбрани златото освоено една година пред тоа.
Eлена Исинбаева дебитираше на Олимписките игри, со својот настап на игрите во Сиднеј во 2000.
На Европското јуниорско првенство во 2001, Исинбаева го освои златниот медрал со прескокнати 4,40m.
Во 2002, на Европското првенство во атлетика, таа заврши веднаш зад нејзината голема конкурентка Светлана Феофанова, со прескокнати 4,55m, само за 5cm недоволно за златниот медал.
[уреди] 2003
Во 2003, Исинбаева напредуваше со што се појави при самиот врв на светската атлетска сцена. На Европското првенство во атлетика за натпреварувачи до 23 години, Eлена го освои златниот медал со прескокнати 4,65m. На 13 јули, на митингот одржан во Гејтшед, таа го сруши и светскиот рекорд, поставувајќи нов во висина од 4,82m. Истата 2003, Eлена Исинбаева се појави и на Светското првенство во Париз каде што го освои бронзениот медал.
[уреди] 2004
Во 2004, Исинбаева започна во силно темпо, освојувајќи го златниот медал на Светското првенство во атлетика во сала со прескокнати 4,86m, победувајќи ги најголемите конкурентки:Стејси Драгила и Светлана Феофанова.
На 27 јуни во Гејтштад, Eлена постави нов светски рекорд со прескокнати 4,87m. Но ,тој рекорд беше срушен од страна на Светлана Феофанова, на митингот во Ираклион веќе наредната седмица.
На 25 јули, во Бирмингем, Eлена прескокна 4,89m поставувајќи нов светски рекорд, кој го подобри за еден центиметар во Кристал Палас, само 5 дена подоцна.
На Летните олимписки игри во Атина, Eлена Исинбаева го освои златниот медал, поставувајќи нов светски рекорд со прескокнати 4,91m.
Сјајната 2004, Eлена ја заврши со уште еден светски рекорд , поставен на меморијалот ван Даме во Брисел со прескокнати 4,92m.
[уреди] 2005
Во јули 2005, Исинбаева го сруши светскиот рекорд 4 пати на 3 различни метинзи. Најпрвин, таа тоа го стори на митингот во Лозана (4,93m), Мадрид единаесет дена подовна (4,95m) и на 22 јули во Кристал Палас каде што постави 2 светски рекорди. Понесена од својата тактика на рушење на светски рекорди центиметар по центиметар, Исинбаева прескокна 4,96m. Но, публиката бараше скок на висина од 5,00m, на што Исинбаева се согласи и со тој светски рекорд стана првата жена којашто прескокнала 5,00m.
На Светското првенство одржано во Хелсинки, Eлена прескокна 5,01m со што го освои златниот медал поставувајќи нов светски рекорд.
[уреди] 2006
На 12 февруари 2006 во Донецк, Eлена постави нов светски рекорд во сала прескокнувајќи 4,91m. Таа го освои и златниот медал на Европското првенство во Гетеборг, а од Лауреј беше прогласена за спортистка на 2006.
[уреди] 2007
На 10 февруари 2007 во Донецк, Исинбаева го сруши светскиот рекорд во сала , прескокнувајќи 4,93m со што го постави својот 20. светски рекорд.[1]
На 28 август 2007, таа ја одбрани светската титула, победувајќи на Светското првенство во Осака со прескокнати 4,93m и со неуспешен обид за соборување на светскиот рекорд на висина од 5,02m.
[уреди] 2008
На 16 февруари 2008 во Донецк, Eлена го постави својот 21. светски рекорд, прескокнувајќи 4,95m во сала. Неколку седмици подоцна, Исинбаева победи и на Светското првенство во сала одржано во Валенсија.[2]
На 11 јули во Рим, Исинбаева по двегодишен неуспех успеа да ја помести гранивата на светскиот рекорд од 5,01m на 5,03m. неколку денови потоа, таа го сруши и овој рекорд, поставувајќи нова граница од 5,04m на митингот во Монако одржан на 29 јули.[3]
На 18 август 2008, Eлена го освои своето второ злато на Олимписките игри, прескокнувајќи нов светски рекорд од 5,05m во Пекинг.
[уреди] 2009
Во 2009, Исинбаева ја започна годината со тоа што стана првата жена којашто прескокна 5 m во сала. Таа најпрвин го подобри светскиот рекорд со скокот од 4.97 m, а потоа имаше успешен обид и на 5.00 m. И двата скока, Исинбаева ги имаше на натпреварувањето „Скок со стап на ѕвездите“ одржано на 15 февруари во Донецк. Со тоа, Eлена шеста година по ред го сруши светскиот рекорд во дисциплината скок соп стап во сала. [4] Сепак, и покрај разочарувачкото издание на светското првенство, на 28 август, на митингот од Златната лигга во Цирих, таа победи, поставувајќи нов светски рекор, со прескокнати 5,06m.
[уреди] 2010
На светското првенство во сала, кое во 2010 година се одржа во Доха, Исинбаева го зазеде само четвртото емсто, по што се одлучи да направи прекин во својата кариера, со цел да се подготви за претстојните големи натпреварувања.
[уреди] 2011
Во 2011, Исинбаева се врати на големите натпреварувања, настапувајќи на светското првенство во Тегу, на коешто уште го освои само шестото место, со прескокнати 4,65 m.
[уреди] Тактика
Eлена Исинбаева за свој идол го има големиот шампион во скок со стап Сергеј Бубка. Нејзината тактика за уривање на светскиот рекорд е слична како и неговта, центиметар по дентиметар.
Пред почетокот на секој свој обид, Eлена со неколку зборови ја одржува својата концентрација. Таа изјави дека никогаш нема да открие кои се тие збоирови, но многумина сметаат дека таа му се обраќа на стапот. На светското првенство во Берлин, Исинбаева загуби по втор пат во годината, неуспевајќи да прескокне еднаш на 4.75m и два пати на 4.80m. Таа загуби од Ана Роговска, која претходно ја победи на Гран при митингот во Лондон во мај.[5]
[уреди] Наводи
- ↑ Sports Illustrated 2007
- ↑ IAAF World Indoor Championships, Valencia, 08-Mar-2008
- ↑ Isinbayeva 5.04m World record; another four season leads in Monaco
- ↑ Исинбаева започна со светски рекорд со прескокнати 5.00 m во Донецк! - Објавено
- ↑ Cherry, Gene. „Poland's Rogowska ends Isinbayeva's streak“, 2009-08-17. Проверено на 2009-08-17.
[уреди] Надворешни врски
- Официјална страница на Елена Исинбаева (англиски)
- Елена Исинбаева - НеОфицијална страница (англиски)
- Слики со Елена Исинбаева (англиски)
| Статијата Елена Исинбаева е избрана статија на порталот за спорт за мај 2009. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија. |