Елена Исинбаева

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Медали

Елена Исинбаева
Натпреварувач за  Русија
Женска Атлетика
Олимписки игри
Злато Атина 2004
Злато Пекинг 2008
Бронза Лондон 2012
Светски првенства
Бронза Париз 2003
Злато Хелсинки 2005
Злато Осака 2007
Злато Москва 2013
Светски првенства на затворено
Сребро Бирмингам 2003
Злато Будимпешта 2004
Злато Москва 2006
Злато Валенсија 2008
Сребро Истанбул 2012
Европски првенства
Сребро Минхен 2002
Злато Готенбург 2006
Европски првенства на затворено
Злато Мадрид 2005

Eлена Гаџиевна Исинбаева (руски: Елена Гаджиевна Исинбаева, 3 јуни 1981 во Волгоград) е руска атлетичарка која се натпреварува во техничката дисциплина скок со стап. Таа е трикратна светска и олимписка првенка од светските првенства во 2005 и 2007 година и Олимписките игри во 2004 и 2008 година. Од Меѓународната атлетска федерација беше избрана за атлетичарка на годината во 2004 и 2005, а според Лауреј беше избрана за спортистка на 2006. На 22 јули 2005 на атлетскиот митинг во Кристал Палас, Исинбаева стана првата жена која што прескокнала 5.00 м.

На само 25 години за Eлена се сметаше дека е најдобрата натпреварувачка во скок со стaп во историјата. Таа има освоено 8 златни медали на големите натпреварувања.

Нејзините лични рекорди се 5,06 м на отворено поставен на 28 август 2009 на петтиот митинг од Златната лига во Цирих и 5,01 м во сала поставен во февруари 2012.

Нејзината мајка е Русинка, додека нејзиниот татко е Табасаранец.

Кариера[уреди]

До 2002[уреди]

Од својата петта, па се до петнаесетта година, Eлена тренирала гимнастика во својот роден град Волгоград. Но, поради нејзината висина од 1,74 m, Eлена морала да се откаже од гимнастиката Со атлетика започанала да се занимава на 15 години.

Првото големо натпреварување на кое настапи беше Светското јуниорско првенство во 1998 одржано во Анеси, Франција каде што прескокна 4,00m, но за 10cm недоволно да освои медал.

Наредната 1999, на Светското јуниорско првенство во Бидгос, Полска, Eлена доволно напредна, па со својата покава и скок од 4,10m го освои својот прв златен медал. Наредната 2000, Eлена со прескокнати 4,20m успеа да го одбрани златото освоено една година пред тоа.

Eлена Исинбаева дебитираше на Олимписките игри, со својот настап на игрите во Сиднеј во 2000.

На Европското јуниорско првенство во 2001, Исинбаева го освои златниот медрал со прескокнати 4,40 m.

Во 2002, на Европското првенство во атлетика, таа заврши веднаш зад нејзината голема конкурентка Светлана Феофанова, со прескокнати 4,55 m, само за 5cm недоволно за златниот медал.

2003[уреди]

Во 2003, Исинбаева напредуваше со што се појави при самиот врв на светската атлетска сцена. На Европското првенство во атлетика за натпреварувачи до 23 години, Eлена го освои златниот медал со прескокнати 4,65m. На 13 јули, на митингот одржан во Гејтшед, таа го сруши и светскиот рекорд, поставувајќи нов во висина од 4,82 m. Истата 2003, Eлена Исинбаева се појави и на Светското првенство во Париз каде што го освои бронзениот медал.

2004[уреди]

Во 2004, Исинбаева започна во силно темпо, освојувајќи го златниот медал на Светското првенство во атлетика во сала со прескокнати 4,86m, победувајќи ги најголемите конкурентки:Стејси Драгила и Светлана Феофанова.

На 27 јуни во Гејтштад, Eлена постави нов светски рекорд со прескокнати 4,87m. Но ,тој рекорд беше срушен од страна на Светлана Феофанова, на митингот во Ираклион веќе наредната седмица.

На 25 јули, во Бирмингем, Eлена прескокна 4,89m поставувајќи нов светски рекорд, кој го подобри за еден центиметар во Кристал Палас, само 5 дена подоцна.

На Летните олимписки игри во Атина, Eлена Исинбаева го освои златниот медал, поставувајќи нов светски рекорд со прескокнати 4,91m.

Сјајната 2004, Eлена ја заврши со уште еден светски рекорд , поставен на меморијалот ван Даме во Брисел со прескокнати 4,92m.

2005[уреди]

Во јули 2005, Исинбаева го сруши светскиот рекорд 4 пати на 3 различни метинзи. Најпрвин, таа тоа го стори на митингот во Лозана (4,93m), Мадрид единаесет дена подовна (4,95m) и на 22 јули во Кристал Палас каде што постави 2 светски рекорди. Понесена од својата тактика на рушење на светски рекорди центиметар по центиметар, Исинбаева прескокна 4,96m. Но, публиката бараше скок на висина од 5,00m, на што Исинбаева се согласи и со тој светски рекорд стана првата жена којашто прескокнала 5,00m.

На Светското првенство одржано во Хелсинки, Eлена прескокна 5,01m со што го освои златниот медал поставувајќи нов светски рекорд.

2006[уреди]

На 12 февруари 2006 во Донецк, Eлена постави нов светски рекорд во сала прескокнувајќи 4,91m. Таа го освои и златниот медал на Европското првенство во Гетеборг, а од Лауреј беше прогласена за спортистка на 2006.

2007[уреди]

Исинбаева дава интервју по победата на Светското првенство во Осака во 2007

На 10 февруари 2007 во Донецк, Исинбаева го сруши светскиот рекорд во сала , прескокнувајќи 4,93m со што го постави својот 20. светски рекорд.[1]

На 28 август 2007, таа ја одбрани светската титула, победувајќи на Светското првенство во Осака со прескокнати 4,93m и со неуспешен обид за соборување на светскиот рекорд на висина од 5,02m.

2008[уреди]

На 16 февруари 2008 во Донецк, Eлена го постави својот 21. светски рекорд, прескокнувајќи 4,95m во сала. Неколку седмици подоцна, Исинбаева победи и на Светското првенство во сала одржано во Валенсија.[2]

На 11 јули во Рим, Исинбаева по двегодишен неуспех успеа да ја помести гранивата на светскиот рекорд од 5,01m на 5,03m. неколку денови потоа, таа го сруши и овој рекорд, поставувајќи нова граница од 5,04m на митингот во Монако одржан на 29 јули.[3]

На 18 август 2008, Eлена го освои своето второ злато на Олимписките игри, прескокнувајќи нов светски рекорд од 5,05m во Пекинг.

2009[уреди]

Во 2009, Исинбаева ја започна годината со тоа што стана првата жена којашто прескокна 5 m во сала. Таа најпрвин го подобри светскиот рекорд со скокот од 4.97 m, а потоа имаше успешен обид и на 5.00 m. И двата скока, Исинбаева ги имаше на натпреварувањето „Скок со стап на ѕвездите“ одржано на 15 февруари во Донецк. Со тоа, Eлена шеста година по ред го сруши светскиот рекорд во дисциплината скок соп стап во сала. [4] Сепак, и покрај разочарувачкото издание на светското првенство, на 28 август, на митингот од Златната лигга во Цирих, таа победи, поставувајќи нов светски рекор, со прескокнати 5,06m.

2010[уреди]

На светското првенство во сала, кое во 2010 година се одржа во Доха, Исинбаева го зазеде само четвртото место, по што се одлучи да направи прекин во својата кариера, со цел да се подготви за претстојните големи натпреварувања.

2011[уреди]

Во 2011, Исинбаева се врати на големите натпреварувања, настапувајќи на светското првенство во Тегу, на коешто го освои шестото место со прескокнати 4,65 m.

2012[уреди]

На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Исинбаева го освои третото место и бронзениот медал со прескокнати 4,65 m.

2013[уреди]

Во 2013 година, Исинбаева го освои златниот медал на светското првенство во Москва со прескокнати 4,89 m. Со тоа, таа го освои своето трето златно на светските првенства и прво по пауза од шест години.

Тактика[уреди]

Eлена Исинбаева за свој идол го има големиот шампион во скок со стап Сергеј Бубка. Нејзината тактика за уривање на светскиот рекорд е слична како и неговта, центиметар по дентиметар.

Пред почетокот на секој свој обид, Eлена со неколку зборови ја одржува својата концентрација. Таа изјави дека никогаш нема да открие кои се тие збоирови, но многумина сметаат дека таа му се обраќа на стапот. На светското првенство во Берлин, Исинбаева загуби по втор пат во годината, неуспевајќи да прескокне еднаш на 4.75m и два пати на 4.80m. Таа загуби од Ана Роговска, која претходно ја победи на Гран при митингот во Лондон во мај.[5]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]



Ова е избрана статија. Кликнете тука за повеќе информации.
Одлична статија Статијата Елена Исинбаева е избрана статија на порталот за спорт за мај 2009.
Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија.