Хамелн
Хамелн | |
Панорама на Хамелн | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хамелн-Пирмонт |
Градоначалник | Клаудио Гризе (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 102,30 км2 |
Надм. височина | 68 м |
Население | 57.905 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 566 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HM |
Пошт. бр. | 31785–89, 3250 |
Повик. бр. | 05151 |
Портал | www.hameln.de |
Местоположба на градот Хамелн во рамките на округот Хамелн-Пирмонт | |
Координати | 52°6′0″N 9°22′0″E / 52.10000° СГШ; 9.36667° ИГД |
Хамелн (германски: Hameln) — град во округот Хамелн-Пирмонт, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Претставува административно седиште на округот Хамелн-Пирмонт и има население од околу 56.000 жители. Најмногу е познат по бајката за „Свирачот од Хамелн“.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Хамелн се наоѓа југозападно од Хановер на околу половина пат помеѓу Херфорд на запад и Хилдесхајм на исток. Градот се наоѓа во средиштето на Природниот парк Ридски крај Везер Шаумбург-Хамелн и е опкружен од делови на Везерското Средногорје и блиското Лајнско Средногорје. Низ Хамелн тече Везер, а во градското подрачје во нејзе се влеваат Хамел (од исток) и Хуме (од запад).
Западно од градот се наоѓа ридот Клит (258 м), на кој се наоѓа кула и ресторан.
Градски единици
[уреди | уреди извор]
|
|
Клима
[уреди | уреди извор]Хамелн, како дел од Везерското Средногорје, главно се наоѓа под податлантска клима со свежи зими и влажни лета. Истовремено е под влијание на слаба континентална клима со повремени ладни зима и потопли лета.
Клима на Хамелн-Хастенберк (1981-2010) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна температура (°C) | 1,8 | 2,1 | 5,4 | 9,1 | 13,5 | 16,2 | 18,3 | 17,9 | 14,1 | 10,1 | 5,7 | 2,5 | 9,8 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 71,0 | 54,0 | 64,0 | 48,0 | 62,0 | 66,0 | 71,0 | 73,0 | 62,0 | 61,0 | 66,0 | 75,0 | 773 |
Сончеви часови (дневно) | 1,3 | 2,4 | 3,3 | 5,4 | 6,5 | 6,3 | 6,5 | 6,2 | 4,5 | 3,1 | 1,4 | 1,0 | 4,0 |
Извор: [2] |
Историја
[уреди | уреди извор]Хамелн започнал со манастир, кој бил основан во 851 година. Селото растело во близина и станало град во текот на XII век. Случката со „свирачот“ се верува дека се случила во 1284 година и веројатно е заснована на вистински настан, иако малку различка од бајката. Во XV и XVI век, Хамелн бил помал член на Ханзата.
Во јуни 1634 година, во текот на Триесетгодишната војна, Лотар Дитрих, генерал во Царската армија ја изгубил Битката кај Олдендорф од шведскиот генерал Книпхаузен, по што Хамелн бил освоен од шведската војска.
Ерата на најдобриот развој на градот започнала во 1664 година, кога Хамелн станал утврден граничен град на Кнежевството Каленберг. Во 1705 година станал дел од новосоздаденото Изборно кнежевство Брауншвајг-Линебург, нарекувано и Хановер, кога Џорџ Луис, принц на Каленберг, подоцна крал Џорџ I на Велика Британија, го наследил Кнежевството Линебург.
Хамелн бил опкружен од четири тврдини, што му го дало прекарот „Гибралтар на Северот“. Бил најутврден град во Изборното кнежевство Хановер. Првата тврдина (Тврдина Џорџ) била изградена помеѓу 1760 и 1763 година, втората (Тврдина Вилхелм) во 1774 година, третата во 1784 година и последната (наречена Тврдина Луизе) била изградена во 1806 година.
ВО 1808 година, Хамелн се предал без борба на Наполеон, по некогата победа во Битката кај Јена-Ауерштет. Силите на Наполеон подоцна се повлекле од историските ѕидини на градот и кулите. Во 1843 година, жителите на Хамелн изградиле кула за набљудување на ридот Клит од урнатините на тврдината Џорџ. Оваа кула е наречена „Клиттурм“ и е омилено одредиште за туристите.
Во 1867 година, Хамелн станал дел од Кралството Прусија, кое го освоило Хановер по Австриско-пруската војна во 1866 година.
Во текот на Втората светска војна, затворот во Хамелн бил користен за затворање на социјалдемократи, комунисти и други политички затвореници. Околу 200 умреле тука; повеќе умреле во април 1945 година, кога нацистите ги испратиле затворениците на долги маршеви поради напредувањето на сојузниците. По војната, затворот во Хамелн бил користен од британските окупациски сили за затворање на Германци обвинети за воени злодела. По казните, околу 200 од нив биле обесени, вклучувајќи ги Ирма Грезе и Јозеф Крамер. Затворот подоцна бил претворен во хотел.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Свирачот од Хамелн
[уреди | уреди извор]Градот е познат по народното предание за Свирачот од Хамелн (германски: Der Rattenfänger von Hameln), средновековна приказна која раскажува за трагедија која го погодила градот во XIII век. Верзијата напишана од Браќата Грим ја направило популарна низ целиот свет; исто така е предмет на поеми од Гете и Роберт Браунинг. Лете секоја недела бајката е раскажувана од глумци во центарот на градот.
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Хамелн е збратимен со следниве градови:
- Кведлинбург, Германија (од 1990 г.)
- Торбеј, Велика Британија (од 1978 г.)
- Сен Мор де Фосе, Франција (од 1968 г.)
- Калварија Зебжидовска, Полска (од 2001 г.)
Британско воено присуство
[уреди | уреди извор]Во Хамелн се наоѓале неколку единици на британската војска до летото 2014 година.
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]- Светецот Вицелин (1086–1154) — роден во градот
- Гликел од Хамелн (1646-1724) — еврејски стопанственик
- Фридрих Вилхелм фон Реден (1752-1815) — пионер во рударството
- Карл Филип Мориц (1756-1793) — глумец
- Фридрих Сертирнер (1783-1841) — прв кој изолирал морфиум од опиум
- Хајнрих Биргер (1806–1858) — физичар, биолог и ботаничар
- Освалд Фрајслер (1895–1939) — адвокат
- Хајнц Кноке (1923–1993) — офицер
- Макс Рихтер (р. 1966) — неокласичен композитор
- Сузан Штанке (р. 1967) — водителка
Галерија
[уреди | уреди извор]-
„Лајстхаус“ во Хамелн
-
Еврејските гробишта во Хамелн
-
„Златниот стаорец“ на пешачки мост на реката Везер во Хамелн
-
Хохцајтсхаус
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Deutschen Wetterdienst, Mittelwerte 1981–2010 für den aktuellen Stationsstandort (2012).
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Хамелн на Ризницата ?
- Официјална страница (германски) (англиски)
|
|