Википедија:Песок: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
с nema nekoi golemi promeni
prevod na zaboraveni zborovi
Ред 236: Ред 236:
Во 1782 година, Антоан Бовилие, пекар на идниот Луј 18, отвори ресторан кој беше еден од најпопуларнитево тоа време и се викаше Големата таверна на Лондон и се наоѓаше пред Кралската палата. Други ресторани беа отворени од готвачи во време кога Франција веќе не беше монархија, период кога започнуваше Француската револуција. Тоа беа ресторани кои и покрај малите менија се ширеа и дозволија создавање на рестораните кои беа целосно легализирани со доаѓањето на Француската револуција и укинувањето на еснафите. Ова и дискретниот приход на новопечените французи помогна да овие нови ресторани се задржат во бизнисот.
Во 1782 година, Антоан Бовилие, пекар на идниот Луј 18, отвори ресторан кој беше еден од најпопуларнитево тоа време и се викаше Големата таверна на Лондон и се наоѓаше пред Кралската палата. Други ресторани беа отворени од готвачи во време кога Франција веќе не беше монархија, период кога започнуваше Француската револуција. Тоа беа ресторани кои и покрај малите менија се ширеа и дозволија создавање на рестораните кои беа целосно легализирани со доаѓањето на Француската револуција и укинувањето на еснафите. Ова и дискретниот приход на новопечените французи помогна да овие нови ресторани се задржат во бизнисот.


[[File:Train bleu 05.jpg|thumb|250px|Restaurant ''Le Train Bleu'', in Paris]]
[[File:Train bleu 05.jpg|thumb|250px|Ресторан ''Le Train Bleu'', во Париз]]
[[File:Bouchon leTablier.jpg|thumb|250px|A bouchon, ''Le tablier'' (the apron), in Vieux Lyon]]
[[File:Bouchon leTablier.jpg|thumb|250px| ''Le tablier'' (the apron),во стар Лион]]
[[File:Café de Flore.jpg|thumb|250px|''Café de Flore'', in Paris]]
[[File:Café de Flore.jpg|thumb|250px|''Café de Flore'', во Париз]]


{| class="wikitable"
{| class="wikitable"
Ред 244: Ред 244:
!Англиски
!Англиски
!Француски
!Француски
!Опис
!Description
|-
|-
|colspan=2|[[Ресторан]]
|colspan=2|[[Ресторан]]
Ред 274: Ред 274:
|Типично за регионот Норд па де Калас, овие мали барови или ресторани биле централно место на фармерите, рударите или текстилните работници каде се срекавале и се социјализирале. Покрај вообичаените пијачки (пива и ликери), можело де се нарачуваат и регионалните јадења, а се играле и многу игри. Мегутоа овие места денес повеќе не постојат, но тие секогас ке останат во историјата на овој регион. Оние што останале се зачувани и се посетуваат и ден денес.
|Типично за регионот Норд па де Калас, овие мали барови или ресторани биле централно место на фармерите, рударите или текстилните работници каде се срекавале и се социјализирале. Покрај вообичаените пијачки (пива и ликери), можело де се нарачуваат и регионалните јадења, а се играле и многу игри. Мегутоа овие места денес повеќе не постојат, но тие секогас ке останат во историјата на овој регион. Оние што останале се зачувани и се посетуваат и ден денес.
|}
|}

===Персонал на ресторанот===
===Персонал на ресторанот===
Поголемите ресторани и хотели во Франција вработуваат многу луѓе и се мисли на луѓето кои работат во кујната како бригада на кујната или пак за персоналот во салата за вечера, бригадата на салата за вечера. Овој систем бил формиран од Џорџ Огус Ескофие. Оваа структура на системот за тимска работа доделува одговорности на различни личности кои се специјализираат во нивната задача. Листата која следи го дава распоредот на персоналот кој работи во кујната и салата за вечера во Франциja.
Поголемите ресторани и хотели во Франција вработуваат многу луѓе и се мисли на луѓето кои работат во кујната како бригада на кујната или пак за персоналот во салата за вечера, бригадата на салата за вечера. Овој систем бил формиран од Џорџ Огус Ескофие. Оваа структура на системот за тимска работа доделува одговорности на различни личности кои се специјализираат во нивната задача. Листата која следи го дава распоредот на персоналот кој работи во кујната и салата за вечера во Франциja.

Преработка од 13:29, 27 март 2012

Добре дојдовте на песокот на Википедија! Песокот е место за испробување на уредувањето и форматирањето. Оваа страница можете слободно да ја уредувате и да извршувате најразлични тестирања. За да уредувате, стиснете овде или стиснете на јазичето Уреди кое се наоѓа на врвот од страницата, направете ги Вашите промени во прозорецот за уредување кој ќе се појави и стиснете на копчето Преглед за да Видите како ќе изгледаат промените, а потоа на Зачувај за да ги зачувате. Содржината овде нема да остане трајно време; оваа страница често се бриши.

За накратко да се запознаете со основните команди за форматирање, видете ја помошната табела. За да научите повеќе за уредувањето и за Википедија, посетете го нашиот почетен курс.

Ве молиме не внесувајте заштитени, навредливи, нападни или непригодни содржини во песокот. Ако имате прашања за Википедија, поставете ги на Селската чешма. Благодариме!

Кратенки:
ВП:ПЕСОК


Нова кујна претставување
Висока кујна претставување
вината се дел од секој оброк во француската кујна

Француска кујна

Од Википедија, слободна енциклопедија

Француската кујна претставува подготвување на храната на француски начин којшто се развивал под влијание на социјалните и политички промени. Во средниот век Гијом Тирел, судски готвач, ја издал Ла Виандер, една од најраните збирки на рецепти во средновековна Франција. Ла Варен и главниот готвач на Наполеон и некои други високи функционери, Мари-антоан Карем, започнале со намалена употреба на зачини и полиберална употреба на билки и крем состојки, со што ги означиле почетоците на модерната кујна. Сирењето и виното го завземаат големиот дел од кујната, но имаат различни улоги како на регионално така и на државно ниво, со многу варијации и регулирани со закони. Француската кујна е кодифициранa во 20-от век од страна на Ескофие да стане модерна верзија на високата кујна. Како и да е , Ескофие дозволи голем дел од кулинарските карактери да бидат изоставени од регионите во Франција. Во почетокот на 20-тиот век, гастро-туризмот и водичот Мишел им помогнаа на лугето да се запознаат со богатата буржуарска и селска кујна од француската околина. Гасконската кујна имаше големо влијание на кујната во југозападниот дел на Франција. Многу јадења кои биле регионални со варијации се размножиле низ целата земја Познавањето на Француската кујна донесе значаен придонес во Западните кујни и неговите критериуми нашироко беа искористени во Западните готвачки училишни одбори и кулинарското образование. Во ноември 2010 година, француската гастрономија беше додадена од страна на УНЕСКО во листата на светско “ духовно културно наследство“ заедно со традиционалната Мексиканска и Медитеранска кујна.

Историја

Француската кујна еволуирала многу долго со векови. Националната кујна започнала да се формира во средниот век што се должи влијанието на работата на квалификуваните готвачи и разни општествени и политички движења. Со текот на годините многу имиња и биле дадени на стиловите на Француската кујна, и биле променети од различни ремек-готвачи. Во текот на нивните животи, овие готвачи дадоа високи мислења за придонес на културата на земјата. Првично, националната кујна била развиена во Париз од готвачи од Француското кралство, но потоа почна да се шири низ целата територија а дури и надвор од границите.

Среден век

За време на средновековната француска кујна банкетите биле појава само за аристократијата. Повеке курсеви биле подготвувани, но во стил наречен service en confusion или се одеднаш. Во целост, храната ја јаделе со раце, месото се сечело на крупни парчина и се држело меѓу палецот и двата прста. Сосовите биле густи и премногу зачинети. Питите беа заедничка точка на банкетот, со кора којашто изгледаше како контејнер, отколку на храна, и тоа не беа доцните години на средниот век кога се усоврши питата. Оброците завршувале со issue de table, од кој подоцна се развил модерниот десерт, и обично се состои од драже ( во Средниот век , што значи зачинети стврднати грутки од шеќер или мед ), старо сирење и зачинето вино како што е хипокрас. Состојките во храната варирале во зависност од сезоните и црквениот календар и многу работи биле чувани во сол, зачини, мед и други заштитни средства. Во доцна пролет и лето биле присутни во изобилие , додека пак јадењата во зима биле ретки. Живоните, односно стоката, била убивана во почетокот на зимата. Говетското месо го солеле , а додека свинскот и го пушеле. Сланината и колбасите биле пушени во оџаци, а јазикот и бутовите биле ставани во саламура и пушени. Краставиците додека биле зелени ги собирале во тегли со солена вода, како туршија. Овошјето, оревите и корените од зеленчук биле варени во многу мед со што така ги зачувувале. Китот и делфинот се сметале за риби, и за време на Великиот пост солените меса од овие морски цицачи биле конзумирани. Вештачките слатководни езера ( кои биле нарекувани чорби) биле полни со крап, штука, јагула и други риби. Живината се чувала во посебни дворови, додека пак гулабите и младите гулаби биле одгледувани за елитата. Играта била со високи награди, но се играше многу ретко и вклучуваше лов на диви свињи, патки и зајаци. Во граините кои биле дел од куките биле одгледувани билки како што се вратига, седевче, нане и исоп, кој многу ретко се користи во денешната кујна. Зачините во тоа време биле богатство и чинеле многу- како што биле биберот, циметот, каранфилчето, морското оревче и жезло. Некои од нив се користеле тогаш, но не и во кујната на денешна Франција, денес постои кубебс, долгиот бибер ( слични како црниот бибер ), зрна од рајот и гралингале. Слатко-киселиот вкус на јадењата се постигнувал со додавање на шеќер и оцет (за богатите) или мед. Најчетиот облик на подготовка на храната бил ситниот начин, мешавина која се додавала во тестенини и каши, нешто во кое се верувало дека е добро за исхраната и има хранливи материи. Визуелното беше откриено. Брилијантни бои беа добивани со додавање на сокот од спанакот или пак на пример со зелениот дел на празот. Жолтата боја дојде од шафранот или пак од жолчка од јајце, а додека пак црвените нијанси од сончогледот, а пурпурната боја од европскиот сончоглед ( heliotrope ) и од chrozophora. Златните и сребрените листови се наоѓаа на горниот дел од јадењето и беа премачкувани со белка од јајце. Резултираа добро изработени јадења, како што е питата пармениен, сад направен од тесто да изгледа како замок со пилешки батаци обложени со златни листови. Еден од големите специјалитети во тоа време беше печен лебед или паун нечепнат, цел со пердуви со позлатени стопала и клун. Бидејќи и двете птици се жилави, поради пердувите и кожата вкусот бил непријатен, така би мозело да ги зачуваат да ги сварат , да ги смелат и да ги зачинат како што го прават тоа со пилешкото и гускиното месо. Најпознатиот готвач во тоа време беше Гијом Тирел, познат и како Тајлвент. Тајлвент за време на 14 век работел во многу кралски кујни. Неговата прва работа беше во 1326 кога работеше како помошник во кујна. Тој беше и готвач на Филип Шести, потоа на Дофин кој беше син на Јован Втори. Дофин беше крунисан во 1364 година како Шарл Петти заедно со Тајлвент како негов главен готвач. Неговата кариера траеше шеесет и шест години, а по неговата смрт тој беше погребан со многу почест помегу неговите две жени. Неговиот надгробен споменик го претставува него со оклоп, кој во раката држи штит со три садови на него или тенџериња.

Стариот режим

За време на Стариот режим, Париз бил центар на културните и економски случувања, и како таков таму мозело да се најдат висококвалификуваните кулинарски мајстори. Пазарите во Париз, како што биле Халите Les Halles, Ла Магисер, се наогале на улицата Муфтар, а слични такви но во помали верзии имало во другите градови, биле многу важни за дистрибуирање на храната. Оние кои на француското произвотсво му го дале својот идентитет биле регулирани со еснафски систем, којшто се развил во Средниот век. Во Париз, еснафите биле раководени од гратските власти, како и од страна на Француската круна. еснафите биле ограничени и функционирале само во одредена гранка на кулинарската индустрија. Имало две основни групи на занаетчии: прво, оние кои ги снабдувале суровините, како што се касапи, трговци, трговци со жито и градинари. Во втората група се оние кои го снабдуваат градот со готова храна, како што се пекарите, мајстори за пециво, мајстори за сос и угостители. Исто така имало и еснафи кои нуделе и суровини , но и готова храна како колбаси, печени пилиња ( Снабдувачи на јадења од печено месо ). Тие го снабдуваат градот со варено месо, пити и јадења исто како што го снабдуваат и со сурово месо и живина.Ова предизвикало проблем мегу месарите и живинарите, кои ги продавале истите суровини. Еснафите служеле како терен за обука на оние кои влегувале во индустријата. Имало и степени кои биле доделувани како асистент на готвачот, готвач и главен готвач. Главните мајстор готвачи имале висок ранг во индивидуалните индустрии и уживале висок степен на привилегии во однос на приходите како и во економијата и безбедност на работното место. Понекогас, оние кои работеле во кралската кујна потпагале под еснафската хиерархија, но тоа било неопходно се со цел да се најде паралела во именувањето според нивните вештини, по напуштање на услугите на кралските кујни. Ова не беше невообичаено, бидејки готвачките еснафи во Париз го дозволувале ова движење. Во текот на 15 и 16 век, Француската кујна присвоила многу нови прехрамбени продукти од Новиот Свет. Иако се прифаќаа бавно, сепак на прославата на Катерина Де Медичи беа послужени шеесет и шест мисирки во една вечер. Земјениот сад има потекло од Новиот Свет и се поврзува со откривањето на гравот, којшто е и причината за создавање на овој сад, но не постоел надвор во Новиот Свет се до истражувањето на Кристофер Колумбо.

17 и почеток на 18 век

Високата кујна ги има своите почетоци кон крајот на 17 век, а главен претставник од тоа време е готвачот по име Ла Варен. Како автор на делата, како што е Цвиснер Франсоа тој е заслужен за објавуването на првиот Француски готвач. Неговата книга содржи рецепти од старо време како да се користи свинско сало. Книгата содржи два дела. Во едниот рецепти за јадења подготвени од месо, а во другиот дел се посните јадења. Неговите рецепти означија промена на стилот на готвење кој беше развиен во средниот век, до нови техники за подготвување на полесни јадења, како и скромна презентација на пити и колачи. Во 1667 година Ла Варен објавил и книга за пецива насловена како Совршен џем ( подоцна преименувана во Франсовиот џем ) со која беа поставени и кодифицирани стандардите за подготвување на десерти и колачи. Готвачот Франсоа Масиало ја напишал книгата буржуоазиската и кралска кујна во 1691, периодот кога владеел Луиј Шести. Книгата содржи менија од јадењата кои биле подготвувани во судот во 1690 година. Тој работел како независен готвач, особено не бил вработуван од домакинства. Масиало и многу други кралски готвачи уживале превилегии од страна на асоцијацијата со француско кралско потекло. Тие не биле регулирани од старна на еснафите , па затоа правеле свадби и банкети без рестрикции. Неговата книга е прва кво која рецептите се подредени по азбучен ред, а можеби и првиот предвесник за кулинарски речник. Токму во оваа книга маринадата е испечатена за прв пат, еден вид со живина и дивеч, а другиот вид е за рибите и школките. На рецептите Масиало не ги наведувал колкучините , со што може да заклучиме дека оваа книга е за обучени готвачи. Последователни ажурирања на книгата за буржуоазиската и кралска кујна вклучија некои додатоци како што е додавањето чаша вино со рибата. Исто така, во 1703 година во книгата беа додадени и други дефиниции. Во 1712 година книгата е преименувана во Новата буржоазиска и кралска кујна, издадена во два тома, со поголем елаборат и со стил со кој се објаснуваат техниките. Во оваа верзија се вклучени дополнителни мали подготовки, што доведува до полесни подготовки и воведување на трет курс за оброк. Рагу, вариво кое сеуште го зазема централното место во француската кујна, за прв пат се појавува како посебно јадење коешто порано се наоѓаше на листата како гарнир.

Mари-Антоан Карем

Крајот на 18 век – 19 век

Револуцијата беше дел од проширувањето на француската кујна, затоа што еснафите беа укинати. Тоа значи дека секој готвач може да произведе и да продаде она што сака. Мари-Антоан Карем е роден во 1784 година, пет години пред да почне револуцијата. Тој својата младост ја поминал работејки во продавница за бели пецива, се додека еден ден не бил откриен од Шарл Морис де Талјард-Перигор, и подоцна ќе стане главен готвач на францускиот император Наполеон Бонапарта. Пред неговото вработување, Карем тој бил познат по неговите монтирани драми кои биле екстравагантни објекти од тесто и шеќерна архитектура. Уште поважно во кариерата на Кареме е тоа што донесе голем придонес за прочистување на француската кујна. Основата за неговото готвење тој ја земал од неговиот сос, и го нарекол мајка на сосовите. Често се нарекува основа или база на сосовите кои се користат и денес, а тоа се еспањол, велут и бешамел. Овие сосови во големи количини биле направени во неговата кујна, и тогаш станаа основа за формирање на повеќе деривати. Карем имал над 100 сосови во неговиот репертоар. Во неговите дела суфлето се појавува за прв пат. Иако многу од неговите подготовки изгледаат екстравагантно, тој ја упрости и ја кодифицира уште посложената кујна која постоеше пред тоа. Централно место за кодификација во неговата кујна беа Францускиот батлер ( 1822 ), Парискиот кувар ( 1828 ) и Уметноста на француската кујна во 19-тиот век ( 1833-5 ).

Крајот на 19 век – почеток на 20 век

Жорж Огуст Ескофие се смета за личност која ќе ја модернизира светската кујна и ќе ја организира националната кујна на Франција. Неговиот влијание почна со подемот на големите хотели во Европа и Америка во 1880- 1890 година. Во Савој Хотелот, кој вил раководен од Цезар Ритц, беше хотелот каде Ескофие ги имаше своите почетоци, но неговото влијание беше во подем кога ги раководеше кујните во Карлтон од 1898 до 1921 година . Тој формирал систем на партии наречени бригади, во кој ја дели професионалната кујна на 5 различни нивоа. Ескофие исто така го поедноставил и составил модерното мени и го орагнизирал оброкот. Тој објавил неколку статии во весник за храна ксо којшто ги одделил деловите и конецно во 1912 година ја објавил својата Книга на менија ( Livre des menues ). Овој тип на услуга ги доблизил sevice a la russe ( сервирање на јадења во посебни периоди на посебни чинии ), којшто го направи Феликс Урбан Дибуа, популарен во 1860-тите. Најголемиот придонес на Ескофие беше објавувањето на Кулинарскиот водич во 1903 година, со којшто беа поставени темелите на Француското кулинарство. Книгата беше напишана во соработка со Фелис Жилберт, Е. Фету, А . Сузан, Б. Ребул, Х, Дитрих, А. Кајат и други. Оваа има за значење да се илустрира взаемното прифакање на мислењето на повеке висококвалификувани готвачи за создавање на еден стил на готвење. Кулинарскиот водич ја засенува употребата на тешки сосови и се води кон лесното димење, коишто се вкусови добиени од рибата, месото и зеленчуците. Овој начин на готвење води кон создавање на сосови и гарнири чија улога е да се доближат до вкусот на јадењето, отколку да го прикријат како што тоа го правеле тешките сосови и гарнири во минатото. Инспирацијата на Ескофие за ваквиот начин на готвење му дошла од сопствените рецепти со мешање на оние од Карем, Дибуа и идеите од Taillevent’s Viander, којашто нова верзија била објавена во 1897 година. Вториот извор за рецептите дојде од веке постоечките јадења кои беа на минувачи и беа воведени во реномираните техники на врвните готвачи. Скапите состојки беа заменувани со веќепостоечки домашни состојки, правејќи ги јадењата многу повеќе заситени. Третиот извор на рецепти бил од самиот од Ескофие, којшто и измислил дел од нив како што се peche Melba и crepes Suzette. Ескофие го менувал неколку пати Кулинарскиот водич истакнувајки се себе си со над 5 илјади рецепти во предговорот, и вели дека таа книга нетреба да се смета како сеопфатен текст дури тоа и да биле моменти кога тој ја пишувал книгата, утре повеке нема да се спомнува бидејќи секој ден напредокот е се поголем.

Средината на 20 век- крајот на 20 век

Пол Бокус

1960-тите години донесоа многу иновации во Француската кујна, особено од Португалците кои се населиле во оваа земја поради Колонијалните војни, во кои Португалија војувала со Африка. Како што беа воведувани многу јадења воведувание беа и многу техники. Овој период , исто така, е одбележан и со појавувањето на “Новата кујна “. Терминот нова кујна ( nouvelle cusine ) бил употребуван многупати во историјата на Француската кујна. Описот беше виден во кујната на Висент ла Шез, Франсоа Марин и Менон во 1740-тите години, дури и за време на 1880-тите и 1890-тите години со кој беше објаснето готвењето на Ескофие. Како и да е , за време на 1960-тите години терминот се појави повторно, употребен од двајцата автори Хенри Гол и Криатијан Мило, за да го објаснат готвењето на Пол Бокус, Жан и Пјер Труагрос, Мишел Жерард, Роџер Верџе и Рејмонд Оливер. Овие готвачи ја приготвувале храната спротивно од пишувана кујна на Ескофие. Некои од овие готвачи биле студенти на Фернанд Поинт во Пирамида во Виена кои заминале за да отворат свои сопствени ресторани. Гол и Мило ја откриле новата формула за готвење којашто ги содржела десетте главни карактеристики на новиот начин на приготвување на храната. Првата карактеристика била намалување на комплицираноста во готвењето. Втората намалување на времето на готвење особено за морската храна, птиците, телешкото, зелениот зеленчук и тестенините, се со цел да го задржат својот вкус и боја. Испарувањето беше главен дел од оваа карактеристика. Трета карактеристика беше употреба на што е можно посвежи состојки за готвење. Четврта, долгите менија биле заменети со кратки. Петта, јаките маринари за месото и дивечот не се користеле. Шеста карактеристика или стопирње на употреба на тешки сосови како што се еспањол и бешамел сосот, кои биле на база на брашно,а биле заменети со пропратни состојки како свежи треви, сок од лимон, квалитетен путер и оцет. Како седма карактеристика се јавуваат регионалните јадења кои биле земани за пример, наместо јадењата кои припаѓаат во високата кујна, како треба да се готви. Осум, јновите техники биле зближени и модерната опрема била почето употребувана, дури Бокус ја употребувал и микробрановата печка. Девето, готвачите требало да обрнат внимание и на диетските потреби на клиентите кога станува збор за подготвување на јадењата. Десетта и последна карактеристика е тоа дека готвачите биле екстремно иновативни и создавале нови комбинации. Се слушаа шпекулации дека Втората Светска Војна ја има воведено високата кујна поради недостатокот на животинскиот протеин намален за време на окупацијата од Германија. Но во средината на 1980-титте години критичарите за храна велеа дека стилот на кујната се избегнувал и повекето од готвачите се вратиле на стилот на готвење од високата кујна, на коешто потсеќаат многу презентации и нови техники.

Национална кујна

Постојат многу јадења, кои се сметаат за дел од нацијата на националната кујна.

Оброкот најчесто се состои од три дела и тоа hors d'œuvre или entrée (воведно јадење, најчесто супа), plat principal(главно јадење), fromage (сирење) и/или десерт, понекогаш и салата која се нуди пред сорењето или десертот.

Апетајзери
Главно јадење
Пециво и десерти

Регионална кујна

Француската регионална кујна се карактеризира со голема разновидност и различни стилови. Секој регион од Франција има своја треадиционална кујна.

Париз и Ил де Франс

Париз и Ил де Франсе се региони каде речиси се од државата е достапно, каде што се среќаваат сите линии од возот. Во Париз постојат преку 9 илјади ресторани кадешто скоро секоја кујна може да се најде тука. Овде се наоѓаат и восококвалификуваните ресторани на Мишелин Гид.

Шампањ, Лорен и Алсак

Дивечот и сенфот се популарни во оваа област исто така и висококвалитетното вино познато по регионот, Шампањ. Во областа Лорен се познати многу благородни овошја, а додека пак Алсак е под големо влијание на Германската кујна, а исто така и вината и пивата произведени во оваа област потсеќаат на оние од Германија.

Норд па де Kалас, Пикардија, Нормандија и Бретања

Крајбрежјето изобилува со залихи од морски ракови, риба бас и харинга. Нормандија е богата со врвна морска храна, како што е скалопс, а додека пак Бретања е богата со јастог, различни видови на ракови и школки. Нормандија е дом на јаболковите насади. Јаболката често се користат во кујната, како и јаболковиот сок. На северниот дел на областа на овој регион има големи колкичини на пченија, шекерна репка и цикорија. Исто така во овој регион се готват и варива или чорби. Производите од оваа област се сметаат за најдобри во дршавата, вклучувајќи го и произвотството на карфиол и артичоки. Леќата расте широко во Бретања, особено во регионот на колачите.

Долината на Лоара и централна Франција

Висококвалитетни овошја се одгледуваат по долината на Лоара и централна Франција, вклучувајќи ги и црешите кои се одгледуваат за правење на ликерот Guignolet и Belle Angevine. Јагодите и дињите се исто така висококвалитетни. Риби има во кујните, и најчесто се служат со бел сос ( beurre blanc ), како и дивечот, јагнињата, телињата птиците и квалитетно овчо сирење. Младите зеленчуци се користат во кујната, како што се печурките на овој регион, шампињони. Оцетот од Орлеан е состојка која исто така се користи.

Бургундија и Франш-Компт

Бургундија е позната по своите вина. Штука, ракови, полжави, живина, говетско или дивеч, црвени и црни рибизли, торта со мед, сирење, сите овие нешта се специјалитети на локалната кујна на Бургудија и Франш Компт. Crème de Cassis е познат пијалок направен од црни рибизли. Сенфот Dijon е исто така познат во кујната на Бургундија. Во готвењето овде се користат маслата, во кои се вбројуваат маслата од ореви и од семе на репка. Специјалитетите од чадено месо, пак, се произведуваат во областа Јура.

Лион-Рона-Алпи

Младите овошја и зеленчуци се познати во кујната на по долината на реката Рона. Живина од Брес, кокошка бисерка од Дром и рибите од езерта Домб и планинските потоци на Рона се клучни во кујната од овој регион. Лион е познат по висококвалитетните колбаси, додека пак алпските региони нудат квалитетни сирења како што се Beaufort, Abondance, Reblochon, Tomme и Vacherin. Meres lyonnaises се ланец на ресторани кои се поврзани со овој регион кадешто се регионите на бистрото. Говачи кој го бележат овој регион се Фернанд Пуан, Пол Бокус, браката Труагро и Ален Капел. Планините Шартоз се наоѓаат во овој регион, и самиот ликер кој се произведува на манастирот којшто се наоѓа на оваа планина го носи нејзиното име, Шартоз ( Charteuse ).


Питу-Шарент и Лимузен

Остригите доаѓаат од регионот Орлеон-Марин, додека пак школките од заливот Агилон. Висококвалитетните продукти ги има во внатрешноста на овој регион, особено козјото сирење. Во овој регион и во Венди има широки пасишта, а додека пак живината е развиена во Шаланс. Питу и Шарант се региони познати по произвотство на најдобрата павлака и путер во Франција. Коњакот се прави по долината на реката Шарант. Лимузен е дом на висококвалитетен добиток меѓу кои спаѓаат и овците. Во шумите има или се наоѓа дивеч и висококвалитетни печурки. Јужниот дел околу Брив е под влијание на Перигорт и Оверњсе со цел да се развие робустната кујна.

Бордо, Перигорд, Гасконија и Баскија

Бордо е познат по своите вина со одредени области кои нудат специјализирани грозја за правење на овие вина. Риболовот е многу популарен во кујната, морскиот риболов во Баскајскиот залив, ловот во Гарона и риболовот во потоките на Пиринеите. На Пиринеите располагаат со доста јагнешко, како што е Аgneau de Pauillac, но исто така и со висоскоквалитетно овчо сирење. Говедското во регионот ги вклучува Blonde d'Aquitaine, Boeuf de Chalosse, Boeuf Gras de Bazas и Garonnaise. Во овој регион исто така може слободно да се набави и пилешко, мисиркино, месо од гулаб, гуска и патка, месо кое е и квалитетно. Кујната на Гасконија и Перигор вклучува и вкусни и квалитетни паштети. Овој е еден од регионите кои е познат по произвотство на паштета од патка т.е паштета од црн дроб на патката. Француската кујна во овој регион е тешка и тврда. Армањакот ( Armagnac ) е познат од овој регион, како што модрата слива е позната во Ажен.

Тулус, Керси и Авејрон

Герс, департман во Франција, е во рамките на овој регион и нуди висококвалитетнаживина, додека пак црната Планина и регионот на Лакун се познати по шунката и сушени колбаси. Белата пченка се сади во голема мера во оваа област и служи како храна за патки и гуски кои се одгледуваат за правење на паштета од патка и производство на millas, каша од пченкарно брашно. Гравот исто така се одгледува во оваа област, без којшто неможе да се подготви специјалитетот касуле. Најдобрите колбаси во Франција, кои не се многу познати, се колбасите на Тулус, по коишто исто така е познат овој регион, а најчесто се пронаоѓаат по името касуле од Тулус. Околината на Каор е позната по произвотство на црно вино, како и високо квалитетни тартуфи и печурки. Овој регион е познат и по произвотство на млеко за исхрана на јагниња. Непастелизираното овчјо млеко во Авејрон се користи за правење на рокфор, а додека пак во Лагиол се право сирење од кравјо непастерилизирано млеко. Добитокот во Салер дава квалитетно кравјо млеко, како и говетско и телешко месо. Оваа област располага и со минерални извори како и со познатото сирење Кабеку кое потекнува од Рокмадур, позната средновековна населба која е подигната на карпа, во богатото село на Керси. Овој регион е од најстарите производители на млеко, има варовита почва, одбележана со историја и човечка активност и е погодна за чување на кози.

Русилон, Лангдок и Севене

Во оваа област рестораните се познати под името полноќ ( le midi ). Остригите доаѓаат од Етанг де Тај, за да бидат служени во рестораните на Бузик, Мезе и Сет. Во овој регион школките најчесто се служат во прилог на рибите. Во околината на Лангдок се произведува jambon cru или најчесто познат како le jambon de montagne. Од платото на Ларзак доаѓа висококвалитетен [[[рокфорд]] којшто се прави од овца. Областа Севене е богата со печурки, костени, јагнешко месо, овошје, дивеч, колбаси и овчо сирење. Оваа област е под влијание на каталонската кујна тоа може да се забележи во специјалитети како што е брандад, пире од сушен бакалар завиткан во лисја од манголд. Овде полжавите ги има во изобилие и се подготвуваат на каталонски начин познат како cargolade. Дивата свиња се наоѓа на планините во регионот на рестораните Мidi.

Прованса и Азурен брег

Предлошка:Види Прованса и Азурниот брег се региони богати со цитрон, зеленчук, овошје и билки со кој се снабдува решиси цела Франција. Овде растат и доста маслинки од кој се произведува квалитетно маслиново масло. Лавандата, којашто се користи во многу јадења, може да се најде во Горна Прованса. Други билки кои се употребуваат во кујната се мајчина душица, жалфија, босилек, анасон, риган, тарос, оригано и ловоров лист. Медот е исто така главна состојка во кујната од овој регион. Морската храна е застапена по крајбрежјето, Козјото сирење, сушените колбаси, јагнешкото, говетското и пилешкото месо се познати во овој регион. Лукот и анчовите се користат во могу од сосовите приготвени во овој регион, како што е пилешкото од Прованса, кое се подготвува со бело вино, домати, бики а понекогаш и анчови и Pastis кои може да се најдат секаде каде што се служи алкохол. Зеленчукот во оваа кујна се користи за полесни подготовки. Тартуфите во Прованса може да се најдат за време на зимата. Тринаесетте десерти во Прованса се познати како божиќни десерти, како на пример сирење, бисквити, бадеми, јаболко, нугат итн. Оризот го има во Камарг, регион кој е најпознат производител на ориз во северна Европа, со специјалитетот од црвен ориз. Анибал Камус од Марсеј кој живеел 104 години, тврди дека со секојдневното јадење на лук ја задржал својата младост и свежина. Кога починал неговиот осумдесет годишен син тој само рекол дека нема да живее долго тоа кутро момче, бидејки многу малку јадел лук.

Корзика

На островскиот дел, или пак на Корзика се среќаваат овците и козите, а додека пак јагнињата се користат за правење на stuffato, рагу и за пржење. Овде на овој остров исто така се прават и сирења, со broccui кои се многу вкусни и популарни. Костените кои раснат во шумата Кастањика, се употребуваат за произвотство на брашно, за правење на леб, колачи и палента. Шумата е богата со желади кои се употребуваат како храна ( крма) за свињите и дивите свињи, со што е најпротеинската храна во француската кујна. Свежата риба и морскта храна се заеднички. Свинското од островот се користи за правење на шунка, колбаси и други посебни врсти на сувомеснати работи како што се coppa ( сушени ребра исечени на парчиња ), lonzu ( сушени филети од свинско месо ), figatela, sulamu ( сушени колбаси ), salcietta, Pazetta, сланина, figarettu ( пушен и сушен црн дроб ) и пршута ( шунка на фармерите ). Климентините ( кои се под заштита на АОС), лимоните , нектарините и смоквите раснат овде. Цитронот се користи во нугатите и колачите, додека и гореспоменатите broccui и костени се користат во десертите. Корзика нуди разновидност на вина и овошни ликери, вклучувајќи ги Cap Corse, Patrimonio, Cédratine, Bonapartine, liqueur de myrte, vins de fruit, Rappu и eau-de-vie de châtaigne.

Специјалитети на сезоната

Француската кујна варира според сезоната. Во лето салатите и овошјата се дел од секое јадење, бидејки се освежителни и нивното произвотство не е толку скапо. Продаваците на зеленчук и овошје ако треба ги продаваат градинарските растенија по пониски цени отколку да бидат уништени. Кон крајот на летото пешурките ги има во изобилие и масовно се појавуваат насекаде во Франција. Сезоната на лов запошнува во септември и трае се до фебруари. Дивечот се јаде приготвен на секаков начин, особено во јадења со кој се прославува успехот од ловот. Школките се јадат во периодот кога зимата заминува и настапува пролетта, печурките се појавуваат во рестораните во големи количетва. Со откривањето на големите фрижидери за замрзнување и еркондшнот, овие сезонски варијации се помалку маркирани отколку порано, но тие сеуште се надгледуваат, дури и со легални рестрикции. Cryafich на пример, таа се лови во одредена сезона која е многу кратка, надвор од сезоната е забрането нејзиното ловење. Освен тоа и не замрзнуваат добро.

Храна и состојки

Француската регионална кујна ги користи локално одгледуваните зеленчуци како што се компирот, зелениот грав, морков, праз, репка, модар патлиџан и тиквички. Исто така ги користи и габите кои растат во локалните региони како што се тартуфите, шампињоните, печурките наречени остриги и многу други видови. Од заедничкото овошје овде спаѓаат портокалите, доматите, мандаринините, праските, кајсиите, јаболките, крушите, сливите, црешите , јагодите, малините, капините, грозјето, грејпфрут и црните рибизли. Од сортите на месо овде се конзумира пилешко, месо од гулаб, мисирка и патка, говетско, телешко, свинско, јагнешко, овчјо, месо од зајак, од потполошка, од коњ, жаби и полжави. Од рибите и морската храна се конзумира код, конзервирани и свежи сардини, конзервирана и свежа туна, лосос, пастрмка, школки, харинга, остриги и каламари. Јајцата се квалитетни се се јадат на следниве начини: Омлет, тврдоварени со мајонез, кајгана, кајгана на посебен кулинарски начин и јајца на око. Билите и зачините се разликуваат и варираат по региони така да се срекаваат лилјани, билки од Прованса, тарос, рузмарин, риган, лаванда, мајцина душица и анасон. Свежо овошје и зеленчук, како и свежа и замрзната морска храна можат да се купат од маркети или специјални продавници кои се наменети за тоа. Уличните пазари се оддржуваат на повеќе локалитети во одредени денови, а додека пак некои градови имаат постојан покриен пазар за храната, трговци на мало кои продаваат месо и риба. Овие подобро ја чуваат храната отколку периодичните улични маркети.

Распоред на оброците

Доручек

Кафесо кроасан за доручек

Le petit dejeuner или доручекот најчесто е брза храна што се состои од tartines ( парчиња) од француски леб со желе или џем, кроасани или pain au chocolat исто така наречен и chocolatine во јужна Франција, придружен со кафе или чај. Децата најчесто пијат топла чоколада во длабока чинија заедно со доручекот. Доручекот најчесто се служи во кафитерии кои отвараат порано.

Ручек

Le déjeuner или ручекот беше двочасовна пауза во средината на денот, но денеска во тренд влегува само со еден час траење. Во некои помали градови денеска руцекот го задржал времетраењето од два часа. На неделните ручеци во принцип е присутно целото семејство и тие траат посолго од вообичаено. Рестораните, нормално, за ручек отвараат попладне а затвараат во 14:30. Во сабота и недела голем број од рестораните затвараат за време на ручек. Во поголемите градови, работниците или студентите го имаат својот ручек во кафитериите на претпријатието или универзитетот, со коешто се зачувува комплетирањето на оброците, бидејки не е својствено за студентите да го носат својот ручек од дома. Зарботниците е вообичаено да добиваат ваучери или бонови кои ги употребуваат за ручек и се вклучени во нивните бенефиции. Оваа се случува во поголем дел од рестораните и претпријатијата. Како и да е работниците кои го земаат ручекот на овој начин не ги земаат оброците на традиционално се со цел да заштедат време и пари. Во помалите градови, некои работници ручекот го земаат дома, што има одзема 4 саати, и тоа во брзање. И на крај, исто така можна алтернатива, особено за блу, за ручек земаат сендвичи, најчесто и десерт. Ваквиот ручек можат готов да го набават во бурекчилници или супермаркети за поефтини пари.

Вечера

Le dîner (вечерата) најчето се состои од три јадења, hors d'œuvre или entrée (воведно јадење, понекогаш супа), plat principal (главно јадење), и на крај десерт или сирење, понекогаш и салата која што се нуди пред сирењето или десертот. Јадењето с придружено најчесто со леб, вино и минерална вода. Кај младите луѓе, денес е искоренета конзумацијата на вино, со што процентот на конзумирање на овошен сок е зголемен од 25,6% во 1996 година на 31,6 во 2002 година. Главното јадење подготвено со месо најчесто се сервира со зеленчук, понекогаш паста или ориз. За вешера рестораните отвараат во 17:30, а стопираат да земаат нарачки во периодот помеѓу 22:00 и 23:00 часот. Некои од рестораните не отвараат за вечера во недела, освен некои пица ресторани.

Пијалоци и аперитиви

Во француската куја оние кои претходат на јадењето се викаат аперитиви( литературно: она со кое што започнува оброкот). Она со кое се затвара се вика дижестив.

Аперитиви

Аперитивите најчесто се засилени вина со зачини. Quinquinas, gentianes и vermouths се примери. Познати имиња на аперитиви кои се продаваат добро се Cinzano, Suze , Byrrh, Dubonnet, Noilly Prat. На југот , pastis и Kir се доста познати како аперитиви. Мешаните коктели, како што е Мартинито, кое доага од Америка, се продаваат добо.

Дижестиви

По традиција, дижестивите се појаки. Овде спаѓа коњакот и овошните алкохоли.

Основање на храната

Историја

Модерниот ресторан го има своето потекло од Француската култура. Пред крајот на 18 век, се појавуваат дајнерс, кои сакаат да вечераат надвор, ке го посетуваат нивниот еснафски круг каде ќе вечераат. Како и да е , еснафските кругови беа ограничувани во производството без оглед на она што беше напишано во нивните регистари. Овие еснафски кругови нудеа храна во нивните домови за постојани членови кои се појавуваа од ден на ден но во одредено време. На овие гости им беше нуден оброк на маса или шведска маса, со мал избор на јадења и цените беа одредени, а понекогаш и воопшто немаше мени. Првиот чекор кој беше направен за модерниот ресторан беа локации кои нудеа ресторативни варива или ресторани, од каде и потекнува зборот ресторан. Овој шекор заземаше период од десетина години и траеше некаде од 1760-тите до 1770-тите години. Овие места беа отворени во текот на целиот ден, со раскошни садови и примамливи цени. Овие места повеке беа замена за оние кои “го имаа изгубено апетитот и страдаа от преситени непца и слаби гради “. Во 1782 година, Антоан Бовилие, пекар на идниот Луј 18, отвори ресторан кој беше еден од најпопуларнитево тоа време и се викаше Големата таверна на Лондон и се наоѓаше пред Кралската палата. Други ресторани беа отворени од готвачи во време кога Франција веќе не беше монархија, период кога започнуваше Француската револуција. Тоа беа ресторани кои и покрај малите менија се ширеа и дозволија создавање на рестораните кои беа целосно легализирани со доаѓањето на Француската револуција и укинувањето на еснафите. Ова и дискретниот приход на новопечените французи помогна да овие нови ресторани се задржат во бизнисот.

Ресторан Le Train Bleu, во Париз
Le tablier (the apron),во стар Лион
Café de Flore, во Париз
Категории
Англиски Француски Опис
Ресторан Повеке од 5000 само во Париз, со варирање на цените и менијата. Отварани во одреден дел од денот и се нормално затворени еден ден од неделата. Газдите онаа што го нудеа го ставаа на печатено мени. Некои нудеа регионални менија, додека пак други нудеа менија со модерен стил. Келнерите и келнерките требаа да имаат професионални знаења. Според законот требаше да бидат нудени менија со фиксни цени, додека пак рестораните од висока класа се трудеа да ги сокријат фактите. Некои од француските ресторани беа само за вегетаријанци. Guide Micheline беше еден од нив и се ја заземаше најдобрата позиција.
Бистро Најчесто се помали од рестораните и многупати користат табла на која со креда е испишано менито или менија по желба. Келнерите и немора да бидат толку тренирани. Најчесто служат оброци од регионалната кујна, како што се coq au vin,pot-au-feu, confit de canard, calves' liver и entrecôte.
Бистро за вино Слично на кабаре или таверна кои датираат од минатото на Франција. Некои нудат ефтини алкохолни пијачки, додека пак други доста квалитетни вина заштитени од АОС. Храната овде најчесто е многу едноставна и вклучува колбаси, шунка и сирење, додека пак некои нудат јадења слични на оние од бистроата.
Месен ресторан Основан е во Лион, и овде може да се најде лионската кујна, како што се колбасите, паштета од патка и печено свинско. Јадењата се доста масни и се направени само од месо. Постојат околу 20-тина вакви места кои имаат сертификат за работано голем број на други места го користат овој термин.
Пивара Brasserie Овие места биле основани во 1870-тите години од страна на белалците од Алсак и Лорен. Овде се служи пиво, но и вина кои доаѓаат од Алсак како што се Ризлинг, Sylvaner и Gewürztraminer. Најпознати јадења се choucroute и морската храна. Генерално, пиварата е отворена преку целиот ден, седум дена во неделата и се служи истото мени.
Кафуле Основно место каде се служи кафе и алкохолни пијалоци. Масите и столовите вообичаено се наоѓаат надвор, и цените се маркирани како на тераса. Ограничени се со храна и најчесто нудат croque-monsieur, салати, moules-frites ( школки и помфрит ) за време на сезона. Кафулињата отвараат рано наутро, а затвораат околу 9 часот навечер.
Салон за чај Скоро насекаде низ светот овие места се слични на кафулињата. Овие таканаречени салон за чај, најчесто нудат најразлични видови на колачи и не служат алкохолни пијалоци. Некои од нив нудат некои едноставни грицки, салати и сендвичи. Исто така се нудат и чаеви, топла чоколада и chocolat a l’ancienne ( популарен чоколаден пијалок). Тие се отворени во периодот од пладне до ручек и затвораат во доцните попладневни часови.
Бар Базиран е на американски стил, поголем дел од нив се изградени за време на 20 век ( особено околу Првата Светска Војна, кога американската младина ја напушта татковината и доага во Франција, поточно во Париз). Во овие места се служат коктели, виски, патис и други алкохолни пијалоци
Естамине Типично за регионот Норд па де Калас, овие мали барови или ресторани биле централно место на фармерите, рударите или текстилните работници каде се срекавале и се социјализирале. Покрај вообичаените пијачки (пива и ликери), можело де се нарачуваат и регионалните јадења, а се играле и многу игри. Мегутоа овие места денес повеќе не постојат, но тие секогас ке останат во историјата на овој регион. Оние што останале се зачувани и се посетуваат и ден денес.

Персонал на ресторанот

Поголемите ресторани и хотели во Франција вработуваат многу луѓе и се мисли на луѓето кои работат во кујната како бригада на кујната или пак за персоналот во салата за вечера, бригадата на салата за вечера. Овој систем бил формиран од Џорџ Огус Ескофие. Оваа структура на системот за тимска работа доделува одговорности на различни личности кои се специјализираат во нивната задача. Листата која следи го дава распоредот на персоналот кој работи во кујната и салата за вечера во Франциja.

Cooks at work
Персонал
Оддел Француски Англиски Обврска
Персонал Chef de cuisine Шеф на кујна Одговорен за целото менаџирање на кујната. Го надгледуваат персоналот, ги подготвуваат менијата и новите рецепти со помош на менаџерот на ресторанот, прави список на залихи на суровините кои ги користи, а исто така се грижи за санитаријата и хигиената каде што се подготвува храната.
Sous-chef de cuisine Заменик шеф на кујна Директно прима наредби од главниот шеф на кујната за менаџирање на кујната и најчесто го заменува кога таа или тој не се присутни.
Chef de partie Шеф на одреден сектор во кујна Одговорен за раководство на одреден дел од кујната каде се специјализира во подготвување на одредени јадења.
Cuisinier Готвач Оваа позиција е независна и личноста која е задолжена најчесто подготвува јадења на одредена позиција. Може да се каже дека е блиску до шеф на одреден сектор во кујната.
Commis Млад готвач Исто така работи на одреден сектор во кујната, но го известува директно шефот одговорен за тој сектор и се грижи за алатките во тој сектор.
Apprenti(e) Стажанти Најчесто се студенти кои се подучуваат теоретски и практично во училиште и преку работа во кујна. Тие работат како подготвувачи или пак чистат.
Plongeur Дишвашер Ги мије садови а понекогаш работи и во подготвителната фаза за готвење т.е подготвувач на одредени работи
Marmiton Одржувач на тенџериња т тави Во поголемите ресторани ги мие тенџетињата и тавите место дишвашерот ( одговорниот за чисти чинии).
Saucier Соте мајстор,подготвувач на сосови Ги подготвува сосовите , топлите предјадења, ги комплетира јадењата со месо и во помалите ресторани ги подготвува јадењата со риба и соте специјалитети. Ова е едно од најпочитуваните или пак најдобрите работни места што се однесува до кујната.
Rôtisseur Подготвувач на печења Раководи со тимот готвачи кои ги печат и пржат јадењата.
Grillardin Скараџија Во поголемите кујни ја подготвува скарата наместо готвачот за печења
Friturier Одговорен за прчените јадења Одговорен е за храната која се пржи и ја подготвува наместо готвачот за печења.
Poissonnier Подготвувач на риба Ги подготвува јадењата од риба и морски плодови.
Entremetier Подготвувач на апетајзери Ги подготвува супите и и другите јадења исклучувајки го месото и рибата, а вклучувајќи ги вегетаријанските јадења и се што се прави од јајца.
Potager Готвач на супи Во поголемите ресторани тој е блиску до подготвувачот на апетајзери и ги прави супите.
Legumier Готвач за зеленчук Блиску е до подготвувачот на апетајзери и ги подготвува вегетаријанските јадења.
Garde manger Надгледувач Ги подготвува ладните предјадења, салатите, ги организира големите бифеа за јадење и подготвува сувомесни работи.
Tournant Помошник Се движи во кујната и помага на сите кои имаат потреба.
Pâtissier Слаткар Ги подготвува десертите и други јадења и слатки работи и кога нема пекар ги подготвува лебот и другите пекарски работи. Исто така може да подготвува и тестенини за ресторанот.
Мајстор за слатки работи Ги подготвува бомбоните и малите колачи во големите ресторани наместо слаткарот.
Мајстор за замрзнати работи Ги подготвува замрзнатите работи и ладните десерти намето слаткарот и тоа во големите ресторани.
Декоратор Подготвува украсни парчиња и специјални колачи во поголемите ресторани наместо слаткарот.
Boulanger Пекар Ги подготвува лебот, колачите и слатките за појадок наместо слаткарот.
Boucher Касап Го средува месото, живината, а понекогаш и рибата. Понекогаш може да биде задолжен за месото и некој работи од риба.
Aboyeur Дистрибутер Ја зема храната од кујната и ја носи на различни места на кои е потребно. Оваа позиција може да ја извршува и помошникот на кујната
Комунард Ја подготвува храната за персоналот
Помошник во кујна Ја врши подготвителната работа и помага во кујната во поголемите ресторани.
Персонал на трепезарија Directeur de la restauration Генерален директор Одговорен е за административните и финансиските работи за сите кои се поврзани со бизнисот на храната во големите хотели и сличните објекти, вклучувајќи ги рестораните, баровите, кетеринг услугите и друго.
Directeur de restaurant Генерален менаџер Одговорен за работата во ресторанот и трепезаријата која вклучува раководен кадар, вработување и отпуштање на персонал, обука на персонал и економските должности на секој од нив. Во поголемите хотели на оваа функција може да има и асистент кој ке го заменува во негово отсуство.
Одговорен за хотелот Ги пречекува гостите и ги сместува на нивната маса. Исто така го надгледува и персоналот кој служи. Обрака внимание на жалбите на клиентите и ги надгледува нивните сметки.
Шеф на сала Во поголемите претпријатија задолжен е за целосната работа во трепезаријата. Оваа позиција може да се комбинира со одговорниот на хотелот.
Шеф на оддел Трепезаријата е поделена на секции наречени рангови. Секој ранг е надгледуван од оваа личност и се координира со кујната.
Demi-chef de rang Келнер за назад Ги врака празните чинии од масите во случај ако во ресторанот нема басер.
commis de rang
Басер Се грижи за празните чинии мегу курсовите на јадење и ја чисти масата на крајот од јадењето.
Помошник од страна Во поголемите претпријатија ја носи храната од кујната до масата
Chef d'étage Капетан Го објаснува менито на гостите и одговара на прашањата на гостите. Оваа личност најчесто има перформанси со храна до масата на гостите. Оваа позиција може да се комбинира со одговорниот на ранговите во помалите претпријатија.
Chef de vin Одговорен за вино Управува со винарската визба со купување и организирање на листата за вино. Оваа личност исто така им дава совети на гостите во врска со изборот на вино и им го сервира. Во поголемите претпријатија оваа личност е одговорна за тимот на сервери за вино.
Sommelier
Келнер за вино Во поголемите претпријатија се наога на чело на келнерите за вино.
chef caviste
Serveur de restaurant Келнер Оваа позиција ја има во помалите претпријатија и извршува повеке функции од носење на пијалок па се до сервирање на храната.
Responsable de bar Бар менаџер Раководи со барот во ресторанот што вклучува нарачување и создавање на менија за пијалок, исто така внимаваат на вработувањето и отпуштањето на шанкерите и за нивната обука. Исто така раководи и со други барови во ресторанот или некои други претпријатија.
Chef de bar
Barman Бармен Сервира алкохолни пијалоци на гостите.
Дама за облека Се грижи за капутите и шапките на гостите. Го зазема местото во собата за палта каде ги сместува.
Voituriers Шофер Ги паркира колите на гостите кои се во посета на ресторанот.