Рататуј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рататуј подготвен во Ница
Ratatouille.jpg
Вид Чорба
Дел од оброкот Ручек
Место на потекло Франција
Регион Прованса

Рататуј е француска чорба од зеленчук, што потекнува од регионот Прованса, односно од градот Ница. Понекогаш се нарекува и рататуј од Ница.[1]

Потекло[уреди | уреди извор]

Зборот рататуј доаѓа од окситанскиот збор ratatolha,[2] а се поврзува и со францускиот глагол touiller, со значење „мешање“.[3][4] До крајот на 18 век, во Франција чорбата рататуј била многу едноставно подготвувана. Денешната чорба е врз основа на домати, а содржи: лук, кромид, тиквички, модар патлиџан, пиперки, мајоран, коморач и босилек, или ловоров лист и мајчина душичка, или пак смеса од зелени билки, позната како „билки од Прованса“. Ваквиот состав на оваа чорба за првпат е објавен во 1930 година.[5]

Денес постојат повеќе варијанти во подготовката на ова јадење.[6] Карактеристично за подготовката на рататуј е што секој зеленчук што се додава, мора да биде прво посебно спржен. Со ваквата постапка, зеленчукот го задржува својот вкус.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ratatouille. Oxford English Dictionary, 2nd edition (1989)
  2. « ratatouio », Lou tresor dou Felibrige, Frédéric Mistral
  3. Alan Davidson (2014). The Oxford Companion to Food. Oxford University Press. стр. 655. ISBN 978-0-19-967733-7. https://books.google.com/books?id=RL6LAwAAQBAJ. 
  4. „Chef Brian Discusses The Origin of Ratatouille Nicoise“. LADC. архивирано од оригиналот. Грешка: Ако имате параметар |archiveurl=, мора да имате и |archivedate=. https://web.archive.org/web/20151009192347/https://www.lacademie.com/ratatouille-nicoise/. 
  5. Scotto, E., and Marianne Comolli. "Vegetables: A Garden of Eden." France, the Beautiful Cookbook: Authentic Recipes from the Regions of France. San Francisco: Collins, 1989. 195. Print."
  6. How to make perfect ratatouille“, „The Guardian“, 15 јули 2010 (конс. 9 септември 2016 г).
  7. Robuchon, Joël (2008). The Complete Robuchon. New York: Alfred A. Knopf. стр. 597. ISBN 978-0-307-26719-1.