Разговор со корисник:Brest/Архива/2007/јуни/27

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
brest T 
архива на разговори (1,26M+)
тековни

2012/13 (67.6k)


2012.01.01 - 2013.12.30 67.6k 

2010/11 (205k)


2010.10.31 - 2011.12.30 30k 
2010.08.05 - 2010.10.31 58k 
2010.04.25 - 2010.08.05 74k 
2009.12.31 - 2010.04.25 43k 

2009 (318k)


2009.09.22 - 2009.12.31 32k 
2009.04.30 - 2009.09.22 44k 
2009.02.28 - 2009.04.30 58k 
2009.01.31 - 2009.02.28 129k 
2008.12.31 - 2009.01.31 55k 

2008 (460k)


2008.10.06 - 2008.12.31 76k 
2008.08.22 - 2008.10.06 63k 
2008.05.21 - 2008.08.22 63k 
2008.04.21 - 2008.05.20 46k 
2008.03.21 - 2008.04.20 50k 
2008.03.03 - 2008.03.21 50k 
2008.02.24 - 2008.03.03 39k 
2008.01.22 - 2008.02.24 34k 
2007.10.08 - 2008.01.22 39k 

2007 (209k)


2007.09.01 - 2007.10.08 56k 
2007.07.12 - 2007.09.01 39k 
2007.06.25 - 2007.07.12 32k 
2006.04.17 - 2007.06.25 82k 
mini
mini
За подобрување и унапредување на Македонската Википедија
за Брест од Виктор

Уредување[уреди извор]

Ти веќе имаш уредено неколку мои статии, и сакав да те замолам да најдиш зосто во Категорија:Кошарка сите статии се категоризирани под Н? - may 24 '07

Ако ставиш pipe после називот на категоријата проследен со некој збор, тогаш статијата ќе биде подредена под тој збор, а не по називот на категоријата. Пример Категорија:Кошарка|НБА ќе подреди под Н, додека Категорија:Кошарка ќе подреди под К, и така натака. BTW те молам потпишувај се на твоите коментари во страниците за разговор.--brest 13:39, 24 мај 2007 (UTC)

Здраво, дали можеш да ми помогнеш на mk.wikibooks.org, кадешто работам на статијата Британски документи за Македонија 1944-1945. Некои се со исто име и излегоа неактивни, а други пак отвараат исти текст. Како би можело да се уреди, со броеви или некако друго ? --Ajax 22:24, 13 јуни 2007 (UTC)

Може ли да ми кажеш некој пример каде ти прави проблем?--brest 22:28, 13 јуни 2007 (UTC)
Најверојатно насловот е премногу долг или содржи знаци кои не се препорачуваат да бидат во наслов (запирка, точка, тире, заграда, точка запирка и сл.). Доколку сакаш да биде насловот баш така како што изгледа користи го овој метод, пример:

ТЕЛЕГРАМА ОД ХОСТОН БОСВИЛ, ПОЛИТИЧКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО БУГАРИЈА, ДО АНТОНИ ИДН, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА мислам дека вака ќе ти прави помалку проблеми.--brest 22:32, 13 јуни 2007 (UTC)

оти така???[уреди извор]

извини стварно, шо напрајв...? ако уредив некоја статија ти шо ја праеше, извини... стварно не било намерно или за навреда... кажи шо е ќе го вратам одма... а ако е за новите статии, не сфаќам шо е проблемо? стварно не памтам шо уредив последно... уредив многу статии... guitardemon666 муабет guitardemon666

Администратор[уреди извор]

Brest, мислам дека е време повторно да се кандидираш за администратор. --Милош 16:58, 3 мај 2007 (UTC)

Благодарам за предлогот. Доколку можам да и помогнам на Википедија повеќе како администратор би се кандидирал. Понекогаш затребува администраторска позиција за поуспешно уредување.--brest 13:39, 4 мај 2007 (UTC)

Историја на македонската цивилизација[уреди извор]

Јас малку избрзано (немајќи време) по читање на неколку реда го сменив насловот на статијата во согласност на тоа што сметав дека беше нејзината содржина. Но пак претходниот наслов дефинитивно беше промашен. Ако имаш нов наслов на ум, слободно може да се менува. --Б. Јанкулоскиразговор 23:41, 10 мај 2007 (UTC)


Końskowola - Poland[уреди извор]

Could you please write a stub http://mk.wikipedia.org/wiki/Ko%C5%84skowola - just a few sentences based on http://en.wikipedia.org/wiki/Ko%C5%84skowola ? Only 3-5 sentences enough. Please. 123owca321 19:58, 30 мај 2007 (UTC)

Zdravo. If you speak jezik crnogorski, could you please write a stub about Kurów here – just a few sentences based on Куров ? Only 3-5 sentences enough. Prosim.

PS. Article about Kurów is already on 192 jezikach and dialects. If your vjes/mesto isn't yet on PL wiki, I can do article about it. (I'm first author of requests).

Коњсковола is near my Куров so I'm happy that my friends also asked on articles about Końskowola and Kurówka ;). Pietras1988 TALK 08:02, 31 мај 2007 (UTC)


Портали[уреди извор]

Брест, што мислиш дека е попаметно: да помогнам околу другите портали или да работам на субпорталите во Портал:Уметност? --Виктор Јованоски 21:17, 31 мај 2007 (UTC)

И едното и другото е потребно. Имаш добри познавања и желба за работа во делот на уметноста па можеби поголем квалитет ќе дадеш ако работиш на порталот за уметност, ама ќе треба добро да ги обработиш сите теми во длабочина. Додека на другите портали има работа околу средувањето на нивниот изглед и дефинирање на шаблоните кои се користат кај нив, тоа не бара многу напор а ќе помогне да се комплетираат сите портали побрзо до нивото на кое што е порталот за уметност, па после ќе тераме со подобрување на квалитетот на секоја област посебно. Можеш да работиш паралелно на двете работи, што ќе ти одговара повеќе во даден момент на инспирација. Јас некогаш заглавувам на теми од технологијата и информатиката, некогаш на историја, па фудбал и слично. Во секој случај помагам енциклопедијата да се развива во различни правци.--brest 22:16, 31 мај 2007 (UTC)
Мислам дека сега кога правиме редизајн на главната страница добро би дошла твојата драгоцена помош околу дефинирање на сите поважни портали, како би го помогнале развојот на википедија генерално гледано.--brest 12:47, 19 јуни 2007 (UTC)

За каде мислиш да го преведам Datebase како база на податоци? --Виктор Јованоски 21:23, 4 јуни 2007 (UTC)

Имам забележано на неколку места, пример сега ми текнува за статијата Интернет Филмска Датабаза.--brest 21:46, 4 јуни 2007 (UTC


Градови во Бугариjа[уреди извор]

Здраво, кога постави шаблонот превод, jас ги пратив сите статии кои сакаш да бришеш кон една веке лекарка - македонка од Скопjе, коja студира медицина во Варна, жена на моj другар. Каде имаше грешки, сме ги оправиле. Другото од теб е напад и злоба. Википедиjа е заеднички проект - Brest e срам за неутралната Википедиjа.--Svik 01:12, 13 јуни 2007 (UTC)

Погледни ги внимателно статиите каде што има поставено шаблон - превод и ќе забележиш дека не се добро преведени. Иначе неутралноста овде не е во прашање, се бара само добар превод на македонски јазик, бидејќи ова е македонска википедија. Јас ги исправив поситните грешки во дел од статиите, но морам да ти кажам дека во овој момент не можам да ги корегирам сите. Па уште ако продолжиш со други статии на сличен начин, кај ќе ни биде крајот, ќе треба да правиме redirect кон бугарската википедија или да направиме нова википедија на SVIKi јазик.--brest 01:23, 13 јуни 2007 (UTC)
Проблемот е во кирилските букви Я, Ъ, Ь кои ги нема во македонскиот, jaс ги пишувам по моjта клавиатура. Сите други букви се општи. Одкакто пишувам во МК ВИКИ мислам дека македонскиот е многу относителен - македонците пишуват по многу начини. Кога сакам граганин на Македониjа да провери еден текст, тогаш во Викидедиjа излиза друг. Нема точен текст. Се пак, jaс говора со образовани македонци. А зашто тогаз бришеш моите прилагодувања. Jas сакам да зборувам верно, но сите не сме студирали во Скопје. Бади полезен. --Svik 01:42, 13 јуни 2007 (UTC)

Категории[уреди извор]

Брест, што се случи со Специјални:Категории? Каде исчезна страницата? --Виктор Јованоски 15:56, 13 јуни 2007 (UTC)

?? Може ли да ми опишеш каде била до сега оваа страница, јавува ли некоја грешка? Можно е нешто да сум сменил што не треба, бидејќи работев во МедиаВики именскиот простор.--brest 16:13, 13 јуни 2007 (UTC)

Мислам дека ја најдов грешката, но не знам како да ја поправам; всушност, страницата сеуште постои меѓу специјалните страници, но кога го поставувам покажувачот врз потточката Категории, врската што се прикажува изгледа вака: http://mk.wikipedia.org/wiki/Специјални:Categories. И наместо да се стигне до страницата со врската Специјални:Категории, се стигнува со Специјални:Categories. Затоа и некои од врските кон првата страница, водат кон непостоечка специјална страница. Имено, тоа е и грешката која ја пријавува. --Виктор Јованоски 21:32, 13 јуни 2007 (UTC)

Пробај сега дали ќе функционира како што било порано.--brest 21:43, 13 јуни 2007 (UTC)
На која страница прави проблем, на Битлс?--brest 21:48, 13 јуни 2007 (UTC)
Да, но сега мислам дека е добро. Благодарам. --Виктор Јованоски 22:09, 13 јуни 2007 (UTC)

The Rolling Stones[уреди извор]

Brest, ако имаш време, погледни ја статијава (The Rolling Stones) и пробај да ми објасниш што не е во ред со сликата. Зашто кога стои во шаблонот на местото image само името на сликата, т.е. The Rolling Stones.jpg (значи онака како што всушност и треба), пријавува дека таква слика нема. Кога ја ставам сликата на следниов начин [[Слика:The Rolling Stones.jpg]] сликата се појавува но нормално има Expression error. Сега за сега ја оставив да стои сликата, но со грешка. --Виктор Јованоски 18:33, 14 јуни 2007 (UTC)

Проблемот е во неправилна употреба на шаблонот/инфокутијата. Имено кај атрибутот големина на сликата (img. size) не траба да се додава мерката px, бидејќи веројатно шаблонот ја подразбира.--brest 18:47, 14 јуни 2007 (UTC)

Изгледа сум го пропуштил тој детал при правењето на шаблонот. Повторно - благодарам. --Виктор Јованоски 19:19, 14 јуни 2007 (UTC)

Благодарам на извезстувањето, веднаш ќе се вклучам во разговорот за уредување на главната страница. Поздрав - Македонец 12:05, 20 јуни 2007 (UTC)

Портали[уреди извор]

Брест, дали можеш некако да ја смалиш големината на буквите во рамките на Порталот:Биографија? Зашто фонтот е огромен и изгледа навистина неестетски. --Виктор Јованоски 21:25, 20 јуни 2007 (UTC)

Мислам дека сега е во ред големината на буквите. BTW, одлично напредуваш со средувањето на порталите.--brest 21:42, 20 јуни 2007 (UTC)

Едно-две прашања[уреди извор]

Абе шо се деси со главната страна? За ден два ќе биде 10.000, а изглеа зашкрипе редизајнот негде? Него остај тоа, друго сакав... Глеам дека ти си најактивен од администраториве, па со тебе да напраам муабет. До кога ќе ги трпиме Бугариве?. Има еден куп јузери-Бугари (што секако не може ни смее да се цензурира/забрани), ама како пишуваат на мк.вики коа два збора нормален македонски не знаат да скршат? Ај остај тоа, него кај еден (а не е само тој) дури има и навредлива, експанзионистичка, шовинистичка, малограѓанска (и уште како да не ја наречам) содржина / пропаганда. До сеа си ќутев, ама мислам дека е време да се напраи нешто. Или да почнеме дискусија на темава, како што е ред, или сите тие: слики, статии, јузери кои содржат или пропагираат антимакедонизам да се избришат или блокираат. Исто мислам дека треба целосно да се заклучат сите статии од национален интерес и пред било што да се измени у нив - да се води дебата околу конкретната измена. Моментално, малце параноја нема да ни шкоди, ама нејќам ова да се претвори у лов на вештерки. Како и да е, не смееме да дозовлиме некој у наша куќа да ни се руга и да ни пљука у лице. Филип што бе? 12:57, 21 Јуни 2007, (UTC)

ПС фала за пофалбата! ;-) Филип што бе? 13:11, 21 Јуни 2007, (UTC)

Расправата за редизајнот на главната страница е во тек. Погледни тука. Нема некој голем одзив, ама мислам дека сепак сме мрднати од нултата точка. Имаме два предлога. Еден предлог на Bojan друг предлог на Brest (мој). Е сега и мене ми се допаѓа дизјанот на српската главна страница, ама да не испадне ептен ги копираме ако комплетно го превземеме нивниот скин и само го преведеме. А ако сакаме да направиме некоја подрастична измена на нивниот дизајн (да ја задржиме идејата) а да вметнеме и некои наши карактеристики тогаш имаме малку повеќе работа. Јас не гледам дека тука некој поединец или група може и има воља да го направи.
Што се однесува до активностите на корисниците кои може да ги препознаеме дека доаѓаат од Бугарија, меѓу кои и оние двајца кои ти ги спомна, некои се со добра волја и мошне активни. Непознавањето на јазикот не мора да е пречка да продолжат со уредување. Но се поставува прашањето што ако дозволиме бугарскиот јазик да преовладее на македонската википедија поради активноста на овие корисници. Ова би се однесувало на географските статии (градови, села, ...) а не на статиите од историска природа. Тогаш дали може да се смета нивната активност за добронамерна? Она што значи блатантен напад на македонија веднаш треба да се санкционира и јас го санкционирам. Но сепак потребен е поголем анагажман на останатите корисници, доколку ги има таквии, со цел да се лоцира што е тоа што не е дозволено на википедија а може да се смета како нечиј POV. Ова се однесува на историските статии. Мислам дека тука треба да се поработи на дефинирањето на политиките на македонската википедија. Треба ние активните корисници да ги анимираме пасивните корисници или анонимните корисници кои доаѓаат на мк.википедија ги читаат овие статии и се згрозуваат врз она што тука е напишано ама не сакаат да извршат корекција или не знаат како да извршат корекција или не знаат дека смеат да извршат корекција.
Што се однесува до дозволувањето или не некој у наша куќа да ни се руга и да ни пљука у лице, мислам дека прво ние самите треба да не си пукаме во нога, скокаме во уста и плукаме во лице по другите, а потоа тоа да го бараме и од другите.--brest 12:00, 21 јуни 2007 (UTC)
Брест, точно е и тоа дека ние самите треба да не си пукаме во нога, скокаме во уста и плукаме во лице по другите. Искрено, не знам дали некој Македонец има акаунт на бг.вики и дали, ако таков постои, пишува пропаганди од типот: Пиринска Македонија на Македонците! и сл. Ова што ги зборам Бугариве е само како corpus delicti зашто најлесно е да налеташ на бугарска пропаганда на нашава Вики; што секако не значи дека не постојат српска, грчка или, што знам, која све не туѓа пропаганда. Ако СИТЕ ТИЕ корисници кои се опфатени со кажаново имаат НГТ и навистина придонесуваат за развојот, обемноста, промоцијата и точноста на Викопедија - тогаш нека останат, јас немам ништо против тоа. Напротив, и јас сакам да чујам туѓо (=странско) мислење за некои прашања. Меѓутоа, кога на нечија корисничка страна ќе видам експанзионистички и навредливи пароли - тоа фрустрира. А ова не е само кај посочените корисници: го има и кај нашите. И наши корисници, на нашава Вики, искажуваат идеи чие место не е во рамките на една енциклопедија. Да не говориме дека ова е можеби и најобемната енциклопедија на македонски јазик било кога создадена! Од друга страна замисли колкав „манијак“ (уз извинение) треба да си за да роваш по слободна енциклопедија на туѓ јазик и да бараш места и прилики во кои ќе можеш да ги бодеш тие кои се трудат само да го прошират хоризонтот на знаење достапно на сопствениот јазик. Колку многу задоволство ќе му направи на обичниот Бугарин фактот што некој негов (анонимен) сограѓанин на македонската Википедија напишал дека старословенскиот јазик треба да се вика старобугарски??? И тоа уште упорно да го повториш пет-шест пати!!! Затоа сметам дека треба да се направи нешто со овие корисници и со нивните статии и со нивниот вандализам. Веќе ќе напраиме 10.000 статии, што значи дека не сме нешто неозбилно (што никако не значи дека до сега бевме!!!) и веќе е ред некои работи да ги разјасниме и расчистиме. Затоа и предложив дискусија и уште стојам зад тоа барање. Нека слободно се вклучат во неа и тое што имаат потреба нешто да пропагираат овде и нека кажат што ги мачи. Ако навистина проблемот е кај нас т.е. на мк.вики, онда ќе си дејствуваме во таа насока и ќе го решиме; ако е кај нив, тогаш ќе треба они да си ги решат проблемите. Ама треба да се поразговара сериозно на оваа тема.
Иначе новата страна е супер и ми се свиѓа вака со стеснета содржина. Мислам дека е добра. Уште да се укомпонираат Одбрана слика и додатните шаблони... Имаш петка од мене :) Филип што бе? 15:47, 21 Јуни 2007, (UTC)
Јас претпоставувам дека има доста Македонци кои имаат корисничка сметка на бугарската википедија. Пример имам јас, иако до сега не сум почуствувал потреба да учествувам во уредување на било која статија таму или пак во некаква дискусија / разговор, од повеќе причини, кои не е место овде да ги кажувам. Јас иако сум администратор овде, имам исти права како и секој друг, само малку повеќе одговорности. Лично не сум размислувал дали она што Svik го има на неговата корисничка страница треба да се санкционира или не. Знам дека тоа некого го навредува, провоцира и сл. Но без дефинирана јасни вики политики за ваквии и слични ситуации тешко дека може нешто позитивно да се направи освен само да се наседне на провокациите, кои ако се смислени можат да не доведат во понеповолна ситуација. Значи јас сум за тоа да поработиме околу дефинирањето на овие политики и во потополност ја подржувам твојата иницијатива за отворање расправа и за оваа тема. Расправата би се одвивала паралелно со преземањето на искуствата од развиените википедии (англиска, француска, германска, ...) но и искуствата од нашите пријатели (српска, бугарска, албанска, хрватска, ...). Преземање во смисла на превод и адаптација на политиките во наши услови. Тоа е прилично голема работа но една сериозна википедија тоа мора да го има.
И според мене википедија на македонски јазик е една од најкомплетните енциклопедии на македонски јазик. Впрочем ние и ги немаме многу. Според бројот на одредници/статии сеуште не сме на врвот (Енциклопедија Британика, Мианова Енциклопедија). Но по опсежноста на некои статии, употребата на илустрации ни нема рамни. А на наша страна е технологијата. И колку да се обемни и квалитетни хартиените изданија секогаш ќе им недостасуваат хипервските. А каде се тука мултимедијалните содржини. Јас сум убеден дека за кратко време македонската википедија ќе биде неодминлив енциклопедиски извор на информации за популацијата која го говори македонскиот јазик.
Што се однесува до истрајноста на вандалите со рчкање по нашата википедија, да, може да се окарактеризираат како тешки манијаци, без пардон. Но истовремено треба да не замисли тоа, кои дебели се тие кои се индиферентни на тоа. Ти доаѓа некој дома и ти навредува мајки шајки и се по список, а тебе мува не те лази, само и кажуваш на сестра си кои манијаци се тоа. А можеш да ги скршиш од ќотек, стројно момче си.
Благодарам за петката, се надевам дека е школска а не факултетска. А за избрана слика, најверојатно ќе мораме да скролуваме надолу.--brest 15:41, 21 јуни 2007 (UTC)
Хахаха, петката е секако школска! Еве ти и десетка, ако ти врши работа ;-)))). Мило ми е што се разбравме околу вандализмот и останатите горенаведени работи. Деновиве ќе бидам малце послободен, па ќе прочепкам низ Википедија и нејзините „правила на игра“, па ќе направам некој вид на Деловник на нашава Вики :)))) Само да не се испокараме ко оние у нашено Собрание! Мала шала. Ќе видам, ќе пробам да составам некој текст околу НГТ и слободата на говорот и слични ствари, па ќе го пуштам да го видиш, т.е. да го видат сите уредувачи, па да се отвори некаква расправа. Е, сеа, не обеќавам кога точно ќе биде тоа - знаеш сеа е сесија, ама ќе глеам да биде што побрзо. Поздрав! --Филип што бе? 21:00, 21 Јуни 2007, (UTC)

Масовно додавање[уреди извор]

Прво и основно, стигнавме до 10.000, треба да објавиме :) Второ, те молам, кога автоматски додаваш голем број на статии, прави го тоа преку бот, за да не се полнат скорешните промени. Ако користиш некој ИМ сервис додади ме, да се договориме како ќе оди процедурата. --Милош 23:11, 22 јуни 2007 (UTC)

Стигнавме до 10.000! Јас пуштив едно процедурче од мојата машина и со одредени мануелни интервенции успеав да ги внесам основните училишта во РМ категоризирани според општини. Сега гледам дека изворот на податоци и не е баш reliability иако се работи за министерството за образование. Имено распоредот по општини не им е направен според новата територијална поделба, не е ни по старата ами некој хибрид. Мислам дека горе долу ова се сите основни училишта во РМ. Овие никулци може да претставуаат почетна основа за креирање на статии за добар дел од нив, во зависност од интересот. Јас планирам да средам неколку од нив онака како што ги замислувам за да им дадам некој пример на потенцијалните заинтересирани.--brest 09:56, 23 јуни 2007 (UTC)

Избрани слики, портал и на денешен ден[уреди извор]

Брест, видов на Корисник:Brest/Главна страница, предлог (Јуни/Јули 2007) дека ги додаваш рубриките избрана слика, избрана портал и на денешен ден и претпоставувам дека истите се шаблони што автоматски ќе се менуваат. Па, во случај сега да можеме да направиме шаблони за сите дати, недели и месеци, само кажи по кој редослед (зашто не сакам да ти расипам некаков план) за да можам уште веднаш да ти се придружам. --Виктор Јованоски 13:18, 24 јуни 2007 (UTC)

Здраво, добро е што ме следиш. Идејата ми е да направам избрани статии, слики, дали сте знаеле и сл да се менуваат автоматски на главната страница. Секако треба пример ако сакаме да ги менуваме месечно тогаш треба да дефинираме шаблон за секој месец поединечно во годината. Можеш да погледнеш како изгледа именувањето на шаблоните и предлагам да почнеш со месеците / деновите или неделите кои ни претстојат, бидејќи има доста работа ако се тргне со сите одеднаш. Мислам дека многу лесно ќе ги средиме шаблоните за избрани слки по месеци а не е некоја голема работа и по недели. Што се однесува на датите, мислам дека тоа е поприлична работа. Бидејќи треба да ги прочешламе сите години и да ги средиме повашните датуми на тој и тој датум. Кажи ми што мислиш заопвие идеи и да почнеме да работиме нешто. Благодарам на подршката.--brest 13:22, 24 јуни 2007 (UTC)
Што мислам за идејата? Убедливо најдобрата што сум ја слупнал во последно време. Главаната страница изгледа и подобро отколку што ја замислував. Но, да не те фалам многу (и онака делата ти зборуваат доволно), веднаш се зафаќам со средување на датите. И патем, ако стане тешко уредувањето ден по ден, може да уредиме по месеци како што веќе направив (погледни кај Портал:Биографија), но сепак, ова само во случај да стане навистина тешко. --Виктор Јованоски 13:27, 24 јуни 2007 (UTC)
И уште, за порталот - го ставаме математика? За да средам, ако ти се допаѓа, некоја слика во фотошоп (како на Порталот:Географија) и веднаш да видиме како изгледа? --Виктор Јованоски 13:31, 24 јуни 2007 (UTC)
Па за избран портал, помислив на математика бидејќи Филип веќе долго време го уредува и има приличен број на квалитетни статии од таа област. Мислам дека потенцијалните посетители ќе има што да видат. Што се однесува до датите, мислам дека не е проблем да се средат, но дај ми малку време да размислам како ќе изгледа шаблонот, бидејќи ова што сега го имам не ми се допаѓа. Но можеш да поработиш на шаблоните за избрани слики. Мислам дека се едноставни, бираш слика, даваш краток опис и тоа е тоа. Јас планирав да се менува избраната слика еднаш неделно но без никакви проблеми може да го направиме и дневно. Мој предлог е да започнеш со избрани слики, да ги тераш, додека јас не го осмислам шаблонот за избран датум па ќе продолжиме таму.--brest 13:40, 24 јуни 2007 (UTC)
Пред да почнам да ги уредувам сликите, да го македонизираме шаблонот и место Шаблон:Избрана слика 2007.w25, да биде Шаблон:Избрана слика 2007 седмица 25. Не дека прави некоја голема разлика --Виктор Јованоски 14:02, 24 јуни 2007 (UTC)
Што велиш за овој назив на шаблоните Шаблон:Избрана слика (седмица 25).2007--brest 14:05, 24 јуни 2007 (UTC)

Уште подобро. Патем, сега ги видов и точките меѓу месецот и годината (јуни.2007). И нив би требало да ги нема. Исто така би било добро и да ги категоризираме сите избрани нешта - за да си имаме архива. --Виктор Јованоски 14:08, 24 јуни 2007 (UTC)

Брест, сега забележав - една слика и двајцата уредувавме исто време. Затоа да си ги поделиме неделите - јас ќе ги работам седмиците со парен број, а ти прави ги оние со непарен. Се согласуваш? --Виктор Јованоски 14:31, 24 јуни 2007 (UTC)
Ако мислиш на одбрани слики, јас престанувам со уредување, само ги средував шаблоните и мислам дека сега се ок, може да се тера со вака дефинираните. Можеш да продолжиш понатаму. Гледај сликите да бидат со иста висина за да изгледаат убаво кога ќе дојдат на насловната страница. Јас ќе поработам малку на шаблоните на денешен ден.--brest 14:35, 24 јуни 2007 (UTC)
Здраво повторно Брест - јас имав некоја работа, но сега повторно се враќам. Значи, сега ќе ги средувам паралелно и сликите и деновите. Само да те замолам прво, ако можеш да додадеш во долниот дел на избраните слики Архива,(нешто како што е кај порталите). Зашто и онака е поубаво да имаме архива, а полесно е и да се работи со неа. --Виктор Јованоски 16:58, 24 јуни 2007 (UTC)
А што мислиш во насловот на секцијата, пример Избрана слика за оваа седмица, да се направи вака Шаблони за избрани слики|Избрана слика за оваа седмица така да линкот ќе покажува кон соодветната категорија и решен проблем.--brest 17:02, 24 јуни 2007 (UTC)
Тогаш добро. Мене ќе ме нема во следниве десетина минути, а потоа почнувам да ги средувам. Мислам дека до вечер ќе го средам поголемиот дел од сликите и можеби десетина дена. А патем, од каде ги влечеше информациите за На денешен ден...? --Виктор Јованоски 17:10, 24 јуни 2007 (UTC)
За секој дена на нашава википедија има посебна статија, незнам некој ги средувал до сега. пример ако сакаш да видиш што има за 24 јуни одиш на статија 24 јуни месецот со мала буква и ги имаш настаните. Ако сакаш можеш и да додадеш нови настани.--brest 17:14, 24 јуни 2007 (UTC)

Новиот изглед[уреди извор]

Мене новиов изглед не ми се допаѓа. Зошто се „збиени“ сите делови? Подобро е да одат во посебни табели, за насловите на долните боксови да бидат еден до друг (пр. кај мене Избрана слика за оваа седмица и Мултимедија ... бегаат за по еден ред, и изгледа многу лошо. Истото е и со долните 2 полиња. Информации за Родени, починати и празници на денешен ден мислам дека нема потреба посебно да вадиме, доволен е делот „На денешен ден“. --Милош 17:19, 24 јуни 2007 (UTC)

Што се однесува содржината во на денешен ден се сложувам, може само настаните и евентуално родени. А што се однесува до првиот дел од твојата забелешка, прво беше така ама ми изгледаше дека вака е подобро, бидејќи остануваа многу слободни простори помеѓу избраниет делови во зависност од тоа колкава е должината. На овој начин би имале празен простор само најдолу. Може лесно да се врати на претходната состојба.--brest 17:24, 24 јуни 2007 (UTC)
Мене повеќе ми се допаѓа таков изглед, само содржината би се балансирала. Што мислиш за имињата, треба да оди Избрана или Одбрана? Претходно беше Одбрана. --Милош 17:40, 24 јуни 2007 (UTC)
Јас сум во голема дилема дали да биде одбрана или избрана. Според мене, онака лаички, одбрана би била ако одбираме авторитативно, некое жири пример и одбира. А избрана би се однесувало на избор, демократски. Одиме на избори за пратеници и избираме а не одбираме. А одбираме кога одиме во продавница и одбираме најдобра кошула која нам ни се допаѓа. Ќе пробам да го вратам дизајнот со она што тебе ти се допаѓа па ќе видиме како ќе изгледа.--brest 17:43, 24 јуни 2007 (UTC)

Brest, те молам види ја оваа верзија: Корисник:Misos/Главна Страница‎. Направив пар промени:

  1. Имаме малку портали, па делот Одбран портал ми е малку излишен
  2. Имаме уште помалку мултимедијални содржини (а некои се и со сомнително потекло), па нив би ги менувале премногу ретко, би останале заглавени како со Актуелностите

Затоа, ги тргнав тие 2 дела, а на почето додадов Добредојде и листа на портали, како на англиската Википедија. Здравје боже, ако се развијат порталите, можеме веднаш да ги додадеме на главната страница. --Милош 18:34, 24 јуни 2007 (UTC)

За моите коментари околу порталите те молам погледни Разговор со корисник:Misos/Главна Страница. Што се однесува до мултимедијалните содржини, јас би се нафатил да прочачкам по другите википедии и да соберам интересни анимации, имам видено неколку, не сум сигурен дали ќе можеме да даваме за секоја седмица посебно ама за секој месец секако. Тоа би дало динамика на главната страница.--brest 18:50, 24 јуни 2007 (UTC)
Јас повторно се изгубив, но од оправдани причини - сестра ми ми го окупираше компјутерот. Како и да е, во наредните неколку часови ветувам дека ќе се посветам на Википедија. Но зошто одеднаш ги снема починатите од рубриката На денешен ден од главна страница? --Виктор Јованоски 19:20, 24 јуни 2007 (UTC)
Забелешка беше на Корисник:Misos дека нема потреба од родените, починатите и празниците. Мене ми се виде прифатливо и ги тргнав починатите и празниците. Секако долколку има потреба да ги вратиме тоа многу лесно ќе го направиме. Затоа пак додадов линк во насловот на секцијата кој префрла на статијата за тој ден и маме комплетна листа на настани, родени, умрени сл. за тој ден. --brest 19:24, 24 јуни 2007 (UTC)

На форумот на идивиди има доста преведи податоци за рубриката „на денешен ден“, можеме нив да ги користиме. --Милош 19:27, 24 јуни 2007 (UTC)

Празниците може да се тргнат, но мислам дека починатите треба да останат. А ако не треба да зафаќаат многу место, може да се стават помалку настани. --Виктор Јованоски 19:32, 24 јуни 2007 (UTC)

Па или би ги тргнале или би ги оставиле починатите. Така функционираат шаблоните сега. Може да се оди на скратени верзии само за главната страница ама тогаш ќе треба да креираме посебни шаблони за тоа, што ќе ја дуплира работата. Мислам дека може сега за сега да одиме без нив на насловната страница, додека за секој ден ќе се креира шаблон и за починати и за се останато. Па ако се укаже потреба да се внетнат да ги имаме готови. Линкот кој го посочи Милош погоре и интересен и треба да се експлоатира од наша страна.--brest 19:38, 24 јуни 2007 (UTC)

Добро - да ги довршам сликите за до крајот на годинава, па потоа (што веројатно ќе биде утре), се префрлам на деновите. --Виктор Јованоски 00:14, 25 јуни 2007 (UTC)


Повторно работно утро[уреди извор]

Здраво повторно Брест. Вчера ги уредив сликите и денес се префрлувам на работа на На денешен ден. Но прво правам некоја страница што ќе ги обедини сите шаблони од овој месец, а потоа и од сите заедно - многу полесно е за средување: ги има сите шаблони и само кликаш и уредуваш (сеуште е во фаза на конструкција, но види Википедија:На денешен ден/Архива/Јуни). И можеме од На денешен ден... да ставиме врска кон нејзе, како и кај сите останати шаблони на главна. Патем, да те замолам да не ги заштитуваш сеуште шаблоните, зашто јас не сум администратор и нема да можам да ги уредувам. Исто и да те прашам - мислиш ли дека би требало да додаме и слика во рубрикава? И уште нешто - што требаше да се стави за да не се појавува содржина на една страница? --Виктор Јованоски 09:02, 25 јуни 2007 (UTC)

Здраво Виктор. Мислам дека со сликите завршивме работа за до крајот на годината. Сега треба само да оставиме можност за евентуално гласање која слика да оди. Она што ти го направи да оди како предлог, па ако некој има забелешка да може да гласаме за избор на слика на седмицата. Иако се сомневам дека со сегашнава активност на корисниците ќе има било какво посериозно гласање. Ама треба да оставиме такваа можност.
Е сега да се префрлиме на шаблоните за на денешен ден. Веќе на мк.википедија има статија за секој ден во годината што се случило. Ја добиваш едноставно ако во полето за пребарување откуцаш (ден-празно место-месец со букви), пример 26 јуни. Некои денови се добро пополнете но има некои кои имаат многу малку настани или воопшто ги нема. Јас почнав од 24 јуни и стигнав до 30 јуни. Ако ја следиш мојата работа во врска со овие шаблони мислам дека лесно ќе заклучиш кои промени ги правам за да функционира системот на главната страница. Имено за секој ден, пример 24 јуни, си има сопствена статија. Потоа од таа сттаија креираме нови шаблони за настани, родени, починале, празници и сл. и ги именуваме на следниов начин: 24 јуни (настани), 24 јуни (родени), 24 јуни (починале), 24 јуни (празници). Вака дефинираните шаблони се повикуваат од главната страница по желба, дали сакаме да ги повикаме комплетно, настани, родени, починати и празници, или пак само поедини делови, само настани + родени без починале и празници. Дополнително откако ќе ги креираме шаблоните за тој ден, види веќе креирани шаблони за да ти стане јасно како треба да се креираат, истите ги вметнуваме во статијата 24 јуни. Кај секој шаблон во долниот дел внесуваме и соодветна категоризација и документација за шаблонот, за да имаме трага што работиме.
Не можеме да правиме архива на денешен ден, бидејќи шаблоните постојано ќе се надополнуваат и менуваат.
Шаблоните мораме да ги заштитиме, не само овие за на денешен ден, ама и сите кои имаат врска со главната страница, да не ни дојдат вандали и да ни направат лом. Јас сега за сега не ги заштитувам комплетно сите но тоа ќе мораме да го направиме откако ќе ја завршиме работата.
За техниката на средување на шаблоните ако си заинтересиран можам да ти ја објаснам, за да најбрзо ги средуваш останатите шаблони. Повеќе се работи со cut paste, нема многу допишување, само за новите настани кои ако ги имаш ги вметнуваш.
Личи малку комплицирно но мислам дека мораше да вметнам малку програмирње во шаблоните со цел по желба да се менува бојата на позадината на шаблоните. Имено на главната страница се користи бледо сина, додека во статиите (24 јуни) се користи бела боја. По желба се наведува при провикување на шаблонот. Пожелно е да биде некоја светла нијанса на основните бои, бидејќи не се регулира бојата на фонтот, иако може и тоа да се среди.
Јас се отепав пишувајќи, можеби ќе те исплашам и ќе се откажеш од средување на шаблоните?--brest 09:20, 25 јуни 2007 (UTC)

Не грижи се, немам многу работа. Но во врска со архивата. Не знам дали ја виде, но онаква каква што е (си ја преземав од англиската Википедија), автоматски ќе си се надоградува и мислам дека ќе послужи работа. Ако не функционира, ќе ја избришам. --Виктор Јованоски 09:35, 25 јуни 2007 (UTC)

Јас спремив малечка скрипта која ги генерира шаблоните за денешен ден врз основа на внесени податоци (година - настан|родени|починати). Напишана е во php, би било убаво да најдеме место каде да стои на веб. --Милош 09:54, 25 јуни 2007 (UTC)
Интересно и корисно, може ли малку да ја опишеш, што работи и како?--brest 10:04, 25 јуни 2007 (UTC)
Се бира дали станува збор за настан, родени или починати. Потоа се внесуваат денот, месецот и годината. Следно, има 20-на полиња кои треба да се пополнат во облик:
година (без [[ и ]]) - настан, вики форматиран
Откако ќе се внесат, скриптата го генерира текстот за шаблонот (со почеток на табела, нови редици и колони, како веќе постоечкиот) и дава линк до неговата соодветна локација. Ова може да се промени автоматски и да ја отвори страницата и да го пополни текстот, а корисникот само да ја зачува. Јас вечерва патувам и нема да бидам тука до четврток, па веројатно тогаш ќе побарам хостинг. --Милош 14:31, 25 јуни 2007 (UTC)
Колку што разбрав потребен ти е веб сервер каде ќе може да се извршува скриптата. Ако тоа е тоа можам да помогнам.--brest 17:11, 25 јуни 2007 (UTC)

Главна[уреди извор]

Брест, две работи:

  • Дали можеш да ставиш врска од На денешен ден на главната страница кон Википедија:На денешен ден/Архива/{{CURRENTMONTHNAME}} за да има брз пат од главна кон архивата на значајни настани во текот на истиот месец (иако имаше право - не вредеше толку многу работа за оформување на оваа архива); исто, ако можеш поврзи ја и рубриката Дали сте знаеле со страницата на проектот, за да биде попристапно предложувањето и менувањето на податоците и во оваа рубрика.
  • И ајде да ја актуелизираме работата врз На денешен ден. Да отвориме некоја страница за разговор и на неа да ги поделиме датите на различни луѓе (да речеме по два месеци на човек) и да ја уредиме за брзо време. Јас почнав со наредниве неколку денови, додавајќи информации во веќе постоечките шаблони и увидов дека не е така лесно како што изгледа. Изгледа требаше да те послушам и да си се посветам на шаблоните уште од сабајле, но сега... тоа е тоа. Ајде, на работа. --Виктор Јованоски 18:47, 25 јуни 2007 (UTC)
  • Што е направено е направено. Нема штета. Идејата беше добра ама има доста работа. Добро е да се отврои пат за во иднина.
  • Ќе додадам линк на главната страница. Еве една придобивка од твојата работа.
  • Јас ќе бидам вклучен во уредувањето на шаблоните. Милош рече дека има изработено php процедура која ја олеснува работата за креирање на шаблоните. Тој се враќа за 4-5 дена како што рече. Така да ние треба да ги средиме шаблоните до кај 1-2 јули така како што го работиме тоа до сега, а потоа ќе ја користиме неговата процедура ако се покаже добра. Мислам дека нема да има проблем да функционира како треба. Јас би можел да средам нешто слично ама да не се дуплирам со Милош. Во секој случај ќе мораме на некоја посебна страница да ги издвоиме настаните за наредните денови, т.е. да креираме некоја база. Дури и не мора да оди тоа директно на википедија, мислам дека најдобро би било во excel да се среди една табела, со соодветни колони:датум, месец, година, тип(настан, родени, починале, празник, ...), опис (викиформатиран) после не би било проблем од една вакваа табела да се изгенерираат шаблоните за сите денови автоматски. Така да размислувај на оваа тема на овој начин.--brest 19:54, 25 јуни 2007 (UTC)
До крајот на месецов се средени сите настани, со тоа што, ако можеш додадени уште некој меѓу родените на 30 јуни, зашто го имаме само Ингви Малмстин, а шаблонот е заштитен и јас немав можност да ставам уште некој. Како и да е, јас продолжувам со уредување и на наредниве денови; ако мислиш да се приклучиш, уредувај ги датите со парни броеви за да нема конфликтни уредувања. Патем, го прочитав предлогот на Милош и навистина, процедурата би можела доста да помогне. Како и да е, не смееме се да оставиме на случајот. --Виктор Јованоски 19:59, 25 јуни 2007 (UTC)
Јас би ти предложил да не ја трошиш енергијата на уредување на шаблоните на класичен начин. Ако ја капираш идејата со excel табелата што ја образложив претходно, за мене нема да биде никаков проблем да ги изгенерирам сите можни шаблони за многу кратко време, така да мислам дека ќе имаме со помал напор точни и целосни шаблони за подолг временски период а средени за кратко време. --brest 20:06, 25 јуни 2007 (UTC)
Мислам дека ја сфаќам идејата, со тоа што не сфаќам каде би била сместена табелата, за да почнам со уредување уште од сега. Всушност, ако размислам подобро, дали би можел да ми дадеш пример (набрзина да го средиш изгледот на табелата и еден ден - од веќе постоечките)? Барем да знам дека нема да згрешам, зашто, искрено, немам некое добро искуство на тоа поле. Многу често ќе почнам нешто да работам и откако веќе ќе средам огромен дел од тоа, сфаќам дека уште отпочеток сум згрешил. Всушност, што ќе ти објаснувам, мислам дека веќе ја виде Архивата --Виктор Јованоски 20:22, 25 јуни 2007 (UTC)
Наведи емаил адреса во подесувањето на твојата корисничак сметка ќе ти пратам шаблон на една excel tabela.--brest 20:59, 25 јуни 2007 (UTC)
Или оди на мојата корисничка страница и од таму испрати ми email, јас ќе направам replay. Во случај да не можеш да го подесиш email-от на твојата корисничка страница.--brest 21:01, 25 јуни 2007 (UTC)
Денес ја испратив excel датотеката на твојата email адреса.--brest 08:58, 26 јуни 2007 (UTC)

Избрана слика[уреди извор]

Уште веднаш (иако не знам дали е предромантичар или повеќе ренесансен уметник - некако околу Бројгел жанровите се мешаат). Само имам некои проблеми со интернетот, многу често паѓа. Во врска со mail-от: ја симнав табелата, но не можев ништо да прочитам од пораката, зашто е напишана со кирилична поддршка и никако не можам да го најдам соодветниот код на страницата. Како и да е, се е некако... self-explanatory. Во врска со главната - сегашниот распоред е подобар, но мое мислење е дека треба кутиите да се допираат една со друга и да не оставаат простор меѓу себе во вертикална линија, дури и ако не се хоризонтално подредени. --Виктор Јованоски 11:00, 26 јуни 2007 (UTC)

Во врска со секциите. Имаше барање од Милош да бидат хоризонтално порамнети. Првобитно беа хоризонтално подредени, а бидејќи тешко се нагодува висината на секциите во ист ред да биде иста, се појавуува празен меѓупростор. Затоа го сменив дизајнот. И јас сум на мислење дека не мора хоризонтално да се порамнуваат, но сепак мора нешто да се смени во дизајнот бидејќи не изгледа многу добро кога не се порамнети. Имам некоја идеја како ама немам време сега да работам на тоа. Мислам дека вака е подобро од претходно и нека остане некое времем така.
Еве ја содржината на пораката што ти ја пратив по email, пишувана со Windows 1251 кирилична подршка:

Поздрав, Во attach ја имаш excel датотеката, која можеш да ја пополнуваш без да внимаваш на редоследот на анстаните или пак на дополнителните wiki форматирања за шаблоните. Јас во меѓувреме ќе направам една процедура која автоматски ќе ги генерира шаблоните според воспоставената техника на википедија. Така ќе завршиме поголема работа за пократко време а ќе правиме најалку грешки. Brest,--brest 11:14, 26 јуни 2007 (UTC)

На денешен ден[уреди извор]

Како што гледаш, мене ме нема овие денови на Википедија, но, тоа е поради тоа што се посветив на уредување На денешен ден.... Морам да се пожалам дека оди малку бавно, зашто табелата во Excel овозможува некои бенефиции, но вики форматот станува проблем. Значи, ќе треба доста помош...

Како и да е, не ти пишувам за тоа - сакав да те прашам дали смееме да користиме текст од веб-страницата на А1, зашто имаат рубрика На денешен ден (види), во која има доста информации поврзани со македонската историја - нешто што голем дел од времепловите не можат да го понудат. Чисто се сомневам дека не смееме, но за секој случај. И уште - забележав дека некако е мала рубриката, па затоа ќе се обидувам да го зголемам текстот во врска со родените и починатите. Патем, зошто секогаш доцни смената на главна страница: да речеме, пред да почнам да го пишувам текстов сеуште немаше податоци за 28 јуни? --Виктор Јованоски 09:06, 28 јуни 2007 (UTC)

Јас помислив дека останав сам на википедија деновиве. Во врска со доцнењето на смената на шаблоните на главната страница, според мене поблемот лежи во следниве две причини:
  • Функциите/променливите {{CURRENTDAY}}, {{CURRENTMONTH}} и слични на нив се серверски променливи, т.е. го читаат серверот каде што е хостирана mk.wikipedia.org а тоа е надвор од нашата временска зона. Јас сум забележал дека тоа е -3 часа од нашата временска зона. Мислам дека има решение за надминување на овој проблем со користење на UTC време. Ќе се обидам кога ќе имам повеќе време да го средам тоа.
  • Втората причина е т.н. кеширање. Кое може да биде на серверска страна и на клиентска страна. На клиентска страна, т.е. кај тебе, тоа го решеваш со рефреширање на страницата во твојот веб прелистувач. Ако тоа не функционира, тогаш се работи за кеширањето на серверска страна, имаше една функција најдолу на повеќето портали (пример Портал:Уметност) чија намена е да се заобиколи кеширањето на серверска страна и да се натера серверот да ја прочита директно базата, може таа функција да се инкорпорира на главната страница и најверојатно ќе го реши проблемот. Ќе се обидам и тоа да го направам.
Што се однесува до рубриката дали сте знаеле на А1 ТВ, мислам дека можеме да ги користиме тие податоци без проблем само сепак ќе треба да го скратиме текстот максимално што можеме. Бидејќи колку што забележав они имаат подолг текст кој што фактички го опишува настанот поопширно но сепак концизно, нам на википедија ни требаат само клучните зборови а потоа си имаме линкови кон соодветни статии. Така да твојата работа ќе биде уникатна/оригинална и нема да значи кршење на нечии авторски права.
Јас мислам дека пред се како резултат на твојата работа наскоро mk.wikipedia ќе има плус 1.000 нови страници доколку ги обработиме сите 365 дена во годината. Е сега во excel табелата ако го средуваш вики форматирањето може да биде проблем, бидејќи е отежната навигацијата во полето кое се едитира. Можеби ќе помогне ако во обичен notepad го средиш викиформатирањето, а после само да направиш cut/paste. Или можеби може во обична текст датотека да оди комплетното средување на податоците и тоа во следниот формат:


ДЕН|МЕСЕЦ|ГОДИНА|ТИП|ВИКИ ФОРМАТ
30|јуни|1963|Ингви Малмстин, шведски гитарист, композитор и еден од пионерите на жанрот на нео-класичниот метал.
30|јуни|1963|Мајк Тајсон, американски боксер.
.....
После оваа датотека лесно може да с евчита во excel или во било која база. Види како ти е полесно тебе.--brest 09:34, 28 јуни 2007 (UTC)

Всушност јас си имам еден уште полесен начин - во некоја непостоечка статија на Википедија (каде викиформатирањето не е проблем), а потоа copy/paste. И потоа не зачувувам. Како и да е, има доста работа. Само уште во врска со кратењето: кај родените и починатите, да го следам досегашниот принцип - Мајк Тајсон, американски боксер или пак да изгледа нешто вака - Мајк Тајсон, американски боксер, најмладиот светски шампион во тешка категорија; се смета за еден од најголемите и најконтроверзните боксери во историјата.--Виктор Јованоски 09:44, 28 јуни 2007 (UTC)

Според мене подобар е постоечкиот начин, скратено. За тоа што сега нема доволно текст во статијата причина е што ги немаме обработено сите можни настани, но со тек на време нивниот број ќе се зголемува така да тогаш ќе имаме проблем со должината на оваа секција па ќе треба да кратиме. Тоа може да се случи ралативно брзо. Од друга страна доволно е само да побудиме интерес кај читателите и да ги натераме да кликнат на линковите за да видат што се крие зад нив (а ако веднаш им кажеме за што се работи веројатноста да кликнат на линковите се намалува) а кога ќе појдат на соодветната статија ќе имаат можност да прочитаат многу повеќе информации за дадениот настан или можеби ќе имаат желба да направат некое уредување, што ни оди во прилог нам википедијанците.--brest 09:54, 28 јуни 2007 (UTC)
Брест, која е твојата e-mail адреса? Или да ти пратам на истата од каде што ти ми прати? --Виктор Јованоски 23:34, 28 јуни 2007 (UTC)
Само направи replay на мојот последен email.--brest 05:53, 29 јуни 2007 (UTC)

Брест провери си го mail-от. --Виктор Јованоски 10:22, 29 јуни 2007 (UTC)