Разговор со корисник:Brest/Архива/2008/август/22
brest | T |
архива на разговори (1,26M+) | |
тековни | |
2012/13 (67.6k) | |
2012.01.01 - 2013.12.30 | 67.6k |
2010/11 (205k) | |
2010.10.31 - 2011.12.30 | 30k |
2010.08.05 - 2010.10.31 | 58k |
2010.04.25 - 2010.08.05 | 74k |
2009.12.31 - 2010.04.25 | 43k |
2009 (318k) | |
2009.09.22 - 2009.12.31 | 32k |
2009.04.30 - 2009.09.22 | 44k |
2009.02.28 - 2009.04.30 | 58k |
2009.01.31 - 2009.02.28 | 129k |
2008.12.31 - 2009.01.31 | 55k |
2008 (460k) | |
2008.10.06 - 2008.12.31 | 76k |
2008.08.22 - 2008.10.06 | 63k |
2008.05.21 - 2008.08.22 | 63k |
2008.04.21 - 2008.05.20 | 46k |
2008.03.21 - 2008.04.20 | 50k |
2008.03.03 - 2008.03.21 | 50k |
2008.02.24 - 2008.03.03 | 39k |
2008.01.22 - 2008.02.24 | 34k |
2007.10.08 - 2008.01.22 | 39k |
2007 (209k) | |
2007.09.01 - 2007.10.08 | 56k |
2007.07.12 - 2007.09.01 | 39k |
2007.06.25 - 2007.07.12 | 32k |
2006.04.17 - 2007.06.25 | 82k |
ВикиПроект Јазик
[уреди извор]Јас направив нов изглед за проектот базирајќи се на рускиот. Погледни го тука и кажи што мислиш ако е добар да го смениме стариот. Поздрав!--MacedonianBoy 11:12, 19 мај 2008 (UTC)
- ОК, не е лошо, иако е потешко за одржување. Секцијата добро уредена статија, не би требало да биде во ВикиПроектот, бидејќи има избор на добро уредена статија на порталот. Слично и за делот за македонска транслитерација. Значи треба да се разграничи проектот од порталот. Со проектот постигнуваме подобра координиција на учесниците и нивните активности. Порталот фактички ни е главна страница за темата која ја обработуваме. Се најдобро.--brest 22:05, 19 мај 2008 (UTC)
- Всушност тој дел го ставив за да се земе како пример една статија и како таа треба да изгледа. Слично најдов на англискиот проект и мислам има доста корист од него. А за транслитерацијата нека седи бидејќи таа секција се однесува за писма транслитерација и слично па поради тоа базична потреба е да се има таков дел. Мое мислење е сепак ама тоа го увидов од рускиот проект и стварно е добар. поздрав --MacedonianBoy 22:09, 19 мај 2008 (UTC)
- Добро. Можеби доволен е само линк до статијата која служи како урнек за уредување на останатите статии. Очекувам од Вас да дадете најголем допринос во овој проект, впрочем како и до сега што беше.--brest 22:13, 19 мај 2008 (UTC)
- За секцијата ќе се договориме и ќе најдеме заеднички јазик, а додека ја порталот и проектот не се грижи за џабе не го праевме, впрочем и на македонската и на англиската Википедија само статии за лингвистика и јазици правам плус по некои промени поврзани за Македонија. --MacedonianBoy 22:16, 19 мај 2008 (UTC)
Заклучување на страната Баба Ванѓа
[уреди извор]Ќе може да ја заклучиш страната Баба Ванѓа? Страната беше заклучена од страна на гитардемон јас побарав да ја отклучи ама заборави он повторно да ја заклучи. Ако можеш да ја заклучиш пак ОК, затоа што ја менуваат бугарите а при тоа се губи неутралноста на статијата. Поздрав --MacedonianBoy 21:57, 19 мај 2008 (UTC)
- Да видиме можеби е подобро да блокираме некого, или делумно да ја заштитиме?
- Па незнам ти си знаеш. Како е најдобро така направи само нека престанат балгарине да вандализираат. Поздрав--MacedonianBoy 22:07, 19 мај 2008 (UTC)
- Izvinete za latinicata najprvo! A vtoro, ne zaboraviv da ja zaklucham tuku ednostavno smetam deka nema potreba, bidekji bea prezemeni merki protiv urednicite, koi vekje ednash bea predupredeni. Zatoa, mislam deka kje im dojde pametot, ne mozheme samo da gi zakluchuvame statiite. Ako imaat argumenti deka se vo pravo, nema problem, no ne davaat argumenti tuku pishuvaat navredlivi komentari - shto rezultira so blokiranje ili eventualno baniranje.
Преводи
[уреди извор]Крајно време е да ја средиме администрацијата на Википедија, односно сите оние policies и guidelines. Ги пишувам на англиски бидејќи досега официјално не сме се договориле како ќе ги преведуваме. Како за почеток, барам мислење за соодветни македонски изрази. Досегашните преводи од разни корисници (како и моите размислувања) се следниве:
- 1. За policies
- политики (мислам дека е многу несоодветно)
- правила (Википедија нема правила)
- начела (мислам дека е најсоодветно, а верувам и дека ќе се сложи секој што добро ја познава суштината на Wikipedia's policies)
- Сепак, начело не секогаш е соодветно. На пример, како би го превеле Wikipedia's image policy?
- 2. За guidelines
- напатствија (мислам дека е најсоодветно)
- упатства (мислам дека тоа е повеќе како на лекови, играчки и слично (instruction manual); напатствието само ви дава курс)
- прирачници (така го имаат преведено на српската Википедија, ама прирачник е manual, односно повеќе како за автомобили, пушки и слично)
- водичи (исто така мислам дека е многу несоодветно и мислам дека е јасно зошто).
Сите предлози и размислувања се добредојдени, само те молам изнеси ги на мојата страница за разговор, бидејќи прашав повеќе корисници. --iNkubusse A? 10:45, 25 мај 2008 (UTC)
Мала промена на главната страна
[уреди извор]Здраво Брест, би те замолил да направиш мала измена на главната страна: каде што се наведени сите големи категории, веднаш под „Добредојдовте на википедија на..“ , во КУЛТУРА И УМЕТНОСТ -> филм, да ја промениш врската од Категорија:Филм во Портал:Филм. Фала однапред. --Brainmachinewtf? 11:56, 25 мај 2008 (UTC)
- Средено.--brest 15:13, 28 мај 2008 (UTC)
Deletereason-dropdown
[уреди извор]Во Deletereason-dropdown направив неколку поправки и додадов една причина (Страница создадена по грешка). Не ли мислиш дека е потребна плус уште една, Лош наслов или Грешен наслов? Ако се согласуваш, мислам дека лош би било подобро, бидејќи е поопшто. --iNkubusse A? 01:21, 27 мај 2008 (UTC)
- Јас размислувам за Несоодветен наслов.--brest 15:16, 28 мај 2008 (UTC)
Емоција
[уреди извор]Види ова. Поздрав, 58.166.222.12 04:37, 30 мај 2008 (UTC)
Вандализам & Блокирање
[уреди извор]Вандал 213.151.217.142
[уреди извор]Те молам да го блокираш коњов со IP адреса 213.151.217.142. Грк е и почна да шири некоја грчка пропаганда и навреди кон македонскиот народ. Види тука [[1]]Поздрав --MacedonianBoy 10:04, 30 мај 2008 (UTC)
Вандал, 82.146.18.29
[уреди извор]82.146.18.29 вандализира и го прекрши правото 3RR! Те молам превземи мерки! --MacedonianBoy 18:27, 12 јули 2008 (UTC)
- Малку бе! На англиската ме блокираја мене 90 часа за ова 3РР! Поздрав --MacedonianBoy 18:32, 12 јули 2008 (UTC)
- ај не цепи влакна, првпат му е.--brest 18:34, 12 јули 2008 (UTC)
- Е ај не цепам ама да не му биде и последен блок и првиот пат највеќе боли!--MacedonianBoy 18:35, 12 јули 2008 (UTC)
- Овој да не е истиот што пред некој ден ја вандализираше Пиринска Македонија?--brest 18:37, 12 јули 2008 (UTC)
- И јас мислев ама не е тој! Му дошло памет на татарот! Поз --MacedonianBoy 18:39, 12 јули 2008 (UTC)
- Па како не! Тешка работа се татариве жими се! --MacedonianBoy 18:59, 12 јули 2008 (UTC)
- Еј друже, ај уште еден блок, ако не те мрзи на Корисник:Jingiby!!! Очигледно намерно ја ревертира страната. И плус тоа познат антимакедонец е на анг. вики. Позз --Raso mk 19:10, 12 јули 2008 (UTC)
Вандал, 84.1.240.186
[уреди извор]84.1.240.186 вандализираше на статијата Пиринска Македонија. Те молам блокирај го за да не може да вандализира. поздрав --MacedonianBoy 14:20, 7 јули 2008 (UTC)
Здраво и блок
[уреди извор]Сељаков пак се врати на македонскава. [2] види и блокирај го зошто вреѓа. и види му ја страната негова одвратна--MacedonianBoy 18:44, 16 јули 2008 (UTC)
Блок 1
[уреди извор]Здраво! Би те замолил да го видиш копињов шо ми правел на моја страна и блокирај го за стално! Вандализам на корисничка страна е доволна причина да биде блокиран за стално. Те молам види [3] и блокирај го. Не можам сега и од него да се вардам и да се расправам со малоумни луѓе! Поздрав и има уште други коментари што ги оставал он --MacedonianBoy 11:46, 5 јуни 2008 (UTC)
- Блокиран е.--brest 11:48, 5 јуни 2008 (UTC)
- ОК, поздрав--MacedonianBoy 11:54, 5 јуни 2008 (UTC)
Bot block, MelancholieBot
[уреди извор]See Разговор со корисник:MelancholieBot, thanks. --- Greetings, Melancholie 17:01, 12 јуни 2008 (UTC)
- ok, your bot account is unblocked, sorry, just a rules. --- cheers brest 17:53, 12 јуни 2008 (UTC)
Where could I request the bot flag?
[уреди извор]I just found the block info in SUL, where could I request the flag?--Alexsh 12:45, 14 јуни 2008 (UTC)
D6 category bot
[уреди извор]Само да те известам, D6 category bot јас го замолив да ни помогне со категориите за родени и починати, тука. Му кажав кај се бараат одобрувања, му го посочив и Милош, и му реков дека нема да има проблеми. Те известувам за да не настане некоја збунка. --iNkubusse A? 19:50, 15 јуни 2008 (UTC)
Блокирање за пропаганда
[уреди извор]Здраво! Имам едно принципно прашање за причините за блокирањето на корисник Подпоручикъ - "антимакедонска пропаганда: + бугарска пропаганда". Се согласувам дека не само може, но и треба да се блокира секоj корисник за "ниско ниво на култура во комуникацијата со другите уредувачи" [4], [5], [6], но искрено кажано не можам да разберам каква е дефинициjата на другата причина - пропаганда. Знаеме дека МК или било коjа Википедија не е некаква државна или национална институција, а слободен проект, во коj би требало да има општи правила. Затоа си мислам дека, ако се блокираат корисниците за "антимакедонска" или бугарска пропаганда, треба да се блокираат и за "македонска" и антибугарска пропаганда, а зошто не и за антиалбанска и така натаму. Дали има некое правило за пропагандите? Ве молам да не ме разберете погрешно - jас не сакам да да се карам, да ве провоцирам вас или некоj друг, напротив - би сакал никоj да не навредува други уредувачи или народи. Само се прашам, ако се блокираат корисниците заради нејасни (барем според мене) причини како "пропаганда" - секоjа моја редакција, покраj сите мои аргументи или извори, ако не е во синхрон со некаква неjасно дефинисана линиjа, може да биде обjавена за пропаганда и да бидам блокиран. Поздрав,--Иван 21:15, 20 август 2008 (UTC)
- Не сакам да се мешам во администраторки политики, но сметам дека корисникот кој е блокиран до сега не направил никаков придонес на македонската википедија (освен отварање на расправи) и корисниците кои се само опоменати, а имаат само неколку „стотици“ напишани статии. Сите се еднакви на вики, но сепак има и колатерална штета (официјализирана и дефинирана со закон). Позз и тие дискусии се веќе сатворени--Raso mk 21:26, 20 август 2008 (UTC)
Тука не сакам никако да ги споредувам корисниците, нити да ги намалувам заслугите за Википедиjа на некоj од нив. Прашам нешто принципно и конкретното блокирање/предупредување е само повод.--Иван 21:35, 20 август 2008 (UTC)
- Не сум сигурен, но мислам дека Спири му објасни на другарот Подпоручник на бг вики.--Raso mk 21:46, 20 август 2008 (UTC)
Во право си - Спири му објасни, но само за навредите. Jас не прашам за нив.--Иван 21:58, 20 август 2008 (UTC)
- ....и + што можат да донесат истите.--Raso mk 22:03, 20 август 2008 (UTC)
- Секое уредување кое е под минималното културно ниво ќе биде санкционирано. Што се однесува до причините за блокирање, во случајот антимакедонска пропаганда: + бугарска пропаганда, повеќе од јасно е дека односниот корисник се служи со јазик кој го негира постоењето на македонската нација, јазик и култура за сметка на ширење на бугарска пропаганда. Или разгорува непријателски страсти и шири омраза. Ве уверувам дека имало случаи на блокирање на корисници кои настапувале од позиции на македонска пропаганда, српска, грчка и сл. како и од позиции на соодветна антипропаганда, има и сигурно ќе има таквии случаи и во иднина. Впрочем погледнете го дневникот на блокирања и ќе видите дека тоа е точно. Доколку сметате дека некој вам ве навредува на оваа основа слободно обратете се и ќе ја добиете мојата подршка.--brest 22:29, 20 август 2008 (UTC)
Разбрав на што мислите. Сѐ уште се плашам од можноста за еветнуална идна злоупотреба со етикетата пропаганда (се разбира не од вас), но времето ќе покаже. Благодарам, --Иван 22:38, 20 август 2008 (UTC)
Имаме кандидат(и) за бришење, но потребна е консултација, па за да не се повторувам, те морам погледни го досегашниот разговор кај мене. --iNkubusse A? 15:02, 2 јуни 2008 (UTC)
Администрација, категории
[уреди извор]Ок, мислам дека сега може да го погледнеш ова.
- Во ред е до сега, има уште доста работа.--brest 19:44, 7 јуни 2008 (UTC)
Прашање
[уреди извор]Вака сега. Јас разгледував повеќе статии на повеќе словенски јазици за т.н. Прабугарски јазик и никаде не се вика јазикот прабугарски освен на бугарската википедија. Јас предложив да се смени статијата во Болгарски или пак Булгарски јазик бидејќи така се нарекува јазикот од скоро сите словенски јазици освен од нашиот источен сосед. Молам за твое мислење. Поздрав --MacedonianBoy 19:50, 7 јуни 2008 (UTC)
Транскрипција на кинескиот јазик
[уреди извор]Изработив сеопфатна статија за транскрипција на кинескиот јазик во македонски. Базирана е на српскиот систем изработен пред некоја година на Филолошкиот факултет во Белград, но со некои неопходни македонски прилагодувања. Тој систем на транскцрипција се користи и кај нас, како што може да се види од транскрибнирањето на кинеските имиња низ изминатите декади. Патем, латиничните букви на пин-јинот се прилично различни од нивното читање - на пр. zh=ч и тн. Тоа е затоа што него го правеле кинези. Вејд-Џајлс од друга страна е правен од англичани, па затоа е многу поблизок до употребата на латиничните букви во европските јазици. Македонската транскрипција ги употребува и двата, како што може да се види од статијата. Поздрав и се надевам дека овој водич ќе ви послужи и вам, колку што ми служи и на мене. --Б. Јанкулоскиразговор 23:07, 11 јуни 2008 (UTC)
- Одлично сработено. Кинезите повеќе го користат пин-јин (они го направиле :D) иако за нас европјаните е поадекватен Вејд-Џајлс. Но во секој случај статијата Македонска транскрипција на кинескиот јазик ќе биде од голема помош за уредувачите. Малку насловот на статијата не ми се допаѓа, некако премногу амбициозно делува, комплетна транскрипција на кинескиот јазик, можеби подобро би било да ставиме транскрипција на кинеските имиња. Не дека не може и како што е, ама премногу е амбициозно.--brest 09:23, 12 јуни 2008 (UTC)
Admin baraj
[уреди извор]Те молам, ќе можеш ли да се справиш со Корисник:Admin baraj? Види и Википедија:Барања за администраторски статус/Admin baraj. Нешто лошо разбрал корисникот, ми прави некои проблеми, а и од анонимна IP направи неколку уредувања. Не е злонамерен, ама нешто побркал. :) --iNkubusse A? 17:35, 13 јуни 2008 (UTC)
- ок. легитимно право е на корисникот да поднесе барање за администраторски статус, ми се допаѓа неговиот елан за работа иако повеќе личи на желба за самопромоција и користење на википедија за лансирање на своето оригинално дело. мислам дека самиот ќе испари за неколку дена од википедија ако продолжи на истиот начин, но којзнае може и да изненади.--brest 19:56, 13 јуни 2008 (UTC)
- здраво јас сум тој за кој зборувате! Навистина сум зезнал со барањето. Лошо сум прочитал а, и добро размислив: СЕ ОДЛУЧУВАМ ДЕКА НЕМАМ ПОТРЕБА ОД АДМИНИСТРАТОРСКИ СТАТУС... Filip 12:48, 14 јуни 2008 (UTC)
- ок, вашите придонеси на википедија на македонски јазик се ценети и добредојдени, верувам дека има голем скриен потенцијал во вашата желба да се стекнете со администраторски статус и се восхитувам на вашите напори да се запознаете со принципите на википедија.--brest 13:15, 14 јуни 2008 (UTC)
За Евтини приказни
[уреди извор]Хехе, точно се сеќавам, имаше шаблонче дека статијата била избрана демек, а ти го отстрани и во 'опис' напиша нешто од типот не се сеќавам дека оваа статија беше избрана, значи некој сам си ставил {{избрана}} на крајот и сменил во архивата. Барем така претпоставувам. Не можам да ја видам историјата за да ти покажам, бидејќи тогаш статијата беше именувана како Eфтини приказни, а таа страница е избришана (не знам како се гледа историја на избришана страница). Има многу, многу голема разлика помеѓу таа статија и она што таа е денес, јас не знам како е можело тоа да биде избрано. --Brainmachinewtf? 18:44, 13 јуни 2008 (UTC)
- Факт е дека статијата била избрана т.е. била на главната страница во секцијата на одбрани стаии, а не демек била избрана. Колку што можам да видам во историјата на страницата јас го немам отстрането шаблонот одбрана од страницата како што вие точно се сеќавате. Шаблонот се губи точно на 22 април 2008 година кога Brainmachine, т.е. вие, ја пренасочува Ефтини приказни во Евтини приказни. Според мое видување неспорно е дека квалитетот на актуелната верзија на статијата е далеку подобар од онаа верзија на статијата во моментот кога била избрана, благодарение пред се на уредувањата кои вие ги имате направено, но факт е дека тогаш била на главната страница како избрана статија. Јас не ја гледам причината за вашиот остар тон на разговор со мене и кога би бил на ваше место би побарал извинување.--brest 19:52, 13 јуни 2008 (UTC)
- Простете, мојата намера не беше да Ве навредам на било кој начин. Се извинувам за било какви непријатности. Пред сѐ, Ве молам да запаметите дека моите намери се добри и не планирам да правам никакви проблеми, туку само сакам да придонесам за работите кои ги сакам на мојот мајчин јазик. Работиме на истата екипа, заедно и нема потреба за недоразбирања. Се извинувам за мојот остар тон, иако можеби така Ви звучи, мојата порака беше добронамерна и ниту најмалку злокобна, остра или непријателска кон Ваша страна. Така јас само нормално се обраќам, сакам да звучам пријателски и слободно на некој начин кон сите корисници, а од сега прекинувам со таквиот начин на комуникација на Википедија, гледајќи дека создава недоразбирања, и почнувам да се обраќам на поформален тон. Можеби тоа е мој личен недостаток. Инаку за целата работа, се извинувам што Ви се обратив користејќи сеќавања и претпоставки, а не докази. Лично бев убеден дека Вие го отстранивте шаблонот во најдобра намера, како резултат на некоја настаната грешка и јас (исто така во најдобра намера) се обидев да Ве потсетам дека статијата, всушност, не била избрана. Бидејќи моето сеќавање за настанот не можам да го докажам на ниеден начин, логично би било дека не сум во право и се извинувам. Сега веќе не ми е важно дали статијата ќе биде избрана или не. Се извинувам и поради фактот што сум млад, импулсивен, незрел и неискусен (по втор пат) и работам пред најпрвин да размислам за моите постапки. Но, сето ова само ќе ми биде мотивација да докажам дека знам да бидам и поразличен од горенаведените негативни епитети и се надевам дека енергијата што ќе ја потрошам за да го докажам тоа ќе биде потрошена во конструктивност и објективност во оваа наша заедница. Поздрав, и уште еднаш, извинете. --Brainmachinewtf? 22:01, 13 јуни 2008 (UTC)
- ок, верувам дека можете и знаете да бидете подобри, се надевам дека статијата и овој пат ќе биде избрана. --brest 10:58, 14 јуни 2008 (UTC)
Бришени статии
[уреди извор]Здраво Брест. Гледам дека ги имаш бришено статиите Transwiki:Farmakoepidemiologija и Farmakoinformativni centri. Дали беше бидејќи беа "transwiki" или не беа во кирилица? Мислам дека освен тоа се добри статии, и јас имам програма која можи да го „кирилизира“ текстот. Погледни кај корисник:Balkanec/песочница; ако нема проблеми сакам да ги направам статиите (после малце уредување). Поздрав. Балканец What man, what? 10:08, 20 јуни 2008 (UTC)
- Посочените страници не беа пишувани со македонска кирилица, текстот не беше викиформатиран и најверојатно содржината не беше енциклопедиска. Доколку може да ги исправите овие неправилности (како што гледам тука имате делумно исправени некои неправилности) за да ги задоволат минималните критериуми тогаш вашиот труд е добредојден. Доколку ви требаат информации за помош во уредувањето тогаш погледнете ги соодветните страници за помош.--brest 10:27, 20 јуни 2008 (UTC)
- Добро, кога имам време ќе уредувам малце по малце, за да изгледа како енциклопедиска статија. Фала. Балканец What man, what? 11:31, 20 јуни 2008 (UTC)
За категориите родени/починати
[уреди извор]Здраво, само да прашам за категориите кои ги правите родени/починати на тој и тој датум, претпоставувам дека автоматски се ставаат биографии во нив. Ме интересира како се прави тоа, за да знам да им додавам ако треба на биографиите, претпоставувам преку некој од шаблоните се врши? --Brainmachinewtf? 11:02, 3 јули 2008 (UTC)
- Поздрав, се користат шаблоните {{Роден на}} и {{Починат на}}, т.е. {{Роден во}} и {{Починат во}}, јас сега ги средувам надкатегориите и по некоја биографија која случајно ќе ми дојде до рака.--brest 11:05, 3 јули 2008 (UTC)
ha ha ha сакам да те прашам зошто си ставил прашалник кај СР Хрватска? --MacedonianBoy 10:56, 5 јули 2008 (UTC)
- Не сум баш на чисто дека хрватскиот беше официјален, мислам дека се работи за српскохрватски јазик, барем во еден период. Исто така треба да обрнеме внимание на разликите во термините официјален јазик и службен јазик. Ова важи за сите републики од СФРЈ.--brest 11:01, 5 јули 2008 (UTC)
- ОК, и јас сум убеден дека не постои јазик наречен Хрватски јазик, ама ајде на википедија е прифатен. Инаку треба да пишеме српски јазик, бидејќи искрено не правам голема разлика помеѓу хрватски и српски јазик (освен неколку германски збора што ги користат хрватите). Поз--MacedonianBoy 11:03, 5 јули 2008 (UTC)
- Не мислев на тоа. Денес е јасно дека хрватите сакаат да го диференцираат хрватскиот хазик од српскиот јазик, како и тоа дека србите сакаат да го диференцираат српскиот јазик од хрватскиот. Т.е. и двата народи сакаат нивните јазици да ги диференцираат од српскохрватскиот јазик. Но во СФРЈ во еден период не постоеја два јазика, постоеше термин српскохрватски јазик кој имаше за цел да ги унифицира овие два јазика и да прерасне во единствен јазик во СФРЈ, што и де факто беше пример со ЈНА.--brest 11:09, 5 јули 2008 (UTC)
- Да, така е. --MacedonianBoy 11:19, 5 јули 2008 (UTC)
- Значи се сложуваш во статијата за СРХ да стои официјален јазик српскохрватски а не хрватски?--brest 11:29, 5 јули 2008 (UTC)
- ОК, така од прво планирав. Нека седи српскохрватски. --MacedonianBoy 11:30, 5 јули 2008 (UTC)
- ОК, сега седи хрватски треба да го смениме да седи српскохрватски.--brest 11:41, 5 јули 2008 (UTC)
НР Македонија
[уреди извор]Вака, јас имам еден предлог. Бидејќи ниту на англиската Вики нема статија за народни републики туку се пренасочени кон социјалистички, па можеме ние НР Македонија и останатите да го пренасочиме кон СР Македонија и така натака. Што мислиш? Поз --MacedonianBoy 11:19, 5 јули 2008 (UTC)
- Мислам дека англиската википедија не може да ни биде за се репер. Секоја чест на англиската ама за некои работи е bull sheet, да не ги набројувам сега тука кои се работи а ги има многу.--brest 11:23, 5 јули 2008 (UTC)
- Не ок знам тоа, по срање нема од неа полна е со пропаганди, ама мислам тој потег што го преедложив е ок бидејќи горе долу статиите ќе бидат идентични. Поз.--MacedonianBoy 11:28, 5 јули 2008 (UTC)
- Со оглед на тоа што сега за сега немаме ништо за НРМ, интуитивно би било да се пренасочи кон СРМ, како претходно што НРМ и СРМ пренасочуваа кон РМ, ама еве сега имаме нешто за СРМ. Си стојам на ставот НРМ да биде посебна статија, бидејќи не се работи само за замена на Н со С, туку на некој начин за промена на политичкиот систем и клучна пресвртница за Македонија, имено периодот на промена од НРМ во СРМ е близок до периодот во кој Ченто е тргнат од политичката сцена, има судир со Информбирото и имаме промена на економскиот систем во самоуправување, со што значително се менува ликот на Македонија (онаа што била во НРМ и онаа што подоцна ќе стане СРМ). За информација исто така имаше и ДФМ (Демократска Федеративна Македонија) пред НРМ.--brest 11:41, 5 јули 2008 (UTC)
- ОК, знам дека има ДР Македонија. Сега за сега нека биде така.--MacedonianBoy 12:13, 5 јули 2008 (UTC)
Важно
[уреди извор]Ве повикувам на прочитате една дискусија, се надевам дека ќе се вклучите. Дискусијата е овде. Поздрав, Brainmachinewtf? 11:29, 10 јули 2008 (UTC)
Ако може малку да ми објасниш нешто???
[уреди извор]Вака јас сум нов член и незнам многу за Википедија но сакам да знам се повеќе се надоградувам и учам па ќе видиме до кај ќе стигнам. Александар Милоески ми е од голема помош тој се ми кажува што не ми е јасно но сепак сега ти се обраќам тебе бидејќи мислам ти можеш да ми помогнеш. Знам дека сум нов и далеку од искусен корисник но сепак сакав да те прашам дали некој ја прати работата на неискусните членови како мене. Мислам дека Александар ја прати ама тоа е поради тоа што највеќе го прашував него за некои работи па сега тој почна да прати но зборот ми е тие ордени или награди што некои корисници ги доделуваат ги доделуваат на кој сакаат и го познаваат, а бидејќи Александар не верува во такви работи во што го подржувам не доделува. Немој да мислиш дека барам да ми доделиш нешто такво далеку од тоа само сакам да знам дали некој постои кој надгледува што работат корисници како мене. Моментално немам придонесено ништо важно за Википедија. Највеќе пишувам за серии бидејќи тие статии не се толку читани и на нив се вежбам. Само сакам да погледнеш некои работи па одговори ми. Вовед во анатомија статија која ја имам изработено сам. Беше почната кога почнав да ја изработувам но јас ја сменив целосно. Исто така сите статии поврзани со ликовите од оваа серија ги направив сам. Волшебнички (ТВ серија) е исто така статија која ја направив сам и тоа многу голема. Овие две статии и статиите поврзани со Вовед во анатомија ги направив сам. И повторно ништо не добив а некој корисник ја има направено Изгубени статијата и проверив има добиено награда. Повторно ќе кажам несакам да ме наградиш со нешто бидејќи не ми е потребна некоја мала слика со текст за да знам дека работам тоа што можам и на добар начин. Значи само сакам да знам дали има некои што надгледуваат бидејќи нема многу неискусни корисници како мене да трпат вака повеќето би се откажале. Позз се надевам дека сум во право иако сум само обичен корисник. Извини ако ова е глупо но морам на некој да му се пожалам а знам дека ти си еден од најискусните. И пак неможам да кажам дека сите статии што ги отварам Александар ги прегледува викифицира до кај што може и граматички ги прегледува. --Макс(разговор) 11:15, 13 јули 2008 (UTC)
- Хм, ок, ќе се обидам да ви објаснам она што ме прашувате. Како прво многу е племенито од ваша страна што сте се нафатиле да дадете свој допринос на википедија во областа која вас ве интересира. Со самото тоа вие можете гордо да ја носите титулата активен википедијанец. Можете само да си замислите колку се полезни вашите уредувања за некој кој ја барал токму таа информација. Веројатно и вие сте се нашле во ситуација кога сте барале некој податок и сте го нашле благодарение на тоа што некој претходно се заангажирал да го направи достапен до сите. Да не зборуваме за тоа што значи вашиот ангажман пошироко за афирмација на македонската википедија и воопшто македонскиот јазик. Вие и многу други како вас секојдневно даваат значителен допринос кој секако не поминува незабележано од оние поискусните, впрочем секој од нас може да ја следи работата на било кој друг како во поглед на квалитет така и во поглед на квантитет. Вие веќе сте во понапредна фаза и далеку сте ја одминале фазата на почетник. Тоа може да се види пример од [7]. Признавам дека на македонската википедија и недостасува ангажман од страна на поискусните уредувачи во поглед на помагање на оние кои се во почетна фаза, експлицитно поттикнување и потврда на нивниот напредок во вештините за уредување на википедија, иако сите ние се трудиме сепак тоа да не остане незабележано. Јас лично и тоа како верувам во тоа дека доделувањето на т.н. ордени / награди се позитивна работа кои на еден специфичен начин покажуваат дека се оддава признание за дотогаш сработеното. Имам доделено повеќе таквии награди на другите корисници и планирам и во иднина да ги доделувам. Понекогаш овие т.н. ордени/награди си ги разменуваат и помалку искусните википедијанци меѓу себе и за банални работи, со што на некој начин се обезвреднуваат овие одличја. Сепак наградите доделени за сериозни уредувања на сериозни корисници од искусни википедијанци се со далеку поголема тежина и навистина вреди да ги поседуваш. Вие сте веќе член на семејството википедијанци и бидете сигурни дека вашиот труд ќе биде правилно вреднуван и ценет од останатите корисници и активни уредувачи. Доколку сметате дека некоја статија во која сте дале голем придонес во уредувањето заслужува да биде номинирана за избрана статија тогаш тоа може да го направите тука со што директно ќе ја изложите вашата работа на критика од другите википедијанци, што ќе ви помогне да ги подобрите вашите вештини.--brest 17:55, 13 јули 2008 (UTC)
- Фала многу за подршката не ми се верува дека бев во право фала уште еднаш фала многу многу. Се погоди јас затоа и станав челн бидејќи неможев да најдам тоа што ми треба па си помислив дека имам големо знаење во таа област и зошто не им помогнам на тие што се како мене фала уште еднаш. ФАЛА ФАЛА ФАЛА!!!!!! --Макс(разговор) 18:20, 13 јули 2008 (UTC)
Undelete
[уреди извор]Брест, врати го назад Шаблон:Срб, Виктор по грешка го избришал. Фала однапред. --Brainmachinewtf? 13:58, 15 јули 2008 (UTC)
- Вратено.--brest 14:13, 15 јули 2008 (UTC)
Некои слики
[уреди извор]Здраво Брест, би те замолил ако можеш да ги најдеш некаде и симнеш логоата за некои страници за Олимписките игри што сега ги уредувам. Ги брарам во commons, но не можам да ги најдам. А, на некои други страни ги има но не се добри. Поздрав. --Kiril Simeonovski 23:17, 16 јули 2008 (UTC)
МИФЦ
[уреди извор]Благодарам, Брест. И искрено изненаден сум што се согласија - зашто навистина имаат вложено многу труд во правењето на страницата. И токму поради тоа единственото нешто со што не се сложувам е шаблонот {{Текст од МИФЦ}} да оди на крајот на страницата (иако доколку навистина сметате дека треба да се премести може одново да почнеме преговори). А инаку, во право си - треба да се префрли разговорот (токму сега ќе го направам тоа) и треба (ако не ништо друго) да се направи прилагодување на текстот кој навистина звучи како се да е препишано од МИФЦ (што, сега за сега, и е сосема точно). Но, да не должам многу, сега ќе направам некои мали поправки, па ќе можеш да видиш како изгледа многу набрзо. Поздрав, --Виктор Јованоски 23:44, 16 јули 2008 (UTC)
Hi, I'm responding here
[уреди извор]Hi, Brest
Thanks for writing. I just saw your message today. I'm doing fine, thanks. I think the Macedonian language is really cool. The Obento Musubi 06:11, 9 август 2008 (UTC)
Здраво Брест
[уреди извор]Незнам колку си у тек со настаниве денес на Википедија, но имаме големи проблеми со т.н. корисници од Бугарија и тоа анонимни. Бидејќи не е работа само да се ревертираме и докажуваме, ќе те замолам да ја заклучиш статијата за Крушево од анонимни корисници а ако е можно заклучи ја статијата без сликата од училиштето и без едната реченица што е како опис за училиштетот. Поздрав --MacedonianBoy 22:58, 17 август 2008 (UTC)
- За оваа реченица: Во градот имало и централно егзархиско училиште коешто било главен културно-образовен центар за Крушево и околината.
- апдејт - Готово. --Brainmachinewtf? 23:24, 17 август 2008 (UTC)
- За оваа реченица: Во градот имало и централно егзархиско училиште коешто било главен културно-образовен центар за Крушево и околината.
Проблеми со авторските права за Слика:BMWPoiMap.jpg
[уреди извор]Ви благодариме за подигнувањето на Слика:BMWPoiMap.jpg. Меѓутоа, моментално недостигаат информации за статусот на авторските права врз неа. Википедија многу сериозно ги сфаќа авторските права. Доколку не се одреди лиценцата и изворот на сликата, можно е таа да биде избришана во краток временски рок. Ако ги знаете овие информации, можете да додадете ознака за лиценцата на страницата за опис на сликата.
Ако имате било какви прашања, слободно прашајте ги на Википедија:Прашања за авторски права. Ви благодариме за соработката. --Brainmachinewtf? 01:44, 18 август 2008 (UTC)
- Сликата е превземена од википедија на англиски јазик, која е поместена во соодвената статија. Би ве замолил да погледнете како се регулирани авторските права таму и соодветно да постапите на википедија на македонски јазик, со оглед на вашето поголемо искуство во врска со лиценцирањето на сликите. Благодарам. --brest 09:13, 18 август 2008 (UTC)
Predupreduvanje
[уреди извор]А кај виде дека јас сум пишувал на страната на Лерин?--MacedonianBoy 09:07, 20 август 2008 (UTC)
- Се извинувам, немате пишувано на страницата за разговор за статијата за Лерин, мој превид, ах тој cut paste. Но предупредувањето останува и важи за пишувањата на Разговор:Крушево#Училиште. Поздрав. --brest 12:54, 20 август 2008 (UTC)
- Ок, ама сепак оспровоцирани бевме.--MacedonianBoy 14:19, 20 август 2008 (UTC)
- Да бевте. --brest 14:35, 20 август 2008 (UTC)
- Ок, ама сепак оспровоцирани бевме.--MacedonianBoy 14:19, 20 август 2008 (UTC)
Астрофизика на Главна страница
[уреди извор]Здраво, Brest. Сакам само да те прашам, дали може да добијам твоја дозвола да го тргнам директниот линк на категоријата астрофизика од главната страница. И така категоријата е празна, а и не може да се направи соодветен портал, бидејќи станува збор за дел од физика и астрономија. Единствено можам да ти препорачам е да го замениме со астрологија што е поопширно, а има услови и за изработка на соодветен портал. Поздрав. --Кирил Симеоновскиразговор 20:55, 20 август 2008 (UTC)
- Поздрав, Кириле. Ќе го кажам своето мислење во врска со линкот кон астрофизика на главната страница. Мислам дека непотребно стои долго време овој линк, со оглед на тоа што во соодветната категорија нема ниту една статија. Доколку се креираат соодветни статии па дури и портал добро би било ваков директен линк да постои. Што се однесува до вашиот предлог истиот да се замени со астрологија, мислам дека не е во ред, бидејќи астрологијата не спаѓа во математички и природни науки. Евентуално би можело да се креира линк за астрологија во рубриката живот и забава. Што се однесува до прашањето за враќање на рубриката избран портал, мислам дека е можно, доколку се искористи приликата за расправа за редизајн на главната страница да се издејствува нејзино враќање. Но треба да се има во предвид дека на мк.википедија нема доволно капацитет за премногу избори (статија, слика, портал, дали сте знаеле, ...) само на главната страница а камоли на секој од порталите. Јас посакувам да се создаде за секој портал група на википедијанци кои би го подржувале активно тој портал, тогаш навистина ќе живне википедија. Сега по некоја случајност се внесуваат статиите или постоечките се ажурираат. Кога би имале тимови поврзани во проект околу секој портал тогаш тоа би било одлично. Со оглед на вашата упорност и желба да креирате што е можно повеќе портали, во што сте особено успешни, можам да ви кажам дека ја имате мојата подршка за враќање на рубриката избран портал на месецот на главната страница.--brest 22:09, 20 август 2008 (UTC)