Разговор со корисник:Brest/Архива/2009/февруари/28
brest | T |
архива на разговори (1,26M+) | |
тековни | |
2012/13 (67.6k) | |
2012.01.01 - 2013.12.30 | 67.6k |
2010/11 (205k) | |
2010.10.31 - 2011.12.30 | 30k |
2010.08.05 - 2010.10.31 | 58k |
2010.04.25 - 2010.08.05 | 74k |
2009.12.31 - 2010.04.25 | 43k |
2009 (318k) | |
2009.09.22 - 2009.12.31 | 32k |
2009.04.30 - 2009.09.22 | 44k |
2009.02.28 - 2009.04.30 | 58k |
2009.01.31 - 2009.02.28 | 129k |
2008.12.31 - 2009.01.31 | 55k |
2008 (460k) | |
2008.10.06 - 2008.12.31 | 76k |
2008.08.22 - 2008.10.06 | 63k |
2008.05.21 - 2008.08.22 | 63k |
2008.04.21 - 2008.05.20 | 46k |
2008.03.21 - 2008.04.20 | 50k |
2008.03.03 - 2008.03.21 | 50k |
2008.02.24 - 2008.03.03 | 39k |
2008.01.22 - 2008.02.24 | 34k |
2007.10.08 - 2008.01.22 | 39k |
2007 (209k) | |
2007.09.01 - 2007.10.08 | 56k |
2007.07.12 - 2007.09.01 | 39k |
2007.06.25 - 2007.07.12 | 32k |
2006.04.17 - 2007.06.25 | 82k |
Muro Bot
[уреди извор]Sorry for the inconveniences. I was looking for the place where I can ask for the bot status, but I didn't find it. Could you give me the link to the page, please? Muro de Aguas (разговор) 15:21, 1 февруари 2009 (UTC)
- Here you can ask for the bot status. Best regards. --brest (разговор) 15:25, 1 февруари 2009 (UTC)
- OK, thanks. I've just added my request now. Regards, Muro de Aguas (разговор) 16:12, 1 февруари 2009 (UTC)
Википедија:Вики средба
[уреди извор]Брест, може ли ВП:СРЕДБА да го оставиме како еден преглед до сите одржани вики средби, а не само од последната? Така е попрегледно за гледање - со една табела наведуваме која средба е по ред, каде и точно кога се одржала и каква била посетеноста. И плус може да ставиме секција за предлози за нови средби. Хм? --Brainmachinewtf? 23:53, 1 февруари 2009 (UTC)
- Можеби може Википедија:Вики средба/Содржина да се доработи за да биде малку поинформативна (место на одржување, точен датум, ....) а Википедија:Вики средба секогаш да се однесува на последната одржана вики средба, т.е. иницијатива за скоро закажана вики средба, така би било попрегледно. --brest (разговор) 09:20, 2 февруари 2009 (UTC)
За статиите
[уреди извор]Здраво, brest. Гледам дека иницијативата малку го крена ентузијазмот и се собраа околу 15 статии во листата. До крајот на неделата сигурно ќе има над 25, а можебио и над 30, бидејќи гледам дека има многу статии ккои се прошируваат. Јас ги преведов астрономските објекти од 1 до 200, па мислам дека треба да ги пуштиш со ботот, па да видиме каков ефект ќе има. Но, сепак мислам дека колоната за Depth дава шпекулаторски бројки и не е точна, а во тоа се посомневав заедно со FlavrSavr. Во последниве неколку денови проширивме повеќе статии, отколку што уредивме нови, а Depthот сѐ уште не пораснал. Ако бараат многу повеќе уредувања за да порасне, тогаш тоа не е вистински показател, бидејќи има јазични изданија на кои мнофгу повеќе се обрнува внимание на разговорите и на уредувањето на корисничките страници, отколку работаата на статии. Во архивата со избрани статии го додадов опараметар, кој го покажува бројот на избрани статии на главната страница. Сега за сега има 128 статии. Но, сепак во архивата, некои статии се јавуваат во повеќе поделби и е потребно средување. Од овој долг разговор, не заборавај да ги пуштиш тие 200 статии. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:17, 5 февруари 2009 (UTC)
- Здраво Кирил. Одлично со иницијативата.
- Што се однесува до астрономските објекти, добро е што е преведено она што требаше, претпоставувам дека го забележа и коментарот на статијата Астр. објекти /1-100, за тоа како мислам дека е ок да се преведува. Е сега не мораш да продолжиш со преведување на останатите од 200-1000, бидејќи имам една идеја која може сето тоа значително да го забрза, бидејќи како што забележав добар дел од објектите се откриени од неколку места / локации и од неколку откривачи, така да тоа ми личи дека е работа за бот, само ми треба малку време да го средам тоа. Така да наскоро ќе пробам да додадам некоја статија со бот, а после тоа ќе видиме кои следни чекори ќе ги преземеме.
- Што се однесува до индикаторот Depth, тој се пресметува според следнава формула: Depth = ((Edits/Articles) × (Non-Articles/Articles) × (Stub-ratio)). Ако ја анализираш оваа формула можеш да заклучиш како може да се зголеми вредноста на овој индикатор, т.е. зошто се намалува.
- Што се однесува до архивата, претпоставувам дека мислиш на Портал:Избрана содржина, кога јас ја креирав оваа страница, одев по логиката дека една статија, пример Гоце Делчев, може да оди во секцијата Биографии, но и во Македонија/Револуционери, или некој град може да оди во секција Географија, но и во секција Македонија пример ако се работи за Прилеп. Во тој поглед мислам дека нема потреба од средување во смисла секоја статија да се јавува на оваа страница само еднаш, можеби треба средување во спротивна смисла, да се јавува во сите секции каде што има логика да се појави.
- И така на твојот долг коментар имаш моја долга реплика. Поздрав. --brest (разговор) 19:07, 5 февруари 2009 (UTC)
- Интересна е формулата, само дали во никулци се мисли на обележаните статии како никулци или постои критериум по должина изразена во килобајти (на пр. никулец е статија со содржина пократка од 10 килобајти)?--Kiril Simeonovski (разговор) 21:04, 5 февруари 2009 (UTC)
Во формулата се спомнува stub-ratio, што стриктно не се однесува на статии никулци. Иначе за никулец не се смета страница која е означена со некој шаблон за означување на никулци, туку според тоа дали задоволува некои минимални технички критериуми за да се вброи во статии, т.е. да има должина во бајти повеќе од минимално определената, да содржи внатрешни вики врски, да биде категоризирана, да има интервики врски и да биде во главниот именски простор. Обично никулци се т.н. кратки страници или страници без ниту една вики врска, а иронично, страниците кои најчесто уредувачите ги означуваат за никулци најчесто со ставање на шаблонот за никулец во техничка смисла го губат статусот на никулец / stub. А овој stub-ratio ги зема во предвид техничките никулци но и страниците и во другите именски простори. Иначе Depth индикаторот тешко дека може да се смета како доверлив индикатор за квалитетот на една википедија, бидејќи може многу лесно да се манипулира со параметрите од горната формула и вештачки да се подигнува неговата вредност. Види дискусија на мета за оваа проблематика.--brest (разговор) 07:11, 6 февруари 2009 (UTC)
Посебни статии за кандидатите за избрани статии
[уреди извор]Здраво, brest. Размислував и ми текна една идеја, која мислам дека може да се спроведе на Википедија на македонски јазик, со цел зголемување на Depth параметарот. Мислам дека нема да биде лошо сите предлози за избрана статија да бидат распоредени во посебни статии. Ќе го користиме шаблонот за правилата што е во годишниот преглед за номинации. Мислам дека моментната статија за кандидатури треба да остане, но во неа да бидат наведени другите статии за номинираните статии. Види како сето тоа е убаво средено на руската:ru:Википедия:Кандидаты в избранные статьи/Подольск. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:51, 5 февруари 2009 (UTC)
- Да, тоа ќе влијае на вредноста на Depth индикаторот, бидејќи ќе се создадат повеќе Non-Articles и ќе има повеќе уредувања (Edits), така да количниците Edits/Articles и Non-Articles/Articles ќе ја зголемат својата вредност, така да и нивниот производ ќе добие поголема вредност. Плус мислам дека тој начин е подобар за системот на кандидирање на избрана статија.
- Иначе еве и една друга идеја за зголемување на овој индикатор: ако си забележал на en.wiki за повеќето статии има отворено страница за разговор, некогаш оправдано, бидејќи некој имал потреба да дискутира ама во голем број случаи најчесто автоматски се додава некој шаблон во смисла на тоа дека таа и таа страница е дел од некој си проект ... (види en:Talk:13622_McArthur), истото се работи и на категориите, порталните страници и сл. Тоа во суштина на некој начин е вештачки зголемување на вредноста на Depth индикаторот. Но сепак е и корисна работа. Јас планирам кога ќе ги креирам никулците за астрономските објекти точно тоа да го правам, така да очекувам Depth индикаторот после тоа не да се намалува ами да се зголемува.--brest (разговор) 06:55, 6 февруари 2009 (UTC)
- А јас само што сакав да прашам дали разговорите ја намалуваат вредноста на Depth индикаторот. Значи не ја намалуваат, туку ја зголемуваат? И друго, а зошто неколку википедии имаат индикатор 0? И зошто тоа не им смета?
- Да, разговорите ја зголемуваат вредноста на индикаторот Depth, согласно формулата за пресмeтка, разговорите ја зголемуваат неговата вредност. Некои википедии имаат Depth индикатор со вредност нула затоа што веројатно неговата вредност е многу блиска до нула, т.е. еве еден хипотетички пример ако количникот Non-Articles/Articles, т.е. имаат многу голем број на статии (од редот на десетици илјади) а само неколку категории, страници за разговор и сл (од редот на неколку десетици па и стотици) би имале множење во формулата за пресметка со број кој е многу близок до нула, и така оваа википедија ќе има индикатор Depth = 0.
- Зошто на некои не им смета Depth = 0? Од сето ова што погоре е кажано, чисто има психолошко Depth индикаторот за оние кои се помалку упатени во начинот на неговата пресметка. Патем речено, до сега неколку пати формулата се менувала и најверојатно и во иднина ќе се менува. Јас мислам деа Depth не треба да се гледа стриктно како индикатор за квалитет туку повеќе како индикатор за степенот или фреквенцијата на менување на содржините на една википедија. Може да се замисли вакваа ситуација: се пушта бот кој во секоја можна страница ќе додаде на крајот едно празно место. А потоа истиот бот се пушта повторно и го брише празното место. Тоа би значело бројот на уредувањата да се зголеми за 2*бројот на статии, тогаш количникот Edits/Articles би ја зголемил својата вредност што претставува значително зголемување на Depth индикаторот а квалитетот воопшто не се променил. Слично, од исти причини и бројот на уредувања на некој корисник не го отсликува квалитетот на неговите уредувања.
- За ботот и ѕвездите, ќе биде и тоа, го имам во предвид.--brest (разговор) 09:38, 6 февруари 2009 (UTC)
- Ова последново со страниците за разговор е многу добро. Јас и имам направено шаблони за ставање на страниците за разговор. Ги има во ВикиПроектите и имам пракртика обиочно да ги ставам, но доколку тоа оди автоматски, тоа би било многу подобро. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:45, 6 февруари 2009 (UTC)
Новкорисник/добредојде
[уреди извор]Супер. Баш сакав за ова да те замолам. Мислам дека овие статии може многу да влијаат Depthот да порасне. Како се регистрира нов корисник,, така ботот да работи, а така е и на други јазични изданија. Само, сега не знам дали за објектите од 201 па понатаму да ги преведувам и откривачите и местата на откривање, бидејќи ти ми спомна дека ботот може тоа да го среди, бидејќи се повторуваат. Мислам дека ако се среди тоа, ќе се заштеди во време, а доколку останат некои непреведени, тоа сепак е многу помалку отколку сега. Инаку за уредувањето на тие статии, мислам дека треба да се водиме по бројот на статии во порталот 500 статии и да внимаваме на тоа, во секој момент тие да изнесуваат одлични 3% од бројот на нови статии во одреден период. Е, сега јас мислам да дојдеме до 30 статии во листата, па да пуштиме 1000, па кога ќе се покачи бројот уште за 30 (да дојде 60) нови 1000 и се така до крај. Мислам дека тоа би бил еден многу брз ритам, кој ни е потребен. Инаку со овие работи што сакаме да ги спроведеме, мислам дека сигурно, по бројот на активни уредувачи ќе бидеме најдобра и најнапредна Википедија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:09, 6 февруари 2009 (UTC)
- Сега за сега не преведувај ништо понатаму, евентуално види дали има некоја грешка, и прочитај разговор во 1-100, и ако не те мрзи среди ги согласно тој коментар, бидејќи тоа ќе ми треба за понатаму. А јас работам на средување на ботот за астроносмки објекти, ама претходно има низа други ботови кои треба да се пуштат. Прво да видиме дали Depth ќе се зголеми после уредувањата на корисниците. Поздрав. П.С. Види за шаблонот добредојде да има и англиски текст за немакедонските говорници.--brest (разговор) 13:53, 6 февруари 2009 (UTC)
Ознака за статија
[уреди извор]Здраво, brest. Штотуку го направив овој шаблон:{{ВикиПроект Астрономски објекти статија}}, кој мислам дека треба да го ставаме на статиите за разговор на астрономските објекти. Мислам дека нема да има проблеми ботот тоа да го среди кога ќе ги уредува статиите. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:11, 6 февруари 2009 (UTC)
Може да претставува проблем, тоа што статиите не се обележани со соодветни шаблони на страниците за разговор, но сепак мислам дека од сега ќе мора ваквите шаблони да се додаваат. Исто така мислам дека може ллесно со бот да се среди иницијативите коишто планирам да ги покренам да се додаваат на страниците за разговор на сите регистрирани корисници. Тоа мислам дека ќе го зголеми бројот на страници од другите именски простори. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:22, 6 февруари 2009 (UTC)
Порасна Depthот
[уреди извор]Здраво, brest. Штотуку видов дека Depthот ни пораснал на 27. Тоа е одлично и мислам дека се должи на работата на ботот со создавањето на нови статии од именскиот простор на кориснички страници со новите корисници. Јас мислам дека добро би било ботот ког би завршил со сите регистрирани корисници, а ми се јави и идеја да го зголемиме и бројот на уредувања. Тоа може лесно да се направи со ботот, ако моментно неколкуте иницијативи (5 (25.000 статии, квалитетни статии, градови во Македонија, 2009-година на астрономијата и 500 (избрани) статии)) ги додаваме една по една на страницата за разговор на секој корисник. Така може да дојдеме до над 42.000 уредувања, а Depth би пораснал над 35. Целта не ние само да порасне овој параметар, туку бројот на статиите. Мислам дека добро е Depthот да го одржуваме на 30, бидејќи и не е вистински параметар за успешноста. Сега може најпрвин да пуштиме околу 600 статии со ботот, но најпрвин кажи ми дали да ги преведувам целите листи, бидејќи ми спомна дека ботот може да ги среди имињата на откривачите и местата на откривање, бидејќи се повторуваат. Што мислиш за ова? Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:24, 7 февруари 2009 (UTC)
- Ќе расте уште. Само треба да се поработи сега на покреативна употреба на ботот. За иницијативите може да направиме да се информираат корисниците со бот, но само затворени групи, да се направи некој билтен кој ќе се пушти на некоја листа на корисници, листата на корисници можеш ти да ја креираш според некои критериуми, пример активност, одговорност и сл. Доколку сакаме да ги известиме сите корисници, тогаш за таа намена имаме SiteNotice. Иначе кога сме кај известувањата на корисниците, мислам дека додека работи ботот за преостанатите корисници кои сеуште не добиле добредојде, дека треба да го средиме овој шаблон да биде малку повеќе информативен во врска со иницијативите, бројот на статии, новости и слично, мислам дека на тој начин повеќе ќе бидат заинтригирани да дадат и некој свој придонес. Ако не тие тешко направи некои измени во шаблонот.
- Како што реков сега за сега не ги преведувај останатите листи, доста се тие 200 објекти за на почеток, како за тест, подоцна ќе видиме што ќе правиме.--brest (разговор) 13:00, 7 февруари 2009 (UTC)
- Сега порасна на 29. Тоа е добро, но мора да имаме во предвид дека кога ќе ги уредуваме статиите за астрономските објекти не може цело време да расте. Но, сепак и во таква ситуација имам решение. Мора да го зголемиме бројот на уредувања. Тоа е факт. Очевидно е дека за еден ден Depthот може да порасне за дури 5, бидејќи ботот има постојана работа со новорегистрираните корисници. Но, сепак при поголрм број на статии, именителот ќе биде поголем, па Depthот потешко ќе се зголемува, но сепак мислам дека треба да се ориентираме и на страниците за разговор. Јас веќе направив ознака за астрономските објекти, но сепак мислам дека, прво најдобро е страницата за разговор да биде уредена празна, а при второто уредување да се додаде ознаката дека е статија поврзана со астрономски објект. Таќа ќе направиме двојно уредување и двојно ќе се зголеми бројот на уредувања, па ќе биде м,ногу полесно да одржуваме висок Depth. Јас веќе имам пресметано, и мислам дека така би било најдобро. А, згора на тоа, треба да се уредуваат страниците за разговор и на другите статии, па и таму со формулата за двојно уредување ако почнеме ќе биде многу добро. Јас мислам дека така треба да се манипулира со Depthот. Кога ја знаеш формулата сѐ е лесно. Камо ли сега да имавме уште еден бот. Него ти мене прати ми ги кодовите за ботот што го пррограмираше и јас да пробам еден да средам за да може два да работат, полесно да иде работата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:05, 7 февруари 2009 (UTC)
Сега е 32, а ќе оди уште малку нагоре. Значи треба да го гледаме ботот како замена за некои мануелни акции. Сепак не треба да се престане со квалитетно уредување, туку напротив треба да се продолжи со поголем интензитет. --brest (разговор) 08:57, 8 февруари 2009 (UTC)
pywikipedia.bot
[уреди извор]Претпоставувам дека го имаш спуштено интерпретерот python и инсталирано (ако не направи го тоа и следи ги инструкциите за инсталирање). Потоа треба да го спуштиш pywikipedia и соодветно да го инсталираш (претпоставувам дека и тоа го имаш направено). Следен чекор е да направиш конфигурирање на pywikipedia, во смисла со која фамилија на викија ќе работиш, корисничко име, лозинка ... Ова го имаш детално опишано во соодветните readme податотеки, а има и help за windows во која се дадени детални инструкции како тоа се работи. После тоа мораш да се најавиш на викито каде сакаш за правиш промени. за таа цел стартувај го login.py од pywikipedia, ќе ти побара лозинка, впиши и би требало да се најавиш ако се е како што треба конфигурирано. Следен чекор е да напишеш програмче во pyton кое ќе изигрува бот. Најчесто работата се состои во вчитување на страница од вики, нејзина анализа, менување и запишување назад на викито. Менувањето се работи со манипулација со стрингови. Секако можеш и да креираш нова страница ако не менуваш некоја постоечка.
Еве едно многу едноставно програмче во Python кое ќе се обиде да ја прочита Википедија:Песок и ќе додаде Додади нов ред на крајот од статијата доколку е веќе креирана или ќе креира нова страница со содржина Нова тест страница.
import wikipedia
PageName=u"Википедија:Песок"
site = wikipedia.getSite()
page = wikipedia.Page(site, PageName)
page_text = u"Нова тест страница"
try:
page_text = page.get(force = False, get_redirect=False, throttle = True, sysop = False, change_edit_time = True)
page_text = page_text + u"\nДодади нов ред"
except wikipedia.NoPage:
# First except, prevent empty pages
wikipedia.stopme()
except wikipedia.IsRedirectPage:
# second except, prevent redirect
wikipedia.stopme()
except wikipedia.Error:
# third exception, take the problem and print
wikipedia.stopme()
page.put(page_text, comment=u'Бот: тест', watchArticle = None, minorEdit = True)
wikipedia.stopme()
Е сега програмите дополнително се компликуваат ако сакаш истовремено да читаш страница од друго вики (en, fr, ...), да вметнуваш текст од некоја текстуална податотека зачувана локално на твојот хард диск, или пак да вметнуваш податоци кои се наоѓаат во некоја структуирана база на податоци. За тоа ќе ти требаат соодветни познавања, за секоја тема посебно.
Она што моментално работи brest-bot со додавање на добредојде шаблонот во страниците за разговор на корисниците, т.е. новкорисник шаблонот во корисничките страници, се базира на погорното едноставно програмче.--brest (разговор) 08:57, 8 февруари 2009 (UTC)
Конвенции за именување.
[уреди извор]Те молам види го ова! [1] --Макс(разговор) 14:11, 9 февруари 2009 (UTC)
Молам!?
[уреди извор]Не мислев ништо лошо! Категориите ни се во хаос. Морав да ги средам, инаку знам дека тие се од голема важност и дека една статија без категории едноставно не вреди. Но, тоа не е моја вина што тие статии остануваат без категории, тие категории беа грешни и јас едноставно ги извадив сега што нема категории знам дека е лошо, но такви статии што содржеле само една категорија и сега јас ја извадив се малку. А тоа е мала цена во споредба со тоа дека една од најпотребните категории е чиста и средена. Инаку ако тоа ви преставува проблем од сега понатаму ќе внимавам но сепак мислам дека придонесов повеќе отколку што наштетив (зборувам за случајов :)). --Макс(разговор) 18:27, 9 февруари 2009 (UTC)
- OK, како ќе кажете! --Макс(разговор) 18:46, 9 февруари 2009 (UTC)
- Да, да совршено ве сфатив и ќе продолжам со мојата ценета работа! И само да ве замолам да ја видите дискусијата за конвенции! --Макс(разговор) 18:54, 9 февруари 2009 (UTC)
- Ова не можам да го поверувам! Ќе ме блокирате!? Навистина не разбирам што ви е поентата. Од кога сум на Википедијава и ако јас се однесувам дрско тогаш незнам какви се новите корисници на кои им приаѓате со добро. Мислам дека е глупаво тоа што ме оптужувате. Едноставно ја чистев категоријата и ги собирав сите такви статии за да подоцна им додадам правилно категорија, но компјутерот му се расипа и како што забележувате ме немаше цели два дена?! И не се „грижете“ нема да се налутам и да кажам, не сум активен повеќе бидејќи многу ме навредивте или нешто слично. Ќе бидам тука уште долго време не се грижите воопшто! Само се навредувам кога упорно ви велам на сите дека подолго време сум тука и дека се уште немам доволно искуство и сл., а вие упорно ми велите дека не е така и дека веќе не сум еден од „најниските“ корисници, а кога сите разговарате со мене како да сум најдоле и ми онајснувате каде да го ставам шаблонот внимание, каде да ставам категории, зошто да ги ставам и сл. Нема да ме зачуди ако утре не ми речете дека се уредува на горното копче наречено „уреди“. И дека со четири тидли се остава потпис. Навистина сум изнервиран, но ќе продолжам со работата сакале вие или не. (сите тие набројани работи вие ми ги немате речено, но сакам само да ви дадам пример како општо поголемиот дел од вас се однесуваат кон мене) Благодарам и се надевам дека ова не го сфаќате како закана или навреда туку само како реакција на изнервиран корисник. --Макс(разговор) 14:41, 13 февруари 2009 (UTC)
- Добро, ќе бидам ладен како краставица!? Хахаххаха! Лелелел! ОК! Не разбирам што ти беше целта со тоа, но ајде! Значи направив категории кои мислам дека се добри и ќе направам и други категории само те молам не ја полни категоријата што сум ја празнел! Тотално си во право, не е убаво да оставам статии без категории или со категорија никулец! Затоа од сега ќе ги средувам категориите да знаеш! И да те замолам да ја избришеш таа категоријата, Американски ТВ Серии. Незнам зошто МБ воопшто ја напрвил веќе имаме таква под името Американски телевизиски серии. Но тој ја напрвил за да јас не забележам или да не се караме. Нема врска само бидејќи заврши расправава, ти се извинувам и те молам избриши ја категоријата бидејќи е смешно што воопшто ја има! Поздрав! --Макс(разговор) 20:12, 13 февруари 2009 (UTC)
- Ова не можам да го поверувам! Ќе ме блокирате!? Навистина не разбирам што ви е поентата. Од кога сум на Википедијава и ако јас се однесувам дрско тогаш незнам какви се новите корисници на кои им приаѓате со добро. Мислам дека е глупаво тоа што ме оптужувате. Едноставно ја чистев категоријата и ги собирав сите такви статии за да подоцна им додадам правилно категорија, но компјутерот му се расипа и како што забележувате ме немаше цели два дена?! И не се „грижете“ нема да се налутам и да кажам, не сум активен повеќе бидејќи многу ме навредивте или нешто слично. Ќе бидам тука уште долго време не се грижите воопшто! Само се навредувам кога упорно ви велам на сите дека подолго време сум тука и дека се уште немам доволно искуство и сл., а вие упорно ми велите дека не е така и дека веќе не сум еден од „најниските“ корисници, а кога сите разговарате со мене како да сум најдоле и ми онајснувате каде да го ставам шаблонот внимание, каде да ставам категории, зошто да ги ставам и сл. Нема да ме зачуди ако утре не ми речете дека се уредува на горното копче наречено „уреди“. И дека со четири тидли се остава потпис. Навистина сум изнервиран, но ќе продолжам со работата сакале вие или не. (сите тие набројани работи вие ми ги немате речено, но сакам само да ви дадам пример како општо поголемиот дел од вас се однесуваат кон мене) Благодарам и се надевам дека ова не го сфаќате како закана или навреда туку само како реакција на изнервиран корисник. --Макс(разговор) 14:41, 13 февруари 2009 (UTC)
- Да, да совршено ве сфатив и ќе продолжам со мојата ценета работа! И само да ве замолам да ја видите дискусијата за конвенции! --Макс(разговор) 18:54, 9 февруари 2009 (UTC)
- OK, како ќе кажете! --Макс(разговор) 18:46, 9 февруари 2009 (UTC)
Препорака
[уреди извор]Здраво, brest. Бидејќи гледам дека имаме многу малце уредувања по статија, а некој кога уредува некоја голема и долга, тоа го прави во еден чекор, сакам да предложам да им испреатиме препорака на сите корисници да прават повеќе уредувања на една статија (на пр. еден наслов или еден параграф (уште подобро) едно уредување). Со тоа не верувам дека сѐ на сѐ се губи повеќе од неколку минути, а доколку тоа стане навика, тоа би можело да го зголеми просечниот број на уредувања по статија. Мислам дека препоракат ќе биде најдобро да ја доставиме до сите регистрирани корисници, а тоа најдобро би било со помош на ботот. Инаку и јкас уредив еден бот, онака да видам како што е, го логирав и го ставив тј кодот за уредување на страници за разговор, само го барам, но не можам да го најдам на нашата Википедија, а токму на неа го логирав при програмирањето. Сега не знам дали треба да се појави во некоја листа на ботови и дали треба да му се даде бот-статус. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:02, 13 февруари 2009 (UTC)
- Здраво. Нема потреба од форсирање на уредувачите уредувањето на статиите да го прават во повеќе чекори само со цел да се зголеми просечниот број на уредувања по статија. Плус тоа е лошо од повеќе аспекти:
- како што рече, губење неколку минути од повеќе, времето е скап ресурс и не треба да се расфрламе со него, уште повеќе баш е убаво кога некој со помалку уредувања успева да направи прекрасна статија, тоа е уметност и вештина која треба да се форсира кај корисниците
- ако некој несвесно прави повеќе уредувања за краток временски период на една статија, тоа може да значи дека не е вешт во уредувањето, невнимателен е, избрзува (брза кучка слепи кучиња кучи), што значи во крајна инстанца имаме лош уредувач
- повеќекратното зачувување на статијата после мали промени (посебно на големи статии) значи зголемување на сообраќајот низ интернет, што во превод значи повеќе пренесени бајти низ интернет т.е. поголема сметка за интернет за уредувачот на крајот на месецот, а тоа не е фер кон уредувачите кои и така даваат многу одвојувајќи дел од своето време и дел од своите средства за развој на википедија
- секое зачувување на измена значи оптоварување на серверите (како веб серверите така и серверите на базите на податоци) на викимедија фондацијата, која е непрофитна и живее од доброволни прилози, така да секое залудно трошење на ресурсите претставува губење на драгоцени средства кои можат да се пренасочат кон други приоритети.
- brainmachine ќе ни се налути ако не го користиме копчето прикажи преглед пред да ги зачуваме направените промени на страницата
- Значи нема потреба од праќање на препорака до сите регистрирани корисници каква што предлагаш.
- Во врска со ботот кој го имаш креирано и јас погледнав во дневникот на бот уредувања и не можев на мк.вики да забележам некоја трага од него. Така да најверојатно или пишуваш во некоја друга википедија или воопшто не пишуваш? Незнам точно што е проблемот?--brest (разговор) 23:44, 14 февруари 2009 (UTC)
- И не заборавајте: многуте промени го комплицираат патролирањето на скорешните промени и ја прават историјата на промени долга и непрегледна ;) Сепак, ваквото цепкање на придонесите е корисно само во една ситуација: кога правите истовремено некоја ситна поправка (печатна грешка на пр.) и некоја промена која е храбра и контроверзна и за која има шанси да биде откажана (ќе настане дискусија понатаму). Тогаш препорачливи се две измени, за да не си изгубат и ситните промени. --Brainmachinewtf? 20:55, 16 февруари 2009 (UTC)
За ВикиПроектот
[уреди извор]Здраво, brest. Мислам дека од повеќе аспекти не е соодветно да постои ВикиПроект на оваа тема. Прво, бидејќи Викимедија не би била дел од Википедија, туку обратно. Мислам дека посоодветно би било да организираме средба во скоро време, како што планиравме. Исто така, теоретски би го намалиле ризикот од појавата на грчки корисници со коментари (чисто се сомневам дека ќе коментираат наскоро, но сепак теоретски можно е). А, чисто се сомневам дека со ВикиПроект ќе оди некако работата, бидејќи некои работи коишто требаше да ги отпочнеме се детализирани во ВикиПроекти, има пријавени членови на проектите, но нема никаква заинтересираност. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:34, 15 февруари 2009 (UTC)
Може за неколку часа да го средиме проектот, но мислам дека подобро би било тие неколку часови да ги поминеме заедно, на средба за да може подетално да поразговараме. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:40, 15 февруари 2009 (UTC)
- Според мене нашата работа е јавна и треба да остане да биде јавна. Ќе ја искористиме мк.википедија за координација на нашите активности, бидејќи сметам дека така ќе бидеме најтранспарентни, а ќе има материјал и за вики средби, без гајле. Добронамерните коментари на било кого се добредојдени. Наскоро треба да свикаме и вики средба, но пред тоа да направиме максимум за да ги подготвиме потребните документи.--brest (разговор) 01:25, 15 февруари 2009 (UTC)
- Ме израдува содржината на ВикиПроектот. Не очекував да биде вака напредна.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:29, 15 февруари 2009 (UTC)
Bot request
[уреди извор]Where am I supposed to post the bot flag request? "Blocked, your bot status not yet aproved." is not an elucidating message. Firilacroco (разговор) 15:17, 16 февруари 2009 (UTC)
- Here you can ask for the bot status. Best regards. --brest (разговор) 15:43, 16 февруари 2009 (UTC)
Булова...
[уреди извор]Здраво, brest. Не сум баш најсигурен дека треба Булов... наместо Булева.... Во La Roussоva matematička enciklopedija е Булева (сепак е на српскохрватски), а и во другите статии (на пр.логичка операција) е Булева, а не Булова. Сепак треба да се провери. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:45, 17 февруари 2009 (UTC)
- Правилно е Булова, според предавања на професори од ПМФ, информатика. Постоеше двоумење дали да биде Булеанова (George Boole, поради е-то на крај имаме на англиски en:Boolean Logic, ама на македонски имаме само Бул, па сега од Бул доаѓа Булова.)--brest (разговор) 10:05, 17 февруари 2009 (UTC)
Unblock
[уреди извор]Please unblock my bot Darkicebot. I am sorry that I did not make a request for the bot flag, however, the reason why I did not make the bot flag request is because I could not find the bot flag request page. I have found that page now, though, and have made a bot flag request now. Thanks, Razorflame (разговор) 23:17, 18 февруари 2009 (UTC)
Brest-bot
[уреди извор]Имам една задача за ботот. Дали ќе можеш да ги промениш сите оддржу во одржу (за одржување, одржувал, одрж... бла бла), а не е лошо и за одржав во одржув (за одржавање, одржава и слично). Ги има многу веќе ги проверив нема шанси рачно. Исто и за превз во през - Имаше бот пред 2-3 години пуштено и за тоа, ама сега е ужас. Фала однапред, ако можиш. Ако не, phuck it! -{админинстратор}- гитардемон 00:53, 19 февруари 2009 (UTC)
P.S. И сеуште во сѐ уште. -- -{админинстратор}- гитардемон 01:25, 19 февруари 2009 (UTC)
- Хм, што мислиш дали да се оди во сите именски простори или само во некои. Пример дали да се оди и во страниците за разговор да се прават овие измени? Забележав дека пребарувањето на вики не функционира баш најдобро за многу кратки зборови или за делови од зборови, така да тоа ќе ја отежне работата (и ќе ја зголеми цената), бидејќи не гледам друг начин освен да се вчитуваат сите можни страници од мк.вики и интерно во секоја страница да се пребарува бараната низа на знаци за да се изврши измена. Пример за оддрж мене вики пребарувањето не ми дава ниту еден резултат! а има барем една страница (оваа страница за разговор). А за сеуште во сѐ уште, она акцентирано ѐ ми е некако чудно, малку поголемо од неакцентираното е, спореди од близу, ѐе, така да треба да се разгледа овој проблем со акцентираните букви малку посериозно.--brest (разговор) 10:02, 19 февруари 2009 (UTC)
- За ѐе: ако ги копирате во стандарден уредувач за текст, ќе забележите дека е е Times New Roman, а ѐ е Tahoma, два сосема различна фонта. Ова è е правилното (спореди: èe). Ако може ботот да го смени секое ѐ со è, ќе биде супер. Инаку јас веќе ја правам промената во МедијаВики:Edittools, алатникот кој се наоѓа долу при уредувањето. --Brainmachinewtf? 19:23, 20 февруари 2009 (UTC)
- Јас средив неколку страници со ѐе. Но нема проблем следниот пат ќе се пушти ботот со èe. Проблемот т.е. решението е да се најде unicode вредноста на вистинското è? бидејќи како што латинично e не е исто со кирилично е, така и некое ѐ не е исто со некое друго è.--brest (разговор) 22:35, 20 февруари 2009 (UTC)
- Веќе го имавме сменато во табелата долу уште пред три години тоа латиничното è со кирилично è... Но да не се врати на старо со промената на вики-софтверот, нели менуваа нешто кога се воведе она за File: за слики, аудио, видео и сето тоа, па да не го сменаа и вратија на старо и тоа... Не знам, знам дека имам на линукс дома знаковна табела за буквите, но на лаптопов имам OSX и немам појма како им се уникодите. Ама по сеќавање 99,9% сум сигурен дека беше è = 040, È = 045, ѝ = 40D, Ѝ = 45D, + префиксите, или нешто така :/ Знам дека со 40 и 45 беа, и дека ѝ имаше D. Sирни најди ги, или јас другиот викенд ќе одам дома па ќе ги постирам тогаш ако не. А за фонтот, не знам во кој фонт се, мислам стандард системски фонт, па зависи како е подесен дифолт фонтот на википедија, така ги гледаш. Ама и мене ми излегува поголемо обичното е од è на Firefox, а на Safari ми излегува нормално. -{админинстратор}- гитардемон 17:59, 22 февруари 2009 (UTC)
коешто -> кое што
[уреди извор]Од Корисник:Brest/bot/правописни грешки, дали ова значи дека „коешто“ ќе биде променето во кое што? Оти слеаната верзија е правилна. --Brainmachinewtf? 18:35, 22 февруари 2009 (UTC) PS. Сите сврзници кои се градат од кој и чиј се пишуваат слеано (коешто, којшто, којашто, чијшто, чијашто, чиешто). --Brainmachinewtf? 18:43, 22 февруари 2009 (UTC)
каде што
[уреди извор]Исто додај „кадешто“ да се промени во „каде што“. „така да“ во „така што“. „истотака“ во „исто така“. “Не се „разлеани“, туку „разделени“ зборови. --Brainmachinewtf? 18:43, 22 февруари 2009 (UTC)
- Не, таа листа е само предлог листа (преземена од www.agora.org.mk) која може да се надополнува и корегира ако е нешто погрешно. Колку што гледам коешто е правилно, а во листата е обратно, тоа значи дека треба да се корегира листата.--brest (разговор) 18:39, 22 февруари 2009 (UTC)
- Ок, сори :) Да те прашам, може ли ботот да го среди ова? --Brainmachinewtf? 18:45, 22 февруари 2009 (UTC)
- значи како што реков листата отворена и секој може да дава конструктивни прилози (да додава или да брише поими од листите), така да слободно можеш да ја уредуваш ако забележиш дека не е нешто во ред. Што се однесува до ова, веројатно може но не сум размислувал.--brest (разговор) 18:48, 22 февруари 2009 (UTC)
Отприлика ни треба бот и за овие работи:
- Отстранувач на избришани слики - бара статии со слики кои недостигаат и ги отстранува.
- Бот-рекатегоризатор - бара категории со шаблон за преместување на категорија и автоматски ги преместува статиите во таа категорија.
- Поправач на двојни пренасочувања
- Авто-означувач - сите слики кои немаат лиценци (untagged) да им стави ознака дека немаат инфо за авторските права.
- Автопотпишувач - ако некој не се потпише на страници за разговор, тој оди по нив и остава Претходниот непотпишан коментар е од тој и тој дрн дрн Ги прегледува скорешните промени и само бара некој да не е оставил 4 тилди.
- Отстранувач на лиценцирани слики од други именски простори - ако неслободна слика со праведна употреба се користи надвор од главниот именски простор, ја заменува сликата со информатор (This image has been used outside of the article namespace... итн)
- Преведувач од типот: Image во Слика, Category во Категорија и сл.
СФАЌАМ vs СВАЌАМ
[уреди извор]Еј, јас колку што знам сфаќам е точното а сваќам е грешно, тоа секогаш ме учеле. Мислам да почекаме за мислења од другите корисници, но 100% сум сигурен дека се пишува со ф. Види и тоа смени го. Знам, мачно е да си единствениот бот :) -{админинстратор}- гитардемон 23:52, 22 февруари 2009 (UTC)
- ок, не се брзаме никаде, само дискутираме, за да го најдеме точното решение. А и не е страшно ако се смени сега погрешно, кога ќе ја оправиме ќе го вратиме сето тоа назад како треба. Останува на останатите да го дадат својот конструктивен придонес, техниката барем за ова не е проблем, функционира.--brest (разговор) 23:55, 22 февруари 2009 (UTC)
- И јас знам дека сфаќам е правилно. Така е во правопис е мислам.--MacedonianBoy 23:57, 22 февруари 2009 (UTC)
- А дали зборуваме за парот сфаќам/сваќам односно сфати/свати, технички тоа се две различни работи.--brest (разговор) 00:00, 23 февруари 2009 (UTC)
- Мислам двата пара се со ф. За конечна одлука Виолетова ќе ја прашаме. Но јас секогаш со ф користам.--MacedonianBoy 00:02, 23 февруари 2009 (UTC)
- А дали зборуваме за парот сфаќам/сваќам односно сфати/свати, технички тоа се две различни работи.--brest (разговор) 00:00, 23 февруари 2009 (UTC)
„датотека“ vs. „податотека“?
[уреди извор]Инаку што правиме со „датотека“ vs. „податотека“? Иако претходно се договоривме за „податотека“, сè повеќе се уверувам дека е грешно. Дури и Firefox на македонски „file“ го преведува како „датотека“, а и Виолетова укажа дека „датотека“ е веќе влезен во јазикот. Може ли да ја правиме промената? --Brainmachinewtf? 19:00, 22 февруари 2009 (UTC)
Добри идеи за размислување за програмери, ако ги има тука еве им задача. Така да нема проблем да се додели бот статус и на други оператори кои би се занимавале со овие теми. Некои од овие идеи на прв поглед изгледаат едноставни и лесни за имплементација но треба да се седне и да се искодира нешто. Додека Image во Слика, Category во Категорија може да се среди со brest-bot/правописни грешки, само треба да се додаде соодветна подлиста во некоја од листите.
Што правиме со „датотека“ vs. „податотека“? Точно е тоа дека имаше дискусија во врска со ова прашање и преовладуваше решението датотека, колку што се сеќавам тогаш не беше постигнат консензус по ова прашање. А од дискусијата како аргумент се послуживме со еден речник (не можам сега да го цитирам) и експертизата на Виолетова. Бидејќи ова е тема од областа на информатиката, би требало да ја имаме во предвид и информатичката експертиза. Јас на google најдов референци со кои може да се покаже дека и податотека се користи во академските средини во сегашно време а не само некогаш, така да овие две работи не се исклучуваат една со друга. Бидејќи не се исклучуваат и на мк.вики се користат рамноправно и двата поима, па и зборот фајл ако сакаш, според некои може да се употребува за истата намена.--brest (разговор) 19:15, 22 февруари 2009 (UTC)
- Ок, но за ова мора да имаме единство: мора секаде да користиме еден термин, оти станува збор и за име на именски простор. Би требало да се одлучиме за оној наслов кој би бил најпрепознатлив за мнозинството читатели на македонски. Јас мислам дека „датотека“ е многу попрепознатливо (327.000 погодоци на google) во споредба со „податотека“ (2.700 погодоци). Навистина не можам да ги сварам „фајл“ и „податотека“. --Brainmachinewtf? 19:36, 22 февруари 2009 (UTC)
- Јас не го земам бројот на google погодоци како веродостоен индикатор колку еден термин е порелевантен од друг, иако google може добро да послужи да се стигне до веродостојни индикатори. Еве на пример датотека е збор кој се употребува во Србија и Црна Гора, а ако се земе во предвид и datoteka, тогаш имаме негова употреба и во Хрватска и Босна и Херцеговина, тогаш јасно е дека google погодоците ќе натежнуваат кон датотека. А ако се земе во предвид влијанието на овие јазични простори (Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина) врз македонскиот јазик (колку имаме случаи на преведување на книги (и друга литература) на македонски јазик врз основа на веќе преведени книги на некој од ове јазици, наместо директно од оригиналниот јазик?), тогаш јасно е дека датотека ќе биде во предност. Значи треба да ги имаме во предвид само релевантните индикатори.--brest (разговор) 19:57, 22 февруари 2009 (UTC)
ВикиПроект Астрономија
[уреди извор]Здраво, brest. Деновиве размислував за создавањето на нов ВикиПроект Астрономија, под чијашто директна подреденост би бил ВикиПроектот Астрономски објекти, а во план е и создавање на ВикиПроект Сончев систем. Затоа сакам да те прашам дали работата на ботот делумно да ја ставиме и во ВикиПроектот Астрономија, бидејќи сепак станува збор за работи поврзани со астрономијата. Исто така, кажи ми да не има некој проблем со работата на ботот во врска со статиите за да имам во предвид со кое темпо да уредуваме нови статии Инаку работта со иницијативата за 500 (избрани) статии. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:08, 19 февруари 2009 (UTC)
- Ок, може и треба да се креира и ВикиПроект Астрономија. Иначе слободно за било која работа за која имаш идеја дека може да ја заврши бот кажи па ќе видам што можам да направам, т.е. ќе продискутираме за тоа. Моментално што се однесува до астероидите мислам дека треба да се поработи на отстранување на црвените врски во шаблонот (Minorni planeti) т.е. да се создадат соодветни статии за тие врски, како и досредувањето на транскрипцијата на туѓите имиња во првите 200 астероиди.
Автоматски известувања на корисници
[уреди извор]- Супер. Гледам дека ботот автоматски поправаше грешки во статиите, па мислам дека би можеле да го искористиме максимално за подигање на Depthот додека ги досредуваме работите со астероидите. Имено мислам дека известување на МБ за Викимедија Македонија на Facebook може да отиде на страниците за разговор на сите корисници. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:47, 20 февруари 2009 (UTC)
- Мислам дека известување до сите корисници конкретно за оваа тема нема некоја голема смисла, бидејќи добар дел од корисниците се автоматски креирани, некои се странци итн. Како што некаде порано реков, можеби само до некоја група на корисници, евентуално сега ми доаѓа идеја кога би имало корисничка кутија од типот: Јас сум исто така на facebook, па оваа корисничка кутија да ги категоризира овие корисници во некоја Категорија: Корисници на facebook, тогаш би имало смисла до сите овие корисници да се испрати едно соопштение од типот како што го замислуваш.
- Значи стриктно за помали групи на корисници а не за сите од ред.
- Иначе мислам дека прочитав во некој коментар, ми се чини на Гитардемон, а и јас тоа еднаш го предложив, каде се сугерираше да се средат шаблоните за добредојде и нов корисник да бидат поинформативни и да наведуваат на некои актуелности и интересни теми и задачи на мк.вики. Со тоа би се постигнало одредена динамика и разноликотс во пораките за добредојде.--brest (разговор) 22:55, 20 февруари 2009 (UTC)
- Мене лично многу не ми се допаѓа да направиме корисничка кутија, бидејќи има голем број на корисници кои не ги користат корисничките кутии. На пример, корисничката кутија Македонец треба 90% од корисниците да ја имаат на својата корисничка страница, па ја немаат. Згора на тоа, за новите корисници може да претставуваат голем проблем корисничките кутии. Па, доколку сакаме да се зголеми употребата на кориничките кутии, ќе ни биде потребно да изработиме статии како водич за нивната употреба и нивното значење, а тоа зема многу време, а и не верувам дека ќе има некој ефект. А, за промената на шаблоните добредојде и новкорисник сум, но не во врска со ова прашање. Имено деновиве ги разгледував шаблоните на другите јазични изданија и видов дека се многу посликовити. Сега се потсетувам на првиот шаблон добредојде кој беше посликовит и поинтересен. Мислам дека треба на тој малце да поработиме. За групата на Facebook добро ќе биде да го предложиме на страницата на Викимедиоја Македонија по формирањето на организацијата и добивањето на дозвола од Викимедија. Најлоѓшто е што има некои редовни корисници што не се регистрирани на Facebook, а има некои што се но не се само регистрирани на Википедија. Сепак мислам со глобално известување до сите корисници нема ништо да загубиме.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:16, 21 февруари 2009 (UTC)
- Кирил, целата поента зошто го сменивме шаблонот „добредојде“ од сликовница во обичен текст е за да може да се фокусира читателот на вистинско читање на шаблонот, а не гледање на убави боички и табели заробени во еден правоаголник кој механички го скокнува целиот. Голиот текст е поинтимен и попримамлив за читање, означува лична порака, а не шаблонизиран памфлет. --Brainmachinewtf? 19:10, 22 февруари 2009 (UTC)
- Мене лично многу не ми се допаѓа да направиме корисничка кутија, бидејќи има голем број на корисници кои не ги користат корисничките кутии. На пример, корисничката кутија Македонец треба 90% од корисниците да ја имаат на својата корисничка страница, па ја немаат. Згора на тоа, за новите корисници може да претставуваат голем проблем корисничките кутии. Па, доколку сакаме да се зголеми употребата на кориничките кутии, ќе ни биде потребно да изработиме статии како водич за нивната употреба и нивното значење, а тоа зема многу време, а и не верувам дека ќе има некој ефект. А, за промената на шаблоните добредојде и новкорисник сум, но не во врска со ова прашање. Имено деновиве ги разгледував шаблоните на другите јазични изданија и видов дека се многу посликовити. Сега се потсетувам на првиот шаблон добредојде кој беше посликовит и поинтересен. Мислам дека треба на тој малце да поработиме. За групата на Facebook добро ќе биде да го предложиме на страницата на Викимедиоја Македонија по формирањето на организацијата и добивањето на дозвола од Викимедија. Најлоѓшто е што има некои редовни корисници што не се регистрирани на Facebook, а има некои што се но не се само регистрирани на Википедија. Сепак мислам со глобално известување до сите корисници нема ништо да загубиме.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:16, 21 февруари 2009 (UTC)
- Работа на личен вкус е што е подобро. Ако нешто е убаво графички средено секако дека ќе привлече внимание и ќе го насочи вниманието кон она што е битно. Прашање е сега колку стариот шаблон тоа го постигнуваше. Но еве и новиот шаблон не е којзнае колку функционален.--brest (разговор) 19:31, 22 февруари 2009 (UTC)
- Не знам баш дали така е најдобро, но знам дека шаблонот има голем недостаток, поради тоа што не е наведена ниту една страница за разговор. Секој нов корисник би сакал да дознае повеќе и сигурно има прашања, а отсуството на овие страници е негово обесхрабрување да уредува. Тоа уште веднаш ќе го поправам, а за другото штом велиш така нека остане. Можеби тоа е голем проблем. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:37, 22 февруари 2009 (UTC)
- Јас би сакал да се среди поубаво овој шаблон, не гледам дека тоа е некој проблем. А како што можеш да забележиш на en.wiki па и на другите викија има цел сет на ваквии шаблони, така да ниту овој шаблон (постоечкиот) треба да биде единствен па да не може да се креира нов, ниту е светост па да не може да се измени.--brest (разговор) 19:44, 22 февруари 2009 (UTC)
- Јас имам многу идеи, а за нив повеќе на средбата во сабота. Одговара ли 17:00? Мора да направиме со секое уредување на корисниците со IP адреса да им се појавува шаблонот со текст размислете добро за отворање на корисничка сметка. Така е на многу други Википедии, а не верувам дека тоа би ни било и нас проблем. Понатаму имам една идеја, но не знам дали навистина ќе вроди со плод и ќе биде реализирана, а тоа да ги известуваме корисниците за нивните придонеси. На пример, нешто слично како % од 100, 1000, 10000, 100000 уредувања како на српската, само што кај нас нека биде со еден вид на мотивирачки награди од видот направивте 100/1000/10000 уредувања, продолжете понатаму до толку и толку. Така мислам дека може да има позитивен ефект. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:47, 22 февруари 2009 (UTC)
- Ајде направи некое шаблонче ко емислиш дека треба да се остава на страницата за разговор на IP адреса (за нерегестрирани корисници кои направиле барем едно уредување, во смисла размислете добро за отворање на корисничка сметка). Мислам дека може да се реши со бот, но веројатно има и поефикасен начин, веројатно има некој тригер кој може да се искористи после таквоо уредување на соодветната страница да остави соодветна порака, ама мене во овој момент тоа не ми е познато.--brest (разговор) 20:59, 22 февруари 2009 (UTC)
- Шаблон веќе иамме. Мислам дека е добар. Ќе видам како го прават на другите Википедии. Кај нив се е автоматски. Сигурно има некои системски автоматизам што функционора. Ама сепак мислам дека се ботови. Од англиската може да учиме.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:07, 22 февруари 2009 (UTC)
Вики средба, февруари 2009
[уреди извор]За вики средбата, треба да се објави на Википедија:Вики средба, за да можат и останатите корисници да го имаат топа во предвид. Тоа треба да се направи поскоро бидејќи нема баш смисла да се закажува нешто што ќе се случи утре. А може слободно да оди и со Sitenotice.--brest (разговор) 21:02, 22 февруари 2009 (UTC)
Известување
[уреди извор]Да ве информираме дека на Facebook се формира група Wikimedia Macedonia. Доколку сакате да бидете дел од таа група слободно придружете се. Поздрав--MacedonianBoy 08:59, 20 февруари 2009 (UTC)
- Одлично, а што да направиме за да им стане интересно на фејсбуковците овде на мк.вики?--brest (разговор) 22:43, 20 февруари 2009 (UTC)
- Едноставно да ги спамираме со лични пораки за тоа како е Википедија интересна, да се придружат денес, да ја уредат веднаш статијата за нивната омилена глумица/пејачка, или нивниот омилен фудбалер/кошаркар или нешто од тој тип. Само да не е од типот ни треба помош бла бла нема корисници или нешто така, бидејќи мене лично не би ме натерало тоа да помогнам. Треба нешто да ги привлече, а не да се сожалат :) Друг мотив за нашиот напатен народ е: грчката има 40.000 илјади, ние 25.000, помагајте и пуштете го ова на сите. Тоа секогаш пали LOL :) Иако го мислам како шега пола од ова, да ви кажам право дека и навистина може да профункционира. -{админинстратор}- гитардемон 18:08, 22 февруари 2009 (UTC)
- Може, се сложувам, па сите кои сте на facebook, почнете со спем. Би требало кога некој од нив ќе се одлучи да дојде на мк.вики треба да постои некој систем за прифаќање и задржување тука. Да им се демонстрира некако дека и на википедија можат да ја џиџаат својата корисничка страница, со сликички и информации за себе, додавање на разни кориснички кутии и слично. Ова само како идеја.--brest (разговор) 18:18, 22 февруари 2009 (UTC)
- Јас би се надоврзал со поврзување на Fan групите. Може и нив да ги искористиме за привлекување на корисниците за уредување на статии поврзани со тоа.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:59, 22 февруари 2009 (UTC)
- Тоа со фан групите на Кирил и со омилените личности што ги спомна Гитардемон се одлични идеи. Поздрав и Фацебоок е роден за бесплатен оглас.--MacedonianBoy 20:05, 22 февруари 2009 (UTC)
- Јас би се надоврзал со поврзување на Fan групите. Може и нив да ги искористиме за привлекување на корисниците за уредување на статии поврзани со тоа.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:59, 22 февруари 2009 (UTC)
Шаблон:разговор
[уреди извор]Здраво, brest. Предлагам да се направи еден шаблон за разговор, кој ќе го ставаме на страниците за разговор на сите статии. Мислам дека тоа може лесно со ботот да се среди. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:20, 20 февруари 2009 (UTC)
- Нешто од видот сите промени дискутирајте ги на оваа страница најпрво или нешто така. Но сметам дека нема многу потреба од тоа, кога и онака никој не ја погледнува страницата за разговор пред да уреди (од новите корисници). Затоа постојат сите оние водичи за уредување на Википедија, па ако ги прочитал некој нив ќе видел дека за некои промени треба прво да се разговара на страницата за разговор. Затоа не мислам дека треба да има шаблон за страницата за разговор. Не сум видел ни на ниту една друга Википедија. -{админинстратор}- гитардемон 18:03, 22 февруари 2009 (UTC)
- en:Template:Talkheader? --Brainmachinewtf? 18:06, 22 февруари 2009 (UTC)
- Нешто од видот сите промени дискутирајте ги на оваа страница најпрво или нешто така. Но сметам дека нема многу потреба од тоа, кога и онака никој не ја погледнува страницата за разговор пред да уреди (од новите корисници). Затоа постојат сите оние водичи за уредување на Википедија, па ако ги прочитал некој нив ќе видел дека за некои промени треба прво да се разговара на страницата за разговор. Затоа не мислам дека треба да има шаблон за страницата за разговор. Не сум видел ни на ниту една друга Википедија. -{админинстратор}- гитардемон 18:03, 22 февруари 2009 (UTC)
- Може. Добро би било кога статиите би биле во рамките на некакви интересни групи, проекти и слично, па секоја од овие групи да си ги надгледува. Вака само ставање на еден општ шаблон на сите страници за разговор каде нема ништо е само залудно трошење време и ресурси. Единствено ќе се зголеми вредноста на индикаторот Depth. Но ако е само тоа цел не сметајте на мене.--brest (разговор) 18:21, 22 февруари 2009 (UTC)
На англиската има. А, тоа е шаблонот којшто ви го посочи Brainmachine. А, и да нема ние ќе бидеме првите кои ќе го направиме. А, тоа со описните шаблони од одредена област, исто така ќе го направиме. Ако забележите на англиската има повеќе шаблони на страницата за разговор. На пример статија за некоја личност на својата страница за разговор содржи шаблон со ознака дека е страница за разговор, ознака дека статијата е биографија и ознака дека и припаѓа на одредена специјализирана тема.Мислам дека соова ќе има поголема прегледност на статиите за разговор, а шаблонот може да го обликуваме во стилот на Brainmachine и во нега да има и страници од архивата за разговори, за да се има во предвид и тоа дека разговорот може да продолжува на повеќе страници. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:53, 24 февруари 2009 (UTC)
- Во посочениот шаблон на en.wiki пишува:
- Using the template is suggested for talk pages that are very active or have had policy violation problems. This template should be used only when needed. Do not add this template to every talk page. In particular, it should not be added to otherwise empty talk pages. (For more information on this topic, see the talk page for this template, including the talk archives and the TfD logs.)
- Не велам дека ние мора да го почитуваме ова што е напишано на en.wiki, но причината е јасна зошто овој шаблон би се ставил на некоја страница за разговор. Останувам на ставот дека им смисла да се става некој шаблон на одредена страница само доколку е во рамките на еден или повеќе проекти.--brest (разговор) 22:18, 24 февруари 2009 (UTC)
Ја обновив страницата што ја избриша, оти функцијата на оваа порака е интегрирана во МедијаВики:Sharedupload, па два пати ќе се прикажуваше. --Brainmachinewtf? 19:29, 20 февруари 2009 (UTC)
Blacklisted userspace characters
[уреди извор]Hi! I ws told on meta that you might know how to help. I am a German wikipedian using many wikis via SUL; I created a little mini user page on hundrets of wikis, and the only technical problem occured on mk:wp. See the discussion here. Maybe you could join that discussion on meta and help me clear that issue? Thank you very much in advance, JøMa (разговор) 23:29, 20 февруари 2009 (UTC) (better reachable via meta or de:User:JøMa)
Dear Brest, please could You remove the last </div> from МедијаВики:Anoneditwarning, because there is no opening tag it breaks the interface for anons if they edit a page. Kind thanks in advance, best regards, --птица (:> )=| 23:45, 20 февруари 2009 (UTC)
- OK, added at the top <div id="anoneditwarning">. Thanks.--brest (разговор) 23:54, 20 февруари 2009 (UTC)
Blocking of DirlBot
[уреди извор]I thought that Macedonian Wikipedia allow global bot, but actually it doesn't. Sorry. Now I will put a request for bot flag. — Chesnok (разговор) 08:26, 21 февруари 2009 (UTC)
- Flag was granted, please unblock my bot. — Chesnok (разговор) 13:10, 21 февруари 2009 (UTC)
За правописните грешки
[уреди извор]Има некои ставки кои не треба да се менуваат, затоа што не се правописни грешки, дури и погрешни ставки си ставил... зошто вака? --Виолетова (разговор) 21:32, 22 февруари 2009 (UTC)
- Те молам посочи конкретно на што мислиш за да се поправи.--brest (разговор) 21:33, 22 февруари 2009 (UTC)
- Повеќе се, не е едно... Ај по ред, ќе копирам од таму:
- евтин - правилно, ефтин - неправилно
- на есен, на зима, на лето, на пролет - не се пишуваат слеано секогаш (значи нека не ги менува ботот)
- кое што ... чие што - се пишуваат и слеано и разделено (нека не ги менува ботот)
- мислиш само на кое/чие што или и на кој/која што?--brest (разговор) 22:08, 22 февруари 2009 (UTC)
- според Правописот само слеано, а одвоеното пишување е посочено за неправилно--Kiril Simeonovski (разговор) 22:19, 22 февруари 2009 (UTC)
- мислиш само на кое/чие што или и на кој/која што?--brest (разговор) 22:08, 22 февруари 2009 (UTC)
- Европска комисија - не треба вториот збор со голема
- заменик претседател и нето износ - не им треба цртичка
- честопати - слеано се пишува
- Не се двете правилни, иако така се користат: `пати` и `пат` не се самостојни зборчиња во случајов, затоа не можат да стојат сами -- Виолетова (разговор) 22:48, 22 февруари 2009 (UTC)
- од сега, до сега, до крај - не се неправилни
- несакајќи, немајќи - во ред си се
- да ме контактирате - зошто да се менува во `да контактирате со мене`? (не е неправилно)
- да ме консултирате - истото важи
Поздрав --Виолетова (разговор) 21:52, 22 февруари 2009 (UTC)
- Извинете што се вклучив во разговорот, но за двете работи за кои го вметнав мојот коментар е направена проверка од Правопис. За останатите, Виолетова е во право, а некои ги нема во Правопис. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:19, 22 февруари 2009 (UTC)
Преземено од www.agora.org.mk), некаде имам грешка во преземањето, исправени се грешките. провери зошто не се слагаме со agora на другите места. Исто така дади свои предлози за проширување на листите.--brest (разговор) 22:08, 22 февруари 2009 (UTC)
- И брест те молам нека смени секаде каде што пишува ПРОВИНЦИЈА во ПОКРАИНА. Македонски назив е покраина. Поздрав до сите--MacedonianBoy 22:24, 22 февруари 2009 (UTC)
- Не знам кој го составувал тоа кај нив, ама имаат грешки.
- Еве што може да се додаде (ќе ги напишам само правилните):
- д-р, м-р
- итн.
- Втора светска војна, Прва светска војна
- датум
- Охридско Езеро, Јадранско Море, Скопска Црна Гора, Црна Река... итн.
- последниве не знам како ќе може да ги формулираш за бот (невозможно е сите топоними да ги внесеш), ама од памет ме вадат вакви грешки кои се однесуваат на географски поими: кога зборовите `езеро`, `море`, река`, `гора`, `планина` се дел од името на топонимот - секогаш се пишуваат со голема буква. Кога ќе ми текне уште нешто што е честа грешка - ќе ти пишам. Поздрав --Виолетова (разговор) 22:27, 22 февруари 2009 (UTC)
- Ок, ако немате ништо против слободно дискутирајте на оваа тема на страницата за разговор за Корисник:Brest/bot/правописни грешки, бидејќи сметам дека има уште доста материјал за дискусија и за додавање, така да нека тоа биде централно место за тие работи. Можеби треба да се премести во Википедија:Чести правописни грешки, ако има потреба за тоа мислам дека нема да има проблем. Во секој случај мислам дека ботот за оваа намена ќе биде од полза за сите корисници на мк.вики. Ако сметате спротивно тогаш може и да заборавиме на оваа работа, т.е. да не ја форсираме сега за сега, можеби во некоја блиска иднина. Идејата ми е заеднички и полека да се развие еден систем кој ќе ги исправа очигледните правописни грешики а подоцна би прераснал и во посложен систем за анализа на текстот (лексичка и граматичка точност). --brest (разговор) 22:31, 22 февруари 2009 (UTC)
- Исто така нека се смени термонот Дистрикт во Област. Јас само си кажувам а незнам колку се прифатливи.--MacedonianBoy 22:35, 22 февруари 2009 (UTC)
Месеци и денови
[уреди извор]Ова го заборавив, месеците и деновите ако се со голема буква нека ги менува во мала. --MacedonianBoy 22:37, 22 февруари 2009 (UTC)
MacedonianBoy, за нив ми текна, ама може да згрешиме некаде - ако реченицата почнува со тој збор? Ботот не знае дека таму не треба да ја смени во мала... -- Виолетова (разговор) 22:41, 22 февруари 2009 (UTC)
- Еј да имаш право не ми текна за тоа. Значи ќе мора рачно кога ќе ги сретнуваме.--MacedonianBoy 22:42, 22 февруари 2009 (UTC)
- Не мора. Дај посочете страница каде што има такваа грешка, ќе ви демонстрирам дека ботот може да помогне. Значи ако реченицата почнува со некој месец, пример Април, тоа би значело дека пред зборчето Април мора да има интерпункциски знак од типот: точка, прашалник, извичник и (кажете што друго), како знак дека завршила претходната реченица, ако има некоја буква или запирка пред него тоа значи дека зборчето за месецот е некаде во реченицата и треба да се менува. Ајде да пробаме.
- Одлично ако е така. Ајде овде неколку реченици такви:
Април е месец кога почнуваат ... Понеделник се смета за ден кога... Април е прогласен за месец на... --Виолетова (разговор) 22:55, 22 февруари 2009 (UTC)
- Ова е средено, види Корисник:Brest/bot/правописни грешки/Тест страница, за деновите на сосема ист начин може да се среди сето тоа. Обратете внимание на новата страница Википедиија:Чести правописни грешки, мислам дека таму треба да ги пренасочиме овие доскусии, за да бидат достапни до сите, вака може некој да мисли дека си правиме приватна забава. Добро би било за секоја можна грешка да се отвори нова секција и да се дискутира за нејзино решавање со помош на бот, но и онака при мануелно уредување ако на некој му затреба информација што е а што не е правилно.--brest (разговор) 01:08, 23 февруари 2009 (UTC)
Имиња на националности
[уреди извор]- Е на истиот овој начин можеме да ги поправаме и имињата на националностите, за почеток Македонци, бидејќи голем дел од корисниците ги пишуваат со мали букви. Истото важи и за јазиците, нив ги пишуваат со големи букви.--MacedonianBoy 22:57, 22 февруари 2009 (UTC)
Придавки, тетовско, скопско
[уреди извор]- Кога сме тука, незнам како е правилно за придавки изведени од градови: на пример како е правилно Тетовско или тетовско? Двата назива сум ги сретнувал по статии едното треба да се поправи.--MacedonianBoy 23:01, 22 февруари 2009 (UTC)
- Ете кога сме тука, пиша една грешка: `не знам` се пишува разделено. Инаку придавката сама по себе се пишува со мала буква, а исто и жител на град. Само припадници на нации се со голема буква. И кога сме тука - забележувам `христијани` со голема (треба со мала - припадник на религија, исто и муслимани, будисти, итн.), обично луѓето грешат понесени од зборот `Евреи` кој често се споменува во заеднички контекст (Евреи се народ). --Виолетова (разговор) 23:07, 22 февруари 2009 (UTC)
- Е така, исцрпен одговор и сега може да се вметнат во листата на ботот. Поздрав--MacedonianBoy 23:19, 22 февруари 2009 (UTC)
Четири и Д-р
[уреди извор]Ја забележав дискусијава и само би сакал нешто да предложам. Една од најчестите грешки кај корисниците е бројот четири. Значи најчесто сите, буквално сите друр и јас дури и админите го пишуваат четри. Не е ништо страшно, едноставно се случува! Така што ако може тоа да се направи би било одлично. Исто така сакам да кажам за Д-р, нели ако е одредена титула треба да биде со голема првата бука каде и да се наоѓа или не? Нема врска ако треба со мала во текстот тогаш така и нека е. Значи дали би можело ако е на почетокот на реченицата да стои Д-р а ако е во реченицата тогаш д-р. Прочитав погоре дека може ако ставиш пример, точка и простор пред одредениот збор можеш да кажеш како да се пишува во тој случај. Поздрав. --Макс(разговор) 20:58, 25 февруари 2009 (UTC)
- Те молам отвори дискусија за оваа тема на страницата за разговор за Википедија:Чести правописни грешки, за да можат и другите корисници да дадат свој придонес. Мислам дека за четри --> четири нема да биде проблем да се среди, бидејќи е уникатна грешка која незнам колку е зачестена но нема проблем. А за Д-р, незнам баш, да ги консултираме Игор и Виолетова, бидејќи тие се поупатени во оваа проблематика. Ако се постигне согласност може и ова да се вметне како задача на ботот. Поздрав.--brest (разговор) 15:14, 26 февруари 2009 (UTC)
- Колку што јас знам д-р и м-р се пишуваат со голема буква само кога се наоѓаат на почетокот на реченица. Што се однесува за корекција на неточните варијанти (др. и мр.) на овие кратенки со бот мислам дека тоа може да се стори само за кратенката м-р, зашто др. може да биде кратенка од и др. Според мене едноставна замена на др. во д-р би можела да направи проблеми. Поздрав, Wikimk (разговор) 15:58, 26 февруари 2009 (UTC)
- Јас никогаш во животот немам сретнато некој човек, без разлика колку е писмен или неписмен, кој пишува четри за бројот 4. Макс, ајде дај ми конкретен пример каде е толку честа таа грешка (а притоа да не е ненемерна грешката)? --Brainmachinewtf? 20:12, 26 февруари 2009 (UTC)
- Колку што јас знам д-р и м-р се пишуваат со голема буква само кога се наоѓаат на почетокот на реченица. Што се однесува за корекција на неточните варијанти (др. и мр.) на овие кратенки со бот мислам дека тоа може да се стори само за кратенката м-р, зашто др. може да биде кратенка од и др. Според мене едноставна замена на др. во д-р би можела да направи проблеми. Поздрав, Wikimk (разговор) 15:58, 26 февруари 2009 (UTC)
Во македонскиот литературен јазик ниедна титула не се пишува со почетна голема буква, па така ни д-р и м-р, освен ако не е на почеток на реченица. П.С. интернетов дома не ми е добар, па не знам дали е објавено за средбата во сабота? Или се одложува? -- Виолетова (разговор) 20:56, 26 февруари 2009 (UTC)
- Тоа за средбата е многу чудна работа! Никој ништо не коментира. Поздрав, Wikimk (разговор) 22:00, 26 февруари 2009 (UTC)
Копче за викифицирање
[уреди извор]Дајми ако сакаш код за копчето за викифицирање да го вметнам во јава скриптата. Ми требе :) Поздрав--MacedonianBoy 22:37, 24 февруари 2009 (UTC)
- Мислиш на копче кое автоматски ќе го додава шаблонот викифицирање на страниците?--brest (разговор) 22:49, 24 февруари 2009 (UTC)
- На руската википедија има копче викификатор па реков дали го имаме и ние. Може да видиш на руската википедија кога уредуваш во тулбоксот е, прво е. --MacedonianBoy 22:53, 24 февруари 2009 (UTC)
- Сега ова копче ќе го има кај сите корисници во тулбоксот или треба да ставаме посебно сите во јава скриптите?--MacedonianBoy 23:13, 24 февруари 2009 (UTC)
- Мислам дека ќе го има само кај тие корисници кои го имаат ставено во својот Monobook.js. Јас сега го поставив кај тебе, пробај дали ќе функционира.--brest (разговор) 23:18, 24 февруари 2009 (UTC)
- Аха, ама зашто го немам во тулбоксот:?--MacedonianBoy 23:21, 24 февруари 2009 (UTC)
- Изгледа дека не функционира / не е поставено / како што треба.--brest (разговор) 23:23, 24 февруари 2009 (UTC)
- Па најверојатно затоа не функционира. А кај тебе дали функционира?--MacedonianBoy 23:24, 24 февруари 2009 (UTC)
- Направи CTRL+F5 за рефреш на IE, или соодветно за другите веб прелистувачи и ќе ти се појави копчето за викифицирање. После кажи дали функционира добро.--brest (разговор) 23:29, 24 февруари 2009 (UTC)
- т.е. По секое зачувување морате да го исчистите кешот на вашиот веб прелистувач за да ги видите промените. Mozilla / Firefox / Safari: држете Shift додека кликате на Reload или одеднаш притиснете Ctrl-F5 или Ctrl-R (Command-R на Мекинтош); Konqueror: кликнете на Reload или притиснете F5; Opera: избришете го кешот во Tools → Preferences; Internet Explorer: држете Ctrl додека притискате на Refresh или притиснете Ctrl-F5. --brest (разговор) 23:30, 24 февруари 2009 (UTC)
- Се појави од прва, сега е ок, но мислам не работи како што треба, незнам точно ми се појавува порака на руски која треба да се преведе (Кирил мислам знае руски). Фала за ова.--MacedonianBoy 23:33, 24 февруари 2009 (UTC)
- Јас пак, те пукнав. А како работи ова чудово? Не гледам дека ми врши некоја работа. --MacedonianBoy 23:35, 24 февруари 2009 (UTC)
- Ова е JavaScript која е правена за т.е. викифицирање во руски услови, сега треба истата да се испреведе на македонски и да се приспособи за наши услови. Прочитај ru:Википедия:Викификатор за повеќе информации. А ако се среди може да биде користен и кај нас, плус може и да се прошири/--brest (разговор) 23:47, 24 февруари 2009 (UTC)
- Добра работа е ова со викификаторот. Само сега треба да ја преведеме пораката што ја дава од руски на македонски.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:35, 25 февруари 2009 (UTC)
- Само почетните зборови се на македонски?--Kiril Simeonovski (разговор) 17:36, 25 февруари 2009 (UTC)
Јас преведов колку што имав време и каде што забележав дека има логика да се преведува. Е сега ако се јавува нешто непреведено, известете ме за да го допреведеми. Ако не ја бидува, тогаш може да го тргнеме ова копче.--brest (разговор) 15:09, 26 февруари 2009 (UTC)
- Вака, јас исконтактирав еден корисник на руската и тој ми рече дека ова истово ние што го правиме успеало на Википедија на старословенски. Имено, треба да се преведе целосно на македонски за да работи и за повеќе информации да се види ова. Кирил нека ја преведе а ние ќе видиме на оваа страна што има. Поздрав--MacedonianBoy 20:43, 26 февруари 2009 (UTC)
- ПС. Јас не можам да го уредувам Викификаторот зошто не сум админ, па затоа ви досаѓам тебе и на Кирил :) Поз
- Вака, јас исконтактирав еден корисник на руската и тој ми рече дека ова истово ние што го правиме успеало на Википедија на старословенски. Имено, треба да се преведе целосно на македонски за да работи и за повеќе информации да се види ова. Кирил нека ја преведе а ние ќе видиме на оваа страна што има. Поздрав--MacedonianBoy 20:43, 26 февруари 2009 (UTC)
- Потребо е секој корисник да има посебна страница monobook како на руската. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:44, 26 февруари 2009 (UTC)
- Добро е ги најдов.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:50, 26 февруари 2009 (UTC)
Ботот
[уреди извор]Здраво Брест. Сакам да те прашам кога ќе почне ботот да прави нови статии? Долго време го чекаме да започне со работа. Поздрав--MacedonianBoy 21:13, 25 февруари 2009 (UTC)
- Здраво МБ. И јас сакам да почне ботот што поскоро со работа, но за жал овој период имам навистина многу работа и не можам целосно да се посветам на мк.википедија, а оперирањето на ботот одзема време. Но ќе биде наскоро. Ако се интересираш малку повеќе за оваа задача на ботот тогаш можеш да помогнеш со транскрипцијата/транслитерацијата/превод на имињата и топонимите во следниве две листи: Листа на астероиди/1–100 и Листа на астероиди/101–200, согласно претходните дискусии (види страница на ВикиПроектот и други страници за разговор), бидејќи Кирил започна но мислам дека не доврши. А исто така треба да се потрудиме да креираме нови статии за црвените линкови најпрво во шаблонот {{Infobox Planet}}. Поздрав.--brest (разговор) 15:22, 26 февруари 2009 (UTC)
- Аха епа штом е таква работата ок, нема проблем ќе почекаме. Инаку јас ќе правам муабет со Кирил да ми посочи кои статии и како да ги транскрибирам (зошто тој почнал) па би требало да завршиме. Поздрав--MacedonianBoy 15:25, 26 февруари 2009 (UTC)
- Здраво МБ. И јас сакам да почне ботот што поскоро со работа, но за жал овој период имам навистина многу работа и не можам целосно да се посветам на мк.википедија, а оперирањето на ботот одзема време. Но ќе биде наскоро. Ако се интересираш малку повеќе за оваа задача на ботот тогаш можеш да помогнеш со транскрипцијата/транслитерацијата/превод на имињата и топонимите во следниве две листи: Листа на астероиди/1–100 и Листа на астероиди/101–200, согласно претходните дискусии (види страница на ВикиПроектот и други страници за разговор), бидејќи Кирил започна но мислам дека не доврши. А исто така треба да се потрудиме да креираме нови статии за црвените линкови најпрво во шаблонот {{Infobox Planet}}. Поздрав.--brest (разговор) 15:22, 26 февруари 2009 (UTC)
Ве молам за мислење.
[уреди извор]Ве замолувам да ја погледнете следнава дискусија и да го дадете своето мислење. --Макс(разговор) 14:59, 28 февруари 2009 (UTC)