Прејди на содржината

Разговор со корисник:Brest/Архива/2007/септември/1

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
brest T 
архива на разговори (1,26M+)
тековни

2012/13 (67.6k)


2012.01.01 - 2013.12.30 67.6k 

2010/11 (205k)


2010.10.31 - 2011.12.30 30k 
2010.08.05 - 2010.10.31 58k 
2010.04.25 - 2010.08.05 74k 
2009.12.31 - 2010.04.25 43k 

2009 (318k)


2009.09.22 - 2009.12.31 32k 
2009.04.30 - 2009.09.22 44k 
2009.02.28 - 2009.04.30 58k 
2009.01.31 - 2009.02.28 129k 
2008.12.31 - 2009.01.31 55k 

2008 (460k)


2008.10.06 - 2008.12.31 76k 
2008.08.22 - 2008.10.06 63k 
2008.05.21 - 2008.08.22 63k 
2008.04.21 - 2008.05.20 46k 
2008.03.21 - 2008.04.20 50k 
2008.03.03 - 2008.03.21 50k 
2008.02.24 - 2008.03.03 39k 
2008.01.22 - 2008.02.24 34k 
2007.10.08 - 2008.01.22 39k 

2007 (209k)


2007.09.01 - 2007.10.08 56k 
2007.07.12 - 2007.09.01 39k 
2007.06.25 - 2007.07.12 32k 
2006.04.17 - 2007.06.25 82k 
mini
mini
За подобрување и унапредување на Македонската Википедија
за Брест од Виктор

Благодарам

[уреди извор]

Фала на честитките, Брест.

Еве и јас да ти возвратам - честитки за... што ли не? Можеби за Порталот:Политика... не за друго, туку зашто ти е еден од последните придонеси што јас сум ти ги забележал. Би ти помогнал, но, искрено, за мене, тешко дека постои понеинтересна тема. Се надевам дека ќе се најде некој и дека нема да останеш сам. И не знам дали смеам јас да доделувам награди, но секако дека ти ги имаш и повеќе од заслужено, така што мислам дека никој нема да ми замери.

Патем, ако можеш промени го Берлинскио Конгрес во Берлинскиот Конгрес кај 13 јули (настани), зашто шаблонот е заштитен и јас не можам. --Виктор Јованоски 07:59, 13 јули 2007 (UTC)

Благодарам за наградата. Променето е Берлинскио со Берлинскиот. Шаблоните не се заштитени.--brest 09:19, 13 јули 2007 (UTC)
Поточно, страницата 13 јули (настани) не е заштитена директно, туку каскадно e заштитена поради тоа што денес се повикува од главната страница. Ова е едно интересно својство на wikimedia софтверот чија делотворност ја забележав и јас сега за првпат.--brest 09:45, 13 јули 2007 (UTC)

Избрана статија

[уреди извор]

Брест, мислам дека не е убаво сликата на главна страница да се појави во рамка, зашто бојата не е усогласена со позадината и зашто зафаќа доста простор. Можеби не сум во право, но мислам дека треба да се врати како што стоеше претходно. Исто така мислам и дека не треба статијата да стои во шаблон (како што е избраната статија оваа седмица). Како и да е, не променувам ништо додека не ми кажеш што мислиш ти, зашто сигурно има некоја причина поради која си ги направил промените. --Виктор Јованоски 14:18, 13 јули 2007 (UTC)

Во право си, подобро беше претходно. Експериментирав со onlyinclude. Една причина е тоа што копија на една иста содржина се наоѓа на повеќе места. Во самата статија и во шаблонот. Ако некој врши исправки во статијата тоа не се отсликува на шаблонот и обратно, а се работи за една содржина. Меѓутоа овде сепак повеќе треба да се обрне внимание на естетското поимање. Затоа враќам на претходна состојба.--brest 15:01, 13 јули 2007 (UTC)

Одговор

[уреди извор]

ОК. Забележав во последно време дека преголем товар од техничките работи околу македонската википедија паднале на твој грб. Нешто ги нема останатите администратори, па наполно те сфаќам со каква огромна работа се зафаќаш. Честитки за тоа :) и колку што можам ќе ти помагам (Zdravko 14:21, 23 јули 2007 (UTC))

Барам информација

[уреди извор]

Ја прегледав подетално страницата за помош за едитирање, и таму не најдов објаснување за создавање на посебен бокс со содржина и креирање на линкови внатре во самата страница-како што е на пример на страницата за карпошово востание.Дали е потребно користење на HTML и ако треба дали постои некој шаблон за ова. Поздрав, Тиверополник

Содржината се креира автоматски доколку има најмалку три заглавија во статијата. Наслов на заглавие се креира на тој начин што се вметнува помеѓу два знака за еднаквост од лева и десна страна. Погледни пример во оваа страница за разговор, самиот си креирал наслов на заглавие Барам информација. Со три и повеќе дефинирани наслови во статијата автоматски се креира содржина на статијата. Ако сакаш да креираш поднаслов на во рамките на некој наслов тогаш истиот го вметнуваш помеѓу три знаци за еднаквост, итн. Линкови внатре во самата страница се креираат на неколку начини. Еден начин е клучниот збор да го ставиш во аглести загради (од лево отворени, од десно затворени) [[клучен збор]]. Доколку за истиот во википедија има креирано статија тогаш клучниот збор ќе биде подвлечен со плава линија, во спротивно со црвена. Со клик на клучниот збор се оди на статијата што стои зад него. Ако не е креирана веднаш се оди во прозорец за уредување на нова статија со наслов како што е и клучниот збор. Ова е добра начин за креирање на наслови на нови статии. Доколку сакаш во самата статија да се позиционираш на некоја позиција тогаш принципот е сличен само што после клучниот збор додаваш тараба и ја пишуваш локацијата во статијата каде сакаш да се позиционираш [[клучен збор#Барам информација]]. Надворешни линкови креираш на тој начин што наместо во двојна аглеста заграда ги ставаш во единечна аглеста заграда. За потпишување го користиш претпоследното иконче (од лево на десно) на лентата со алатки над прозорецот во кој ја едитираш статијата. Автоматски вметнува време и назив на корисник кој врши едитирање. Се разбира ова го користиш во страниците за разговор. Во самите статии не се потпишуваш. Вежбај малку и после тоа ќе ти стане рутина користењето на wiki кодирањето. Има некои сличности со HTML ама чист HTML не поминува баш најдобро кај парсерот.--brest 11:24, 25 јули 2007 (UT


Фала на информациите, ми заштеди многу време и ме направи многу среќен :) Поздрав!--Астрион 06:27, 27 јули 2007 (UTC)

За Њутн

[уреди извор]

Брест, избраната мултимедијална содржина (десно), ние ја викавме Њутново нишало, а книгата Математички Принципи на Природната Филозофија. Можда е боље да се смени, барем лулка у нишало. Поздрав!!! --Филип што бе?

Имаш право, јас и понатаму се двоумам помеѓу нишало и лулка.--brest 18:33, 8 август 2007 (UTC)

Оф леле, целосно заборавив! Морам да признаам дека ни најмалку не се досетив, а знам дека ветив (на некој начин), па, се извинувам и те поканувам да ја погледнеш новата статија за Будва веднаш штом ќе ја завршам (почнувам СЕГА) :D. Поздрав, Поречанец 13:05, 8 август 2007 (UTC)

Статијата е одлична, сигурно си имал добра инспирација.--brest 18:29, 8 август 2007 (UTC)
Аха, супер си поминав таму ;) (лажам, најголемиот дел ми е од англиската верзија :D). Сепак фала. Поздрав, Поречанец 20:40, 8 август 2007 (UTC)

Здраво Брест

[уреди извор]

Брест, по долго отсуство од речиси три недели, и јас конечно се вратив. Само да те поздравам, да те прашам дали нешто важно се случи во изминатиов период и да ти кажам дека наскоро ќе продолжи и мојот активен ангажман на Википедија. --Виктор Јованоски 16:45, 8 август 2007 (UTC)

Здраво, сега кога си добро одморен сигурно ќе имаш инспирација и елан за работа на Википедија. Како што можеш да видиш ништо битно се нема случено. Намалена е активноста, ама не и застаната, дури и добро ни оди, се приближуваме до 11.000 статии, кои ќе ги достигнеме мошне брзо по што ќе треба да бркаме 12.000. Ни недостасуваат одбрани статии и се разбира да поработиме на започнатиот проект На денешен ден. Погледни http://mk.wiki.ridarec.com/denesenden1.php, тоа е модифицирана процедура на misos каде се исправени некои неправилности и на крајот ако кликнеш на врската директно те води во прозорец за уредување на статијата. ОК, продолжуваме со работа.--brest 18:28, 8 август 2007 (UTC)

Имаш право. Мислам дека во наредниве денови ќе напишам некоја доста голема статија. Во врска со одбраните статии - напротив, имаме доста статии што заслужуваат да се најдат во рубриката одбрани. При правењето на порталите и јас помислив на истиот проблем, но откако длабоко прочепкав низ досега направените статии, заклучив дека не сме толку сиромашни. Погледни во архивата на било кој портал и ќе најдеш доста статии кои заслужуваат да се најдат на главна (сигурно 70% од одбраните статии на порталите не се и не биле претходно одбрани за главна страница). Некои што моментално ми паѓаат на памет - Станислав Лем, Никола Коперник, Атина, Балкански војни, Марија Шарапова, Општина Делчево, Битлси... За следната недела, сепак, за одбрана ја ставив статијата за еден од моите омилени поети Вилијам Блејк - последната моја статија, сега за сега -, бидејќи на 12 август, односно оваа недела, се навршуваат 180 години од неговата смрт. Сега, не бев тука да побарам да ја ставиме за одбрана во периодот од 6-12 август, но тоа е тоа. И вака ќе биде добро.

Како и да е, да не заборавиме и на неколкуте нови статии на кои налетав при брзото разгледување на скорешните промени (на пример - Будва - навистина браво за Поречанец - си го оддржа зборот), а може и да им дадеме стимулација на двајцата-тројца ентузијасти кои се посветени на пишување статии за серии и телевизиски сапуници (особен впечаток ми остави статијата за Пријатели, која со многу малку модификации, би можела да стане една од најдобрите статии на Википедија). Тоа е од мене, Брест, продолжувам утре со работа.

Поздрав, --Виктор Јованоски 23:35, 8 август 2007 (UTC).

Едно мислење

[уреди извор]

Брест, гледам дека создаваш, според моето мислење, непотребни статии со листи по буква на македонски писатели. Не гледам никаква потреба од тоа да има повеќе од само една листа на македонски писатели, но твојата намера веројатно е да креираш што повеќе статии. Не сум сигурен дека ќе го земеш предвид моето мислење, но запрашај се: што е идејата со википедијата? Дали се работи за трка кој народ ќе има повеќе статии или се работи за споделување знаење? Ако е второто, тогаш зошто да се создаваат статии од кои нема корист? Не е ли поважно времето да се посветува на продуцирање квалитетни и/или поцелосни статии наместо да се троши на создавање што повеќе статии? Поздрав (Zdravko 21:17, 12 август 2007 (UTC))

Мојата намера е да креирам што повеќе статии. Го земам во предвид твоето мислење. Една од целите на википедија е споделување на знаењето (второто). Од статиите кои ги создавам мислам дека има корист. Ваквии листи има на повеќе јазични изданија на википедија (пример http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_authors_by_name:_B на википедија на англиски јазик, или http://hr.wikipedia.org/wiki/Hrvatski_pisci_iz_BiH%2C_A на википедија на англиски јазик, ...). Размисли малку подобро и се надевам ќе видиш барем некоја потреба од овие листи. А треба да се создадат и други листи. За тоа што е поважно би требало да цени секој википедијанец индивидулано. Некогаш важни се и овие работи кои јас ги правам, можеби во даден момент и многу важни. Во секој случај многу е важно да имаме квалитетни и целосни статии. Јас ја ценам работата на википедијанците кои даваат допринос во овој правец. Ми годи кога некој ја цени мојата работа и сакам да слушнам критика за мојата работа. Ти со твоите критики си добредојден.--brest 21:44, 12 август 2007 (UTC)

Те замолувам, бидејќи јас пишувам повеќе за Македонија и македонските револуционери доколку си компентен, сите бугарски фактори од нашите статии да бидат избришени како што го прават и тие на бугарската википедија.--Астрион 11:01, 16 август 2007 (UTC)Астрион

Can you explain, како да ги препознаеме и како тоа да го направиме.--brest 11:07, 16 август 2007 (UTC)

Археомак

[уреди извор]

Брест, ќе се активирам во фаза 1, но не знам од каде да ги преземам информациите. Гледам дека употребувате некоја книга која јас не можев да ја најдам минативе два дена. Кажи ми дали има некое друго место каде би можел да најдам информации. --Виктор Јованоски 16:31, 17 август 2007 (UTC)

Arwena ги има податоците и креираме листи на археолошки локалитети, како на пример Негрево (археоархеолошки наоѓалишта). Toa e фаза 0. Од тука креираме за секој локалитет посебна статија. Прочитај ја страницата за проектот, мислам дека ќе укапираш за што се работи. Во фаза 1 од овие листи креираме нови статии за секој локалитет посебно.--brest 16:35, 17 август 2007 (UTC)

Мислам дека е глупаво сега да ги преименуваме шаблоните и згора на тоа, мислам и дека нема некоја голема потреба. Во секој случај, сосема се согласувам со идејата да се преработат шаблоните - токму во овие моменти и се обидувам да ги ставам сите податоци во средина (некаде изгледа малку лошо подредувањето, зашто сите се подредени да почнуваат од лево), само не можам да сфатам кој е проблемот што не може да се промени. А и фонтот не би било лошо да се направи со големина 90% (така што и при болдирањето, буквите не би се истакнувале многу над содржината на текстот). За боите - не знам. Отпрво мислев да бидат сиви, но изгледаа многу монотони. Потоа се премислив и ги ставив црвени. Сепак, ако сметаш дека треба да ја смениме бојата, немам ништо против.

Сега околу види исто така: и мене ми изгледаше поубаво со него, само мислев да не се повторуваат многу податоците. Зашто некаде забележував статии од типот на XXXXX, населба од римско време, сместена на 2 km oд селото XXXXX и веднаш под тоа Види исто така - XXXXX, населба од римско време, сместена на 2 km oд селото XXXXX... Затоа и во насловот на шаблоните ставив врска до листите на археолошките локалитети и ги избришав. Само мислам и јас дека би било подобро да ги вратам (што и најверојатно ќе го направам).

--Виктор Јованоски 19:07, 17 август 2007 (UTC)

Да, доколку е прв на листата локалитетот тогаш во Види исто така се воочува дека има повторување. Ако е подолу не се забележува. Плус кога ќе се зголеми содржината на статијата (ако некогаш се случи) тогаш уште помалку ќе се забележува. А тогаш комотно може и да се избрише оваа листа и да се остане само на шаблоните. Сега ја ставив со цел да има повеќе содржина, информативно е и при средување на статиите помага да се следи до каде сме со работата, дали линковите се во ред или не. Во секој случај мислам дека треба да остане и она што јас го имав почнато а и шаблони кои ти ги имаш креирано.
Би те замолил исто така и така ќе влегуваш во статиите да ги креираш, таму каде што нема поставено шаблон {{ВикиПроект Археомак 2.0 хипер навигација}} на почетокот од статијата да го поставиш. Овој шаблон овозможува скок до порталот и страницата на проектот.--brest 19:17, 17 август 2007 (UTC)

Паметен аргумент - ќе ги вратам. За неколку часа, зашто сега имам некоја работа. Знаеш, сум забележал дека ти секогаш имаш некој оптимистички начин на идеализирање: ако 99% од корисниците ја гледаат статијата полна само со првобитните информации, ти можеш да ја набљудуваш само како никулец за некоја огромна статија што ќе се појави во иднината. Браво! Патем, прочитав и го сфатив начинот на креирање на нови статии, така што веќе и се пријавив за уредување на неколку. --Виктор Јованоски 19:33, 17 август 2007 (UTC)

Еј, Брест, ако можеш, пробај да ги центрираш податоците во шаблоните. Веќе половина час се обидувам и никако не можам да најдам начин, ниту пак причина зошто не можам да го најдам тој начин. --Виктор Јованоски 19:36, 17 август 2007 (UTC)

Категорија, Зимски Олимписки Игри

[уреди извор]

Зошто ја избриша категоријата Зимски Олимписки Игри? Да не е по грешка? Или? Или кај мене нешто е грешка? Поречанец 20:09, 24 август 2007 (UTC)

Направив нова Категорија:Зимски олимписки игри, со мали букви--brest 20:12, 24 август 2007 (UTC)
Оу, извини :P Поречанец 20:27, 24 август 2007 (UTC)
мислам, така е по правопис.--brest 20:43, 24 август 2007 (UTC)
Да, да, во ред е. Извини уште еднаш! Поречанец 20:47, 24 август 2007 (UTC)

Категоризација преку шаблони

[уреди извор]

Идеја, и тоа прекрасна! Прееска почнав да ти пишувам порака за да ти кажам колку ми се допаѓа идејата (бидејќи приметив дека веќе си почнал да го правиш тоа) и да ти дадам некои слични предлози. Супер би било тоа, шаблоните да ги категоризираат статиите според раѓање/занимање/националност итн итн, уште веднаш ќе почнам да планирам (а дејствувањето подоцна ќе дојде :D)!
Само, ќе биде сложено, затоа што, на пр. ако во поле роден-дата стои податок 2 февруари, 1922, категоријата сигурно нема да биде 2 февруари, 1922, ама има решение и за тоа (иако сложено). Поречанец 15:42, 25 август 2007 (UTC)

За блокадата

[уреди извор]

Брат, срам да ти е! Само така продолжи, со таква политика, Европа, Европа, Европа, додека сите си играат со нас (особено Бугарите!). Татаринот доаѓа на нашата Википедија, сите можни статии за Македонија ги преобратува во бугарска пропаганда, навредува и ПАК победува! Епа или алал да им е на нив или арам да ни е на нас! Првиот дел од „разговорот“ со него не беше навредлив, зборував за настанокот на т.н. бугарски јазик; а вториот дел (навредата) точно е дека беше несоодветен и „навредувачки“ (гледам се тресе типот од што е навреден... СЕ СМЕЕ!!), ама му претходеше навреда од негова страна! Не знам дали го прочита тоа „Београђанин“, ама мене тоа ми задава силен удар (душевен), па морав некако да се испразнам. Имено, човекот сака да каже: „Ти си испран од Србите и затоа се откажуваш од твоето бугарство, брате Бугару“, затоа што прочитал дека сум роден во Белград (ААА ПАК СЕ НЕРВИРАМ!), а што има врска каде сум роден! Туку, да преминам на главното, можеше да ми дадеш некоја опомена или мала рестрикција, не мораше блокада од цели 24 часа! Мислам, не сум вандализирал страници и слично, беше само еден испад (што многу лесно се санира). Фала уште еднаш за блокадата, Поречанец 09:56, 31 август 2007 (UTC)

На денешен ден

[уреди извор]

Брест, не знам зошто не ти текна порано да го изнесеш овој начин на уредување на рубриката - можеше да реши многу проблеми (алудирам на дискусиите со Здравко) и неговото мислење дека треба да се поедностави начинот на уредување на деновите. Можеше (всушност, не гледам причина и сега да не може) да се направи сите денови да се уредуваат на стариот начин (за да не биде технички сложено за останатите корисници), а истовремено, за секој ден да се прави ваков шаблон за главна страница (од страна на членовите на проектот) при што од понудените податоци ќе се избираат по максимум пет во секоја категорија (настани, родени, починале, а гледајќи ја флексибилноста на овој начин на пишување, зошто да не се стави и слика)- прилично едноставен принцип кој ќе овозможи да имаме статии за сите денови кои би содржеле голем број на информации и такви за на главна кои би биле ограничени. Сега мислам дека ме сфаќаш зошто уште од порано барав да се воспостават некои правила и ограничувања: сите имаме различен начин на пишување и нормално изгледот на рубриката не е стандардизиран.

Како и да е, како што најверојатно имаш забележано, десетина дена само повремено се појавувам на Википедија (имам доста работа овој период), но мислам дека ќе можам денес да ги средам деновите до 10 септември на овој начин.

И патем, Брест, што се случило со порталите?

Поздрав, --Виктор Јованоски 13:49, 1 септември 2007 (UTC)

Мислам дека сфатив (недостасува Шаблон:, иронично, токму пред шаблоните), но тоа нема да помогне кај Порталот Географија кој е, како да речам, severely damaged - му недостасуваат и box-header и footer. Како и да е, кажи ми дали работиш нешто на нив или не? Зашто ако е не, да почнам да ги средувам и нив.

Уште еднаш поздрав од мене, --Виктор Јованоски 13:56, 1 септември 2007 (UTC)

Мислам дека знам што е работата - додадени се нови именски простори Портал и Разговор_за_портал, па досегашните врски треба да се изменат. Сега трансклудирањето треба да функционира како што треба. Брест, пиши ми маил кога ќе можеш, да се договориме за проектот архео-мак. --Милош 14:52, 1 септември 2007 (UTC)
Здраво Виктор,
Може рубриката да се илустрира и со слика. За начинот на уредување, мислам дека потрошивме многу време дискутирајќи околу тоа. Секој начин си има предности и мани. Не е проблем да се тераат и двата начина паралелно, кој како смета дека е подобро. Ова што сега правиме за главната страница е новина, мислам дека е неопходна со тоа што содржината во нормалните статии со текот на времето постојано ќе се зголемува и нема да биде функционално комплетно да оди на главна страница. Затоа за главната страница ќе направиме посебен шаблон кој ќе го уредуваме според некои критериуми. Мислам дека спомнав на твојата страница за разговор кои критериуми според мене би биле важни.--brest 15:06, 1 септември 2007 (UTC)
Во однос на порталите. Имаше еден проблем кој постоеше многу одамна во врска со /box-header и /box-footer шаблоните. Не ми е познато како тој проблем настанал. Но го имавме сместено (јанкуловски, брест, мисос). Најверојатно деновиве Мисос има превземено нешто во тој поглед (не сум сигурен, немам никаква информација) и фактички проблемот е решен. Но сега треба секој портал треба да се среди, во смисла на тоа дека за секој портал треба да има посебен /box-header и /box-footer шаблон. На овој начин ќе може да се менува изгледот на секој портал посебно (до сега сите беа црвено жолти). Јас деновиве ги средив некои портали, за другите не сум стигнал. Збачи треба во најмала рака само да се копираат старите шаблони /box-header и /box-footer, плус по желба да се подесат боите. И веројатно треба за секој портал подстраниците да се префрлат од шаблонскиот именски простор во портал именскиот простор. Пример Шаблон:Портал:Уметност/Вовед треба да оди во Портал:Уметност/Вовед, може да се направи со redirec, а не би било лошо почетната редирекција да се избрише од шаблонскиот именски простор, бидејќи нема потреба од нив.--brest 15:06, 1 септември 2007 (UTC)
Брест ги уредив онака како што почнав; малку предоцна ја прочитав твојата порака и не можев повторно да ги прередувам веќе средените портали. Искрено, вака беше многу полесно и побрзо. А не мислам дека предизвикува некој проблем, ниту пак дека нешто ќе пречи. Не знам, доколку сметаш поинаку или доколку сакаш, можеш и да ги средиш одново порталите. Повторно да кажам, мое мислење е дека би било излишно и дека нема потреба. --Виктор Јованоски 16:49, 1 септември 2007 (UTC)
Во право си, што е сторено, сторено е. Одиме понатаму. Функционира и вака. Проблем може евентуално да се појави ако некој во иднина ги искористи постоечките уредувања како пример за некој нов портал и ја повтори истата грешка/нерегуларност повеќе пати. Слично како што Јанкуловски најверојатно почнал на почетокот со шаблоните /box-header и /box-footer (види Википедија:Портал/Техника#Изглед на порталите). Па другите продолжиле на ист начин (меѓу кои и јас) и сега кога нерегуларноста е исправена одеднаш имаме малку од повеќе тривијална работа.--brest 17:00, 1 септември 2007 (UTC)
Не сум сфатил баш добро што е проблемот. Да го видев разговорот пред да уредувам немаше да има никаков страв од идни грешки. Но тоа е тоа. Сепак, можеби некогаш ќе ги преуредам порталите. --Виктор Јованоски 17:49, 1 септември 2007 (UTC)
OK, нема проблем--brest 18:11, 1 септември 2007 (UTC)