13 јули (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
1822  Грчката војска ја победува турската кај Термопилите во текот на борбата за независност на Грција.
1878  Завршува Берлинскиот конгрес, на кој тогашните големи сили (Германија, Австроунгарија, Русија, Англија, Франција и Отоманското Царство) воспоставуваат нов однос на силите на Балканот.
1930  Во Монтевидео, главниот град на Уругвај, започнува првото светско фудбалско првенство, на кое домаќинот ја освојува титулата.
1946  При Земската болница во Скопје е формирана првата Станица за трансфузија на крв. Од мала станица со еден лекар и три медицински сестри прерасна во Републички завод за трансфузиологија.
1985  Советскиот скокач со стап Сергеј Бубка, во Париз станува првиот човек во историјата на овој спорт што прескокнал над шест метри.
1985  На лондонскиот стадион „Вембли“ и на стадионот „Џон Кенеди“ во Филаделфија, САД во исто време беа одржани големите хуманитарни концерти под името „Лајв ејд“ (Live Aid). Во акцијата за помош на гладните во Африка, која ја организираше Боб Гелдоф, најпознатиот рок и поп-музичар во светот, собрани се 60 милиони долари, а ТВ-преносот од концертите го следеа околу милијарда и пол гледачи ширум светот.
1987  Едмонтон бил погоден од торнадо во кое загинале 27 луѓе, а околу 300 биле повредени.
1990  Во Скопје е основана Социјалистичката партија на Македонија. За претседател е избран Киро Поповски.
2016  Тереза Меј застанува на чело на Конзервативната партија, станувајќи премиер на Обединетото Кралство по оставката на Дејвид Камерон.