Разговор со корисник:Brest/Архива/2007/октомври/8

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
brest T 
архива на разговори (1,26M+)
тековни

2012/13 (67.6k)


2012.01.01 - 2013.12.30 67.6k 

2010/11 (205k)


2010.10.31 - 2011.12.30 30k 
2010.08.05 - 2010.10.31 58k 
2010.04.25 - 2010.08.05 74k 
2009.12.31 - 2010.04.25 43k 

2009 (318k)


2009.09.22 - 2009.12.31 32k 
2009.04.30 - 2009.09.22 44k 
2009.02.28 - 2009.04.30 58k 
2009.01.31 - 2009.02.28 129k 
2008.12.31 - 2009.01.31 55k 

2008 (460k)


2008.10.06 - 2008.12.31 76k 
2008.08.22 - 2008.10.06 63k 
2008.05.21 - 2008.08.22 63k 
2008.04.21 - 2008.05.20 46k 
2008.03.21 - 2008.04.20 50k 
2008.03.03 - 2008.03.21 50k 
2008.02.24 - 2008.03.03 39k 
2008.01.22 - 2008.02.24 34k 
2007.10.08 - 2008.01.22 39k 

2007 (209k)


2007.09.01 - 2007.10.08 56k 
2007.07.12 - 2007.09.01 39k 
2007.06.25 - 2007.07.12 32k 
2006.04.17 - 2007.06.25 82k 
mini
mini
За подобрување и унапредување на Македонската Википедија
за Брест од Виктор

Сега ти погледни го mail-от од кајшто ми испрати порака. --Виктор Јованоски 18:53, 1 септември 2007 (UTC)

За интервенцијата[уреди извор]

Барањето за нов именски простор го поднесов одамна, ама дури сега го ажурираа. Види багзила. --Милош 12:28, 2 септември 2007 (UTC)

Надворешни линкови кои водат до референти блогови[уреди извор]

Би сакала да знам зошто се надворешните линкови избришани од текстот за Пештерни цркви во Македонија кога тој е мој авторски тескт кој јас го поставив на Википедија. Линкот кон мојата страница е единствената референца дека овој текст е претходно публикуван во списание и единствениот веродостоен извор кој може да посведочи дека статијава не е измислена. Инаку секој може ама баш што сака да пише за Пештерни цркви во Македонија. Или пак за било кој друг термин, појава, настан и др.

Доколу на Македонската Википедија не се дозволува линкови кон референтни блогови, тогаш на стотици надворешни линкови кои водат до секакви блогови, ќе треба да се избришат. Тоа треба да се разгледа како прашање и ставот на корисниците на Македонската Википедија по однос на ова, јавно да се објави.--Arwena 12:30, 5 септември 2007 (UTC)

На момент ми се причини дека вметнуваш линкови кои би требало да се избегнуваат, посебно: Links mainly intended to promote a website, како и Links to blogs and personal web pages, except those written by a recognized authority.--brest 17:00, 5 септември 2007 (UTC)
На Македонската Википедија се бара коректност во написите и јас тоа не сум го надминала. Надворешни линкови кои водат до референти блогови на стручни луѓе кои излегле со име и презиме и со научни текстови е една работа. А тоа што на тебе ти се причинува, е сосема друга работа во чија интима не би навлагала.
Во секој случај доколку сите членови на Мак Вики изгласаат дека не може да има линкови до такви блогови или блог-сајтови, јас конкретно овој текст ќе го ставам под копирајт и ќе побарам да се избрише. Така нема да навлегуваме во конфликти и ќе бидеме сите лишени од непотребни дебати. Но би сакала мислење од повеќе корисници, а не само од еден. --Arwena 17:18, 5 септември 2007 (UTC)
Википедија на македонски јазик е различно од Македонска Википедија.
Поречанец подолу постави едно друго прашање поврзано со WP, можеби доколку ги проанализираш Википедија политиките и помогнеш во дефинирањето на истите тука, ќе успееш да го најдеш одговорот кој што сакаш да го знаеш, или пак ќе дознаеш за процедурата за ставање на текст под копирајт и/или негово бришење. Јас ќе те подржам во твоите напори.--brest 17:43, 5 септември 2007 (UTC)
Македонската Википедија не е форум па да дебатираме до бескрај. Дебатирањата нека си ги остави секој по дома за со фамилијата. Тука сме со друга намена. Ти можеш да бидеш тврдоглав до бескрај. Поставив прашање, сакам коректен и "директен" одговор. Се поставуваат такви линкови или не? Ако одговорот е не, тогаш барам да се избришат сите такви постоечки линкови додека не се изјасни заедницата за поинаку. --Arwena 17:48, 5 септември 2007 (UTC)
Дискусијата можеш да ја прекинеш кога сакаш. Исто така и јас. Жалам, но одговорот на твоето конкретно прашање не го знам (Дали се поставуваат таквии линкови или не?). Ако нешто не е во склад со Википедија политиките секој може да се обиде истото да го усклади. Можеш и ти. Пример можеш да ги избришеш сите таквии линкови. Ако не знаеш како (?) тогаш посочи ги тие линкови и јас ќе ти помогнам во тоа или ќе ти кажам како да го направиш тоа за во иднина да не бараш моја асистенција. Иначе фамилијата ми е ок, како твојата, кога веќе ме праша иако тука сме за друга намена?
Прво да разјасниме, кога се додава статија на Википедија од самиот автор на еден текст, автоматски го „губи“ копирајтот и се лиценцира станува под GFDL. Убаво прочитајте што пишува под полето за уредување. Не сум сигурен дали еден текст може да стои под две лиценци истовремено, треба некој поискусен да одговори. Е сега, дали текстот на блоговите може е да се смета за валиден извор е дискутабилно, но многу често и на англиската википедија се додаваат такви врски/референци. Идеално, Arwena може да подигне свој сајт, со име и презиме, и да поставуваме врски кон него (ова е мој предлог, и не е тешко да се реализира). До тогаш, со оглед дека немаме многу онлајн материјали, мислам дека сосема во ред е да стојат врските и кај нас. --Милош 18:21, 5 септември 2007 (UTC)
Доколку не се во функција на промоција на блог/сајт а во случајов самопромоција на личен блог на корисникот. Долку надворешните врски во статиите Аквадукт кај Скопје и Пештерни цркви во Македонија не ги гледаме така тогаш можеби може да ги оставиме. Патем, да кажам дека блогот на Arwena како блог е солиден блог, според мене. Ама придонесот на википедија да се состои само во додавање на надворешен линк кон личен блог (случај кај статијата Аквадукт кај Скопје) или после минорни уредувања додавање на надворешен линк кон личен блог (случај со статијата Пештерни цркви во Македонија) не може да се окарактеризира како почитување на принципите на википедија и good will уредување, пак според мене.--brest 00:14, 6 септември 2007 (UTC)

Околу шаблонот {{Одбрана}}[уреди извор]

Брест, кога веќе го сменивме терминот Одбрана статија со Избрана статија, нели би требало и шаблонот да се преработи? Ја го приметив тек сеа, па мислам, да те обавестам :)))) Да не превземам мерки на своја рака LOL! Поздрав!

ОК. Некаде во некој разговор, чинам со Misos разменивме неколку реченици во смисла на тоа кој термин е поадекватен т.е. одбрана vs избрана. Не се сеќавам сега за да покажам на него, но поентата ми беше во тоа што се врши избор од предложени статии, правиш избор (знаеш на избори за пратеници се избира од предложени кандидати, а не се одбира), кога одбираш фактички правиш селекција по некои критериуми, нешто како пребира, одбира и избира нешто, во нашиов случај добра статија, што би рекле енглезите feautured. Незнам ама ми се чини дека на босанската или српската википедија имам забележано нешто како сјајни чланак. Кај изборот имаш нешто повеќе демократија. Се гласа, па што ќе се изгласа тоа е тоа. Ако не тегавиме, и двата термина може да бидат точни. По мое мислење Избрана статија повеќе одговараше порано кога на википедија имавме подобар систем на гласање, бидејќи статиите се менуваа месечно. Сега бидејќи статите се менуваат седмично, се нема време за поставување на предлози а за гласање уште помалку, па повеќе одговара Одбрана статија, бидејќи некој мора да одбира од постоечките а не да избираме од предложените. Се надевам дека по извесно време се ќе си дојде на свое место. Ако сметаш дека треба да ја запазиме конзистентноста тогаш треба нешто да се менува. Мое мислење е дека можеби подобро е уште некое време да бидеме неконзистентни, со надеж дека ќе почнеме вистински да избираме од предложените статиите наместо како до сега да одбираме. Или ќе треба на подолг период да ги оставаме да бидат избрани статиите?--brest 17:00, 5 септември 2007 (UTC)

Еј Брест, размислував нешто, па решив да те прашам тебе. Зошто огромен број од WP статиите ги нема на македонски? Мислам, дали е од пуста наша мрза (мислам, ваша хаха) или има некоја мистериозна причина? Ако е првото, се нудам да помогнам со сѐ што имам, само дај ми инструкции! Рајт сун, Поречанец 17:20, 5 септември 2007 (UTC)

Било чиј придонес во овој правец е добредојден, вклучително и твојот. Не се работи за никакви мистериозни причини, ниту пак мислам дека се работи за мрза. По мое мислење проблемот е во недостаток на ресурси (човечки), кои би се ангажирале на тоа поле. Впрочем како и во случај на недостаток на било која друга содржина на википедија на македонски јазик, потребно е некој да се нафати и да напише/преведи/уреди и слично, во спортивно ќе ги нема или ќе бидат таквии какви што се. Малку по малку некој по повеќе и ќе добиваме продукт со квалитетна содржина и добро дефинирани правила. Значи не постои никаква забрана и секој може да пристапи кон уредување на т.н. WP статии. Дефинирањето на Википедија политиките ќе помогне и за поконструктивна работа на уредувачите, полесно надминување на конфликтни ситуации, ефикасен начин на координација на работата на повеќе уредувачи на исти теми, ... и да не набројувам. Повели работи, твојата работа нема да остане незабележана.--brest 17:32, 5 септември 2007 (UTC)
Еве, конечно, се одлучив да почнам со работа и на ВП страниците, па почнав со Википедија:Надворешни врски. Ја преведов страницата, но сѐ уште не сум ја подигнал, од некои незгодни причини. Прво, не знам како треба да се вика страницата и не знам како треба да се викаат другите ВП страници што се споменуваат во дотичната. Понатаму, некои англиски зборови (што знам што значат) не знам како ги преведувате вие, бидејќи можеби веќе имате одредено стандарди - пр: guideline, dead link, wikilink, wide-text filter, rich media итн итн... Има уште некои ситни работи, но иако ситни, сепак ме спречуваат да ја подигнам страницата. Дали, на пример, да ја ставам таква каква што е, а оние работи што не знам како да ги напишам да ги означам (со задебелување на пример), па ти да ги дотераш? Те молам кажи ми како е најдобро, ти си газдата ;) -- Поречанец 04:21, 15 септември 2007 (UTC)
Прво едно големо БРАВО од мене за твојот напор во овој правец. Насловот на страницата е ок, Википедија:Надворешни врски. Доколку се двоумиш со именување на другите страници кои се спомнуваат таму тогаш подобро е да ги оставиш непреведини, па со текот на времето ќе им најдеме соодветен превод, не мора сега да си премногу креативен со преводот на тие термини. Истото би важело и за другите англиски зборови. Не мора специјално да ги означуваш овие зборови, и така ќе се издвојуваат бидејќи се напишани со латинични букви и не се на македонски јазик. Значи можеш слободно да ја подигнеш. Од мене како газда ;) толку сега за сега.--brest 07:49, 15 септември 2007 (UTC)

За најголемиот дел се сложувам (зборувам за преводите), само за некои работи имам забелешки.

  • Policy - не знам зошто секаде го преведувате овој збор како политика, политики. Policy е односот (ставот) на некоја странка спрема одредени работи (на пр. кога една политичка партија е против расизам, се залага за нацизам итн.. или кога Википедија се залага за чисти статии, неутрално гледиште, против-вандализам итн итн). Ме потсети примерот со Википедија:Политики за ботови, но има и многу други слични примери. Едноставно, само сакав да укажам на тоа (да си го кажам моето мислење).
  • search engine - го преведе како „пребарувачка машина“, што до некаде е во ред, само некако не ми одговара „машина“. Мислам, на пр. google и yahoo се примери за „search engine“, нели? Повеќе би одговарало нешто како -систем, -сајт или нешто слично (иако ни ова не е доволно соодветно). Не знам, ако случајно се сетиш на нешто посоодветно, те молам размисли.
  • за користењето на многу латински изрази и интернационализми - мислам дека треба да го сведеме до минимум, id est да практикуваме користење на повеќе словенски фрази. Моментално не можам да се сетам на некој посебен пример, ама се надевам дека ме сфаќаш што сакам да кажам (немој погрешно да ме разбереш дека сакам да правиме како Хрватите, со зракоплов и свемрежје...) :D
  • за крај, еден поздрав од Фирусот што сум го спомнал :) Поречанец 17:57, 16 септември 2007 (UTC)
Уште еднаш честитки од моја страна за твојата работа на ова поле. Можеби имаш право за Policy, не сум размислувал многу за тоа. Иако може да биде и политики, ако ја гледаме дефиницијата на терминот политика, пример на порталот за политика. Според моето искуство search engine најдобро е да се преведе со - пребарувачка машина. И јас сум за тоа користењето на странски изрази и интернационализми да се сведе на минимум, и секаде каде што постои можност безусловно да се користи македонскиот јазик. Сепак моќта на еден јазик се состои и во апсорпцијата на туѓи зборови, за што сметам дека македонскиот јазик има одлични перформанси. Поздрав.--brest 18:09, 16 септември 2007 (UTC)
Хех, фала, ќе се врцрвам :P Знаеш, ме убеди за изразиве, сфаќам дека и вака се во ред. Инаку, планирам да продолжам со ваквите ВП страници, и да знаеш дека кај тебе ќе се обраќам за совети ;) Поздрав, Поречанец 22:44, 16 септември 2007 (UTC)

Одг: Координати на селата[уреди извор]

Па, всушност вметнував податоци во статии кои и порано сум ги уредувал, а планирав да пишувам некои статии за архитекти, уметници и дизајнери следниов период. :-) Како и да е, најсреќно решение за координатите на селата секако ќе биде некоја табела за масовно внесување на податоци. Ова го зборувам од одамна... Не знам каде беше точно сајтот (јас ги земав овие од http://worldmaps.web.infoseek.co.jp/macedonia_guide.htm ), но имаше zip фајл со сите можни координати во Македонија, се сеќавам дека и нешто со Милош правев уредувања на тој фајл, да се прилагоди за внес на податоци. Проблемот со горниот сајт, па и со фајлот е тоа што координатите се дадени со децимали, па мора да се конвертираат во минути и секунди (т.е. и тоа некако да се автоматизира), зошто твојата скрипта функционира на тој начин (и патем е далеку подобра од таа што ја направив јас). Моментално не сум дома, штом се вратам ќе се распрашам со Милош како да се среди тоа и секое село автоматски да добие координати: сосема е сеедно дали ти или тој ќе ја направите скриптата, и двајцата сте програмеришта, и мислам дека нема да ви биде проблем! :D --FlavrSavr 21:00, 5 септември 2007 (UTC)

Ако ја најдеш таа zip податотека која ја спомнуваш, сети се дека јас барам таквоо нешто. Иначе не е проблем да се конвертираат координатите од децимална презентација во стандардна: степени, минути, секунди. Шаблонот за селата прима и таков вид на податоци. Само треба да ги внесеш со параметрите: |lat=41.3256 и |long=21.2365. Практично може шаблонот да се доуреди и полињата географска должина и географска ширина, автоматски да ги пополнува врз основа на овие податоци.--brest 00:25, 6 септември 2007 (UTC)
овде е. --Милош 00:40, 6 септември 2007 (UTC)

ВУЛГАРности[уреди извор]

Најпрвин Бугаринот, почна! - Македонец 22:51, 5 септември 2007 (UTC)

Во секој случај, не гледам причина зошто да се долева масло на огнот. Искрено, не очекувам таквии рекации од корисник со твоите капацитети.--brest 00:29, 6 септември 2007 (UTC)

10 септември[уреди извор]

Брест, зошто недостасува Настани во шаблонот на денешен ден за главна страница? Не знам дали е ненамерна грешка или мислиш дека не треба да го има. Во секој случај, мое мислење е дека треба, зашто постојано да држиме истата поделба на настани, родени и починале. Ако се согласуваш со ова, врати го настани зашто шаблонот е каскадно заштитен, па јас нема да можам. Патем, благодарам многу и за поддршката. --Виктор Јованоски 22:43, 9 септември 2007 (UTC)

Здраво. Се обидувам да ја ускладам висината на секцијата со висината на секцијата лево. Несакајќи да бришам некој настан, мислев дека зборчето Настани ќе се подразбира па него го избришав, ако мислиш дека е подобро да го вратиме тогаш ќе треба да избришеме некој настан за да се усклади висината на секцијата. Јас ги тргнав двата настани (родени) бидејќи сметав дека не се од некоја голема вашност за да бидат на главната страница. Кажи дали мислиш дека сепак треба да го враќаме зборчето Настани или не?--brest 22:49, 9 септември 2007 (UTC)

Не, не е толку важно - нека стои вака: се подразбира во секој случај. --Виктор Јованоски 22:52, 9 септември 2007 (UTC)

Благодарам[уреди извор]

Благодарам за честитките и постојаната поддршка. --Виктор Јованоски 23:17, 10 септември 2007 (UTC)

Архангели[уреди извор]

Не мора да стои „свети“, тоа не е енциклопедиски (на ни една Википедија не е така). Што се однесува до контекстите, многу пати сум видел и мало вадење од контекст, и не сметам дека е проблем тоа да се поправи кога ќе се прави статија за даден поединечен објект или настан. --Б. Јанкулоскиразговор 07:20, 16 септември 2007 (UTC)

Мислам дека треба да стои префиксот -свети. Твоето образложение дека на ни една Википедија не е така мислам дека е дадено без да извршиш претходна проверка дали е точно. Пример погледни: Свети Архангел Гаврил на википедија на српски јазик, Sveti Mihael на википедија на хрватски јазик, или на Sant Miquel Arcàngel, ... Се разбира има случаи каде префиксот -свети не се употребува. Значи твоето тврдење дека тоа не е енциклопедиски поради тоа што на ни една Википедија не е така, не е точно. Од тоа што не е точно ова тврдење не произлегува ниту дека мора, ниту дека не мора да стои префиксот -свети. Така да твојот одговор за употреба на префискот -свети го сметам само како твое мислење, а не како нешто што не мора. Моето мислење за употреба на префиксот -свети го образложувам со почитта кон овие ангели, слично како што ја изразуваме почитта кон некој професор, претседател и слично. Покрај тоа сметам дека ако не се користи префиксот -свети тоа може да биде навредливо за религиите кои ги почитуваат овие ангели.--brest 08:07, 16 септември 2007 (UTC)
Што се однесува до контекстите, точно е дека има вадење од контекст многу пати и дека не е проблем тоа да се поправи кога ќе се направи статија за даден поединечен објект или настан, но тоа не значи дека е исправно. Вадењето од контекст е од незнаење, без намера или со намера. Претпоставувам дека ти ги извади од контекст без намера, па затоа и ти укажав на оваа неправилност, бидејќи ако нешто е ставено во контекст и се извади од контекст (и се променува смислата на контекстот) тогаш тоа претставува проблем иако не е технички проблем истото да се поправи.--brest 08:07, 16 септември 2007 (UTC)

буква ґ[уреди извор]

Ти направил измените во мојот текст за буква „ґ„, фала, сега е нормални македонски. Но си сменил „беше забранено„ на „не е во уботреба„, може би сум нашравил грешки со граматика но во твојот вариант се губи смислот дека оваа буква „беше забранена„ - еве од украинската вики (В 1933 році з ідеологічних міркувань її було вилучено з української абетки.) (превод. во 1933 според идеологија таа буква била одземена од украинската азбука). Ако не сакаш мојот вариант со „беше забранена„, направи сличен, но „не е во употреба„......се губи смислот на мислата.

Поздрав Tjuha 21:26, 17 септември 2007 (UTC)

OK, извини. Јас мислев дека забранета е престрого кажано. Но ако навистина е забранета употребата со некој декрет тогаш ќе го вратиме терминот е забранета, при што добор би било да се наведе врска кон таквиот декрет за забрана. Јас мислев дека можеби се работи за некаква реформа во времето на СССР во која се вршат модификации на украинската азбука, при што буквата „ґ„ не било предвидено да се употребува. Бидејќи секоја забрана ако е нормирана со закон/пропис повлекува со себе и казни за оној што не ја почитува. Ако навистина било така во тоа време во украина тогаш секако дека треба да стои - е забранета.--brest 04:41, 18 септември 2007 (UTC)

зошто постојано враќаш текст на туѓ јазик?[уреди извор]

....нели ова е Википедија на македонски јазик!? Или, може да се лажам? EvLa 10:13, 18 септември 2007 (UTC)

текстот кој последен пат го избриша не беше целосно на туѓ јазик, а може пред да се избрише да се маркира како статија за превод.--brest 10:15, 18 септември 2007 (UTC)

Авторски права[уреди извор]

Брест, забележав дека статијата за Нанси Морехон е целосно преземена од официјалната страница на СВП. Дали тоа е повреда на авторските права или смееме да преземаме текст објавен на нејзината страница? --Виктор Јованоски 21:28, 19 септември 2007 (UTC)

Не смееме да превземеме текст во целост, бидејци тоа претставува кршење на copyright правата кои најдолу на сајтот се наведени, NeubautEn web design © 2005. Иако најверојатно ако авторот знаел што заштитува тоа би значело copyright на дизајнот на веб сајтот а не на содржината. За да си немаме проблем, најдобро е статијата да се преработи, што и најверојатно ќе мора за да добие енциклопедиски карактер. Или можеби може да се пише еден email на нивната контакт email адреса и да се побара слободно користење на содржините. Мислам дека тоа ќе е и во нивни интерес. За пример, погледни Википедија:Проект:МПЦ - Цркви и Манастири#Авторски права. Јас пишав еден допис и до повардарската епархија и добив одговор дека може да се користат содржините од нивниот веб сајт. Тоа би било најдобро. --brest 22:06, 19 септември 2007 (UTC)

Антон Мирчев - Пешковски[уреди извор]

Не..извини...воопшто ништо, во гугл никој нема со име Антон Пешкоски, проверил сум све (и Доне, и Мирчев, и Мирчин). Потоа беше на руските и наши (Yandex, META, Апорт), ништо. Еден човек, кој е Пешковски А.М. и тој е некакви лингвист, мислил може да биде „Пешковский„ со нашето "й", како кај кажуваат Борис Трайковский, но нема ништо поврзано со Октомвриската Револуција, извини, би сакал да помогнем, но нема ништо. А за министер во нашата влада, после падење на УНР, секој во Комунистичката Влада може да бидеше министерот, човеки кои били назначени се сменили многу брзо, главно да би били многу лојални, добар политичар во првите години на УССР и СССР, не било главно. Тако, ако Мирчев - Пешковски бил член на револуциониот комитет, близок со Владимир Илич, мислам дека може да биде вистина, но тоа IMHO.

Tjuha 21:30, 19 септември 2007 (UTC)

Наравно ќе направам сега, но тоа не е украински јазик, тоа дореволуционниот руски со Ѣ,Ѧ и така натаму, сега ќе преведам.

Tjuha 21:52, 19 септември 2007 (UTC)

Направил сум ти транслитерација, но имамам неколку проблеми,

  • кај нас Пётр во текстот ќе биде Петр де не пишеме „јо„ во текстот но кај Петр е име, и незнам како да преведам „Петр или Пјотр„. Тоа како си мислиш.
  • таму е велики број на буквата „ја„ и јас ке преведел "гя" со „ѓа„, дека мислам ќе биде послично од „гја„
  • Последно во 17-19 век, се пишува презиме со кий- како кой. втор пата како сакаш „Орловској„

или како кај вас без „ј„ и модерно „Орловски„

  • Плус буквите кои сега не постојат, дублирал сум нешто. Да!...и тврд знак сега не пишува во крајот на слово. СВЕ!


Tранслитерација[уреди извор]

  • Георгя Петровъ (Георѓа Петров)
  • Панайотъ Костятинъ (Панајот Костјантин)
  • АнтѠ(Анто) Добриновъ (Анто Добринов)
  • Иванъ Хомецкой (Иван Хомецкој)
  • Тодоръ Васильевъ (Тодор Васиљјев)
  • Иванъ Ангеловъ (Иван Ангелов)
  • Степанъ АндрѢевъ (Андреевъ) (Степан Андрејев)
  • Николай Ильина (Николај Иљина)
  • Иванъ Хороль (Иван Хорољ)
  • Михаилъ Свиридовъ (Михаил Свиридов)
  • Иванъ Ильина (Иван Иљина)
  • Христофоръ Миокромний (Христофор Миокромниј) - тука не смени („мниј„ на „мни„) дека миокромниј е именка.
  • Иванъ Широевской (Иван Широјевској)
  • Сава МокрѢевъ (Сава Мокрејев)
  • Костентинъ Ангеловъ (Костентин Ангелов)
  • Дмитрий ѲедѠтовъ (Федотовъ) (Дмитриј Федотов)
  • Иванъ Петровъ (Иван Петров)
  • Ѳеодор (Фёдор) Степановъ (Фјодор Степанов)
  • Степанъ Костентинъ (Стапан Костентин)
  • Моисей Костентинъ (Моисеј Костентин)
  • Иванъ Батѹри (Батури) (Иван Батури)
  • Петръ Бхановъ (Петр Бханов)
  • Матвея Такаревъ (Матвеја Такарев)
  • Кяряла Небрикаевъ (Тешко може и Кјарјала, но мислам Ќарјала подобро Небрикаев)
  • Данило Сухомлиновъ (Данило Сухомлинов)
  • Иоанъ Хѹлиенко (Хулиенко) (Иоан Хулиенко)
  • Демянъ Чрнягорцевъ (Демјан Чрњагорцев)
  • Романъ Усяковъ (Роман Усјаков)
  • ТямоѲея (Тямофея) Усяковъ (Тјамофеја Усјаков)
  • Василей Михаиловъ (Василеј Михаилов)
  • Гаврилъ Михаило (Гаврил Михаило)
  • Грягоря Михаило (Грјагорја Михаило)
  • ѲедѠр (Фёдор) Орловской (Фјодор Орловској)
  • Семенъ АнтѠновъ (Антоновъ) (пак и тука Семен или Семён незнам (Семјон) Антонов)
  • Прокофея АндрѢевъ (Прокофеја Андрејев)
  • Тома Маноиловъ (Тома Маноилов)
  • Игнатъ Волошенко (Игнат Волошенко)
  • Никодимъ Пишея (Никодим Пишеја)
  • Леонтия Семеновъ (слично со Семен или Леонтија Семенов или Семјонов)
  • Еря ѲедѠрѠвъ (Фёдоровъ) (Ерја Фјодоров)
  • Яманди Янаки (Јаманди Јанаки)
  • Иванъ Симионовъ (Иван Симионов)
  • Георгя АѲанасиевъ (Афанасиевъ) (Георѓа Афанасиев)
  • Георгя Дмитриевъ (Георѓа Дмитриев)

Уф, СВЕ. Прашај ако нешто ти треба со Украина, Русија, јазикот...

Поздрав.Tjuha 22:39, 19 септември 2007 (UTC)

Одлично, благодарам многу. --brest 22:57, 19 септември 2007 (UTC)

Предлог редизајн на Главна страница[уреди извор]

Кажи го твоето мислење на порталот. --Милош 19:58, 23 септември 2007 (UTC)

Корисникот Охрид, познат како bugarasch на форумот на БНД (види слика од неговиот разговор: слика; форум: топик, којшто воедно прави и пропагадни антимакедонски клипчиња на YouTube од пред некое време вандализира и пропагира и на македонската Википедија. Некој треба да преземе мерки. --Пиринец 09:21, 25 септември 2007 (UTC)

може ли точно да посочите каде е извршено вандализирање од страна на корисникот на страниците на википедија.--brest 18:14, 5 октомври 2007 (UTC)

Админите на МК Вики и антимакедонската пропаганда[уреди извор]

Ќе сакаш ли да се вклучиш во спорот на оваа и некои други статии? Некои корисници (вандали и пропагатори) од Бугарија постојано вандализираат и измислуваат разни спорови со една цел - негирање на Македонците. За жал, вие администраторите го помагате тоа и седите со скрстени раце. Понекогаш се прашувам дали вреди да се дава некаков придонес на македонската википедија, со оглед на тоа што антимакедонската пропаганда ја спроведуваат токму администраторите. Доколку така продолжи и во иднина, јас ќе бидам првиот којшто ќе им помогнам на Бугарите во бугаризацијата на македонската википедија, па баш ме интересира дали некој ќе реагира после тоа. На сите останати верзии на википедија администраторите знаат да ги заштитуваат статиите коишто се од национален интерес. На некои верзии дури постојат и вечни заштити (како на пример со статиите за Македонија и Македонци на албанската википедија). На македонската википедија бугарските пропагатори си прават циркус и никој не реагира на тоа. Навистина срамно! --Amacos 16:40, 1 октомври 2007 (UTC)

Се извинувам што не бев во можност да реагирам на вашето барање на времено. Колку што забележав, статијата Машка гимназија "Св. Кирил и Методиј" во Солун е заштитена во моментов, иако според мое мислење заштитувањето на статиите не е најпродуктивно. Доколку имате забележано и други места за кои сметате дека треба да се реагира треба истите да ги наведете. Секако може и самите да реагирате со тоа што ќе ги направите исправките. Вашиот придонес е добредојден на википедија. Се работи за википедија на македонски јазик а не за македонска википедија. Администраторите на википедија на македонски јазик сметам дека работат согласно со принципите на википедија. Доколку сметате спротивно тогаш наведете ги случаите каде истите се прекршени.--brest 18:24, 5 октомври 2007 (UTC)


Здраво[уреди извор]

Здраво, Brest. Пред се да те известам дека нешто слично како тебе и јас следниов месец или два ќе бидам многу малку на Википедија, така што можеби ќе биде потребно да се регрутира некој нов администратор или барем да се извести некој од старите за да биде поангажиран во наредниов период. Кога погледнав сабајле во скорешните промени се понадевав дека конечно си се вратил (и навистина штета што ќе те нема уште долго време), зашто последниве десетина дена (без тебе, останав само јас активен администратор во текот на денот!) се случуваа доста работи и имаше доста конфликти и којзнае колку пати не успеав да завршам некоја статија зашто морав да помирам завојувани страни (мислев дека ќе ги преведам статиите за сите поети добитници на Златен венец на СВП, но уште петнаесетина ќе мораат да почекаат некое време). Се надевам дека барем еднаш бев успешен. Малку бев нов, па ги прочитав упатствата на македонската (тоа што е преведено) и англиската википедија, особено се задржав на принципот НГТ и сметам дека, ако не ништо друго, барем работев по начелата на Википедија. Но еве резиме:

  • Статиите поврзани со бугарски генерали, а пишувани од Корисник:Охрид беа неколку пати повод за дискусии; својот став му го објаснив на Amacos (кој ги предложи за бришење) и ако сакаш да го видиш (не ти препорачувам да го читаш зашто е навистина долг) еве ја врската. На кратко: статиите беа пишувани со очигледни пропагадни цели, зашто од сите бугарски офицери беа преведувани само оние родени во Македонија и секогаш беа напишани на ист начин (веројатно со цел да се асоцира на единственоста на земјата во која се родиле и онаа за која се бореле). Но, за мене, пред се, беа статии - затоа се обидов да воспоставам неутрална гледна точка (малку ги скратив), но сепак статиите останаа. Ако сакаш види ја историјата на Григор Ќуркчиев, Кирил Jанчулев, Никола Габровски итн.
  • Насловот на статијата Машка гимназија "Св. Кирил и Методиј" во Солун, исто така (како што веројатно веќе знаеш) беше проблем. Ако го немаш видено, погледни го разговорот на статијата и нејзиниот сегашен изглед. Ја заштитив, (иако како тебе, и јас сметам дека тоа е контра-продуктивно) зашт многу често беа правено истите промени (националноста на учителите, името на гимназијата). Можеби треба да внесам и потполна заштита, но не сакав пред да се консултирам со тебе или некој друг администратор.
  • Статијата Бугарски владетели беше предложена за бришење и тоа разви една доста опширна дискусија. Статијата ја подобрив, со цел да остане, а истовремено и внесов НГТ, преку вметнување на белешка за цар Самуил и неговите наследници. Нормално, побарав истото да го направат и најголемите поборници за воведувањето на Самуил кај нас, на бугарската статија. Тоа и се случи. Би требало да нема повеќе проблеми во иднина.
  • Статијата Македонци многу пати беше менувана. Во главно проблемот беше еден: бројот на Македонци во Пиринска Македонија: дали оној според официјалниот попис (5,000) или бројката од 200,000 предложена од македонските научници. Предложив да се вметнат двете (нешто како на хрватската статија) што сепак не се случи. Во меѓувреме добив низа обврски и морав да ја заштитам статијата и да предложам разговор на соодветната страница. Пред малку ја погледнав и гледам дека Македонец направил некои измени во однос на сликите. Но немам време да ја поправам. Добрата вест е тоа што Revizionist ја има доста проширено оваа статија и постигнато една многу понеутрална точка. Види ја тука (на неговата корисничка страница), а мислење за промените предложи овде. Јас сметам дека подобро од тоа - безмалку и да не може. Само тоа ќе го пренесам на порталот откако целосно ќе завршам со читање на статијата.
  • И разговорот за една слика беше проблем. Откако Поречанец (кој мора да го пофалам зашто е навистина активен) ме насочи на овој проблем, го решив на еден, можеби не многу правилен начин - го избришав дискутабилниот текст. Сепак ниту јас, ниту било кој друг не можеше да го разбере текстот, а од она што можеше да се разбере, звучеше многу навредливо и пропагандистички. Ако сакаш да го видиш текстот, погледни во историјата на разговорот на сликата.
  • Мал проблем е и рубриката На денешен ден кој во овие десетина дена содржи многу информации. Ги средив шаблоните за главните страници за првите четири дена, но овие два немав време. Од утре би требало пак да ги вратам.

И тоа е сѐ. Можеби имаше уште проблеми, но и јас немам повеќе време да објаснувам. Поздрав, --Виктор Јованоски 11:56, 6 октомври 2007 (UTC)