Разговор со корисник:Brest/Архива/2010/август/5
brest | T |
архива на разговори (1,26M+) | |
тековни | |
2012/13 (67.6k) | |
2012.01.01 - 2013.12.30 | 67.6k |
2010/11 (205k) | |
2010.10.31 - 2011.12.30 | 30k |
2010.08.05 - 2010.10.31 | 58k |
2010.04.25 - 2010.08.05 | 74k |
2009.12.31 - 2010.04.25 | 43k |
2009 (318k) | |
2009.09.22 - 2009.12.31 | 32k |
2009.04.30 - 2009.09.22 | 44k |
2009.02.28 - 2009.04.30 | 58k |
2009.01.31 - 2009.02.28 | 129k |
2008.12.31 - 2009.01.31 | 55k |
2008 (460k) | |
2008.10.06 - 2008.12.31 | 76k |
2008.08.22 - 2008.10.06 | 63k |
2008.05.21 - 2008.08.22 | 63k |
2008.04.21 - 2008.05.20 | 46k |
2008.03.21 - 2008.04.20 | 50k |
2008.03.03 - 2008.03.21 | 50k |
2008.02.24 - 2008.03.03 | 39k |
2008.01.22 - 2008.02.24 | 34k |
2007.10.08 - 2008.01.22 | 39k |
2007 (209k) | |
2007.09.01 - 2007.10.08 | 56k |
2007.07.12 - 2007.09.01 | 39k |
2007.06.25 - 2007.07.12 | 32k |
2006.04.17 - 2007.06.25 | 82k |
Проверување и патролирање
[уреди извор]Здраво Брест. Имам две прашања:
- дали воопшто имаме кориснички права на мк вики патролер и автопатролер и ако нема каде да побараме да ни овозможат?
- дали ботот, бидејќи сега има статус на уредувач, може да ги проверува статиите?
Поздрав--Никола Стоіаноски 13:35, 25 април 2010 (UTC)
- Претходно, пред да му дадам право на уредувач на ботот, статиите ги означуваше како не проверени. Не сум го пуштил после доделувањето на ова право. Кога ќе го пуштам ќе видам што се случува па ќе известам. Има тука неколку различни ситуации кои не ми се јасни.--brest (разговор) 14:11, 25 април 2010 (UTC)
- Патролирањето е релативно едноставна функционалност, додека FlaggedRevs е далеку покомплексно проширување. Самиот чин на проверување и оценување на квалитетот на промените не може да му се довери на бот, бидејќи едноставно мора човек да ги погледне измените и да оцени дали се ок или не се.--brest (разговор) 14:11, 25 април 2010 (UTC)
- OK, штом ботот не прави промени во квалитетот на статиите добро е. За него ќе разговараме откако ќе завршиме со целосното воведување на патролирање. Значи јас ги разгледав корисничките права и забележав дека постојат:
- editor
- reviewer
- autoreviewer
- patroller
- autopatroller
- Првото е неопходно за еден патролер и сите го имаме. Второто и третото е обична функција за квалитет на статија која има слична функција со патролирање. Reviewer имаме сигурно (може да се види од корисничката група), а autoreviewer мислам имаме бидејќи откако еднаш статијата е проверена и ако некој со авторевју статус уреди тогаш промената се означува како проверена. Мој предлог е да побараме на мета или багзила да ни додадат групи autoreviewer, patroller и autopatroller за да може понатака Бојан да не додаде во групите. Така ќе завршиме со ова. --Никола Стоіаноски 14:55, 25 април 2010 (UTC)
- OK, штом ботот не прави промени во квалитетот на статиите добро е. За него ќе разговараме откако ќе завршиме со целосното воведување на патролирање. Значи јас ги разгледав корисничките права и забележав дека постојат:
- Еве пример на босански колега кој е патролер и автопатролер. Кај нас тоа го нема. Таму му пишува покрај другото дека е autopatrolled и patroller. Да ги зачуваме сегашните и да ни ги додадат новите.--Никола Стоіаноски 13:40, 25 април 2010 (UTC)
- Кога ги споредувам моите и правата на Босанецот, гледам разлики но ме збуни ова: Article validation allows for article content management by "editor" and "reviewer" classes. Според тоа излегува дека сме на вистинскиот пат.--Никола Стоіаноски 14:14, 25 април 2010 (UTC)
Станици
[уреди извор]Брест, што мислиш линиите на МЖ да бидат со инфокутии од страна како оваа на пример? Мислам дека може да се направи, затоа што кај нас нема многу линии.--Р ашо 15:22, 2 мај 2010 (UTC) Р.Ѕ. Еве ја легендата.
Ал Пачино
[уреди извор]Таа статија најмалку два пати ја проверував ако не се лажам, така што може да сум направил пропуст. Поздрав--Никола Стоіаноски 18:02, 4 мај 2010 (UTC)
Шаблони за никулци
[уреди извор]Здраво, Брест. Веројатно знаеш дека долго време не бев активен, па сега многу работи не знам како стојат. Прво ме интересира што е работата со тие шаблони за никулци. Поконкретно, зошто се преименувани со долги имиња? --iNkubusse A? 00:12, 19 мај 2010 (UTC)
- За да биде појасно од името на шаблонот за каков никулец се работи. Кратките имиња на шаблоните и понатаму си постојат, само што пренасочуваат кон долгите. Пример од името на шаблонот Гео-никулец не е баш најјасно дали се работи за никулец од областа на географијата или од областа на геологијата, Био-никулец за биографија или од областа на биологијата. Понатаму и семантичкото значење на кратките имиња не е баш соодветно во секој од случаите, пример Историски-никулец, Биолошки-никулец. Значи, кратките имиња треба да пренасочуваат кон долгите описни имиња, во статиите може да се употребуваат и кратките имиња, од време на време пуштам бот со кој автоматски кратките миња се претвораат во долги описни. --brest (разговор) 08:01, 19 мај 2010 (UTC)
- Лично мислам дека немало потреба да се мачите со тоа, а за проблематичните како „биологија и биографија“ можеме да пишеме само „Биологија-никулец“ и „Географија-никулец“. Мислам, новиве имиња се стварно предолги за шаблон (ептен), што значи потешки за пишување, а работата на ботот само го оптеретува серверот (не дека има нешто многу статии за обработување :D). „Историски-никулец“ не е многу убаво име, ама мислам дека нема ништо лошо во вакво именување: „Област-никулец“, односно пр. „Историја-никулец“, „Географија-никулец“, „Биологија-никулец“, „Биографија-никулец“, итн. Не е некоја многу важна работа, ама сепак те молам размисли (погледни ги и другите јазици на проектот). --iNkubusse A? 16:41, 19 мај 2010 (UTC)
За категориите
[уреди извор]Гледам веќе нема двојни категории со „литература“ и „книжевност“, браво. Ама имам едно прашање: зошто литература наместо книжевност?
И нешто друго. Зошто ја премести Категорија:Дела по автор во Категорија:Дела по автори? Мислам дека првото име е правилно. Или има нешто друго? --iNkubusse A? 01:28, 21 мај 2010 (UTC)
- Анализирајќи ја употребата на „литература“ и „книжевност“ заклучив дека генерално е поприфатливо да се користи „литература“, иако во некои случаи подобро е да се користи „книжевност“. И двата збора се користат во македонскиот јазик. За Категорија:Дела по автор можеби сум погрешил во употребата на множина? Обично категориите се во множина.--brest (разговор) 06:46, 22 мај 2010 (UTC)
- Всушност, ние многу повеќе употребуваме „литература“, дури и во школите, иако поубаво би било да викаме „книжевност“, бидејќи е македонски/словенски збор. Се надевам некогаш во иднина ќе се смени тоа.
- Категориите со „x по нешто“ на мк.wiki се со тоа „нешто“ во еднина. Има прилично голем број на такви категории. Мислам дека така има смисла и би било добро така да продолжиме, ама ако некој не се сложува, можеме и да ги смениме подоцна.
- Инаку, ме интересираат некои работи во врска со ботот/ботовите. Прво, дали си ти по струка или како хоби програмер? Дали ти си го напишал ботот? Врз која основа/подлога е напишан (веројатно не е from scratch)? Од каде да почнам ако сакам свој бот? Имам стварно многу многу замисли што би смениле многу работи тука во однос на редот (хаосот), а имам и програмерски способности (и како ентузијаст и како студент), а и силна волја. Сѐ што ми треба (ок, не сѐ, ама многу ќе помогне) е бот, но не знам од каде да почнам. Фала однапред. --iNkubusse A? 08:06, 22 мај 2010 (UTC)
- Баш убаво што се интересирате за ботови. Планиравме во организација на Викимедија Македонија да одржиме некоја работилица во врска со ботови. Има и други заинтересирани за оваа тема, па здравје некогаш ќе го направиме и тоа, ако има интерес и кај тебе помогни во огранизацијата. За подетални информации во врска со тоа види тука. Добра почетна точка за самостоен почеток е meta.wikimedia.org. Јас ја користам pywikipedia платформата (python). Над оваа платформа имам направено дополнителен развој за некои специфични области.--brest (разговор) 08:20, 22 мај 2010 (UTC)
- Во врска со книжевност/литература, мислам дека треба да ги третираме овие поими како посебни ентитети и да не се обидуваме да ги изедначиме.--brest (разговор) 08:20, 22 мај 2010 (UTC)
- Таа работилница ми изгледа многу корисно, ама нажалост не живеам во Македонија. Ќе помогнам колку можам од далечина, а јас ќе морам самиот себеси да се научам во наредниве неколку денови. Мал проблем ми е што се работи за python, кој толку долго време го избегнував, но ова изгледа баш како погодно време веќе еднаш да го научам тој јазик. Не изгледа многу сложено тоа што до сега го разгледав на мета и другите страници и би требало добро да ми тргне, ама откако ќе поминам неколку туторијали општо за python. Откако ќе имам сѐ наместено и ќе почнам да екпериментирам, очекувај по некое прашање. :) Поздрав. --iNkubusse A? 08:37, 22 мај 2010 (UTC)
Административна поделба на Република Македонија
[уреди извор]Уште кога ја преименувавме статијата од Република Македонија во Македонија се согласивме се да биде со Македонија, така и ова Административна поделба на Македонија треба да е за нашата држава. Ако сакаш да правиш за регионот, ќе ставиш Административна поделба на регионот Македонија. Треба да поправиш, не користиме Република пред Македонија. Поз--Никола Стоіаноски 10:41, 23 мај 2010 (UTC)
- Не правам за регионот, правам за Македонија. Република Македонија е различно од Македонија. Треба да се прави разлика помеѓу Политики на Република Македонија и Македонски политики. Едните се политики на државата Република Македонија, другите не се на државата, туку на македонскиот народ, т.е. Македонија. Согласно и административните поделби на Република Македонија се само дел од административните поделби на Македонија.--brest (разговор) 10:45, 23 мај 2010 (UTC)
- Брест сосема си во грешка. Не може да има статија со име Административна поделба на Република Македонија кога главната статија за државата се вика Македонија. Регионот Македонија не е административна единица па да се дели. Статијата Административна поделба на Република Македонија треба да се вика Административна поделба на Македонија. Ништо повеќе.--Никола Стоіаноски 10:55, 23 мај 2010 (UTC)
- Брест, исто како и кај Бугарија, Грција, Франција, така треба да биде и кај Македонија. Тоа што го правиш е форсирање на про грчки и про бугарски погледи. Македонија е една, а тоа е нашата држава. Немаме потреба од дистинкција на поимите. И Ерменија е област (10 х поголема од државата), па ние сепак ја викаме Ерменија (а не Република Ерменија), а со тоа и админстративната поделба е на Ерменија. --Р ашо 11:00, 23 мај 2010 (UTC)
- Државата е Република Македонија и со закон е направена нејзина административна поделба. Со таа административна поделба (на државата Република Македонија) не е опфатена административната поделба на Македонија (регионот Македонија). Македонија административно е поделена и во останатите држави.--brest (разговор) 11:02, 23 мај 2010 (UTC)
- Брест, државата на нашата Википедија се вика Македонија, а поделбата административна поделба на Македонија. Ова веќе една година функционира не знам каде виде проблем. Ти реков, ако сакаш за некојси регион да пишеш, ќе отвориш статија со наслов Административна поделба на регионот Македонија. Ако одиме по таа логика треба да имаме: Административна поделба на Република Ерменија, Административна поделба на Република Молдавија, Административна поделба на Војводство Луксембург и многу други. --Никола Стоіаноски 11:04, 23 мај 2010 (UTC)
- Што има чудно тука. Секоја од државите си има своја административна поделба. Користењето на скратено име на некој ентитет е прифатливо се додека нема двојба за тоа за кој ентитет се работи. Во нашиов случај се мешаат ентитетите: Македонија, Република Македонија, Регион Македонија, а согласно со тоа и атрибутите за тие ентитети. Како што сега расправаме за атрибутот Административна поделба. Ако за Молдавија, Луксембург, Ерменија и сл. нема двојба за кој ентитет се работи, нема проблем, ама ако има двојба тогаш нема никаков проблем да се направи разграничување. --brest (разговор) 11:16, 23 мај 2010 (UTC)
- Здраво на сите. Извинете што се мешам, но административна поделба на Македонија, а не на Република Македонија е најсоодветно во оваа ситуација. Не знам само зошто овој проблем се јавува само со Македонија, а не и со други земји како Ирска и Кина. Статиите за административните поделби на овие две земји се Административна поделба на Ирска и Покраини во Кина, иако Ирска и Кина се многу пошироки географски, односно историски региони. Многу други земји се републики, па поимот „република“, воопшто и не се употребува, иако е јасно дека и имињата на нивните земји некогаш биле поширок географски регион. Мислењето дека само во случајот на Македонија треба да се прави разлика меѓу регионот и државата е несоодветно. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:26, 23 мај 2010 (UTC)
- Brest, во грешка си. Форсирање на региони е грчка и бугарска работа. Очигледно нив им смета името Македонија, па се обидуваат на секакви начини да ја изменат состојбата. Тоа околу Солун, пред се е Грција (па после Македонија). Тоа повеќе се историски поделби. Не е работата дека некој прави двојби, туку работата е дека некој сака да ни наметне. Луксембург е огромен регион во Белгија, ама сепак не прави заблуди. Вакви случаи има десетици, ама кај ниеден не е таков како кај нас (бидејќи нам ни се оспорува основното човеково право). Името на нашата земја е Македонија и соодветно на тоа мислам дека статијата треба да биде „Административна поделба на Македонија“. Тука република е сувишен збор, исто и кај сите други статии. И уште нешто. Регион како Македонија со граници не постои. Тоа е еден изговор за одземање на нашето име. Постои држава Македонија и историска област која ја населувале (и населуваат) луѓе кои се идентификувале како Македонци.--Р ашо 11:27, 23 мај 2010 (UTC)
- И јас не сум за користење на региони, ниту пак користам, туку велам Административна поделба на Македонија и разликувам од Административна поделба на Република Македонија. Не спорам дека некому смета името Македонија. Погледнете ги веб-страните на Претседателот на Република Македонија([1], [2]), Владата на Република Македонија ([3], [4]), Собранието на Република Македонија ([5], [6]), секаде си стои на Република Македонија, токму како што јас ставам Административна поделба на Република Македонија, да не се правиме поголеми попови од поповите. Постои држава Република Македонија во денешно време, и постои историска област Македонија која ја населувале и населуваат луѓе кои се идентификувале и идентификуваат како Македонци, и на која постоеле држави кои ги формирале овие луѓе кои се идентификуваат како Македонци, и тие држави имале свои административни поделби, за кои ние еден ден ќе пишуваме, како што пишуваме сега за административната поделба на денешната држава Република Македонија.--brest (разговор) 11:43, 23 мај 2010 (UTC)
- Брест Википедија не е политичка организација и не смее да ги следи политичките трендови, ова е основен столб на енциклопедијата. Оваа заедница одлучила пред една година секаде да се брише Република и толку. Малку касниш со реакцијава и пак ти повторувам: имаме статија Македонија па нормално е да има Република Македонија и имаме Македонија (регион) и нормално е да има административна поделба на регионот Македонија, иако не гледам основа за административна поделба на регион. Која поделба? --Никола Стоіаноски 11:47, 23 мај 2010 (UTC)
- Brest, Регионот никогаш не бил држава и соодветно на тоа никогаш не бил административно поделен. И Пелагонија е област и затоа не може да се дели административно. Што се однесува до мене статијата нека се вика Административна поделба на Република Македонија, ама статијата Административна поделба на Македонија не треба да постои, односно истата може да пренасочува во другата. И на страната на Франција пишува Француска Република, ама тоа никој не го користи (иако нивното име е огромна област во Германија)--Р ашо 11:52, 23 мај 2010 (UTC)
- Ќе замолам ако може да ми посочите каде заедницата одлучила да се брише Република (само не наведувајте en.wiki, за тоа знам)? Можеби сум пропуштил нешто? Тоа што имаме статија Македонија и Македонија (регион) е ирелевантно за расправава која ја водиме, бидејќи истите се направени со своевремени пренасочувања од Република Македонија и Македонија соодветно. Погледнете ја содржината на истите и ќе забележите низа на терминолошки недоследности во нив кои се должат токму на аспектите за кои расправаме овде.
- Рашо, немора некој регион/област да биде држава за да биде административно поделен. Еден регион/област може да биде во рамките на една држава, но може да се простира низ повеќе држави, а може и да содржи целосно една или повеќе држави и делови од една или повеќе други држави. Пелагонија како област не е административна едница, но е административно поделена како област на барем две општини колку што јас знам: Битола и Прилеп.--brest (разговор) 12:03, 23 мај 2010 (UTC)
- Брест, во реалноста постои само една Македонија, а тоа е државата. Нема потреба од статијата што си ја направил и што си ги наредил сите соседни земји по ред. Двете статии што си ги направил треба да се една и таа да се однесува на современата држава Македонија. Македонија не е исклучок. Истото е и со (Ерменија, Молдавија, Луксембург, Кина, Франција и др.) Доволна ми беше маката кога пренасочував некои категории. Има уште неколку кои сега ќе почнам да ги пренасочувам.--Р ашо 12:24, 23 мај 2010 (UTC)
- Очигледно не. Предлагам ова да го реши целата вики заедница со гласање. Мој предлог е категориите за државата да го содржат само името на Македонија: пр. [[Категорија:??? во Македонија]] или [[Категорија:??? на Македонија]], додека тие за регионот да се истиснат од употреба или да се сведат само на некои во историски контекст. --Р ашо 12:37, 23 мај 2010 (UTC)
- И јас не сум за промените, стари, кои Брест ги налага. Очигледно ќе се доведе до додатни компликации и непотребни измени за кои се знае како треба да биде. Ако во случај се замени Македонија јас лично ќе ги сменам сите останати статии од овој тип, почнувајќи од Америка завршувајќи до Океанија, а сметам дека нема потреба од тоа.--Никола Стоіаноски 12:41, 23 мај 2010 (UTC)
- Плус ова важи и за придавки, зошто да не е Античкомакедонска војска?--Никола Стоіаноски 12:42, 23 мај 2010 (UTC)
- Ќе гласаме како и секогаш на Селската чешма. Секој ќе ги даде своите аргументи и ќе видиме. Мислам дека ова е важно за понатамошната работа.--Р ашо 12:49, 23 мај 2010 (UTC)
- Ако пренасочив не значи дека е готово. Не е готово се разбира ама го пренасочив зошто Викимк по грешка го избришал шаблонот, прави забуна. Не се грижи што ќе одлучиме така ќе правиме, ова е привремено. Поз--Никола Стоіаноски 17:17, 23 мај 2010 (UTC)
- Ако пренасочив не значи дека е готово. Не е готово се разбира ама го пренасочив зошто Викимк по грешка го избришал шаблонот, прави забуна. Не се грижи што ќе одлучиме така ќе правиме, ова е привремено. Поз--Никола Стоіаноски 17:17, 23 мај 2010 (UTC)
- Ова е работа за целата Вики заедница и сета содржина е префлена во Селската чешма.--Никола Стоіаноски 17:31, 23 мај 2010 (UTC)
- Попрегледно е ако го имаат цел текст.--Никола Стоіаноски 17:39, 23 мај 2010 (UTC)
- Да но тука не се врши гласањето. Инаку пишав за што гласаме и мислам најдобро е да гласаме со просто мнозинство. Поз--Никола Стоіаноски 17:47, 23 мај 2010 (UTC)
Не не се врши тука гласање. И бидејќи работата сега е префрлена на Селска чешма, може расправата за се поврзано со оваа проблематика да продолжи таму, вклучително и за начинот на гласање, твојот префериран модел на гласање, просто мнозинство, изложи го таму.--brest (разговор) 17:53, 23 мај 2010 (UTC)
- На потписот ми седи Никола, не сум Николчо. --Никола Стоіаноски 18:35, 23 мај 2010 (UTC)
- Извини, ако се навреди. Без намера било. Можеби најдобро ќе биде: MacedonianBoy. --brest (разговор) 18:39, 23 мај 2010 (UTC)
- Нема проблем, но извртување на моето име ме потсетува на еден соседен корисник. Никола или Николче е ок.--Никола Стоіаноски 18:41, 23 мај 2010 (UTC)
- Извини, ако се навреди. Без намера било. Можеби најдобро ќе биде: MacedonianBoy. --brest (разговор) 18:39, 23 мај 2010 (UTC)
Слики и медии заедно
[уреди извор]2010.јуни
[уреди извор]Седнав да ги преведувам сликите за јуни и приметив дека направиле да бидат заедно сликите и медиите. Сега медиите исто како сликите се секој месец сосем нови. Значи ќе ги преведувам и нив, но треба да видиш како да ги поставуваме нив наместо сегашните меди (веројатно ќе биде исто како за сликите). Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 02:36, 24 мај 2010 (UTC)
2010.јули
[уреди извор]Избраните слики за јули ми се некако чудно поставени на страницата. Друг проблем е тоа што на главната прикажува сосем стари избрани слики и избрани снимки од минати години, не овие. Не знам зошто и кој е проблемот. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:50, 1 јули 2010 (CEST)
Сликите за овој месец се грешно поставени, една недостасува, а датумски нема дури две. Кодот е совршено правилен и сè е на место, но на страницата упорно не испаѓа тоа што треба. Спореди ги со оние на Ризницата и види што е проблемот. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:09, 10 јули 2010 (CEST)
2010.август
[уреди извор]Еве ги сликите за август. Снимките (засега) се само 3, па не би инсистирал на нив, барем додека не се наполнат (ако се наполнат). --Б. Јанкулоски (разговор) 08:02, 28 јули 2010 (CEST)
- Јас бев отсутен од википедија некое време но за среќа сликите веќе ги средил Кирил. Што се однесува до снимките, се вртат оние од минатата година.--brest (разговор) 13:01, 5 август 2010 (CEST)
Црн Врв
[уреди извор]- Можеш ли да ми ги кажеш кои се имињата на планините од овие врвови? Ми требаат за на германската википедија.--Р ашо 23:46, 26 мај 2010 (CEST)
- Ќе ми треба време да ја најдам базата на податоци од каде ги извлекував овие работа. Ако не ти се чека, можеш со помош на координатите и GoogleEarth да ги пронајдеш на картата и да заклучиш на кои планини се наоѓаат.--brest (разговор) 09:00, 27 мај 2010 (CEST)
Малино
[уреди извор]Во статијата Малино нема внесено координати. Споредувајќи го со другите села што функционираат добро, тоа е единствената разлика што можев да ја забележам. --Б. Јанкулоски (разговор) 03:50, 28 мај 2010 (CEST)
За граматичкото услогласување
[уреди извор]Губењето на граматичката конструкција како во примерот што ми го посочи не би требало да е тешко да се реши. Придавките што стојат пред поимите завршуваат на 2 букви по кој ботот може да го препознае нивниот род. Значи ќе му укажеш на правилото, ако на пр. ановиот збор што треба да се смени завршува на -а (опрема), да види дали претходниот збор (придавката) завршува на -ки -ко и ако да, тогаш да го смени и тоа на „-ка“, и така за трите рода. Бидејќи ботот не е човек да знае дали претходниот збор е придавка или не, нема фајде ако му ја посочиш само последната буква (графичка), бидејќи тоа може да биде именка или друг вид на збор. Секако, придавките можат да имаат разни наставки во разни родови, и тоа треба да се истражи и направи список на такви завршетоци пред да се примени ова. Дотогаш ќе мора рачно да се прегледува. --Б. Јанкулоски (разговор) 07:00, 2 јуни 2010 (CEST)
Инфокутии
[уреди извор]Здраво Брест. Сакам да прашам дали ќе се реши проблемот со инфокутиите, кои по уредувањата на ботот се појавуваат во средината од страницата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:34, 8 јуни 2010 (CEST)
- Може ли врска до некоја страница, каде се јавува тој проблем. Не ми е јасно за што зборуваш.--brest (разговор) 13:13, 8 јуни 2010 (CEST)
- Во статијата Будимпешта, инфокутијата е во средина, наместо на десната страна како што беше порано. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:19, 8 јуни 2010 (CEST)
Забележав во што е проблемот. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:16, 8 јуни 2010 (CEST)
Ботови во скорешни промени
[уреди извор]Да не знаеш зошто некои ботови се прикажуваат во скорешни промени и кога се скриени ботовите (со Сокриј ботови)? Немаат ознака (знаменце) за бот или што е работата? --iNkubusse A? 17:57, 10 јуни 2010 (CEST)
- Тоа значи дека тоа се неодобрени ботови. Вообичаено се допушта неодобрени ботови да работат на одреден број страници (пример до 100) за да се види како функционираат, а потоа или им се доделува бот-статус или се блокираат. Управителот на ботот потребно е да побара одобрување за бот. Постојат ботови кои се глобално одобрени и тие не се појавуваат во скорешни промени по основно, освен ако експлицитно не се побара да се прикажуваат. Значи немаат бот-статус/снаменце/ознака.--brest (разговор) 18:01, 10 јуни 2010 (CEST)
EmausBot blocking
[уреди извор]Why did you block User:EmausBot, while it didn't break any rules? Here you can see the bot's request. --Emaus (разговор) 17:03, 11 јуни 2010 (CEST)
за категориите
[уреди извор]Брест, зошто ги бришеш категоризираните категории? --Р ашо 17:12, 12 јуни 2010 (CEST)
- Категорија:Кумановско села не ми изгледа дека е по правопис, и во таа категорија има ознака дека треба да се преместат во Категорија:Кумановски села. Што се однесува до надкатегориите, ако мислиш на тоа, тогаш Категорија:Кумановски села е подкатегорија на Категорија:Македонски села. Ако нешто не е во ред со ова, те молам објасни.--brest (разговор) 17:15, 12 јуни 2010 (CEST)
- Е па Брест, ако Категорија:Кумановски села е подкатегорија на Категорија:Македонски села, тогаш зошто секое село е категоризирано така и има по 4 категории? Јас одев по принципот како е селото категоризирано, така да биде и категоријата. И тоа е логично.--Р ашо 17:36, 12 јуни 2010 (CEST)
- Да и тоа е логично :). Само според мене не е сосема најпрактично. Бидејќи има над 2.000 статии за македонски села и подобро би било да бидат категоризирани во помали групи, како што е групата Кумановски села, Полошки села, Скопски, итн .... А овие групи/категории после да бидат категоризирани во категорија Македонски села. Иначе ако се ставени сите во една категорија, освен информацијата за вкупниот број на села не гледам што друго корист би имале--brest (разговор) 17:47, 12 јуни 2010 (CEST)
- Нормално, така е како што рече brest. Македонски села е {{родителска категорија}}. Тој минимален број на директно поврзани статии се статии како „Список на села во Македонија“ или нешто поопшто за селата во Македонија. Моменталната состојба со категоризацијата на селата (па и населбите и слично во Македонија) е, имено, хаос. --iNkubusse A? 19:24, 12 јуни 2010 (CEST)
- Патем, што е со Категорија:Македонски села, Категорија:Села во Македонија и Категорија:Села во Република Македонија? До кога ова ќе биде вака? Кога ќе ги средиме тие? Треба да има една главна за регионот, како Села во Македонија (регион), која ќе има поткатегории Села во Република Македонија, Села во Егејска Македонија, итн, а внатре во секоја од тие треба да има категории за села по град. --iNkubusse A? 19:28, 12 јуни 2010 (CEST)
Римски провинции
[уреди извор]Здраво Brest. Досега го имам среќавано само поимот „римска провинција“. Во ниту една книга го немам сретнато поимот „римска покраина“, па мислам дека е подобро да се именуваат административните единици како провинции. Исто така, добро е да правиме разлика за употребата на соодветните македонски поими за таа цел во историскиот период на римската држава, бидејќи оттаму потекнува поимот „провинција“ со своето денешно значење, коешто само се пренело до денес. Значи, на поимот „провинција“ во овој случај добро е повеќе да се гледа како на етимолошки поим со пресудно значење, отколку странски кој треба да се замени со македонски. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:14, 22 јуни 2010 (CEST)
- Јас покрај поимот „римска провинција“ го имам среќавано и поимот „римска покраина“. Твоето тврдење дека во ниту една книга го немаш сретнато поимот „римска покраина“, ми изгледа премногу лабаво, не верувам дека си ги исчитал сите книги за да тврдиш нешто така категорично, па претпоставувам дека сакаше да кажеш дека во книгите кои ги имаш прочитано не си го сретнал поимот „римска покраина“, ама не знам колку книги си прочитал и дали е тоа доволно за да беспоговорно го прифатиме поимот „провинција“? Сепак оставам простор твоето мислење да е точно, само треба некој доказ за да изгледа поубедливо.--brest (разговор) 21:36, 22 јуни 2010 (CEST)
- Ги немам прочитано сите книги и не можам да ги прочитам, но досега не сум го сретнал поимот „римска покраина“, за разлика од поимот „римска провинција“, кој го имам сретнато во повеќе дела, а од најпознатите би ги издвоил:
- Рим од град-држава до царство од Елизабет Денио, издадено во Париз во 2001 година, со превод на македонски од страна на Марија Станковска (Elizabeth Deniaux: Rome, de la cité-état à l'empire, Institutions et ve politique, Hachette, Paris, 2001);
- Дванаесетте римски цареви од Гај Светониј Транквил, а главен уредник на преведеното дело на македонски е Глигор Стојковски (Suetonius: De vita caesarum libri VIII).
- Има уште неколку, меѓу кои и учебници по историја, кои сепак не може да се сметаат за цврсти докази, па за тоа и не ги наведувам. Ако може да послужи како добар доказ, иако се сомневам, нека бидат резултатите од прелистувањето, при што за „римска покраина“ јавува 2.920, а за „римска провинција“ 66.300. Иако на Википедија на македонски јазик, веќе подолго административните единици во било која постоечка земја ги именуваме како „окрузи“, без оглед на тоа што оригинално се наречени поинаку, мислам дека римската држава мора да претставува исклучок. Провинциите во Стариот Рим имале посебен третман, слично како и титулите во магистратурата. Поради тоа строго треба да се бара нивната поврзаност со административните единици денес. Во спротивно „конзулот“ би требало да го преименуваме како „службеник“, а „цензорот“ како „попишувач“, што е невозможно, иако овие поими ги опишуваат до некаде и двете функции.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:16, 23 јуни 2010 (CEST)
Пренасочувања
[уреди извор]Здраво Брест. Зошто ги пренасочуваш насловите во пренасочувачка? Така се прави двојно пренасочување. Поз--Никола Стоіаноски 18:41, 26 јуни 2010 (CEST)
- Како на пример каде? --brest (разговор) 18:51, 26 јуни 2010 (CEST)
- Готово, си направил статија од пренасочувачката.--Никола Стоіаноски 18:52, 26 јуни 2010 (CEST)
- Можно е да се јават таквии случаи, ама со тек на време ќе се средат.--brest (разговор) 18:53, 26 јуни 2010 (CEST)
Грешки со ботот
[уреди извор]Здраво, Брест. Ботот прави некои грешни работи. Имено, меша интервики врски. Види пример. Те молам што побрзо оневозможи го ова. —iNkubusse A? 06:29, 28 јуни 2010 (CEST)
- Мислиш го менува распоредот во низата на интервики врски? Би требало да врши подредување по азбучен редослед.--brest (разговор) 07:16, 28 јуни 2010 (CEST)
- Погледни во примерот. Врши подредување по јазичните кодови, не по имињата на јазиците. Ако сакаш да поредува интервикија правилно, најди некоја табела со јазични кодови подредени по имиња на јазиците и кажи му на ботот така да ги подредува. —iNkubusse A? 09:33, 28 јуни 2010 (CEST)
- Што направи? —iNkubusse A? 21:30, 29 јуни 2010 (CEST)
- До никаде. Сега за сега нема да го пуштам со таа функција, се додека не се среди подредувањето. --brest (разговор) 21:39, 29 јуни 2010 (CEST)
Избрана статија
[уреди извор]Здраво Brest. Мислам дека имаше многу подобри статии од статијата Станислав Лем, но во секој случај е подобра од Личен сметач. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:25, 29 јуни 2010 (CEST)
- Се сложувам, ама статијата Личен сметач е катастрофа и под секои критиреуми, нема никаква смисла да оди за избрана на главната страница. Предлагам за друг пат, статија која уште од авион се гледа дека е ср*ње без разлика на резултатите од гласањето никако да не се поставува на главната страница, во спротивно одговорноста да падне на тој што ќе ја постави.--brest (разговор) 21:32, 29 јуни 2010 (CEST)
Антигониди
[уреди извор]Видов дека си создал страница за Антигонидите, супер. Ама само мала забелешка имам за таблицата. Од неа произлегува дека Лизимах, Пир Епирски, Птоломеј II Керавн, Мелегар, Антипатар II, се членови на династијата Антигонидите. Ја сменив ако сакаш можеш да ги вратиш ама мора да има објаснување дека по Деметриј Полиоркет со Македонија владееле лица кои не се членови на династијата Антигониди, бидејќи се уште траеле борбите помеѓу Дијадосите, а династијата Антигониди своето долготрајно владеење со Македонија го започнува со Антигон II Гонат. Би ти посочил литература на мк. за Антигонидите ама нема. Тупурковски напиша ама неговата е неточна во поглед на имињата и голем број на други работи, точна е политичката историја инаку никој друг нема напишано на мк. историја за Антигонидите
владетел | период на владеење | забелешка |
Антигон I Едноокиот | зачетник на династијата | |
Деметриј I Опсадникот | 294 п.н.е. - 287 п.н.е. | |
Лизимах | 288 п.н.е. - 281 п.н.е. | го делел престолот со Пир Епирски |
Пир Епирски | 288 п.н.е. - 285 п.н.е. | го делел престолот со Лизимах |
Птоломеј II Керавн | 281 п.н.е. - 279 п.н.е. | |
Мелегар | 279 п.н.е | |
Антипатар II | 279 п.н.е | |
Состен | 279 п.н.е - 277 п.н.е | командант на војската |
Антигон II Гонат | 277 п.н.е. - 274 п.н.е. | |
Пир Епирски | 274 п.н.е. - 272 п.н.е. | повторно назначен |
Антигон II Гонат | 272 п.н.е. - 239 п.н.е. | повторно назначен |
Деметриј II | 239 п.н.е. - 229 п.н.е. | |
Антигон III Досон | 229 п.н.е. - 221 п.н.е. | |
Филип V | 221 п.н.е. - 179 п.н.е. | |
Персеј | 179 п.н.е. - 168 п.н.е. | последен крал во династијата |
- Ни еден од нив не е член на династијата Антигониди
- Лизимах е дијадос владе во еден период со дел на Македонија
- Пир Епирски епирски крал во еден период со дел од Македонија владее
- Птоломеј II Керавн си на Птоломеј I Сотер
- Мелегар- династија Атипатриди од Касандар син на Антипатар
- Антипатар II династија Атипатриди, затоа и Антипатар втори
- За Антигон Едноокиот и неговиот син Деметриј Полиоркет треба да има објаснување дека се дијадоси, а дека династијата Антигониди е зацврстена од страна на Антигон II Гонат, ова се добронамерни забелешки се надевам дека ќе ги прифатиш... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 05:07, 15 јули 2010 (CEST)
Можеби сте во право. Тие можеби не се членови на антигонидската династија, се среќаваат во литературата како владетели на таканаречената Антигонидска Македонија. Во зависност од тоа како се дефинира поимот династија може некои да не се третираат како членови на одредена династија а според друга поширока дефиниција на поимот да бидат членови на истата таа династија. Династија е поим со кој се дефинираат членовите на иста фамилија, најчесто кралска фамилија, а кои владеат со некој државен/политички ентитет. Во поголемиот број на случаи, наследникот се одредува по машка линија во фамилијата, но не и во сите случаи. Впрочем и дијадошката војна се водела токму од причини како да се наследи аргеадската династија, т.е. правото со владеење врз Македонија се сметало дека ќе му припадне на оној кој ќе има најблиска роднинска врска со некој член од аргеадската династија, со оглед на тоа што после смртта на Александар Македонски, немало директен машки потомок (неговиот син во бракот со Роксана сеуште не бил роден), па имало опција Александар да го наследи некој од агреадската династија по странична линија или во случај некој од дијадосите стапи во брак со некоја принцеза или друг вид на женски претставник на аргеадската династија која што е многу блиска по крвна линија до Александар Македонски би се сметало дека има право да владее со Македонија. Од тие причини повеќето дијадоси и останати претенденти се врткале околу Олимпија, мајката на Александар, како и околу принцезите Клеопатра и Тесалоника.
Од слични причини, како во случајот со наследниците на Александар Македонски, многумина се обидувале да дојдат до престолот на Антигонидска Македонија (државниот и политичкиот ентитет кој што го владееле антигонидите чии родоначалници се Антигон Едноокиот и неговиот син Деметриј Опсадникот, како и Антигон Гонат) една од империите-наследнички на Македонската Империја. Во таа смисла може да се доведат во врска со антигонидската династија Лизимах, Пир и други.
Значи ова се нејасни работи општо во светската историографија, а посебно се нејасни во македонската историографија/литература, во која за жал многу малку е застапена оваа проблематика.--brest (разговор) 09:13, 15 јули 2010 (CEST)
Вики средба
[уреди извор]Здраво. Ве известуваме дека на 4 август, со почеток во 19:00 во Пјаца Либерта, Скопје ќе се одржи Вики средба. Доколку сте во можност и сте заинтересирани да присуствувате Вашето присуство или евентуално отсуство може да го најавите овде. Доколку не сте присуствувале на некоја Вики средба и сакате да добиете повеќе информации, може да испратите порака на vikipedija@lists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор со потребните информации. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:43, 28 јули 2010 (CEST)
- Ок и покрај некои други обврски во тоа време, сепак успеав да присуствувам на средбата.--brest (разговор) 13:08, 5 август 2010 (CEST)