Прејди на содржината

Полска православна црква

Од Википедија — слободната енциклопедија
Полска автокефална православна црква
Polski Autokefaliczny Kościół Prawosławny
Coat of arms
КласификацијаПравославие
ПоглаварАрхиепископ на Варшава и митрополит на цела Полска, Сава Варшавски
Јазикполски
црковнословенски
СедиштеВаршава, Полска
ТериторијаПолска
ВладенијаБразил
ОсновачСв. Кирил и Методиј
Независност1924, 1948
ПризнавањеАвтокефалност призната во 1924 од Вселенската патријаршија, и во 1948 од Руската православна црква.
Членови504,400 (2016)[1]
Мрежно местоorthodox.pl

Полската православна црква (полски: Polski Autokefaliczny Kościół Prawosławny) е автокефална црква, која во православниот свет се наоѓа на 13 место.

Историја

[уреди | уреди извор]
Катедралата Александар Невски во Лоѓ

Христијанството во земјата било донесено од страна на Моравското кнежевство од југ, од германските народи од запад и од Киевска Русија од исток. Покрстувањето на Полска започнало во 966 година, кога полскиот владетел Мешко I официјално го примил христијанството. Следниот голем чекор кој придонел за задржување и проширување на христијанството во земјата било воспоставувањето на различни црковни органи во земјата во текот на 10 век и 11 век. Овој процес го вклучувал изградбата на катедрали како и назначување на свештеници во нив. Во текот на 13 век била создадена православната епископија.

Во 1840 година била основана Варшарската православна епархија. Во 1948 година, црквата добила автокефалност од страна на Руската православна црква.

Денеска, околу 600.000 верници се припадници на православната црква во Полска.

  1. Główny Urząd Statystyczny, Mały Rocznik Statystyczny Polski 2016, Warszawa 2017, tab. 18(80), s. 115.