Христијанизација на Полска
Христијанизацијата на Полска (полски: Chrzest Polski) или покрстувањето на Полска претставува процес кој започнал во 966 година, кога полскиот владетел Мешко I официјално го примил христијанството. Следниот голем чекор кој придонел за задржување и проширување на христијанството во земјата било воспоставувањето на различни црковни органи во земјата во текот на 10 век и 11 век. Овој процес го вклучувал изградбата на катедрали како и назначување на свештеници во нив. Овој датум не треба да се идентификува како ден на независноста на Полска.
Прогласувањето на христијанството како државна официјална религија во земјата придонела до зајакнување на власта на владетелот, како и кај неговите соседи. Точното место на покрстувањето на Мешко I е оспорувано. Според некои, местото на крштевањето биле градовите Гњезно, Познањ, Келн, или пак Рим. Во текот на 13 век, Римокатоличката црква станала доминантна во земјата.
Во 1966 година, Народна Република Полска прославила 1000 години од христијанизацијата на земјата[1].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Norman Davies, God's Playground, Google Print, p.17