Прејди на содржината

Аминта IV

Од Википедија — слободната енциклопедија

Аминта IV бил крал по титула на Кралството Македонија во 359 п.н.е. и член на династијата Аргеади[1].

Аминта бил син на кралот Пердика III. По смртта на татко му во 359 п.н.е. станал крал, сѐ уште бил малолетен. Негов тутор и регент на кралството станал Филип II Македонски, најмладиот брат на Пердика, кој тогаш имал 23 години. Истата година Филип II Македонски се прогласил за крал на Македонија. Иако ја узурпирал власта на својот млад внук, не го сметал за опасност по неговото владеење, дури му ја дал раката на својата ќерка Кинана. Но, после убиството на Филип II и доаѓањето на Александар Македонски на власт во 336 п.н.е, ситуацијата се променила. Александар сметал дека Аминта претставува опасност на неговиот пат до престолот и веднаш го погубил.

Аминта IV
Роден(а): непознато Починал(а): 336 п.н.е.
Претходник
Пердика III
Крал на Македонија
359 п.н.е.
Наследник
Филип II