Адам Блајт
Блајт на Три дена Де Пане 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Адам Мајкл Блајт | ||
Прекар | Тајрон (Tyrone)[1] | ||
Роден | 1 октомври 1989 Шефилд, Англија, Обединето Кралство | ||
Висина | 1,75 м[1] | ||
Маса | 68 кг[1] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | спринтер | ||
Аматерски клубови | |||
— 2007 јан/фев 2008 март 2008– крај на 2008 2009 2009 | Шефилд Феникс СајансинСпорт-Трек Пинарело Вилерклуб Дес Спринтерс Малдерен Коника Минолта DAVO Сајленс-Лото (стажант) | ||
Професионални клубови | |||
2010–2011 2012–2013 2014 2015 2016 2017-2018 2019 | Омега Парма-Лото Аксент.џобс-Вилемс Веранда НФТО Про Сајклинг Орика-ГринЕЏ Тинкоф Аква Блу Спорт Лото-Судал | ||
Значајни победи | |||
|
Адам Мајкл Блајт (англиски: Adam Michael Blythe; р. 1 октомври 1989) — поранешен англиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2010-2019 за екипите Аксент Џобс-Ванти, НФТО, Орика-ГринЕЏ, Тинкоф, Аква Блу Спорт и Лото-Судал.[2]
Блајт започнал со велосипедизам уште од најрана возраст и станал член на олимписката развојна екипа на британската велосипедска федерација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Аматерска кариера
[уреди | уреди извор]Роден во Шефилд, Блајт започнал со велосипедизам на рана возраст во клубот Шефилд Феникс. Велосипедизмот бил семејна активност, неговата сестра Кимберли Блајт била исто така доста успешна како млад возач.
Блајт станал јуниорски спортист на годината од Дарбишир во изборот на годишните награди за спортист на годината во Источен Мидлендс во 2005.[3]
Блајт ја напуштил академијата во февруари 2008 и заминал да се трка во Белгија.[4] Останал со поранешниот професионален велосипедист, Тим Харис, во Вестмербек, близу Антверпен. Блајт ја добил стипендијата од Cycling Time Trials со цел настап на континентот и понатамошен развој. Настапувал за Вилерблуб Дес Спринтерс Малдерен, што е помошен клуб за некоја професионална екипа.[5]
Професионална кариера
[уреди | уреди извор]Блајт се вратил во Белгија да вози за екипата ДАВО во 2009, под надзорот на Курт ван дер Вувер, поранешен професионален велосипедист.[6] Се приклучил на професионалната екипа Сајленс-Лото како стажант во јули 2009,[7] додека на 7 септември 2009 потпишал двегодишен договор со Сајленс-Лото поради добрите резултати за екипата.[8][9]
Во 2012 година, Блајт го следел неговиот колега и близок пријател Филип Жилбер во приклучувањето во Аксент.џобс-Вилемс Веранда.[10] Во октомври 2012, Блајт спринтал до победа на полукласикот Бинше-Турне-Бинше.[11]
Во 2014 година Блајт ќе вози за новата британска екипа НФТО.[12] Во 2015 година ќе ја промени екипата и ќе настапува за Орика-ГринЕЏ.[13] По една сезона, во август 2015 година било објавено дека Блајт ќе премине во Тинкоф-Саксо за сезоната 2016, каде повторно ќе се спои со спортскиот директор Шон Јејтс, кој работел со Блајт во текот на неговиот период во НФТО.[14]
Откако Тинкоф се распаднал на крајот на 2016 година, Блајт се приклучил на екипата Аква Блу Спорт во нивната прва сезона.[15][16]
По соопштението дека се распаѓа Аква Блу Спорт, во септември 2018 година Блајт објавил дека ќе се врати во Лото-Судал за сезоната 2019, поврзувајќи се со поранешниот колега од Орика-ГринЕЏ, Кејлеб Јуан, како дел од неговиот спринтерски воз, со дополнителна улога како помошник за класиците.[17]
Во октомври 2019 година, Блајт објавил дека ќе се повлече на крајот на сезоната.[2]
Кариера по трките
[уреди | уреди извор]Блајт е коментатор на Јуроспорт за велосипедизам, откако претходно работел при преносот на каналот на големите трки во текот на завршната професионална сезона во 2019 година.[18] Исто така, бил известувач од терен за NBC Sports при преносот на Тур де Франс 2020,[19] и повторно ја извршувал таа улога во 2021 година.[20]
Во ноември 2019 година, Блајт објавил дека ќе биде дел од велосипедскиот бренд за облека CHPT3 со Дејвид Милар како дел од тимот за маркетинг.[18]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Моментално живее во Монако.[21]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]Друмски велосипедизам
[уреди | уреди извор]- 2006
- 3. Национално првенство во критериум
- 2007
- 1. Курне-Брисел-Курне (јуниор)
- 1. Краен пласман Три дена ван Аксел
- 1. Спринтерски пласман
- 1. Бодовен пласман
- 1. Комбиниран пласман
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 4
- 6. Париз-Рубе јуниори
- 2008
- Трка Хонгконг-Шангај
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3b
- 2009
- 1. Сиркуи ди Порт де Денкерк
- 1. Етапа 7 Трка околу Тирингија под 23 години
- 2. Гроте 1-МејПрејс
- 5. Антверпсе Хавенпејл
- 2010
- 1. Краен пласман Сиркуи Франко-Белж
- 1. Национале Слујтингспрејс
- 3. Омлоп ван хет Хутланд
- 4. Гран при де Фурмје
- 4. Схал Селс
- 2011
- 2. Хутем-Вилворде
- 3. ГП Стад Зотегем
- 4. Краен пласман Ронде ван Дренте
- 7. Краен пласман Тур де Валони-Пикард
- 2012
- 1. Бинше-Турне-Бинше
- 1. Етапа 1 Париз-Корез
- 2. Омлоп ван хет Хутланд
- 3. Класик Хандзам
- 4. Гран при д’Исберг
- 10. Краен пласман Трка околу Катар
- 2013
- 4. Краен пласман Трка околу Катар
- 1. Етапа 2 (ТТТ)
- 2014
- 1. Национално првенство во критериум
- 1. Класик РајдЛондон-Сари
- 1. Гран при Отли
- 1. Гран при Ипсвич и Костал
- 1. Круг на Фенс
- 1. Меѓународна друмска трка Џерси
- 2. Гран при Беверли
- 3. Трофеј Бомон
- 6. Класика Рутланд-Мелтон Интернејшнл
- 2015
- 2. ГП Стафорд
- 3. Краен пласман Трка околу Кореја
- 2016
- 1. Национално друмско првенство
- 2017
- 2. Нокере Курсе
- 2. Класик Хандзаме
- 4. Ронде ван Дренте
- 2018
- 1. Елфстеденронде
- 2. Национално друмско првенство
- 5. Класик Хандзаме
- 7. Ронде ван Лимбург
- 9. Три дена Брухе-Де Пане
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | СО | СО | — | 167 | — | — | — | — |
Тур | не настапил во текот на неговата кариера | |||||||
Вуелта | — | — | — | — | — | — | — | 155 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Велодромски велосипедизам
[уреди | уреди извор]- 2006
- 1. Европски јуниорски првенства - екипна потера
- Национални јуниорски првенства
- 2. Национални првенства - медисон (со Метју Роу)
- 2007
- 1. Европски јуниорски првенства - екипна потера
- 1. Национални првенства - медисон (со Лук Роу)
- 1. Гент (со Питер Кенох)
- Национални јуниорски првенства
- 2. Скреч
- 3. Бодовна трка
- 2013
- 2. Национални првенства - медисон (со Питер Кенох)
- 2014
- 2. Национални првенства - екипна потера
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Team ScienceinSport-Trek Riders 2007“. Архивирано од изворникот на 2007-07-08. Посетено на 2013-05-05.
- ↑ 2,0 2,1 Ballinger, Alex (31 October 2019). „Adam Blythe announces retirement at 30“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 19 December 2019.
- ↑ „Dame Ellen is East Midlands Sports Personality of the Year“. Sport England. Архивирано од изворникот на 2008-12-02. Посетено на 2013-05-05.
- ↑ „Блајт ја напушта програмата на академијата“. Cycling Weekly. 25 февруари 2008.[мртва врска]
- ↑ „CTT Back Adam Blythe“. CTT. 2008. Архивирано од изворникот на 2008-05-31. Посетено на 2013-05-05.
- ↑ Ендру Канинг (2009). „Адам Блајт: Профил на возачот“. Cycling Weekly.
- ↑ Енди Мекграт (21 јули 2009). „Адам Блајт стана стажант во Сајленс-Лото“. Cycling Weekly.
- ↑ Ричард Тајлер (7 септември 2009). „Блајт му се приклучи на Сајленс-Лото на две години“. Cycling News.
- ↑ Најџел Вин (7 септември 2009). „Блајт победи на француска трка и доби професионален договор со Сајленс-Лото“. Cycling Weekly.
- ↑ Вин, Најџел (28 септември 2011). „Блајт потпиша за БМЦ Рејсинг“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 5 јануари 2012.
- ↑ Ли Вокер (2 октомври 2012). „Блајт победи на Бинше-Турне-Бинше“. Yahoo! Sports. Yahoo! Eurosport. Посетено на 2 февруари 2013.
- ↑ Даниел Бенсон (27 октомври 2013). „Блајт надвор од БМЦ и потпиша за НФТО“. Cyclingnews.com. Посетено на 27 октомври 2013.
- ↑ Нил Бул (9 септември 2014). „Адам Блајт ќе се приклучи на Орика-ГринЕЏ“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 9 септември 2014.
- ↑ „Adam Blythe to join Tinkoff-Saxo from Orica-GreenEdge for 2016 season“. theguardian.com. 25 август 2015. Посетено на 29 август 2015.
- ↑ Маршал-Бел, Крис (24 октомври 2016). „National champion Adam Blythe signs for Aqua Blue Sport alongside Andy Fenn“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 27 ноември 2016.
- ↑ „2018 rider roster and first races confirmed“. Аква Блу Спорт. Aqua Blue Sport Limited. 1 јануари 2018. Архивирано од изворникот на 2018-01-05. Посетено на 5 јануари 2018.
- ↑ Балингер, Алекс (17 септември 2018). „Adam Blythe joins Lotto-Soudal after collapse of Aqua Blue Sport“. Cycling Weekly. Посетено на 26 декември 2018.
- ↑ 18,0 18,1 Ballinger, Alex (8 November 2019). „Adam Blythe joins David Millar's kit brand CHPT3 after retirement“. Cycling Weekly. IPC Media. Посетено на 24 May 2021.
- ↑ „NBC SPORTS PRESENTS LIVE COVERAGE OF THE 107TH TOUR DE FRANCE ACROSS NBCSN, NBC SPORTS GOLD & PEACOCK BEGINNING THIS SATURDAY, AUGUST 29“. 24 August 2020.
- ↑ „NBC SPORTS PRESENTS LIVE COVERAGE OF THE 108TH TOUR DE FRANCE ACROSS NBC, NBCSN & PEACOCK, BEGINNING THIS SATURDAY, JUNE 26“. 22 June 2021.
- ↑ „Adam Blythe parts ways with BMC Racing“. Cycling Weekly. IPC Media. 23 октомври 2013. Архивирано од изворникот на 2014-09-13. Посетено на 7 април 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Адам Блајт“ на Ризницата ? |
- Адам Блајт на Твитер
- „Достигнувања на Адам Блајт“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Адам Блајт“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Адам Блајт“. ProCycling.