Agusta A 109

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Скица на хеликоптерот Agusta A 109
Agusta A 109S Grand
Agusta A 109 K2 од спасувачката единица Rega над планината Пилатус
Agusta A 109 на крајбрежна стража
Agusta A 109 на демонстрација пред англиската полиција
Agusta A 109 на CareFlight International Air Ambulance

Хеликоптерот Agusta A 109 прв пат полетал во 1970 година. Како вооружена армиска верзија во италјанската армија лета од 1988 година, лета и во Белгија. Досега се произведени повеќе од 600 хеликоптери од разни варијанти, во цивилна и во воена верзија.

Основни податоци:[уреди]

  • Тип: повеќенаменски хеликоптер
  • Класа: лесен
  • Сместување: еден или два пилота и шест или седум патници
  • Земја на потекло: Италија
  • Производител: Agusta Aerospace Corporation (Италија)
  • Статус: прв лет во 1970 година, а употреба од 1975 година
  • Земји корисници:

Техничкотактички податоци:[уреди]

- Намена: за цивилна и воена употреба, првенствено за транспорт, ВИП транспорт и медицинска евакуација - Мотори: два мотора Pratt & Whitney 206C со сила од по 750 кс или со два турбомлазни мотори Turbomeca ARRIUS 2K1 - Дименизии:

  • Должина на ротори: 13,04 м
  • Височина: 3,50 м
  • Дијаметар на HP: 11 м
  • Дијаметар на OP: 2 м

- Тежини:

  • Празен: 1,570 кг
  • Максимална: 3,000 кг
  • Корисна: 1,430 кг

- Перформанси:

  • Максимална брзина: 311 км/ч
  • Крстосувачка брзина: 285 км/ч
  • Макс. V во кач.: 588 м/мин
  • Максимална HP: 5974 м

Варијанти:[уреди]

  • А 109 - прототип
  • А 109А - цивилна верзија
  • А 109 Mk II - цивилна верзија со сертификат за IFR, со два турбомлазни мотори Allison C20R/1
  • А 109 TOW - верзија А 109А вооружена со ракети TOW
  • А 109 BA - белгиска армиска противтенковска верзија, со TOW противоколпни наведувани ракети
  • А 109 C - широкоттрупна верзија со подобрена трансмисија и со краци на носечкиот ротор од композитни материјали
  • А 109 CM - тековна производствена воена верзија, со подобрени сензори за вооружување
  • А 109 ЕОА - базична италјанска армијска верзија
  • А 109 К - верзија со подобрена трансмисија и со подолг носен дел за авионика
  • А 109 К2 - верзија за Швајцарија
  • А 109 КМ - верзија со фиксиран подвоз и со мотор Turbomeca Arriel 1K1 Powerplant со сила од 738 кс, за топли и високи операции
  • А 109 МАХ - верзија за медицинска евакуација
  • А 109 Gdif - верзија за крајбрежна стража
  • А 109 Power - верзија со два мотора Pratt & Whitney 206C, со сила од по 732 кс секој
  • А 109 KN - морнаричка верзија