Agusta AZ.101
Хеликоптерот е најголем хеликоптер проектиран во компанијата Agusta. По долгата развојна фаза од доцните педесетти години, хеликоптерот првпат полетал на 19 октомври 1964 година и никогаш не влегол во сериско производство. Хеликоптерот е со многу интересни одлики, вклучувајќи ги трите мотори Rolls-Royce Bristol-Gnome H-1400 со 1,400 КС. Хеликоптерот е неколкупати изменет така што во завршната фаза е направен со капацитет од 35 патника или 5,000 кг товар. Било предвидено да биде употребуван за противподморничка борба. Иако производството на хеликоптерот е откажано, искуствата добиени во развојот на овој хеликоптер многу помогнале во развојот на хеликоптерот EH-101 Merlin.
Основни податоци:
- Тип: транспортен хеликоптер
- Класа: тежок
- Сместување: два пилота и 35 патника или 18 носилки и пет медицински негуватели
- Земја на потекло: Италија
- Производител: Agusta (Италија)
- Статус: прв лет на 19.10.1964 година
- Земји корисници: Италија
Техничкотактички податоци
- Намена: за транспорт на луѓе и на товари
- Мотори: три турбомлазни мотори Rolls-Royce Bristol-Gnome H-1400 со по 1,400 КС или мотори General Electric T58
- Димензии:
- Должина на трупот: 18 м
- Височина: 5 м
- Пречник на HP: 20 м
- Тежини:
- Празен: 6,400 кг
- Полн: 12,900 кг
- Перформанси:
- Максимална V: 225 км/ч
- Крстосувачка V: 203 км/ч
- Максимална H: 3,950 м
- Максимален долет: 400 км
- Опрема: стандарна комуникациска и навигациска
|