Agusta/Bell AB.102

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во лиценцираното производство на хеликоптерот Agusta/Bell-47, компанијата Agusta се здобило со потребно искуство за да започне со развој на хеликоптерот AB.102, при што се користени механички компоненти и мотор од стар хеликоптер Bell Model 48, за кој е дизајниран нов труп со капацитет за два пилота и осум патника. Првиот прототип на хеликоптерот AB.102 полетал на 03.02.1959 година, а на Париската воздухопловна изложба во 1959 година е претставен на меѓународната јавност, обоен со маскирни бои. Хеликоптерот е, пред се, дизајниран за цивилен пазар и е продаден на неколку комерцијални компании, а во пролетта 1961 година со него се одржувани летови помеѓу Неапол и Милано.

Основни податоци

  • Тип: транспортен хеликоптер
  • Класа: лесен
  • Сместување: два пилоти и осум патници
  • Земја на потекло: Италија
  • Производител: Agusta (Италија)
  • Статус: прв лет на 03.02.1959 година
  • Земји корисници: Италија

Техничкотактички податоци

  • Намена: за цивилен превоз на луѓе и товари
  • Мотори: еден клипен мотор Pratt & Whitney R-1340, со сила од 600 кс
  • Димензии:

- Должина со ротори: 17,92 м

- Височина: 3,23 м

- Пречник на HP: 14,50 м

  • Тежини:

- Максимална: 3,025 кг

- Корисна: 1,810 кг

  • Перформанси:

- Максимална брзина: 177 км/ч

- Крстосувачка брзина: 160 км/ч

- Максимална височина: 3,900 м

- Максимален долет: 400 км

  • Опрема: стандарна комуникациска и навигациска