Agusta A.106
Во развојот на хелкоптерот се користени искуствата добиени при развојот на хеликоптерите: А.103, А.104 и А.105. По нарачка и за потебите на италјанската морнарица се изработени два прототипа и пет сериски хеликоптери, со намера за базирање фрегати на италјанската морнарица и нивна употреба во противподморничката борба, за што хеликоптерите биле опремени со опрема за акустична идентификација на подморници и за уништување подморници со две противподморнички торпеда Mk 44. Алтернативно хеликоптерот бил предвиден за поддршка на армиските сили, за што требало да биде опремен со дигалка и со можност за носење на две носилки, странично на трупот. Производството на хеликоптерот било запрено во 1973 година.
Основни податоци:
Тип: вооружен хеликоптер
Класа: лесен
Сместување: еден пилот
Земја на потекло: Италија
Произвдител: Agusta (Италија)
Статус: прв лет во ноември 1965 година
Земји корисници: Италија
Техничкотактички податоци:
Намена: за поддршка на морнарички сили (противподморничка борба)
Мотори: еден турбински мотор Turbomeca-Agusta TAA-230, со сила од 300 кс
Димензии:
- Должина на трупот: 10 м
- Височина: 2,5 м
- Пречник на HP: 9,50 м
Тежини:
- Празен: 590 кг
- Максимална: 1,400 кг
- Корисна: 300 кг
Перформанси:
- Максимална брзина: 176 км/ч
- Крстосувачка брзина: 167 км/ч
- Макс. V во кач: 375 м/мин
- Максимална висина: 2,745 м
- Максимален долет: 732 км
Опрема: стандарна комуникациска, навигациска и опрема за откривање подморници
Вооружување: две торпеда Mk 44 или Mk 34; 10 длабочински бомби Mk 10; или 300 кг корисен товар
|