Прејди на содржината

Ротор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ротор (лево) и статор (десно) на електромотор
Пресек на водна турбина со генератор

Ротор е подвижен дел на електромотор, генератор или алтернатор[1] кој се врти со моментот на сила на неговата оска што произлегува од поставеноста на жиците и магнетното поле. Кај некои мотори, роторот игра улога на арматура, преку кој доаѓа напонот.

Голем дел од енергетската загуба на еден индуктивен мотор се случува токму во роторот, и таа е во голема мера (но не сосема) пропорционална на квадратот од слизнувањето („слизнување“ е разликата помеѓу вртежната брзина на магнетното поле и фактичките вртежи во минута на роторот). Овој проблем се надминува со зголемување на масата на спроводниците на роторот и/или зголемување на нивната спроводливост, а во помала мера и со проширување на вкупното магнетно поле низ празнината помеѓу роторот и статорот.[2]

Електричната ефикасност на моторот може да се подобри со замена на стандардниот алуминиумски спроводник во роторот со бакарен, кој има многу поголема спроводливост.[3][4]

Неподвижниот дел од моторот се нарекува статор.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „ротор“ - Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. High efficiency motors and transformers CD-ROM # A6121". Electrical: Energy Efficiency. Copper Development Association Inc.; http://www.copper.org/publications/pub_list/energy_efficiency.html
  3. Systematic Design Approach for a New Series of Ultra‐NEMA Premium Copper Rotor Motors, by Fuchsloch, J. and E.F. Brush (2007), in EEMODS 2007 Conference Proceedings, 10‐15 јуни, Beijing.
  4. Copper Motor Rotor Project, by the Copper Development Association; http://www.copper.org/applications/electrical/motor-rotor Архивирано на 13 март 2012 г.