Комутатор (електротехника)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Обична еднонасочна струја тече од батеријата. Самиот комутатор е прикажан со црвена и сина боја. Четкичките се темносиви и ги допираат контактите на комутаторот, а намотката на роторот е виолетова. Како што моторот се врти, контактите на комутаторот ќе се завртат за 180° и струјата која тече во намотката ќе ја промени насоката. Меѓутоа, постојаното магнетно поле во кое се наоѓа роторот исто така го променило поларитетот во однос на намотката на роторот, така што вртењето продолжува во истата насока.

Комутатор – електричен прекинувач кон периодично ја сменува насоката на струјата во електромоторот или електричниот генератор. Комутаторот им овозможува на моторите да работат на, односно на генераторите да произведуваат, еднонасочна струја наместо наизменична струја.

Конструкција[уреди | уреди извор]

Комутаторот обично се состои од пар меѓусебно изолирани бакарни контакти со полуцилиндричен облик, прицврстени околу изводот на ротирачкиот дел и пар јаглени четкички поставени на пружина која е прицврстена на стационарниот дел на машината, кои комплетираат електрично коло од намотката на роторот до вон машината. Триењето меѓу бакарните контакти и четкичките предизвикува абење на двете површини. Јаглените четкички, бидејќи се направени од помек материјал, се абат побрзо и се проектирани да можат лесно да се заменат без раставување на машината. Бакарните контакти по правило се непристапни и, на малите мотори, не се проектирани да може да се поправат. На поголемите мотори, комутаторите може да се израмнат со гланцање. Секој сегмент на комутаторот е изолиран од соседниот сегмент; поголемите мотори може да содржат стотини сегменти.

Патенти[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]