Прејди на содржината

Црвена зелка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црвена зелка
Црвена зелка
ВидBrassica oleracea
Сортна групаCapitata Group
Поле со црвена зелка помеѓу Фининген и Морслинген, Германија
Црвена зелка

Црвена зелка (виолетоволисни сорти на Brassica oleracea Capitata Group) — вид зелка. Името го добила според нејзините лисја што се со темноцрвена/виолетова боја. Меѓутоа, растението ја менува својата боја според pH-вредноста на почвата поради пигментот што припаѓа на антоцијаните.[1] Во кисели почви, листовите се повеќе црвеникави, во неутрални почви се повеќе виолетови, додека во алкална почва лисјата се со прилично зеленикаво-жолта боја. Ова го објаснува фактот дека истото растение е познато по различни бои во различни области. Може да се најде во цела Европа, низ Америка, во Кина, а особено во Африка.

Сокот од црвена зелка може да се користи како домашен pH-показател, во кисели раствори поцрвенува, додека во базни раствори добива во и зелено/жолто боја. При готвење, црвената зелка станува сина. За да се задржи црвената боја на зелката неопходно е да се додаде оцет или кисело овошје во тенџерето во кое се подготвува.[2]

За раст на црвената зелка и е потребна плодна почва и доволна влажност. Тоа е сезонско растение што се засејува во пролет, а се бере во доцна есен.[3] Црвената зелка полесно се чува од нејзините „бели“ роднини и не треба од неа да се прави расол за да ја издржи зимата.

Црвена зелка, варена, без сол
Хранлива вредност на 100 g (3.5 oz)
Енергија122 kJ (29 kcal)
6.94 г
Шеќери3.32 г
Влакна2.6 г
0.09 г
1.51 г
Витамини и минерали
ВитаминиКоличина
%ПДВ
Витамин А (екв.)
0%
2 μg
0%
20 μg
Тиамин (Б1)
6%
0.071 mg
Рибофлавин (Б2)
5%
0.06 mg
Ниацин (Б3)
2%
0.382 mg
Пантотенска киселина (Б5)
3%
0.154 mg
Витамин Б6
13%
0.225 mg
Фолат (Б9)
6%
24 μg
Витамин Ц
38%
34.4 mg
Витамин К
40%
47.6 μg
МинералиКоличина
%ПДВ
Калциум
3%
42 mg
Железо
4%
0.66 mg
Магнезиум
4%
17 mg
Фосфор
3%
33 mg
Калиум
9%
262 mg
Цинк
2%
0.25 mg
Други состојкиКоличина
Вода91 g

Процентите се проценети врз основа на препораките во САД за возрасни,[4] освен за калиум, кој се проценува врз основа на експертските препораки на Националните академии.[5]
Спирален распоред на стебленцата од лисјата од зелка, напречен хоризонтален пресек

Готвената црвена зелка содржи 91 % вода, 7 % јаглехидрати, 1 % белковини и содржи занемарливи масти (табела). Има висока содржина на витамин Ц и витамин К, ги содржи 44 % и 72 %, соодветно, од дневната вредност (ДВ) на 100 грама количина и е умерен извор на витамин Б6 (17 % ДВ) (табела).

Фитохемикалии

[уреди | уреди извор]

Фитохемикалиите на црвената зелка вклучуваат сулфорафан и други глукозинолати.[6]

Употреба

[уреди | уреди извор]

Кулинарство

[уреди | уреди извор]

Црвената зелка често се користи за салати и зелкова салата. Овој зеленчук може да се јаде и варен. Традиционално е придружно јадење, сврзано со многу германски оброци, особено јадења со месо како зауербратен или донер. На Божиќ може да се зачини, да се вари и да се послужи како гарнир на сезонска печена гуска или мисирка. Честопати се додаваат јаболка за да се добие слатко-кисел вкус.

pH-показател

[уреди | уреди извор]
Градиент на рН-показател на екстракт од црвена зелка од кисел раствор од лево до базичен раствор на десната страна

Црвената зелка содржи боја заснована на антоцијан, која може да се користи како показател за pH-вредност. Има црвена, розова или магента боја во киселините (pH <7), виолетова во неутрални раствори (pH ≈7) и се движи од сина до зелена/жолта во алкалните раствори (pH > 7).[7]

Одгледување

[уреди | уреди извор]
Насад со црвена зелка
Пресек на црвена зелка

Се препорачува да се започне со семе од црвена зелка во затворен простор четири недели пред последниот мраз. Се сее во садови што овозможуваат движење на водата по дното. Популарни садови за почеток на садници се саксии за тресет, кутии за јајца, фиоки за приклучоци или пакувања за млеко. Откако садниците ќе пораснат до околу 5 см и ќе ги развијат своите први лисја, можат да се пресадат надвор. Црвената зелка претпочита клими што остануваат влажни и ладни во поголемиот дел од фазата на растителен раст, така што може да се стави во земјата кратко време по последниот мраз додека пролетта е сè уште ладна. Садниците со зелка можат да се распоредат на растојание од околу 30 до 66 см една од друга. Им треба често наводнување, но инаку се растенија со ниска потреба од одржување.[8]

  1. „Where does the color come from in purple cabbage?“. HowStuffWorks (англиски). 2000-08-07. Посетено на 2019-03-14.
  2. „How to Keep Red Cabbage Red When Cooking“. LIVESTRONG.COM (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 2019-03-14.
  3. „How To Grow Red Cabbages - Vegetable Gardening“. www.quickcrop.ie. Посетено на 2019-03-14.
  4. United States Food and Drug Administration (2024). „Daily Value on the Nutrition and Supplement Facts Labels“. FDA. Архивирано од изворникот 2024-03-27. Посетено на 2024-03-28.
  5. „TABLE 4-7 Comparison of Potassium Adequate Intakes Established in This Report to Potassium Adequate Intakes Established in the 2005 DRI Report“. стр. 120. In: Stallings, Virginia A.; Harrison, Meghan; Oria, Maria, уред. (2019). „Potassium: Dietary Reference Intakes for Adequacy“. Dietary Reference Intakes for Sodium and Potassium. стр. 101–124. doi:10.17226/25353. ISBN 978-0-309-48834-1. PMID 30844154. Предлошка:NCBIBook.
  6. „Glucosinolates and isothiocyanates in health and disease“. Trends Mol Med. 18 (6): 337–47. 2012. doi:10.1016/j.molmed.2012.04.003. PMID 22578879.
  7. "Red Cabbage Lab: Acids and Bases" (pdf)
  8. Alex (2017-12-05). „How to Grow Red Cabbage“. Plant Instructions (англиски). Посетено на 2019-03-14.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]