Расол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Расол
Расол со месо

Расол или кисела зелка[1] – прехранбен производ кој се добива од зелка со ферментација со разни бактерии, меѓу кои се Leuconostoc, Lactobacillus и Pediococcus.[2][3].

Расолот има долг рок на траење и карактеристично кисел вкус кој доаѓа од млечната киселина настаната со бактериската ферментација на шеќерот во зелката.

Историја[уреди | уреди извор]

Ферментираните намирници имаат долга историја во многу култури. Денес, најпознати се два ферментирани производи – расолот и корејскиот кимчи (национално јадење подготвено од ферментиран сезонски зеленчук и други состојки). Римските писатели Марко Порциј Катон Постариот ( во својата "De Agri Cultura") и Колумела (во својата "De re rustica"), споменале конзервирана зелка и репа со додаток на сол. Се верува дека во Европа, во денешниот облик дошол 1000 години подоцна, кога го донел Џингис-кан [4] Татарите во Европа го донеле во своите торби. Расолот најмногу се одомаќил во источноевропската и германските кујни, но и во други земји, вклучувајќи ја и Франција.[5]

Морепловецот Џејмс Кук секогаш носел расол на своите поморски патување за да ја спречи појавата на скорбут.[6]

Рецепт[уреди | уреди извор]

Рецептот за расол е едноставен. Потребни се следниве состојки: зелка, крупна сол (на 20 кг зелка, 1 кг сол) и вода[7].

Зелките се чистат од надворешните оштетени лисја, им се вади продолжението од коренот, тоа место се полни со сол и се редат во буре. Според некои рецепти вака наредените зелки се оставаат извесно време, па наредниот ден преостаната сол се меша со вода и тура во бурето. Водата треба ги покрие зелките. Најгоре се става камен во плочеста форма за да ги притиска зелките надолу. Третиот ден течноста се преточува (се вади солената вода од бурето за да се размеша солта и повторно се враќа), и истото потоа се права на два дена. По околу 2 недели расолот е спремен за употреба.

Расолот може да се купи и како готов производ спакуван во тегли или во вакуумирани кесички.

Употреба[уреди | уреди извор]

Расолот е во широка употреба во текот на зимските месеци. Од него се приготвуваат разни традиционални јадења како сарма и подварок, а може да се користи и за салата. Расолницата како нус-производ од расол, има своја употреба.

Зелката, со просечна потрошувачка од 37,5 кг по домаќинство, е 4 зеленчук според употребата во Македонија во 2017 година[8]. Добар дел од ова е за подготовка на расол.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]