Leuconostoc

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Leuconostoc
Научна класификација
Домен: Bacteria
Колено: Firmicutes
Класа: Bacilli
Ред: Lactobacillales
Семејство: Leuconostocaceae
Род: Leuconostoc
van Tieghem 1878
Видови

L. carnosum
L. citreum
L. durionis
L. fallax
L. ficulneum
L. fructosum
L. garlicum
L. gasicomitatum
L. gelidum
L. inhae
L. kimchii
L. lactis
L. mesenteroides
L. miyukkimchii[1]
L. palmae[1]
L. pseudoficulneum
L. pseudomesenteroides
L. rapi[1]

Leuconostoc[2] е род на Грам-позитивни бактерии, кој припаѓа на фамилијата Leuconostocaceae. Овие бактерии најчесто се овоидни коки кои формираат вериги од клетки. Leuconostoc spp. интринзично се отпорни на ванкомицин и се каталаза-негативни (особина која ги разликува од стафилококите). Сите видови на овој род се хетероферментери и се во можност да продуцираат декстран од сахароза. Често излачуваат слузи.

Овие бактерии се одговорни за специфичниот мирис при подготовката на кисело тесто. Некои видови пак може да предизвикаат инфекции кај човекот.[3] Бидејќи тие генерално се ретки причинители на болести кај луѓето, стандардните комерцијални методи за идентификација на патогени честопати не се во можност да ги идентификуваат овие бактерии.[4]

Leuconostoc spp., заедно со други бактерии на млечно-киселинското вриење, како што се Pediococcus и Lactobacillus, се одговорни за ферментацијата на зелката, при производството на кисела зелка. При овој процес, свежата зелка се ферментира во саламура, при што шеќерите кои влегуваат во нејзиниот состав, бактериите ги метаболизираат до ниво на млечна киселина која е одговорна за киселиот вкус. Leuconostoc spp. се исто така составен дел од симбиотските колонии на бактерии и квасни габи кои се користат во производството на ферментирани млечни пијалоци како што е кефирот.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Parte, A.C.. Leuconostoc. „www.bacterio.net“. http://www.bacterio.net/leuconostoc.html. 
  2. Björkroth, J., and W. Holzapfel. 2006. Genera Leuconostoc, Oenococcus and Weissella, p.267 -319. In M. Dworkin (ed.), The prokaryotes: a handbook on the biology of bacteria: Firmicutes, Cyanobacteria, vol. 4, 3rd ed. Springer-Verlag, New York, NY. [1]
  3. Scand J Infect Dis. „Scandinavian journal of infectious diseases“ том  34 (10): 766–7. doi:10.1080/00365540260348572. PMID 12477331. 
  4. Accuracies of Leuconostoc phenotypic identification: a comparison of API systems and conventional phenotypic assays. „BMC Infectious Diseases“ том  7: 69. doi:10.1186/1471-2334-7-69. PMID 17605772. 
  5. Farnworth, Edward R (4 април 2005 г). Kefir-a complex probiotic. „Food Science and Technology Bulletin: Functional Foods“ том  2 (1): 1–17. doi:10.1616/1476-2137.13938. http://kefir.it/kefir_probiotic.pdf. посет. 20 декември 2014 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]